На прашањата од јолене би додадала и колку дена би го користела? И дали за вас, за големиот или за малечките? Како и да е, јас не би го користела без разлика на се.
Ако не е отворено, ја би користела. Ако е, не веќе оти не се стабилни после некое време. Леле машината, еј конечно ја наштимавме и конечно кафе како што сакам направивме. Пресреќни и двајцата сме и предозирани со кофеин .
Поминувам низ тежок период од животот. Што секако преку сила најкасно до декември би траел според временски пресметки и постоење на времето. Ќе издржам, ќе помине, ќе биде подобро. Уствари мора да е сега полошо, за да биде после подобро, поинакви скали нема од моево животно искуство. И баш ми е интересно кога гледам наназад во животот, да видам колку пати било лошо за после добро да биде и да го имам тоа што го заслужувам. И така синоќа легнав и почнав да плачам и одма сум заспала, а мислев да се исплачам, и еве ме денес пак недоисплакана.
Девојки да ве прашам. Сакам да ми пратат моите некои работи од Скопје до Де. Ама проблемот е што не знам како е најпаметно. Дали има некои компании што пренесуваат куфери? Конкретно за до Берлин, Росток?? По северно ми треба транспорт за облека, кондури. Не е нешто посебно што се царини
Неотворен цефалексин , го фрлив веќе . До вчера имал рок . @gjoker4e @јolene За малите веќе од онаа сабота кашлаат буфтаат цели закукани на доктор нема термин до понеделник прашав без термин ми рекоа НЕ ако немаат Тт. Немаат тт. Но цели се разлигавени и мрсулави неќат ништо да јадат ниту да пијат. Мн ретко млеко пијат .но вода пијат нон стоп еве млеко ос сабајле се немат напиено од 9ипол а сега е 14 часот. весели заиграни се спијат нормално чистам нос и се од мака давам нудам но неќат и точка .
Не се нервирај тути, нормално е да не сакаат да пијат кога се болни. Битно е да се хидрорани, ќе помине. И на мене не ми давале термин ако немала температура. Влажно и проветрено дома. Внеси мокри алишта да се сушиш, сега е топло релативно е сув воздухот. Нуди да јадат пијат нормално. Ама штом се заиграни ќе помине. Битно е да не клапнуваат. Нос ако знаеш да им переш со физиолошки раствор, тоа чинам помага да се извади секретот. Ќе ти речат чисти нос и стави капки. За кашлица е без врска оти се многу мали и нема што да дадеш. Поскоро да минува.
Три дена бев сама дома со дете, и пазарење и ред и играње, никаков притисок, никаква нервоза. Се тип топ. Дури и посредено беше. Вчера и денес ми иде да натепам некој значи. Уште од сабајле се спукавме пред зградата . Ем дома хаос поголем. Како е можно, не знам. Нека оди значи почесто на работни патувања, за доброто на фамилијата. Друго времето супер, многу се извози точак. Градот убав вака со точак да си го шеташ, за мерак. Јас после 100 години повторно се вклучувам некако во сообраќајот, фала богу. Сега малку газ боли, ама тамам ќе се навикнам и после ќе се навежбам. И ништо не кажав, освен дека уште не сум доручкувана.
Животот ми се распаѓа ама кој што прави јас газот си го гледам во огледало. Колку само ми е зголемен па тоа чудо е! Дури мислам дека не вежбав до толку многу за олку голем да ми биде ама следев совети од инстаграм како на пример само 3-4 вежби и секогаш истите. Јас прво се качувам на скалите околу 30 минути па покажува исто како да сум се искачила до 40ти кат отприлика. После тоа за газ правам само 4 вежби и секогаш истите. 3 пати по 10 И сега многу е јако што од скалите ми се смали половината и стомакот, а од вежбите задникот, па бомба сум тоа сакав да кажам. Многу ми е тешко ама џабе е да се жали човек…затоа подобро нешто позитивно барем да кажам. @Adidas888 цело време те мислам, пиши нешто. А симпатијата мој колку е слаб ќе го срушам.
Џоки живот се распаѓа па се составува. Уствари треба само да се издржи да помине. Некогаш побрзо, некогаш побавно ама мине. Прати ми вежбите за газот тие истите кои се, дај зборете за вежбање само да ме мотивирате. Се враќа неќна вечерта и ме прашува оти сме имале дома твикс бело чоко. Го гледам, му викам имаше и чипс, ама го снема. Сега фала што ме потсети и чоколадото ќе го снема. Да смирам нерви му викам. Да преживеам со предизвиците без да се претворам во хистерична лудача. И така, ок сум. Дремам на шпилплац во зоолошката, еве чекам сладоледот од песок да е готов, па може да купиме и по еден софтајс и на дома. Никаков интерес за животните. Добивме годишна карта на поклон, еве да ја активираме. А од догодина ќе почнам да ја учам колку се неетички зоо та. Вилхелмата е поубава инаку, колку за споредба.
Зошто не му рече дека дејт имавте со симпатијата. За чоко твистот. Hyp absuction Hip Trust Hyp extensions И на крај како чучњеви со два тега Ама за сите четири вежби треба прво да се изнагледаш видеа бидејќи само ако точно ги изведеш ќе има ефект Јас уште фитнес коуч да станам ми фали се зезам Ама секој детал го проучив од инстаграм стори и јутјуб, а детали има премногу. Ете со тоа можеш да се занимаваш. Правилна изведба, кардио пред или после, зголемување на тежината… Јас почнав со 5 тежина на пример на една вежба и последниот пат ја правев на 75, денес ќе ја правам на 85 е следно мислам последно беше 113 и едвај чекам во таа дупка да го ставам тоа Ако имаш инстаграм, ќе отвориш еден риил за вежбање, ќе го изгледаш до крај и после само такви риилс ќе ти излегуваат и од тука ќе учиш, ќе ги заследуваш таквите профили
Те разбирам скроз, мислев дека сум единствена. Еве Џоки вика 2 деца полесно се гледале од едно, пробај види. После можеш или да се разведеш или симпатија да имаш . За мене касно е, ме однесе матната Глупо прашање-да испирам или не нос, ако веќе течат мрсули. Првпат годинава се растече носот, цело време претходно затната беше и ништо не излегуваше . Сега пошто излегува страв ми е да не заебам, да не го напикам шлаемот во уши. @Lavender13 мислење? Почнавме интензивно со тоа чајникот за нос уште дури беше затната, ама сега не знам
Денес маживе изгледа ептен во форма за нервирање Мојов ќе го убиев денес, јас утепана преморена од миниџоб, он Брукентаг имаше, дојдов го земав од дома да одиме да пазариме, за да пред маркет ми каже дека го заборавил списокот дома. И уште ми вика - ти нели знаеше на телефон да го направиш списокот, кој прави уште список на лист, 15ти век ли е ова, што не зема на камен да го издлабиш… Денес пекол надвор, си купив воден сладолед како моливчињата на времето, ме врати назад во детството Не знам дали бременоста ме убива, ама не можам на топлово, а порано да ме оставиш на 50 степени, немав гајле. Ги мачкаат ли кај вас воспитувачките децата во градинка со крема за сончање? Мислам знам дека треба сами да се мачкаат, јас секое сабајле го мачкам пред одење, го учам сам да става, ама колку може сам. Тука ќе стави, таму нема. А кога ќе ги замолел да му помогнат, му викале воспитувачките - мораш сам да се мачкаш Да се побунам нешто или не? А многу, многу е бел, одма се вцрвенува ако го фати сонце без фактор и ако е подолго на сонце, почнува и крв од нос да му тече Имам и битни прашања и теми да ве прашам, поврзани со Елтернцајт, Елтернгелд, Умшулунг и Вајтербилдунг, ама тоа кога нема да ме мрзи да размислувам и да поставам прашања на место
Дома ти го мачкаш. Во градинка они. За лицето обавезно шешир и тенка облека за сонце што опфаќа поголем дел од телото. Заборавив колку години има, ако има 5 на пример ќе го оставаат сам за да се научи дека е веќе голем. До 3-4 ќе ги мачкаат. На 6 веќе нема да ги мачкаат. Ќе им помогнат и ќе ги до мачкаат на пример ама не знам дали ќе можат 20ти а деца да гледаат каде не се домачкале добро.
4 год само што наполни и мене ми е сеуште мал за да може убаво да се намачка, затоа ми е чудно што така му викале. Ама ќе ги замолам макар да го погледнат, не би се замарала и јас толку да не е толку осетлив. Завчера си го заборавил капчето некаде, излегол во двор без капче, никој не го ни приметил да му каже, после тоа не знам колку време крв од нос му течеше
Какви мрсули има? Ако има барем мааалце боја, продолжете. Ако е безбојно нека си тече. Ама ако почне да менува боја обавезно испирајте. Не знаеш какви мрсули ваѓа, да не сум сеа експлицитна. И јас денес пред развод, плус тетката доаѓа денес или утре, вака сум