Леле да бе, гледаш заборавена. https://www.kaffeehenk.de/ И овде се плаќа достава и плус данок некако беше. Ние нарачуваме секогаш голема количина. Мислам над 10кг кафе и ни испаѓа поефтино отколку од маркет. Оваа е германската страна, ама достава иде од Холандија, со дпд праќаат.
Баш ќе ја разгледам. Јас до сега од оваа https://www.kaffekapslen.de/ Овие од Данска идат. Баш ќе видам ова ти што прати. Додека сме кај кафето, кој имате пробано повеќе вкусови настрана од стандардните може ли да препорачате? Јас сакам средно јако кафе без шеќер или минимално засладено и со мек вкус. Пример сакам капучино најмногу или макијато разредено со повеќе млеко. Au lait, lungo шо кафиња се?
Тоа не сум пробала. Јас еспресо фан. Двојно еспресо ама под двојно мислам две кратки вистински еспресо. Еспресо макијато и некогаш капучино. Машината моментално така е наштелувана што вади ептен јако кафе. И вака ко издрогирана сум во последно време. Може ќе треба да намалам малку. Зрното кафе што го користиме е за еспресо исто. Според гугл ова првото е колку кафе толку млеко. Средно јако кафе. Значи би требало да ти се свиѓа. Ова второто е продолжено еспресо. Значи разводнето еспресо на наши и нема да ти се свиѓа, според твојот опис.
Кафе не пијам,оти имам после киселини од него Маж едно време запна да купи од големите кафемашини со зрна,ама искрено бев против и не зедовме.Да е љубител на кафе не е проблем,ама он пие по едно кафе на ден и тоа најчесто на работа па не знам зошто би ми фаќала место толкава машина. Се вративме од Македонија, се излажав прв пат да одам три недели и се покајав.Многу мнотоно се ми се вртеше околу јадење/пиење-скара и по кафичите немаше акција.И се се вртат горе долу истите муабети само со различни луѓе. Мене тоа ме убива. Па отидовме на викенд до Грција,оти не знаев што со времето. Во поглед на работа,за мене е идеална во оваа ситуација монотона работа. Кога ќе дојдам дома да имам сила за тоа што дома ме чека.Срес не сакам,не планирам да ми се крати животот на работа Сегашната работа ми беше турбо и стрес,ама се менуваат работите и ако сите ѕвезди ми се наместат во подалечна иднина може и да ја сменам Само нешто планирам,ама треба да видам и дали ќе излезе се по планот.