@MacenceEna па ако правиш треба пополека да почнеш да се спремаш. Јас забележав дека што порано тоа ми е подобро. Немам толкав стрес.Знам еднаш касно организирав роденден за детето.Се беше зафатено,немаше место за резервација.После 3 недели славев. Ти можеш и во двор,тоа ти е супер идеја.Јас немам таква можност.Ниту имам двор ниту пак место за славење(гарден на пример). Јас одам на термин,оваа недела ќе се растргнам,што со документи,што со термини.Секој ден имам обврски. А, не знам колку емаили и писма испратив.Оти бевме подолго во Македонија и се се струпало. Во петок треба да земам потврда дека имаме германско државјанство.Пасоши натаму ќе поднесам сега немам можност и за тоа да мислам.Видов дека е со QR код и заради тоа ќе правиме натаму. И учителката пишала не е проблем после прв час може да си дојде детето дома,само да донесе колач за продажба. Викам уште тоа ми фалеше на сета мака. Не знам како ќе го направам,претходно ќе одам на еден зафат и ќе мора да спијам еден ден во болница.И колку ќе бидам фит и за колачи да им мешам не знам. Сабота имало акција за чистење преку школото,а јас не само што нема да сум фит туку и детето има натпревар.
Здраво друштво, конечно малце да намалам од плус саатите што ги штанцав па да ви пишам. Ние синко во православна го крстивме, на двајцата ни беше сеедно фамилиите само прашуваа и најбрзо без додатни малтретирања за прва причест и комунион беше во православна. Така да со тоа завршивме. Во школо го запишав да слуша религија иако се уште незнам дали беше паметно, ама си реков е за општа култура убаво е да знае. Тогаш требаше да се изјасниме ние религиски за во школо ние не пополнив е мислевме неважно па ни стигна мејл на кој им пишавме дека сме агностици. Повеќе не досаѓаа. За пасошот синко со сликата од бебе патуваше до 5 ипол кога му го сменивме редовно. Никогаш немавме проблем што не значи дека е правилно само са кажам искуство. Нас не ни текна дека ради слика треба да го менуваме. Воопшто не памтам ликови, пред некој ден на работа на друг оддел бев па една колешка ми вика те знам јас како теле јас прв пат те гледам ( имам работено на одделот шефица е ) ми вика децата во исто време ги земаме од хорт во тоа и тоа школо, ах да таму учи син ми. Малце некултурно од моја страна ама незнам како да си помогнам.
Леле @Chantal Се појави. И сега гледам ама вие сите сте венчани, а? Само уште јас не сум такво нешто. А вчера нешто зборевме и он ми вика 12 години сме заедно до сега, а 9 цели ќе прајме у брак наскоро. Свадба не сме и нема да прајме, мислам нема понта сега веќе. Некои глупости имаше првите години од потписот, се некој не можеше нешто и малку ме налутија и сега после години се прашува. Глупости. Леле @Biljarkata сега фали да речеш дека и ти си венчана и јас нај неверник да испаднам од сите вас.
Здраво девојки. Најдовме нов стан со момчето тука во Германија. До сега живеевме во стан од работодавец. Бидејќи сега треба да купувме мебел и останати работи за домаќинство за новиот стан сакав да ве прашам некои искуств од каде сте пазарувале при опремување на стан? Ви благодарам однапред на одговорите.
Еве една невенчана тука. Ама детето крстено, не од што сме многу религиозни, ама ајде, сакавме да се собереме со фамилија и најблиски пријатели да прославиме за раѓањето па така некако дојде муабет за крштевка. И за следно дете би размислила дали ќе се нафатам на таков циркус, така страшно се искомплицира толку едноставна работа, ми се одмили. Од тајно контактирање на стариот кум од страна на свекор ми, па порачување торти, па дарувања од свекрвата, јас сакам во една црква, тие во друга, па караници... Јас на крштевката бев со фустан од порано, свекрва ми ај што си купи се ново, па замина и на шминка и фризура. Јас онака, спортски таа по штикли јас по патики.
И венчана е дете крстено. Ова второво не од шо сме многу ажурни, ако чекав по мое уште ќе беше некрстено, ама скратена варијанта од она на Лаванда, плус бев во истите алишта со кои се вуцарам по патишта. Значи без никакви подготовки, бевме во мк, рекоа ај, реков ок, 5 луѓе, толку. Ко во комунизмот
@јolene еве уште една невенчана и со некрстено дете И што е најјако, немам намера ни тоа, ни тоа да го направам Нешто сопругот знае овде онде да спомне, мене некако ништо од тоа не ми има некое значење, а знам дека ќе се направи циркус од било кој убав настан што треба да биде, така да, подобро вака. Нас корона време не фати, тука и си се регистриравме, за жал никој од семејството не можеше да присуствува, ама па мене ми беше еден од поубавите денови во животот. Може дека никој не ми дишеше во врат Сигурно свекрвата ни во најстрашните кошмари не сонувала за снаа како мене И ние минатата недела го сликавме детево за пасош, сега треба “само” четири месеци да чекаме да биде готов Се мрзнам на шпилплац позади зграда, детево точак ќе возеше, ама дојде тука, виде нови играчки и се предомисли.
Не можам значи. Цел ден се смеам за ова. Ова мојава свекрва освен што ни бара кум, до волку не е. Знам тебе не ти е смешно, ама живот јбг. Кај нас беше голема со правање на мекици. Леле па ресторан, па куп луѓе викано кои јас нит ги знам ни познавам. Па тоа бели навлаки на столови, па балони ој ој. Бебе 3 месеци, пола време преспа пола јадеше. И така. Вечерта требаше да отварам пликови и да кажам кој колку дал. Реков нема шанса такво нешто, кој колку имал толку дал, нит пишувам ни бележам. Нешто од бонбоните однесов кај мајка ми, нешто реков да задржи а нешто во црква да однесе, да се почастат луѓето. Мислам се налути, ама се исто ми е. Сакам нешто ако правам да направам за нас, а не оти они нешто си замислиле. Леле па и торти за крштевка. И јас ко на Билка си замислувам кум и родители и ајт таму. После еден ручек негде и доста е. Е ама они нешто друго си мислат изгледа и така не може да се погодиме.
Ma sto se zamaras nie krstevavme ovde nie i kumovite, posle eden rucek razmenivme simbolicni podaroci i toa e toa. Taa duri se potrese sto majkata bila vo crkva, ne biduvalo .
Абе сериозно, јас мислев ќе ми се најде дента да ми помогне со спремање, она отиде цело сабајле по козметичари. И нокти си стави, и тоа дента на крштевката. Мајка ми ја заангажирав со обврски, реков ајде свекрва ми ќе го причува јас да се избањам и да си направам фризура, кога она во 8 сабајле ми вели чаоо. Каде бе чао? Па торти нарачуваше, па пешкири за во црквата, па масла, па дарувања за кумовитее, ехеее. Ама маж е крив, никој друг не е. Он би на два стола цело време, и со мене и со неа. Со мене се договара дека нема да ги даруваме кумовите, со неа друго. Па на нецели 24 часа пред крштевка талкавме низ град за поклони. Абе будала и јас, откажи сѐ и седни во кафана, ќејф да си истераш. Тоа и сакав, мала собиранка со најблиски, без церемонии. Мајка ми не била на мојата крштевка, така и рекла свекрвата. Ми вели каква будала бев, седев надвор а сите останати внатре.
Јас правев свадба со 50 гости одприлика и тоа повеќе беа друштво. Крштевка 20 гости исто пола друштво. Без драми, без дарувања, без посебно нова облека. Е драмата беше 3 дена го молев мм да отвориме поклоните све немаше време за на крај на крај свекрва да не начека па да запишува, па и реков пиши мајка ми и татко ми -прстените ни ги купија. Чичко ми комбето го плати патот па се заќуте дека излезе моите многу повеќе дале од неа и нејзините ко што сакаше да се фали.
Ние од комунизмот -мајките главни биле на крштевка. Од кај им текнуваат вакви глупости и зошто уствари? Можда имаше нешто, до 40 дена да се праи крштевка па нешто со тоа, ама за после стварно не разбирам. Некое свекрвино правило ќе да е, пошто ако беше црковно, ќе кажеше попот нешто.
Neznam zosto i koi se "posledicite" ama majkata doma treba da sedi i da gi ceka da se vratat od crkva. Svekrvata da bide glavna i odgovorna.
Венчана на Ѓурѓовден така се падна пред 9г. Крштевка синко е крстен на нркои си 2ипол м. Тогаш маж дојде од дојчланд. И си бевме ние само со кумовите после у кафана частевме. Ние само од куќа сме си околу 20 луѓе голема фамилија. За овие двете ги крстевме исто така само ние и кумовите ама во др црква не во истата кај што е синко така ни беше замислата и си го носат името на тој светец и сега уште малку именден ќе си слават. Од пописи нема што да се прави кој колку дал кога маж сам си знае и секогаш кроз шала вели твојте не помагаат многу мојте само на јазик јаки. И поарно... со свеки од старт сме на ратна нога неможе да ме куманди и не сум и по ќеф од кога отидов кај нив па затоа и си се спакувавме и сме тука каде што сме. Од адети мајката нетреба да е таму и кај нас имаше и јасно и гласно реков ако е така бабата требало да го роди тогаш ако мајката нетребало да е таму. Искрено мразам мажи кој што секогаш удоволуваат на мајката а жената кој ја шиша. Среќа па овој мојот од мал е самостален па нема мн некоја допирна точка со нреговите али знаат да брцаат каде што нетреба.... Туку дојдов да прашам. Какви седишта имате за бебе дете од 1г панатаму. Дали би купиле на старо? Искрено поима си немам какви да земеме за бебињата и да не коштаат како суво злато.
Јас сакам да те прашам за прва причест ( тоа е оваа на 9год што прват така) Што обично се носи , нешто симболично колку да не сум без ич , ќе се видам следната ден после тоа со пријателката , а незнам ни како се честитува правилно , првпат дознав за ова сега па и со chatgpt си помуабетив
У друга тема ќе забегам ептен, не дека ми се разглаба толку на долго и широко. Ама ненормална работа е. Ова и со правилата на црквата и положбата и статусот на жената страшно. И наместо да се трудиме со времето ние да исправиме, се враќаме уште понадзат. А свекрвите кое изживување го прават врз снаите во најранлив период, под изговор помагање и фамилија, абе пу еве на. Наместо они како поискусни да се трудат да ја поедностават целата работа, они ќе ја искомплицираат уште толку. Ова со списоците очигледно им е нешто заедничко, дали од љубопитност дали од што немаат друга работа не ме ни интересира. Да седам дома и да чекам бебе да ми вратат, може да ама да им ископам очи прво. Дете се нема разделено од мене од прва минута ко е родено, до кога тргна во градинка и уште 3 да родам исто ќе биде. Вчера се јавува на видео да честитаме празник, на баба и вели дедо, на дедо и баба. Толку ги познава, а толку и они се потрудиле да изградат врска со неа. Не дека она не препознава и не разграничува. Препознава и разграничува многу добро. Цело маало сите ги знае. Ама овие се замислуваат нешто, па треба чест, па поклонување, па рака бацување изгледа. Е ама мајка и ја погодиле, држам највозможно пристојна граница без да отерам се у ПМ. Решивме со маж ми, не се известени се уште, ќе има драма ама гајле ми е. Не одиме, па нека се преиспитаат зошто. Криво ми е само оти ради нив, јас си скратувам од некои желби, ама друг начин нема.