Се јавував да прашам позната , мм скоро сум сигурна дека нема поима. Ми рече пари во зависност колку ти се блиски евентуално и круница( ова изгледа такво како за молење е, незнам сигурно), е сега девојката ептен религиозна е секоја недела се на миса па мислам дека тоа баш и не би го земала. Ако сакаш симболично земи нешто што знаеш дека сака детето како за роденден не верувам дека ќе згрешиш. Уште еднаш за нивните обичаи освен дека постојат знам колку и вие .
Баш ме интересира став на поп за дете што се крштева пред 40 дена дали дозволуваат мајката, ама најчесто тие што крштеваат пред 40 дена се водени пд свекрвите дека мора пред 40 дена да се крсти и мајката да не е во црква. Јас лично не бев способна ни да спремам крштевка ни да се двојам од дете пред 40 дена. Мојата за све е прва на ФБ слики да закачи да се фали кај била што правела , додека за тоа дека внук и е крстен никој од нејзина фамилија незнае зошто како што си кажа самата што ќе кажат луѓето кој е главен тука .
Не прашувај ќе се изненадиш. Мајката нема да смее оти нели крвари. Нечиста е . Кога бевме за молитва во српската во штутгарт, ме праша дали има 40 дена. На една свадба во сред лето, бебето мораше да остане надвор на 40 степени, оти е некрстено . А родителите отидоа да се венчаваат. Ние имаме познаник запопен, ама со докторат по теологија. Е сега србин е. Ама се мислам да му речам следен пат да ја заплиска таму во купатило малку и да и каже името. Може ќе биде и така .
Јас до 40 дена не знаев како се викам, не дете да крштевам. Свекрва ми е стварно златна, највеќе ради нејзе го одбрав мм. Е сега ми иде некогаш да и го вратам.... ама со нејзе збор си немаме преречено. Взаемна ни е разбирачката
Нас прво не венчаа бебето го држеа свеќи, па после нас ја крстивме големата.Венчавката ни беше по 5 години од регистрацијата.Испаднаа големи драми и затоа немаше свадба.Бебе беше 9,5 месеци, ај она што плачеше цело време ама јас волкава магарица бетер од неа мислиш на кланица ја однесов не на крштевка.Ама изгледа уште хормоните ми работеа бурно.Ај ние што плакавме па мајка ми заради мене се расплака и тоа беше бетер од шпанска сапуница.Сликите се со помодрено бебе од плакање и уште поотечена во очи мајка . Малата после овој хорор уште не е крстена иако е 4год. Ама сега кога бевме мк ги крстивме индијанците на тета на 6 години колку беше само весело и интерсно со големи деца . Малата се ребреше и неа да ја крстат дури се разочара дека не ја крстија.Ама да ја прашаа како ќе се вика сигурно Лили ќе кажеше не нејзиното име.
Глупост до глупост. Скоро колешка во соблекувална вика јас насмеам да влезам во католичка црква зошто православна сум . Ја прашав што мисли дека ќе и се случи, така попот им кажал. Друга херцеговка ( овие најрелигиозните Хрвати се) ми кажа дека нејзе свеченикот и рекол ти одиш во таква покраина има многу протестанти ако влезеш во црква им нема госпа ( или има не памтам) излегувај тоа не е наша црква . Јас се венчав во католичка без да ги пројдам тие нивни веронауки зошто попот беше кул само крштеница побара, после се распопи и се ожени. Да беше поинаку немаше да се венчаме или ќе беше во православна.
И оти не го крсти детето кога сакало. Барем ќеф ќе сте му направиле. Кум секој можел да биде. Да му јадете ушите. Моето е диво. Додека само да посака ќе минат уште 4 год сигурно. Моментално и татко и го пади, не сака со него да се успива. Само мама знае да успива. Кај ја фати фазата, веќе 5 месеци ја држи. Ама јас затоа па не знам да ја туширам. Можам да замислам сега да сака поп да ја крсти. Има се да искрши таму, прво егзорцизам ќе треба да и прават. Исто бабите не заборавија да кажат и оваа година за обетки. Па зошто они обетки зеле. Па кој ве тераше 100 пати ви кажав оти не планирам да и дупчам уши, додека сама не изрази желба. Ќе омалнеле, епа сега. Јас кажав, вие фала што ме слушате што зборам.
Икеа. Се имаш таму. Квалитет секако нема нигде. Овие барем полесно се склопуваат од другите. За повеќе нешта, кога земаме мебел за цел стан на пр. Порачувам со достава до дома. За нешто помалку од 200 евра во стан го внесуваат. Нит се замарам со комби изнајмување ни луѓе барање. Вака после полека полека кога стигнеме, тогаш монтираме. Монтажата е скапа да ја плаќаш, не се исплаќа. Порачајте си и алатки, штрафалица и гајба пиво . Друга опција ви е ако сакате на старо мебел од клеинанцеиген да си барате.
Увек некој коа ќе ви мрчи оти сте немужени и слично, да им кажете а што има една Гош, ем сама у Немачка, нит маче , нит куче, муж уште помалку и плус некрстена! Или што би рекла ја дупла каурка. Иначе, ја баш пред месец дена укапирав дека кварам просек у темава, све фамилијарни жени, а ја распуштеница. Јбг, мора некоја и тоа да биде.
Распуштеница е разведена, ти си сингл лејди. Оти немаш муж да те нервира ќе живееш 80 шче ,а ќе изгледаш како Ј.Ло на 50.А оти немаш и симпатија шо те нервира ќе живееш 100.