Видиш, никад не ми текнало да видам колку кошта паштета...јер стално кај макароните заглавувам У која тема да си праиме муабет, да отворам ли тема за паштета?
Е и тоа умре веќе. Иначе во норма имаше порано често пати за евро ама одамна не сум видела. Последно во нето имаше ако земеш три тогаш беа по 1 евро. Него за аргета како така, со чоколадиве шо бидна, која скапотија ццц. Имав обичај да праќам надоле "поздрав" кога имало некој да оди ама веќе откажав тоа. Шо е многу многу е
Аргета сега беше 1 евро у кауфланд скоро. Инаку чоколадите не за џабе беа пуштени едни акции на милка со купон голема милка за 1 евро нашите и германците се испотепаа кој повеќе ќе купи милки големи за 1€ у кауфланд и тоа беше пред некое време и нормално дека ќе ги поскапат така беше и за ленор прашокот и омекнувачот 3 парчиња за нешто помалку од 3 евра. И тоа сега скупна како суво злато. Се ова го знам бидејќи правев и јас залихи од детергенти па праќав и носев доле за ништо пари. Член сум на неколку германски групи за купони па така и шпарам. Инаку истп сега скоро имаше и за пелејите на памперс системска грешка во Дм 20 пакетчиња пелени на памперс земав за некои си 15€ добра заштеда уште имам од нив маж викаше требало уште да земам зошто е џабе али ајде јас поштена луѓе беа иапорачале у вреднос на 500 / 600 евра памперси.
Ова со памперс го видов по групи и јас ама мислев не е вистина. Пробав и јас ама веќе ја средиле грешката. А како тргнало со цените ќе се откажам од чоколадо и ќе барам од доле свински сапун да пуштат за перење.
Милка беа на акција цела година лани, па и за сладоледите пола пари на сметка враќаа оти ги казниа ЕУ 340 милончиња оти правеле манипулации за да си ги кренат цените дупло па да си оправдаат образ и така... И ве молам без попусти , купони, акции и паштети во врупава, па какви ауслендери сме ние? Само фоа гра, суши и бејби биф се јаде од био дуќани. Иначе зашто сме дошле ние тука уопште? Иначе, сладоледов МОРАТЕ да го пробате, предобар е. Боље сладолед немало у задњи 3 години. Спојлер Го има секои две недели на акција у некој дуќан, од 4 на 2 ипол евра. И Рафаелото е добар.
Посакав нешто (големо за мене) и толку многу неубави работи ми се случија (и ќе се случуваат најверојатно) (на моменти и посакувам да се случат) за да бидам доследна и спремна за исполнувањето. Кој ме сфати ме сфати. Многу ми е тешко, претешко, од освестувањето каде сум грешела/ грешам. Децава ќе ги научам дека теретаната и уличното школо се најважни во животот. Природата, водата, музиката… Дека ЈАС сум најважната особа во мојот живот! Го знам тоа одамна ама дури сега ги увидов начините на кои не го применувам тоа. И така седам во теретана, завршив со вежби, и го оставам мм да чека, за да сфати дека нема да ми е приоритет некој на кој јас не сум му! Како бе на 31 година учам вакви работи? Чекај да ве прашам, до 40 цело време нешто ново се учи? Јас па мислев веќе нема интересно да е после 30, а оно баш сега станува интересно.
И се учи, и не се учи. Еве на 45+ пак треба да научам нешто, ама никако не научувам, стално нешто грешно е во алгоритмот. Можда дека теретаната ја прескокнувам цел живот? Ај да фатам пешачки шопинг ако не теретана
Живот почиње у тридесетој пеат дарквуд даб Џоки. Многу сте млади со 30 иако некогаш се чини дека сме стари и уморни. А тек па во 40 што почнуваш да учиш. Од моите мотивации за вежбање уште ништо. Ај сега велам уште добиено, па така без врска одложувам. Ќе чистев балкони, ама ветер има, нема поента нели, ем ладно ем се ќе врати надзат. А нели ќе се селам наскоро, па не се исплати тука да рибам, на наше ќе си чистам . Филмови, разбира се, филмови си правам. Ама ни се јавија за посета, денес од 12. Е како бе така? Вчера пишаш и одма утре на сред ден? Некој треба ли да работи или сите на закачалка. Па нели дојчланд сме, сите со термини сме. Таму следната недела ако е за нас, ќе стои уште. Паштета тат татат та. Се купува аргета нормално. Маж си јаде понекогаш, јас хумус БИО нормално. Ако не е био не ни земам . Највеќе на храна трошам, ама не земам секогаш био, иако често да. Друго не ставам нокти, шминки не, не се фарбам, не пијам, не пушам, на забар тука одам, на фризер исто. Ама фризерите врска немат. Од зависности кафе само. Се си велам ќе запалам некогаш така за релакс еден џоинт, оти нели легално кај нас, ама меех. Дете имам за гледање и така. Свежа и најчесто многу на×урчена нормално. Ајт љуби ве дада сите. Убав викенд и многу сонце и љубов .
Мене ми е многу интересно, сега кога погледнам наназад, како одложував за теретана. 7 дена добиено имаш нели, па немав хеланки, немав патики, немав пешкир, немам торба… а овие инфлуесериве упорно кажуваат дека се било само изговори и така слушам едно видео 10 пати и станувам и гледам дека имам и хеланки и патики и пешкир и ранче. И со добиено вежбам, нз колку е паметно, мислам дека е ок да вежбаш грб на пример тие денови или раце, ама јас газ вежбав, сепак и со добиено се вежба, не е тоа изговор.
Па се разбира дека не е изговор. Не дека не сум свесна. Ме мрзи. Цела недела ме мрзи. Ама затоа сфатив дека јас функционирам само кога имам обврски и мора да најдам работа. Се додека има слободно време само онака ми минува брз врска. Малку низ дома и на нет ќе блеам. Катастрофа.
Да да и јас сум како мртва без работа. Абе подобро било каква работа отколку без работа. Ем повеќе енергија ем животот одма розев ќе ти стане. Па уште и некоја симпатија на работа ако најдеш.
Ништо не е толку тешко, ни чучњеви, ни булгарианс колку тоа проклето излегување од дома. Во моментот кога ќе пристигнам во теретана се чувствувам како пола работа да ми е завршена. Мотивација се нема секогаш, ама мора да се оди, тоа е најтешкото.
Дете ми е трет ден дома, вчера и денес без некоја причина, еве веќе ме спобудалува денес. Сто пати се покајав што не го однесов во градинка, досадно му е дома. А се фатив за чистење и да дочистам, па ќе одиме до шума да прошетаме. Како се приближувам накај 40ка, некако животот ми станува многу поисполнет, помирен, поубав А и јас мислев дека до 35та некако си направил што си направил, после чекаш да скинеш конци И некако сега сум многу поспремна за учење, многу поамбициозна од порано и се чувствувам дури и скроз младо Инаку за брзините на функционирање иста сум или сум скроз активна и не застанувам или влегувам во некој мрзлив моуд и не ми се мрда. Типичен бик Дефинитивно сум поисполнета кога сум активна, вака кога одмарам по цел ден, веќе накај 12 попладне ме пука депресија, а до 3 маж додека си дојде од работа сум спремна за кавга Ова за теретана и општо за било каков тип на тренинг го имам слушано од инструкторка, девојкава баш збореше дека демек 9 од 10 луѓе што вежбаат кај неа и се јавуваат да откажат пред тренинг, поради х небитни причини и она ги замолува само да дојдат до врата на теретаната и дека ако и покрај тоа се чувствуваат дека не сакаат да бидат на тренинг, слободно може да си одат. И викаше дека 8 од тие 9 остануваат на тренинг. Уствари работава е носот да си го подадеш во теретана и после ќе се осеќаш супер И јас планирам активно да се вратам на вежбање после пораѓај, ама ќе видиме што мустра ќе биде бебето Паштета немам јадено од 2014та Ама затоа сладоледот што го препорачаа погоре, уште денес ќе се проба Дури и не мора да е на попуст Ќе си го купам од бонуспунктите од АОК Утре ќе се оди на нешто со виртуелна реалност, за откривање на Тајната на Титаник Маж преврте очи 100 пати, ама ќе дојде, земав карта и за него, кај ќе возам сама со дете до таму Во добро и во зло, си потпиша, кој му е крив Да дочистам и да отидеме да се истрча детево во природа, па после не чекаат неколку обврски да се завршат и толку од денот ќе биде. @јolene пуштам среќичка за станот Убав сончев викенд и од мене
Еј. Јас еднаш почнав со теретана, го поминав тоа патики, хеланки... и после останав трудна. И сега не почнувам пак , од мене доволно беше
Пред некој месец почнав дома да вежбам, првиот пат ногата ја навинав па прекинав, после, вториот пат алергија добив одма по вежбањето и си кажав толку!! Сеа се мислам дали да идам да трчам во паркот - ама страв ми е некој коњ да не ме изгази!!
@Gosh ја како фан на магнум прв пат го гледам сладоледов. Срамота. Ама уште денес ќе си го побарам. Иначе и ја да ти предложам. Овој ми е врв, ако не го знаеш, плус пуцка во уста ко на времето ко бевме деца. @Jolene Нит венчана, нит деца крстени. Маж грк, живеам во Германија… од грев во грев влагам, најголем предавник и на земја и на религија. Така ми рекле. Ј’зк. А маж ми ко Грк, плус доаѓа од попско семејство од двете страни. Доста религиозни. И таму веројатно ме зборат дека ги запустев. Се зезам. Свекрва ми е супер, ама ич не им е сеедно што немаше крштевки напињаа дур бевме таму ама видоа не видоа се откажаа. Може ќе се спомне пак сега кога ќе одиме, ама штурци. Пред некој ден маж читаше па ми пренесува, во Атина за прв пат ставиле автомат за наплаќање во црква со картичка. Абеее…. Една од причините оти не крстам деца и нема да се венчам оти не може црква на тие пари секоја година да си менуваат тарифи и ценовници. Не може за дете да ми воведе во религија да се плаќа, не смее. Тоа треба да е бесплатно. Секако сме ортодокс, деца си растеме во нашата религија, си почитуваме и тоа е тоа. Башка што имам девојче и никад нема да ја крстам и искрено не ни сакам таа баш да изрази желба за истото. Ама ако некогаш подоцна сакаат, нивни желби па ќе им учинам. Верата е интимна работа. Никогаш не ги сфатив фештите околу крштевка ко мала свадба. Да не го спомнувам фактот што црквата не треба да се меша со политика. Ама ништо не ме привлекува своеволно да крстам деца. Брат ми беше кум сеа скоро. Се запрепастив колку сега се плаќа во црква. Па ај кумот, ај старосфатицата па на крај и младите. Страшно. Црква и ценовник. Тоа не смее да оди заедно. Јас искрено секогаш замислував некое прославиче од типот завети давање. Не знам дали мораш да си претходно венчан за тоа. Најблиска фамилија и другари, на плажа, лелеави фустани што секој има по дома и боси со цветни венци на глава. Без оптеретување за облеки и подароци. Само да се собереме. Којзнае дал ќе ми се оствари.
А свекрва ми што рече дека ѓаволот излегувал од малава на крштевката па затоа плачела! Јас одам да ја смирам она вика остави ѓаволот излегува. Па немој некогаш да сте ме прашале зошто мразам свекрви. Ни на една секунда не сакам да ги видам. Едвај чекам разведена да сум. Јас сум родена за сама и успешна да сум.
Ќерка ми кога плаче, мм вика дека треба да ја однесеме на бајачка да и побае. Е тогаш ѓаволот од мене излегува и се дерам како луда.
Вчера реков пола работа ми е завршена кога ќе стапнам во теретана…епа газот ми падна додека вежбав, друг пат да не тропам глупости. Тешко е и да се вежба Спојлер
Венчавки и крштевки ми се преубава работа. Католиците земаат директно од твојата плата и така се финансираат. И православните мора некако да се финансираат. И поповите треба плата да земаат, црквите да се реновираат. Мене ич не ми смета да си платам кај нив. За вишокот пари што им останува се надевам ги помагаат сиромашните и нив ги венчаваат и крштеваат бесплатно. Ако не се користат правилно и за такви цели парите тогаш они ќе одговараат пред Бога за тоа. За прославите после крштевки, венчавки тоа е ствар на вкус. Некои сакаат интимно само најблиските други голема прослава. И едното и другото ми е супер. Во денешно време само на вакви настани се собира целата фамилија. Нека се слави. И шминка и фризура ќе направам и секаде ќе одам. Секаде чест ќе направам. Само за убаво да е. И престанете да објавувате храна. Некни ми се прејаде паштета, денес сладолед. Нема смисла веќе