Многу сте изнапишале,нешто рипнав -нешто прочитав. Да седнам малку да одморам.Ме фати маген дарм.Се исцедив,на секои пет минути одам во тоалет.Вагата минус покажува. Конечно завршија тура термини,ама како што ми изгледа ќе почнам кај и да е нова тура,ма не тура ова ќе биде маратон. Зедов државјанство Ама од толку што сум утепана периодот ништо не ме прави среќна. Денеска требаше да одиме на натпревар на пливање,ама ништо не биде.Јас болна,синко болежлив,а маж обрна си некоја жила на коленото и само клинка. Комшиката од спротива само ме жали и ми носи јадење. Друго можеби некултурна сум,ама не можав веќе гости да поднесам.Па како сака нека изгледам. Од пред нова година секој месец или преку месец имав тури на луѓе,кој на недела,кој на неколку дена. Последното ми беше капак.Дојде братучед на мм оти се разведува со жена му и заради болницата во близина дојдоа со мајка му да седат.Една недела пред да појдеме за Македонија и цело време додека бевме во Македонија. Не ми е криво човекот многу ни помогнал.И тоа што го направив отстапка е само за него-немам голем стан.Ни за сестра,ниту па маж ми за брат би отстапил.Оти кој сака на подолго има кревети за пари да седеш.Маж така најде за брат му кога работеше во нашиот град. Ми треба тишина кога ќе си дојдам дома. И јас си имам мои здравствени проблеми и ми треба мир. Преска ми пиша еден познат да нашол ефтини карти и да дошол на гости.На фино му пишав дека моментално не примаме гости,можеби понатаму Се виде дека му падна непријатно,ама што да правам,почнав и јас со германскиот идиотизам,ако не ми одговара кажам не па што сакат нека се мислат. Постот ни е даун, баш како што се чувствувам Ми стаса нова ташна,поклон за роденден од пријателките.Малку повише блик блинк,ама не ја враќам
@јolene како почнува ларингит? Не ми се свиѓа кашлицава, сува, нападна, а се почесто се закашлува. Температура 38,5 цело време, ни горе ни доле. Можам некако да му помогнам? Да давам нешто за искашлување или полошо ќе направам?
Давај само течности, ништо друго. Да е навлажнато грлото за да се смирува. Нешто мед ако даваш може со кромид лекот да го направиш. Сечеш еден два кромиди на парчиња поситни, полевсш со мед од горе, остави преку ноќ. Сабајле прецади низ газа и давај на 2-3 саати по една лажичка. Ќе размекне. Напад кај нас само добива, после нема мака толку. Не ни кашла предходно. Ни температура имала предходно. Никаква најава, освен што како настинато изгледа. Едноставно сред ноќ се буди, плаче и не може воздух да земе и почнува да свири. Тогаш на ладно вади на балкон, исправено држи и пушти видео да се смири. Ако имаш воден сладолед понуди да лиже и ако не може и ако ти изгледа страшно викај брза помош. Ако се подсмири носи после ти на итна. Ама држам среќа да не дојде до таков напад. Одмарање колку може. И ова многу важно, на ладно спиење и пушти тоа за влажен воздух да ти прави во спалната. Кај нас пак мрсолчиња. Ми се темни веќе, ама отиде да си игра. Не појдовме нигде денес, да штеди енергија демек..така во маало само.
Сега и се мислам дали е ларингит. Така започна, со иста таква кашлица ама како прогресира оди накај сува, се слуша дека има шлајм ама не може да го искашла. Некаде читав дека сува е полоша од влажна? Што се дава во овој случај, топло или ладно? Па и температура 39 оди.
Температурата ќе оди дури не го победи вирусот. Јас пошто никогаш не можев да познаам дали е или не ларингит, давав ни топло ни ладно. За сува кашлица прегорен шеќер со млеко и лажичка путер. Во другата тема зејтин ми рекоа ама зејтин ми е шубе. Го даваш млако, екстремно е благо ама мојава рече, поарно и било од него. Уште чистиме нос со чајникот- и помина и за 5 дена пак нешто фати
Кај ларингит кашлат како кутриња. Како да лае звучи. Тогаш ладно. Ама кај неа темп немало со ларингит никогаш. Температура колку време има. До три дена тука нормално им е. Тек на третот најрано на контрола. И обично стварно после три дена се смирува. Ако симнува со парацетамол или со ибупрофен, седете дома и лечете се. Чајот со прегорен шеќер делува. Мислам ти немој да го изгориш. Колку да се стопи шеќерот и ставај вода/млеко. Сега оти нема шлајм може млеко. Ве дрма и вас Билко сезонава. Аман значи. Ко пиша нели нема секрет а се осеќа узатната, еве ја иста беше. Од вчера почна да тече . Сега перевме нос ама ние со шприц и физиолошки раствор. Се изнарика и пак се наполни. Сега не знам дали да се радувам оти почна да тече нос или страв да ме фаќа. Обично пред да почнеше да тече беше со темп и завршуваше со антибиотик. Сега само се молам да не биде антибиотик и овој пат. А имам термин утре, морам да ја однесам на градинка. Она е свежа јаде, пие се игра. Ама не застанува. Дома ја терам да чита книги или во песок на сонце ја носев, да е попасивна малку. У во вторник термин исто имаме. И среда требаше ммр, ама ќе одложам. Цела е нафрлана и по кожа, уште ммр и фали.
Здраво. Пак јас тек-тук во темава... Имам едно прашање. Од кој курс признаваат дипломи во Германија? Само од Гете?
И мојата денес почна да поткашлува, носот и тече цело време само со различен интензитет.На градинка цело време си оди оти не можам за секоја ситница боледување да земам.Се надевам дека е само настинка од кратките ракави. Не сака долги ракави никако да носи а некои денови не е за кратки. Јас превентивно и подметнувам прополис во млекото, јаде мед по лажичка скоро секој ден и прскам спреј од диво оригано кога ќе ми текне. Инаку ептен нездрави навики за хранење има. Си ја знам моја си е и јас истата таква нејадачка бев(сум) . Среќен ден на мајките , Мајки Македонки во Германија и дијаспората. Како оди животот сам во странство… еве вака
Ставив ручек за утре од сега и блеам, а требаше да се бањам, ама мм збори нешто со некој, па не може да превземе дете, ако се разбуди. И така утре ќе станам порано, ако воопшто и спијам де. И за градинката, мајфест сега во четврток. Па ај мајфест и деци во трахт да сме облекле кој сака, па и родителите исто ако сакаат да дојдат во трахт . Епа ја немам ци*ки за носијата да им ја облечам. И нема. Највеќе што би облекла е фустан. На маци ако е се у ред, само да е здрава, имам едно многу убаво фустанче и ако најдам боди некое цакано или кошулка што ќе ми се свиѓа, ќе ја дотерам ја како сум си наумила . Градинката жими се, да си само без работа. Се нешто имаат. Ама за убаво е . Нека се живи и здрави.