Јас во веце не одам без да ги прашам мм и децава нив да не им се оди, а не пак на гости кај некој без да го прашам дали може и кога. Уствари не би ни прашала воопшто! Мразачка на луѓе. Идиотка. Научив и што значи дека како старееш кругот се намалувал. Супер! Со радост ќе стареам. По мислењево приметив дека треба да добијам. На 20ти демек ама очигледно порано овој пат, според штимунгов на 16-17ти.
Оффф готово сфатив. Значи оди според денот кога е родено детето, не според датумот кога почнал да работи маж ми.
@Yowannty не мора он првиот месец да го земе. Ама така оди со деновите. Инаку за да му го платат тој месец Elternzeit мора да земе уште најмалку 1 месец од кога ќе заврши твоето. Пример двајцата го земате првиот месец од кога ќе се роди бебето пример 15 Март до 14 Април , потоа остануваш само ти до 14 Март 2026 па потоа маж ти зема уште еден месец до 13 Април 2026, а ти се враќаш на работа. Двајцата заедно ве следуваат 14 месеци Елтернгелд од кои 12 тебе и 2 за маж ти. Он не може неговите 2 месеци да ти ги префрли на тебе . Елтернгелд плус е друга приказна дипло време ама на пола парите ама пак мора навреме да биде одобрено од работодавците. И тоа мислам е 6 недели пред терминот мора да биде известен работодавецот и да му биде одобрено. Ако поднел само за 1 месец, а потоа сака 2 и работодавецот не се согласува на 2 месеци, нема право на вториот месец. Кога барате и ти и он Елтернцајт тоа ви е одлука за наредните 2 години што ќе го побарате. Сигурно има некој број онлајн каде што ќе можеш да се информираш ако нешто ти е нејасно. @SanelaS порано можело два месеци заедно да се земат. Веќе ова не е можно. Ново е тоа од оваа година мислам.
Не го зема првиот месец. Проблем настана што тој месецот го пиша од први, а бебе е родено на 26ти. И сеа на работа му одобрија и деновите му ги внесоа во систем, никој не му кажа дека не оди така. Сега деновите не ги одобруваат другиве со испратено се коректно заедно со од работа одобрение, а не можевме да сфатиме што е проблемот околу деновите. Нема врска од работа се коректни и ќе му сменат.. ама не ни беше јасно зошто излезе проблем. Минатиот пат исто така на работа му направија грешка ама си ги искористи деновите. Признаа дека беше нивна грешка и не направија никаков проблем. Овој пат исто гледам уште појма немаат од Законот. А мора вториот месец да го користи откако моето ќе заврши? Не може да го користи и вториот месец првата година?
Слика ако може од сирупот. И мојата повторно е со ларингит. Напад имаше првата вечер но не беше страшно се смири пред да биде страшното. Сега кашла и тече нос како чешма.
За жал не. Во првата година може само 1 месец да земе. Освен ако ти се вратиш на работа во првата година па он да земе. Ама двајцата заедно во првата година имате право да земете само еден месец Елтернцајт. За другото во врска со работата на маж ти и Елтернцајт најдобро јави се на бројот за кратки прашања од Профамилија. Пиши ми ЛП да ти го пратам бројот ако не се снајдеш.
Фала ти. Уморна сум и ненаспана и осеќам информацииве само ми прелетуваат низ глава. Да отспијам па да ги средам фиокиве во мозоков. @joana18 Bronchipret, има сируп и капки, капките се повеќе за возрасни, ма да лани зимата кога беа со опструкција им дадоа капки на двајцата. Имам во секое време дома и сируп и капки. Хербален е, комбинација на мајчина душица мислам дека беше и бршлен. Пред месец ипол, син ми беше со јака кашлица, го чекав ден два да му помине ама никако, и на крај му дадов сируп, после 3та доза ( се дава 3 пати на ден) му се смири. Сега пред некој ден пак почна да кашла и не чекав да се интензивира одма му дадов и одма му смири. Јас се крстам во сирупов, особено што мојов би кашлал нон стоп. Спојлер
Не мислам дека ова беше ларингит. Така започна првиот ден, па два дена премина во сува кашлица, ептен се мачеше да се искашла, му доаѓаа нагони за повеаќање. Сега е веќе попродуктивна, ама започнав да давам и сируп за искашлување и од тоа медот со кромид на јолене. Ама ептен сум збунета со ова топло ладно, некои доктори викаат и при црвено грло да се конзумираат ладни пијалоци, други викаат топло
Тоа од Санела е рецептот. Кај нас еве и маж ми се разболува, и јас се осеќам уморно, значи човек да не си помисли дека е готово со сезоната аман веќе. Ќе почнам да суплементурам од очај веќе.
Od 1 April minatata godina mazot i zenata nemozat vo isto vreme 2 meseci Basic da koristat, mozat eden Basic i drug so plus da se kombinira. Ili pak da zeme 1 mesec vo prvite 12 meseci ako majkata e tie meseci Basic i 2 mesec da go zeme 13 ili 14 mesec. Muabetot mene mi bese deka mora 2 meseci minimalno da zeme nemoze samo 1 mesec vo sprotivno parite treba da se vratat.
Јас секогаш ладно им давам. Штом се разболат одма сладолед купувам. Никогаш не давам топло како супа или какао. Последниот пат кога прашав педијатарот ми рече дека на некои деца помагало топло на некои ладно и треба да пробам од кое нема да кашла и ми рече да пробам со топло млеко и мед мислам ама јас секако дека одма сладолед купив.
@gjoker4e како што напиша така и јас знам. На некои им помага топло на други ладно. Топлото се смета сепак за подобро дека го поддржува процесот на заздравување и ја намалува болката, а ладното ја намалува болката. Пример гаргара со Salbeitee гоогле го преведе како чај од жалфија треба да ја намали болката и да го забрза процесот на заздравување. За суплементирање кај возрасните цинк селен и вит Д. Ама тоа пред да се разболиш. После не помага баш. @SanelaS да така е во право си. Дека пиша мора да земе 2 месеци заедно или одвоено во претходниот пост ти одговорив дека не е така. Те разбрав заедно последователно во првата година.
Ова за елтернзеит и елтернгелд лани нас во април ни одобриа на двајцата да сме заедно во исти месец бидејќи беа близнаци во прашање и потоа пак во јули зема маж друхиот месец значи прв и четврти месец му беа одобрено земаше 67% од плата и јас елтернгелд 600€ за двете деца . Кај нас исто делува само ладно . Но во последно време константно е болен и е за жалење чекаме термин за ОП за крајници.
Немојте веќе да сте спомнале ларингит ве молам. Ние журка ноќеска. Маж узатнат и со грло фатен. Малата на два пати со воздух вадев, третиот пат почна да свири и дадов сокчето декса од пред три недели што ми го спакуваа на итната. Пола вечер на тераса ја минавме. Се смири после ширупот не отидовме на итната, ама сега ќе видам шо ќе ми се издерат на матичен оти сама ја лечам. Не спиев нормално цела вечер, маж денес до 7пм на работа. Колку ќе е долг денов, праќајте енергија малку. Ми иде да ја отпишам од градинка и до 3 дома да си ја чувам да ви кажам. И вака е повеќе дома, него таму.
Немој подобро сега да ги прелега тие вируси од градинка него подоцна, секако и подоцна мора да го помине тоа. Мојот појде на 5г скоро у градинка и пак нон стоп беше болен. Така да секако и тогаш ќе настинува. Незнам да видиш за вентолински раствор за инхалатор да им побараш. Што знам мојот нон стоп завршуваше со дексаметазон и венѕолински раствор кога почнуваше да свири и губеше воздух.
Убаво ти пишала тутифути. На почеток мора така да е. Сакаш да ја отпишеш па на 3 од ново да поминуваш низ истово? Не, не сакаш. Тешко е, понекогаш неиздржливо, ама ќе помине. Плус кај тебе мислам поефтина е градинката? А јас што плаќав 456 евра за цело време дома да е? Плаќаш за џабе на почеток. Можеше само 50 евра за храна да вратат ама само ако четири последователни недели не е во градинка и ако е најавено тоа. Ми текнува дека ви пишав дека од јули 2024та ќе сум богата дека малиов ќе наполни 3 и ќе плаќаме наместо 505 (поскапе градинката, за малава беше 456 на времето) 321 евро. Од јануари е до 14:00 па плаќаме 194 евра. Богата сеуште не сум.
Има некоја од вас хијалурон на усни? Си викам сигурно @Biljarkata Страв ми е како ќе испадне. После нема назад нели? Па и видео гледав колку длабоко и колку пати влегува иглата на само едно место, а сигурно на минимум 4 места се боцка. Не дека утре ќе ставам, ама случајно да не имате искуство или совет. Кај Германци нема да одам дека они за убавина се нула.
Здраво девојки Имам едно прашање. Некаде за месец ипол треба да се породам тука во Германија. Прашањето ми е од кога треба да барам педијатар за бебето?