Јавувај се по телефон најубаво. Мислам дека повеќето работат, но само за итни случаи. Инаку и јас мислам дека У прегледите само кај педијатар може, ама прашај си.
Јас си нарачував и за ќерката и за синот сега од овие: (наводно се без хемикалии и без штетни материи во гелот што го имаат): https://www.lillydoo.com/de/
Само телефонски сега. Пробај од ново кај сите педијатри од најблискиот накај најдалечниот и кажи им дека имаш покана за у преглед. Треба да имаш матичен педијатар и на прегледот ти дава жолта книга кај што се запишуваат прегледите. Ако одите прв пат на У преглед треба да го носиш картончето за вакцини од Мк. Не треба да е преведено. Ако имате уште вакцини или ако има некои плус во Гер што ги нема во Мк до 3-4 години ќе те прашаат дали сакаш и да го вакцинираат ама се разбира не мора, барем не мора одма.
Сакам да прашам дали ми се причинува или стварно сите ставиле Versandkosten ? На две места што зедов да порачувам хартија во боја на едната страна 10 евра, на другата 7,48 Ајде 4.99 ама 10евра
Ај некој нек ме просветли како се прави ова? Има квасец и само го замесуваш со вода и чекаш како нормално кога замесуваш леб или? Едвај го најдов преска во Реве пак беше тепачка за брашно од сабајле.
Има ли некоја што работи мини џоб, а во моментов заради ситуацијава не оди на работа? Газдарицава мене ми пуштила полн износ за март, а работев само 30 саати. Е сега, имам од претходните месеци плус саати одработено, па не знам дали ме исплаќа за нив или мора да пушта плата без разлика што не работиме? Некоја во слична ситуација?
Сликај ја задната страна. Ќе треба лично да ја прашаш. Кај сите е различно. Нема некој закон на ниво на цела држава. Некој добива цела плата ама треба да ја врати после или одработи, некој како ти со плус часови може да ги добие тие часови. Кај мене за март и април добиваме иста плата ама не работиме како претходно. Се уште не се знае дали ќе треба да вратиме, одработиме и слично. Зависи колку долго ќе трае ситуацијава, никој не знае 100% како ќе биде. За мај е знак прашалник колку ќе работиме и колку ќе ни платат. Можеби кај тебе веќе знаат, можеби размислуваат, можеби ќе донесат заклучок откако ќе се стави крај на короната.
Предложете ми некоја машина за алишта. Треба да купувам нова, а поима немам каква, има милион. И што мислите за Отто, во врска со гаранција? Доста работи имаме од таму, ама ситници, не знам дали и машина од таму, или од хем, медиамаркт онлајн.
https://www.mediamarkt.de/de/produc...fw5mSL9zUoCOLq_pt0ynkEA06H0p_z0BoCW6EQAvD_BwE Можеш и со сатурн да ја споредиш еднаш има таму еднаш тука попуст.Ми ја донесоа за 4 дена со хермес еинрихтунг. Ние пред 3-4 недели ја купивме.Презадоволна сум .Има за дозирање на прашок, има брзо прање на 59' со јонизатор, светло во бубањот, многу е тивка.Ако имаш помалку од 9кг сама го намалува времето и кажува колку функцијата е еколошка.Кога завршува има сигнал и сама се гаси по некое време.Со 1600 вртежи сите големи кебиња си ги исправме.Претходната исто ни беше горење 6 години секој ден переше некогаш 2-3пати.Требаше само да и се смене греачот и да работи ама јас сакав нова.Има и горење поефтини со помалку кг.Јас сакав ќебиња тешки да си перам затоа ја зедов од 9кг. За горење се одлучив оти на раб имам фирма што работи поправка на машини и се се АЕГ, Бош и Сименс не постари од 3 години. Од отто имам само 2-3 работи купено не знам да ти кажам.
Оф, а јас па баш се мислев помеѓу аег, самсунг или сименс, за горење не ми ни текна. Во Мк имав ЛГ, а оваа сега што ја имам е сименс, ама стара, маш ми кога дојде на старо ја купил од некој човек. Веќе ептен ме зафркава, мора нова
Земај Аег и не мисли ич. Аег ти е друга лига на машини. Јас имам до девет кг со десет години гаранција на мотор. И претходно имавме аег машината е ѕвер. Горење во Мкд имавме и лг имавме далеку послаби машини. Преку отто ја нарачав заедно со фрижидер ми стаса дома ми ја наместија и приклучија на вода и струја.
Да прашам каде може тука во Германија да се купат кубети оние како кај нас што ги има? Малиот е запнат за тоа и не знам дали има тука исто кубети да барам.
I jas kako maliot ednas zapnav i barav najdov vo Globus marketite vo edni plasticni kako casi bea spakuvani.
Има во сите маркети мислам пакувања кубети за салата, како грицки не сум видела. Кај што се додатоците за салати ќе ги најдеш. Мислам не е страшно да ги грицка така истите.
Јас се имам од Бош и Самсунг апарати и сум презадоволна, машина за перење Самсунг и ми е од 2013 купена и нема да мрдне, имам 10 години гаранција на моторот, исто ја користиме постојано, оти маж влече работничи алишта и постојано се собираат алишта за перење. И викам ако еден ден се расипе ќе си купам пак самсунг само две во едно сушара и машина за перење. Имам сушара во подрумот, ама некогаш немам клуч оти се менеме со комшиите и ова би ми било најпрактична опција. Имав посебно сушара и оти во новиот стан немавме место за неа, моравме на жалост да ја продадеме.
Јас од Бош имам вградена релна и ми иде да ја откорнам од кујна и да ја фрлам од тараса. Денес заштитникот од грејачот горе почна да паѓа надоле се разлабавил механизмот и ти влага во јадење железо. Башка што грее само странично, а ги има сите опции као на екран. Ужас. И плотната ми е на бош пд две капки вода како две години да не е исчистена плус знае и сама да упали ако има тенџере на неа нетргнато. Декември 2017 се наместени за само две години распад.
Можеби е и до среќа, што да кажам. Од што и да земеш, може за брзо време да се расипе. Ама според мене сепак кога се купува треба да се гледа и од кој производител иде апаратот, да се се купи само колку да се земе нешто. Инаку бош и сименс се исти производител. На почетокот оти немавме толку пари за се одеднаш да купиме, се одлучувавме за поевтини варианти, ама дефинитивно има разлика кога се земе нешто поквалитетно. Самсунг, сименс, бош, горење, аег, филипс ми се со добар квалитет според мене, а се со пристапни цени.Миеле ми е прескапа, не сум имала апарати од оваа марка, a и изгледот не ми се допаѓа. Е, некогаш мислам како резултат на фабричка грешка може да не се погодат.
Бош се во ефтини. Миеле ќе ги платиш али вредат. Татко ми велеше питај шта је скупо то је боље, а јас будала не го послушав сега два пати ќе платам за истото плус вградени се оффф.