Veke treba da se javuvas i da prasas dali primaat novi pacienti, ako nemozes da najdes kontaktiraj gi od zdravstvenata kasa.
Мене ме прашаа уште во болница дали имам педијатар кога ќе се породиш одма од болница си вртиш на сите педијатри во твојот град дали примаат пациенти и ќе нагласиш дек е новороденче и мора да те примат нема да немаат место.
кај нас тој што беше на преглед кога се породив таму на одделение, и следните термини беа и сеуште сме таму-во ординацијата на педијатарот а на самиот почеток првите 48ч. тој доаѓаше
После пораѓај. И кога ќе се јавуваш да прашаш прво нешто што треба да кажеш е дека се работи за новороденче. Така нема да те одбијат никаде. Прегледите U1 и U2 кај нас ги правеа во клиниката одма после раѓањето на детето. Кај педијатар од U3, а тоа му доаѓа некаде кога детето ќе наполни еден месец. Така да, имаш еден месец време да најдеш.
Ајде малку помош. Порачав онлајн две седишта за кола и ми стои дека ми се испорачани двете со ДпД. И денес доаѓа само едно седиште. Вака стои на пакеѕтот дека 2/2 значи две седишта а др го нема дали има шанси утре да го донесат? Спојлер: Седиште
Читав по групите, прашав овде, маж ми објаснуваше… никако не можев да сфатам, ми се измеша се, хаос. А не е ич толку комплицирано, мислам конечно сфатив. Уште ова морам да препрашам. Значи маж ми ќе користи сега еден месец, следниот ќе биде по завршувањето на мојата година. Тоа значи дека мора да го користи и вториот месец, не може да користи само еден месец?
За да му биде платен Elterngeld-Basis мора да користи 2 месеци. Инаку може и само тој месец да го користи како Elternzeit ама нема да му биде платено.
Дали сте нарачувале од алиекспрес во Германија да ми кажете дали доаѓа на време како што пишува? Ми дава мене максимум 3 недели за достава, се надевам не е како овде да глават по три месеци?
Девојки ми треба помош, како иде постапката за менување на работодавач? Некои ми кажаа прво барам нов работодавач потоа дозвола од Ausländischer Behörde? Дали тоа важи и за стручен кадар? Пошо сум со виза а стварно сакам да сменам болница.
Како што се сеќавам, сега скоро почна ти, го доби ли Aufenthaltstitel? Порано беше (пред некои 5 години ова што го знам за доктори), сега веројатно уште е така(може да провериш како е сега законот за сина карта_EU BLUE CARD 19а мислам дека беше членот) дека доколку во првите 2 години од издавање на визата сакаш да менуваш работодавец мора да имаш дозвола од бехјурде и смееш да работиш за тие 2 години само во струка за која ти е дадена визата, како лекар.А после ако сакаш можеш и како пекар, козметичар.. не се издава нова виза мислам картичка, туку само еден Zusatzblatt. Не е невозможно, ниту еден закон не забранува промена на работодавец, само што комплицирана е целата постапка. Ти требаат јаки нерви, ама ќе се заврши. Прво мора да најдеш нов работодавец затоа што, од каде знае Ausländerbehörde за каде да го издаде тој Zusatzblatt. Ќе промениш може покраина и автоматски одиш под друго Ausländerbehörde. Се пријавуваш во новата општина таму на адреса и тие ги информираат директно Ausländerbehörde. Новото Ausländerbehörde бара од Ausländerbehörde кај што си била целото твое досие да им се достави нив, дека сега ќе бидеш кај нив. Новото Ausländerbehörde повторно прави барање до Агенција за вработување за да даде одобрување дека во тоа место има потреба од таков дефицитарен кадар, дека веќе имаш нов договор од работодавец...Во овој период шо незнам кој знае да каже колку може да трае рачунај дека е веројатно да ти каже работодавец дека нема да може да почнеш додека не ти е средена дозволата за работа за таа клиника. Имај на ум само дека ако се случи тоа веројатно ќе треба да се пријавиш во Агенција за вработување затоа што сега како осигуреник имаш здравствено осигурување кое ти го плаќа работодавец, ако се случи да имаш прекин од работа а си тера осигурувањето ќе бараат после пари од тебе за тие пр. 10 дена или 15... Незнам каков Ansprechpartner во Ausländerbehörde имаш моментално, ако е со океј пристап може и да му кажеш кога ќе дојде ред за промена и за совет од нивна страна. Мислам они на кажано од наша страна секако нема туку така да пратат документи во друга покраина се додека колегите од новата покраина не побараат нешо такво од нив ама ако е океј човек чисто да бидеш во комуникација дали и кога ќе бидат пратени за да тр извести... На што оддел сакаш да почнеш, и во која покраина сакаш да одиш? Извини за долгиот пост, ама таква е и постапката... ти посакувам среќа!
Не би менувала покраина, би сменила само болница, односно само друг работодавач. И јас вака знам, дека се чека за дозвола од Ausländerbehörde. Но ќе морам и да прашам како е за тие со плава карта. Вајда е исто 2 години да морам да истрпам.
Вака од што сум сфатила (може да е грешно, па слободно да ме исправи некоја членка) тоа со сината карта е скроз друга процедура и тие се со поголеми привилегии (може за нив не е ни две години, туку друг (пократок) рок). Ако не се лажам ти имаш и висок степен на германски јазик Б2/Ц1 и без проблем би можела да влезеш во категоријата за сина виза. Ова твоето што сега сакаш да го постигнеш повеќе е како интерен премин од еден до друг работодавец (покраината е иста) и би требало по некоја логика да е со некоја препорака и не толку сложена процедура..?
Ова што ти го кажав е од искуство за со сина карта. Визата е издадена за тој и тој работодавец, за да ти дозволат кај друг треба пд Ausländerbehörde да ти издадат Zusatzblatt. Единствено ако има некои промени нови, провери си. Може не менуваш покраина, ама види дали ќе останеш под исто Ausländerbehörde, секое од нив е за еден поголем град или за повеќе мали...
Германки здраво Во упаѓам во група да прашам нешто. Може ли да ми кажете кои спортски продавници ги имате во Диселдорф,Келн и околината? Многу ми фатија око шарените самба патики што се хит на тик ток. Наскоро ќе доаѓам натаму и ако има сакам да си купам Ќе ви бидам многу благодарна ако ме упатите
Со маж искарани Сите со обврски немаат време за едно кафе , само коа им треба нешто. Мене некоја депресија ме фаќа дали дека се ближи август од тоа што највише го посакуав, а истовремено се плашим дека нема да ме биде. Сите мислат ја супер, а ја никој не е во моја кожа. п.с останал постов неиспратен, а толку ми беше тешко ете. Периодов немам време многу да ве пратам. Ама деновиве ќе ве читам страници уназад.
Да, така е оти работодавачот ти гарантира за визата. Некои не сакаат да поминуваат низ таа процедура, па затоа зимаат само работници со наполнети две години во Германија. За одобрување, ќе ти одобрат. Потешко е работодавач да најдеш. Али као медицинско лице е лесно.