Ако одиш вода кај што има. Стомачни сеуште немам за купачи. Тон шминка на лице. Подалеку од вода ќе стојам јас…
Неее, само што заврши машината сушење. Се исправ, уште да одлучам. Не знам дали во црно, дали спортски, дали дали дали… Да немав симпатија лесно ќе беше. Трета маска по ред на лице ми е… Па мислев со капче па купив дека многу ме личи ама на крај сепак без… Најверојатно и ќе добијам сабајле ама се надевам дека до вечерта ќе издржи да не добијам. Во 7:00 ќе се собереме.
Дали може мајка ми со МкПас да седи кај мене заради детево и ја д аодам на работа ? Освен 3месеца или да работи некој МиниЏоп?
Добро утро, денес закажан преглед во 8:15 школото отвара во 8:10, па синко и другар му порано ги однесов да си играат во школски додека отворат. Све супер јас целата растрчана му викам на синко си ја заборави ташната за спорт ај утре ќе ја земеш немаш спорт денес. Стигнав јас на лекар и чекам Патем се уште чекам џабе трчањето.
@Yowannty тиерпарк е добар,ама е повеќе зеленило.Ако сте за животни оди зоологише гартен и имаш опција плус за аквариум. Само не ти е лошо да си купиш карта порано,ако ја земеш така ќе заштедиш до 20%.Оти цените им се доста солени. Јас седам да одморам,бевме со детето до трговскиот да се рашетаме. Таму и ручавме,па сладолед и муабети и од утре пак сме во барабан -термини и обврски. Од кога почна на школо,многу ретко да сме слободни поручек. Нема време да се направи нешто спонтано. Друго помина комунион и бев запрепастена колку спремале.Баш како што сме ние балканците.Да јадеш до пукање А,кога ни ги собраа чиниите во 5 саатот викам готово завршила прославата.И поседивме и маж вика ајде да одиме да пазаруваме.Таман отидов да и кажам на жената вика е каде без десерт.Ова е вика пауза за да легне јадењето после иде десерт и ладни даски (валда да не му дошло на некој малку) Па кога почнаа торти и овали овошје да се вади,а јас како што ми беше паднал шеќерот,се фрлив на јадење. Маж па среќен,вика ти супер јадеш денеска.Дека предходно болна и не јадев со денови ништо. Во секој случај беше доста интересно. Друго не сум пишала,ама очекуваме принова.Истерав речиси една половина,ми фали уште една. Се надевам дека се ќе биде добро. Заради тоа и бев на опрерација пред некоја недела. Малку проблематична сум и пијам и прогестерон. Пол е женско,ми дојде малку како шок -оти си мислев дека и ова ќе е машко.Некако не дека не сакам,ама не сум очекувала да биде девојче.До сега се машки беа. Друго не ми текнува што да пишам.Не работам од почеток на бременоста и секојдневието ми е да разнесам дете и нешто да фатам по дома. Затишје пред бура ќе му дојде ова
@fairy88 честитки . Не сега да се правам баба Вања, ама некако осеќав од твоите последни постови . Ах убави вестикај завршеток на денот. Кај мене арно да речам. Дете малку ко да подоздраве, маж и он така подоздравува, ете за тоа се радувам.
@fairy88 честитки што убава вест . Со лесно до крај . Јас од сабајле печам гевречиња. Ги купувам замрзнати од Лидл. Малото и големата ги сакаат . Переци плус испеков . И пијам кафе надвор Преку неделата толку обврски имам што на крајот од денот сум утепана. На работа со една колешка се смеевме , вика веруваш дека немам време да работам од што имам премногу обврски Преку ноќ ставам машина да пере , сабајле кога ќе станам е веќе готова .сабајле да ги спружам само. Пред работа ручек да направам, зашто после работа немам сила за ништо . Секојдневието е исто . Работа , дома , деца развозувам . Се спремам за Македонија. Вчера чоколади начекав , купив за мајка неколку . Овој пат имаме 4 куфери по 20 кила па може да се однесе нешто . Од едната работа имам одмор , од другата ќе земам исто одмор цел месец . Еден месец одмор ,.ќе одморам од трчање натака навака. Од едната работа две драги колешки си дадоа отказ. Јас сменив филијала. Така е кога не знаат да водат тим. Ја дотераа работата да нема кој да работи. Сите бегаат Имајте убав ден
Честитки, со лесно @MacenceEna Скроз исто, цело време со обврски. Си викам да бевме во Мк, бабите ќе ги вклучувавме за помош. Ама тука сме сами, се е на нас
Фала ви девојки И ние се радуваме,посебно синко се радува дека ќе биде голем брат. Прво викаше не сака братче/сестриче,од кога останав бремена се смени работата. Кај нас сонце,па може да фатам пат да излезам на кафе.Ручек грав. Убав ден на сите
@Masnickaaa навика е се. Се навикнува човек на се . Мене ме чуди многу кога роднини од Македонија често знаат да викаат , алал да ти е , како се сама правиш Три деца, куќа , работа .. тоа се за мене нормални работи . Кај нив не се . Вујна ми напушти работа , за да чува деца од синот . Снаата мора да работи . И буквално снаата целите обврски околку децата и ги остави на нејзе . Од сабајле до вечер она не се замара со децата . Но да ги разбуди и спреми за градинка , школо , ни да им спреми доручек , да не збориме за ручек и вечера . Се е на грб на вујна ми .За мене тоа е незамисливо . Се претерува и се користи многу . Па јас сум створила фамилија , не за некој друг да ми ја мисли . Плус не сакам никој да ми се плетка низ дома и да ми чепка по работи...
Точно, скроз се согласувам со тебе. Ние сме створиле фамилија, ние треба да си ги гледаме децата и обврските околу нив. И јас со три деца, работа, воншколски активности, па термини по лекари, нон стоп нешто има. Други ми викаат, ама зашто не си ги викаш бабите да ти поседат по три месеци. Многу ми смета тоа плеткање по дома, вака најубаво, уморна, ама главава раат Само понекогаш ми фали да излеземе некаде со маж ми на раат, или на викенд да одиме сами Сметам дека без разлика што бабите на пример се во пензија, ама и они си имаат свој живот и не треба да се посветат на чување внуци и цело време тоа да им биде.