Кое Kfz осигурување Vollkasko е најефтино, најдобро? И ако се добие отказ од работа, ратата за кола се паузира или како оди тоа?
Нашиве се преку HUK Coburg осигурани, мислам дека се едни од најевтините, за најдобри - не знам, не сме имале до сега потреба да активираме осигурување, ама би требало да ги покриваат сите штети што се наведени во договорот. Тоа за отказ, немам искуство, ама искрено не ми се верува дека би се паузирале ратите, освен ако немаш склучено такво осигурување плус што би ти ги плаќало ратите, во случај да останеш без работа. Мислам дека постои такво осигурување, може и паметно е да се склучи во случај да постои ризик од губење работа.
Можно е да доаѓа автоматски тоа осигурување со самиот договор за плаќање на рати, логично е да биде така.
Ај и ја да ве поздравам Мада на секое појавување веќе ми е мрчење. Пак за скапотијата јас, во шок останав кога видов нес кафето која цена ја стигна. Пред две недели беше на попуст 6 и пол евра за сега на попуст во лидл да биде 9 евра а редовна скоро 14.во друг маркет беше на попуст 11.49. Па ова е лудило, ќе мора да разгледам како беа цените на црн, зелен чај. Евентуално какао...
Ние вчера пазарувавме во Лидл. Не само кафето. И капсулите за кафе се покачени. Благото е покачено. Соковите исто така Треба да купам нескафе, ама само ако најдам на попуст
Јас се шокирав што milchschnitte е 2,99 И си реков нема шанси уште еднаш да го купам ова ама секако дека пак купив Ќе се навикнеме ама не е за навикнување, стварно страшно е
Нес кафето најмногу се наоѓа на попуст во Кауфленд, еднаш месечно сигурно го спуштаат на 5,99 и јас тогаш купувам по неколку. Имавме смешна ситуација, му спомнав на маж пред некоја недела дека е на попуст таму, тој отишол да се покаже буџет френдли, земал, дошол дома - оп, сметката висока. Гледа, регулар цена му го наплатиле. Нашол проспектот - им се вратил да се кара, му рекле - ааа дечко, само со Апп важи попустот. Добро! Си се вратил дома, си рекол - што сум будала да плаќам цела цена, Марџ сигурно има апликација. И се вратил уште еднаш да ги врати Нормално после тоа отидовме уште еднаш заедно за да го купиме златното Нескафе на попуст Он повеќе потрошил наваму - натаму за бензин, ама мораше трудот и намерата да му се признаат Ама колку се смеев само кога ми раскажуваше Јас уште не можам да се помирам со цената на чоколадите Ама ај, сало-спојлер-стомак френдли е, ќе се тешам Врне кај нас, аман веќе од времево. Јас си излегов на пешачење, а знаев дека ќе заврне, ама се надевав дека нема И така саат време се шетав по дожд, си дојдов дома накисната како маче и нормално престана кога бев пред зграда Утре неработен ден и Фатертаг, колку ми фали едно дворче на такви денови, па скара, па музика, мх,мх… Му купивме со детуле на маж една “Prost Papa!”чаша за пиво, маж пресреќен, ептен се израдува Денес сакале укучани да биде пица и крофни ден, така да, денес ден за одмор за мене Чај, филмови и ќебе до 3 саат Наредна недела почнуваме со термини по банки за Бератунзи за купување дом. Не се брзаме, си давам година дена полека да се најде нешто што стварно ќе ни одговара, ама може ќе потрае и повеќе. Уф, кога ќе помислам дека стигнавме до тука, срцево од возбуда мислам ми прескокнува откуцај Колку време ви требаше отприлика да најдете дом баш како што сакате?
Уште не сме нашле баш таков , стан, ама со двор, како во Аеродром Скопје, ама со поглед на море, ама со оваа инфраструктура во градот Постојниов го најдовме за неколку месеци интензивно чекање и барање, претходно некако не излегуваше.
Чоколадите станаа луксуз. Кафето уште ми држи добра цена , дека зрно кафе купувам . Утре е ден на таткото, ништо немам во план да купам или да дадам . Може една карта да направат децава и толку .
Не знам дали си забележала дека и малите чоколади се поскапени. Завчера бев во Едека. Поскапени се за 20-40 центи. Едни топчиња со рум беа 1.69, а сега се 2.49 Една бонбониера во Норма беше 2.49, а сега е 3.99. Мислам дека Пиастен се вика. Крем бананите се поскапени за 30 центи. Чоколатцата што се по 6 внатре сега се 2.29, а беа 1.69. Бисквитите се 1.99 Ова не е нормално
Затоа денеска бев во Алди. Цените се многу поевтини отколку во Rewe на пример Времево мења расположение сабајлево истураше и дуваше, после тоа се смири. И игреа сонце сеа пак е тмурно. Baustellen има колку сакаш на секој метар само нешто градат луѓево не можат да поминаткатастрофа. Месото е тука скапо 5€ кошта и чоколадите поскапеле стварно
@Marge Секаде се наоѓаше околу таа цена сo попуст ама веќе помина и тоа. Редовната ја качија од 8 на 14 еу. А пишав пред некоја недела баш за чоколадото, оние големите милки што на попуст биле и 1.99 не знам кај ги гледав исто на попуст 4.99. Како ќе му дојде тоа 500% поскапо, не ме бива математика А да прашам колку плаќате за осигурување на имот во небен костен? Ние за 2022-250 евра а за 2023- 400€. скоро дупло и сумливо ми е. Смеам ли да побарам на увид колку се плаќа и што покрива?
Smees da pobaras se sto plakas mozes da vidis na uvid. Mene ne me cudi da e poskapeno, zasto na se cenite se nagore. Ete denes vidov i cenite na nedviznostite odat nagore taka da i cenite na kiriite ke odat uste nagore. Cokoladi, kafinja i takvi raboti e okej na akcii da se kupuvaat. Na primer golemite Milki se momentalno 3.30 vo Netto.
Не се чуди за цената. Парното и струјата се покачени. Газдата на станов самиот спомна да ни ги донесе документите да ги видиме. Ние имаме месечно осигурување околу 130 евра. Во тој пакет е и осигурувањето за колата и плус фамилијарно осигурување. За небенкостен за 2023/2024 плативме 670 евра. За 2024/2025 плативме 650 евра.
Извинете што се убацувам вака во вашава тема, ве читнав па само да ви кажам у Мк нес кафето е 450 ден редовна цена. И тука го чекаме на акција околу 360 кога го има . Германски стандард си имаме, не е шала
Да се убацам во муабетот. Мајка ми во мк пие кафе капсули на доче густо 1 кутија била околу 500-600 ден. Тука секако не е 10€ една кутија некадe 4-5€ често де на попуст по 3 и нешто. Многу пари ни одат во кауфланд и лидл, катастрофа е уште малку нема да можеме леб да си дозволиме.
Ја преска влегов во лидл и едека. Нешто купув, со торба само. На акција божем се. Кафе, месо, леб, и нешто ситно зеленчук. Оп сметките заедно околу 50 евра беа. Кога дојдов овде со 50 евра товаравме цел гепек пазар, вклучително и пијалоци некои слично. И така. Божем гледам се на акција да земам и кога има земаме по повеќе, барем од нештата што стојат. Средства за чистење и детергенти земам од не марки, од росман или дм. Секако сите ми се исти.
Ти па, месо и зеленчук, можда и аспарагус - у влада да не работиш Ко ќе купувам месо, купувам само месо. Од божем органска продавница. Имам чувство дека златна плочка сум купила и одам право дома, да не бидам таргет со таков ,,багаж,, Пред некој ден божем да купам мисиркино од супермаркет. Купувам 350 грама пакувано парче, цената ко за кило ми ја наплатија. Па се карав, па ме убедуваа ама органско е месото, ама таа е цената, нема грешна налепница, и им го вратив. И си отидов во органската продавница и за пари колку кило мисиркино во маркетот, си купив кило телешко и 300 мисирка. И така, проверувајте си сметка пред да излезете, во маркетиве си почнаа да поткраднуваат.