@Adidas888 пак продолжуваш по старо. Требало да се јавиш и ќе ти ги сменат. Па и кај деца викаат ако не делува антибиотикот или има несакани дејства да се јавиш и ќе ти го сменат. Така во Мк малава имаше страшна болка од антибиотик па ни го сменија и ок беше. На сите лекови пишува при несакани дејства советувајте се со вашиот лекар. Психијатарот ти препишал нешто со долгорочно дејство, а ти пак се враќаш на балкански менталитет и пиеш хелекс, те смирува и ок ти е ама потиснуваш симптоми само, ако престанеш да го пиеш ќе ти биде сто пати полошо и нема да смееш да го прекинеш. @Biljarkata епа еве на кого сум. И јас сакам се да знам и дознаам, а ова ете не можев сама да го откријам. После видов дека и Mel Robins така некако се вика има слични видеа на јутјуб за мажите. Ама од една страна ова треба девојче на 15 години да го знае “ за да не утне” ама ајде и на 30 не ми е касно, подобро некогаш отколку никогаш.
На една колешка и го снемало клучот од колата и една шефица проверувала во мојот шкаф, имам катанец и беше ставен ама не беше заклучен, ама на интернет пишува и да не е заклучен дека никој нема право да пребарува и треба да се обратиш на Betriebsrat или на адвокат. Ние две се мразиме страшно, односно повеќе таа мене, многу сме слични и на изглед и дури не мешаат често дека и двете сме плави и исто нашминкани, често и исто облечени и многу често косата иста ни е од сабајле и кога е репче на пример не може ни таа ни јас да смениме дека после растурена ќе ни е и мора и двете со репче да седиме. Често и во ист кафич се наоѓаме, иста теретана, значи буквално без и двете да знаеме за другата каде е. Тоа е чудо. Или заедно шетаме на еден мост. Сабајлето заедно нокти правевме на исто место и после одам по еден мост да шетам и она таму и мислам дека и на двете ни се стемни. И сега дали имате совет што треба да направам? Не смеам да дозволам некој туку така да ми пребарува во шкафот и да оставам така ама не знам што освен да кажам на поголемиот шеф он доаѓа само во понедленик. Ама морам драма да направам. Јас кажав вторникот пред сите, кога шефот не собра сите и викам саботата некој проверувал во мојот шкаф и она рече да саботата секаде пребаравме ама не кажав ништо повеќе дека знаев дека не ми беше заклучено и не знаев дали тогаш смее ама после прочитав на интернет и пишува дека и да не е заклучен не смее и сега кога сум 100% сигурна и ги собрав сите инфо кој што како рекол и направил следи драма.
@Adidas888 како некој што бил долго на антидепресиви, ти кажувам дека мене секогаш така ми делувале антидепресивите. Пред да почне да ти е подобро прво е полошо. Ти пишаа и претходно, обично првите нус ефекти поминуваат за кратко оти телото реагира на нови лекови и нормално е дека се брани оти не ги познава, не им го знае дејството. Не се лажи со хелексот, тоа е само моментално ублажување на симптоми и нема долгорочен ефект. Долгорочно само негативни ефекти може да има. Таман си работи психијатарот. Треба да му дадеш шанса. Секако, ако нус ефектите продолжат и по првичниот период ќе пријавиш и ќе ти сменат медикамент. Не се откажувај одма.
Вчера кај нас попладнево истураше дожд и грмеше. Па после изгреа сонце. Аманго мразам ова време во Германија тука
Не, живеам неколку години тука и на се се навикнав. Нормално дека нема се да ти биде идеално, а ти нова си?
@Adidas888 бев бремена со второто и имав проблем со несоница.Си земав едни лекови на природна база за да заспијам.Таков анлсиозен напад добив што мислев ќе умрам и тоа траеше додека му помина дејството на апчето.Добри 3-4часа со тресење, не можев да дишам,жештини со лупање на срце. Така да апчињата добро што не ги земаш ама побарај нека ти ги сменат.
Луѓе ви се извинувам многу, тоа било фалс аларм, значи во пмс сум била, сега ми дојде. Ќе зеам сега да се распретам во кантата за ѓубре, да си ги најдам апчињата.
Утре ќе одам во Пени. Не ми е во близина, ама не давам 9 евра за нескафе. Вака се исплати. А моето е при крај. Ехххх.... Ми текнува кога за 5 евра купував Нескафе на акција. Ние пазаруваме во Лидл. Во понеделникот потрошивме 105 евра. Само за пола фрижидер да се наполни Персил и Ариел таму се на акција. И виски Џек Даниелс Земав праски, ама не се благи. Тука овошјето не е со некој вкус. А и брзо се расипува. Средства за чистење купувам од Росман и од ДМ. И тоа од најевтините Исто и марамици за фаќање на бои. Без нив ми се фарбаат алиштата. Вчера скоро цел ден врнеше и дуваше. Ама дување мислиш ветрот ќе те однесе
Имаш катанец?? Пример кај мене на работа тоа е луксуз. Шала на страна, мене ми се случи слично пред некој ден. Имам колешка (од Сирија) ама се мразиме на ниво. Додуша уште од август кога ме виде ме хејта ама ај. Пред некој ден одам на работа, телефонот распарчен (имаме посебни телефони на работа за комуникација со колеги, роднини на пациенти). Мојот распарчен и оставен така. Океј, го споив, сменив батерија, работеше. Се вртам, шкафот мој отворен (немам клуч од шкафот пошо нема болницата екстра клуч) Внатре имав кармин, парфем и дезодоранс. Работиве беа земени и си ги ставила колешката кај неа на маса. Не е ни суптилно... И изгнорирав, си ги вратив во шкаф и ништо не кажав. Секако колешката ќе си оди уште за два месеца. Кога и кажав на мајка ми не можеше да поверува жената. А не би идела на Betriebsrat макар и да ми го снема парфемот. Едноставно во шкаф ставам само основни работи. Спојлер: Колешка не и е прв пат на колешката да ми се "меша во работите". Уште кога дојдов во февруари ми ја сликаше дозволата за работа, јавно пред сите се каравме тогаш. Мислам не ги избриша сликите. Инсистираше да сум ги ставала работите во друга соба (еднаш ги ставив и после ми беше се растурено). На луѓето им кажува дека моето име е Ајлин (она така се вика) --> Ова е моментот кога веќе не е срамно да побараш помош. ---> talk to me about bad work environment
Времето е пак тмурно и депресивно.Не знам дали сум се навикнала,ама кога споредам од почетокот кога дојдовме има се помалку дождови,а повеќе сонце. Ми смета вакво време,секогаш викам на стари години ќе одам на југ да живеам каде имаш сонце и водам. Или до тогаш ќе ми смета жештината,па пак ќе си дремам во Германија Денеска гравче и се двоумам дали да го правам тавче или обично. Да беше маж дома сугурно ќе фативме викенд некаде.Овој викенд го зел неговиот колега продолжен и мојот дежура со телефон и единствената опција која останува е да шетаме околу градот. Не дека и тука немам опции што да правам. Вчера за ден на таткото си поминавме супер и времето беше сончево.Поголемиот дел изигравав камерман,дека не можам на многу работи да се возам. Во Македонија ми фалеа активитети.Првата недела интересно,после здосади каде и да одиш само јадење и софри.Занимација е да одиш во кафич или ресторант и да седиш јадеш или пиеш кафе. Друго и да сакаш нема.Нема забавни паркови за деца.Во Германија имам или куглани,ласери,затворени базени,музеи за деца и што ли уште не.Ако не ќе фатиш но некој парк. И да не отидам некаде на викенд,градот е голем и се имам што ми треба.Ништо не е во близина,ама ако се решиме ќе патуваме ако треба по саат време во правец(саат време секако е нормално време за толку голем град). Бевме еднаш на кино во Македонија на Супер Марио и се напунив нервоза.Филмот на англиски и со напишан превод на македонски. За мене не ми треба никаков превод,ама синко ни англиски знае ни па знае македонски да чита и цел филм го поминав во преведување на сцените.Ни он си помина убаво,ниту па јас и од тогаш во Македонија не одам на кино. Сметки проверувам,ама недетално,ептен нешто ако ми стане сомнително. Нескафе и ние купивме Нес на намаление пред некој ден од Кауфланд.Беше околу 6 еу. Јас осеќам скапија општо по тоа што гледам колку е количката полна.Бројќите не ми се јака страна. И цени на поединечни артикли секако не памтам за да знам колку се покачени.Единствено што знам е дека донерот од 3,70 € на 9€ отиде. Во маркет гледам да е на намаление. Ако ми се јаде нешто колку сака нека е скапо ќе го купам.Во Македонија и кога се преселивме тука сум штедела на хранаи,сега барем за тоа не се секирам. Облека купувам,без претерување- оти немам место. Баш пред некој ден забележав дека ми фалат некои поелегантни патики за на фустан.И порачав дури три пара.Се надевам дека барем едни ќе ми се фатат.Имам доста широка нога и ме стегаат кај прстите.Балетанки баш заради овој проблем не сум си купила ниту еден пар. Си порачав и еден пар труднечки панталони,ми се видоа темни и нив ќе ги вратам.Ми требаат светли за летото. Имам конечно термин за пасоши другиот месец и тоа да го завршам и да го шкртнам од туду листата. Сакаме да се пријавиме за гартен.Пишале сума која треба да ја дадам за да го одкупам(куќа и што има направено),земјиштето оди секако под наем.Во град нема за одкупување.Не знам што да пишам.Не знам како одат цените,а немам ни претстава. Пишав на една мајка од школото,да ја распрашам за гартен.Ќе ти се јавам и на тоа остана.Мислам дека намерно не се јави. Одам да ставам гравот да се вари за да биде на време ручекот.
Nekoj dali ima iskustvo vo investicisko zlato i kupuvanje na onie paricki ili kako i da se vikaat online ili vo nekoja prodavnica imate kupuvano. I preporaka na strani za kupuvanje na zlatni lancinja i takvi raboti
Треба плочки или парички да купиш.До сега имав навика да купувам по нешто ситно злато од стара чаршија како инвестиција.После прочитав дека голем дел одпаѓа на работната рака и не се исплаќа. Па купив малечка златна плочка 999 злато онлине од goldsilvershop.de Ако те интересира повеќе пиши пп.