Тоа се тие стресови само на почеток. После кога ќе наполни 3ипол години многу пораат ќе бидеш. Јас мислам дека малиов ден пред 2 години го вакцинирав, баш ќе видам сега на картончето ама знам дека беше последен воз и од утре задутре не смееше да оди веќе во градинка. Крајно па и 2 години да наполни, ќе ја чуваш дома една недела и ќе ја вакцинираш и од утредента смее пак во градинка. Ајде уште малку па после заедно симпатии ќе бркаме
Оти мене не ми текнало дека и вака може. Леле бе Џоки, ете жива и здрава да си. Она тамам после роденден тој ден има У7?! И тој ден нема да стигне во градинка секако. И од нареден е вакцинирана . Само да.оздрави до тогаш. Да и педијатар така рече. Сега ќе се нервираш, ама после ќе биде полесно. Од страна ко се гледа, знаете многу по едноставно изгледа. Ама кога се тоа па тоа, да ти пукне глава веќе.
Кога и да те читам телово ми трепери од што ми ја оживуваш меморијата. Значи душата не заборава низ што се поминала. Стварно беше тешко, многу често неиздржливо тешко. Милион пати сме коментирале со мм дека нема шанси да е до толку тешко, дека нешто грешиме, од педијатар на педијатар, на државно на приватно, и џабе.
И на крај баталуваш се и си збориш за симпатии. Леле Џоки сретнав еден, 45 години Ама многу младолик стои. Дури повеќе од мене. Мислам дека ќе ти биде симпатија, само не знам како да ве спојам/ Германец исто. Нема тетоважи, ама уште ко го видов викам овој е за на Џоки симпатија да и биде. Такво чуство добив.
Прееска на работа си мислам вечер да и пишам на шефицата дека сум фатила стомачен вирус. Два три дена да посетам дома , да ја средам куќава ... Ама пак си мислам да не стварно ме стрефи нешто , после што ќе правам
Баш сакав да ја отворам оваа тема за поддршка од родители, другарки… никој не те прашува како си .. Нели и мојта често е болна и кога е само со мрсоли седи дома коментарот на мајка ми е многу често сте болни и дека сме постојано голи не се облекуваме итн… демек од тоа се болестите а не од вируси и бактерии. И брат ми има дете иста возраст како мојата кога тој е болен одма натажена фаца Х е болен не јаде плаче кисел е. Некогаш имам чувство дека него повеќе го ценат од моиве. Но ајде во иста куќа се постојано се заедно …. И од свекрва ми го добивме коментсрот дека постојано е боса затоа е и болна. А за другарки или блиски муабет да не правам, ретко некој да се јави да праша еј како сте што има. Сите мислат со две деца и дека немам време. Пред некој ден една блиска ми пишува јас многу не ти пишувам бидејки знам како е… си мислам ако знаеш како е ќе ми пишуваш почесто… ме маваат хормони.
Јас откако рекоа дека телефон сум давала на децава за на камера да се гледаат, а јас да одмарам, уште од утредента се немаат повеќе на камера видено еве веќе неколку години. И цврсто стојам позади тоа. Еве сега ако ме прочитаат случајно па да знаат што е работата. Одма блокирај, ограничи, стави во архивиран чет, телефон на нечујно и раат. Другото дете дека е во Мк можеби па затоа го ценат повеќе. Ние внуците им ги зедовме што сакаш повеќе. Џоки расположена дека средба договори со симпатијата. Секако ќе ме откачи на крај ама да се порадувам до тогаш, као демек сабота или недела ќе сме оделе некаде заедно на пијачка. Да видам па да поверувам. Рече као демек сигурно. Ама стар е па може и да заборави до сабота.
Даа се породив . @gjoker4e мојто круг е секако селектиран. Зборам за ептен блиски не за јанко, петко. Со многу што ми биле блиски немам никаков контакт но не ги ни сметам тие за пријатели … Ти до сабота нов симпатија ќе најдеш
. Абе како се собравме овде се вакви не ми е јасно. Ем најарни, ем не не сакаат свекрвите . Ко за така и девер ми им ги одзема внуците, ама изгледа оти ги вика нон стоп да им ги чуваат, па и среде ноќ станува свекрва и се јавува да праша како се. Нашето од септември не го имаат видено. Просечно на камера на секои 10 дена по една минута. После она чао им вика и бега од телефонот. Така грубо сметано пола саат ги има видено вкупно. Не ни знае што и се. Само како поим. Мене конкретно од мојата дома ме збеснаа денес по не знам кој пат. Ама нели оти мои, им се издерувам па татко ми ми се налути, за на крај да си заспие на сред муабет. Па после цела недела ме немало. Епа не нема. А вие кај сте. Круните многу ви тежат, па не можете да помислите да се јавите.
Мојата свекрва кога и да се јави замара со девер ми кој живее во село (блиску до нив) и со неговите деца. Нив ги жали. Срце ја боли кога се болни. А кога моите деца се болни или децата од другиот девер, не се јавува да праша како се. Ама затоа моите деца не ја сакаат ни неа, ни свекор ми. Не сакаат да им се јавуваат. А кога она ќе се јави они само Здраво и кажуваат. И се тргаат. На месинџер се гледаат. Еднаш му реков на големиот Јави се на баба ти и на дедо ти. Тогаш маж ми беше на работа. Он ми вика Што ќе ми се за да им се јавувам Подобро да не пишувам што зборува за јатрва ми. На неа ниту една снаа не и чини Помалиот син изгледа ќе настинува
Мислам дека дека твоите блиски се плашат да не ти здосадат, бидејќи со деца е многу напорнотака да, ги разбирам, имаат обѕир не е тоа толку страшно Зошто не им пишуваш ти прва? Не чекај све они да ти пишат
Фалааа да сте живи и здрави @Лејди Гага им пишувам и јас прва но кога со некој ќе си пишуваш и ќе враќа после 2-3 часа мислам изгубена е веќе смислата на пишување. Ок може немаш време тогаш но ќе имаш др ден . И многу ме нервира кога некој ќе ми каже ајде ќе се слушнеме овие денови и ќе кажам ок дома сум јас ѕвони кога ќе можеш нели одиш на работа и тај истиот ќе го нема цела година да се јави . Тортаркии помагајте планирам да купам готови кори треба нешто да им ставам да не бидат суви? Декорацијата планирам да ја правам со шлаг порачав и топери нешто . Паника ме фаќа уште сега , кога да ја правам тортата кога да ја украсувам ? Треба и да украсуваме со балони порачав се од тему, треба и мезиња да спремаме . Малата стана дада и полни 3 години откако се роди брат и таа ми порасна многу ..
Може да им ставиш по малку сок со лажица. На пример 2-3 л сок на кора распоредено. Почекај 10 мин да се впие и филувај. Не битно кој сок. Може кола, фанта, јаболко... Барем 5-6 саати во фрижидер филувана да ти стои, па украсување. Најдобро преку ноќ да ти отстои. Јас сум од тие што велат да се чуеме, а не се слушаме. Карактер е и за сите сум иста. Пробувам да вратам, ама се занесувај по други работи . Имам изгубени многу пријателства и познанства поради мојава особина. Не се гордеам со тоа. За некои многу многу ми е жал. Ама си мислам на сите до еден. Дури и кога немаме контакт повеќе со години. Едноставно ги мислам и ми иде топло на душава, ама не им пишувам. Има некои кои ме знаат и не се замараат, не им пречи..истите знаат дека ако е итно, овде сум. Ама еве сега имам пред две недели не одговорено на порака, јас што ја иницирав. На некои ќе им пишам еднаш во годината и така. Си имам очигледно проблеми со врски и со останување на едно место. Ама си се прифатив таква како што сум. Не е фер може некој пат за другите ама барем искрено им кажувам на повеќето дека јас не знам како треба во врска. Без разлика каква и да е релацијата. Дете синоќа еднаш не извади на балкон на журка, еднаш поврати секрет и еднаш качи температура. Сега е дајте музика и танцуваме. Додека држи ибупрофен де. После ќе видиме. Јас сум готова да се онесвестам кај и да е.
@јolene иста сум и јас со враќање на пораки . Некој ќе пише , ќе видам и ќе заборавам моментално да вратам . Некогаш е битно , некогаш не ама ептен без везе . Зашто со многу работи сум преокупирана. Лоша особина е тоа , ама некогаш многу ме замара да комуницирам со некој. После 22ч часот ставам nicht stören. И до сабајле раат . Од работа замараат , можеш ли овој ден да работиш , па треба да гледам во календари , дали одговара... Да ви кажам едвај чекам одмор. Од двете работи . Плус дома работа колку сакаш. Сабајле требаше да закажам термин на ортопед за големата . Ама ние сме редовни во хирургија , па и овој пат со повреда од школо ќе проверат и тоа што сакавме . Инаку нема термин слободен. Вака со школска повреда одма те примаат За средното закажав на педијатар , има многу брадавици на раката , па утре први ќе не примиле . Успат и да земам нов упат за логопед за најмалото Уште неколку недели и телефон ќе биде цело време на nicht stören. Ќе одморам и од куќава
Ај бе за мене најди некоја симпатија Шо ја отворив темава, изгледа само нашиве деца у странство се болни. Дека боси де. Здраво и живо да ви расте бебчето