Исто, се мислам следна недела да земам два дена боловање за да завршам низ дома работа. Ама каков е Марфи, знам дека после тоа навистина некој ќе настине и ќе треба да се сликам. И јас сум тешка за одржување контакт, дигитално ми е тешко, посебно пошто еден разговор може да се влечка 2 недели. Гледам сум и пишала на другарка пред 10 дена, ми одговорила истиот ден и сеуште не сум вратила. Ама деновиве навистина немам време за ништо, на работа хаос, дома хаос, емоционално хаос. Иам една другарка тука, вчера пресеков и си реков веќе не ја контактирам. Ме откачува долго време, или кога ќе се видиме муабетот е ептен површински, некогаш дури сум приметила и коа и зборам не ме слуша, си гледа нешо настрана. За роденденот на синко, и праќам покана во 12, ми вели ејј во 2 сме на друг роденден, нема да може да дојдеме. Па ок викам дојдете до 1 барем. Не, многу наеднаш ќе ни се фати. Ок. Дојдоа после два дена на торта, доаѓа во 5 ми вика во 6 сме на пливање. Ајде добро. Договорени за излегување, три пати ме откачува. И пишувам за настани да одиме заедно со деца, секогаш има други планови. Како да е лута за нешто, ама не сум тинејџер, немам ни време ни нерви да се замарам со вакви драми. Порано дури и ќе ја прашав отворено што е проблем и може и ќе се потрудев да средам, ама веќе навистина ми е смачено и нема да молам никој да помине време со мене. Тешко е да кратам конекции на и онака мал број што ги имаме тука, ама да сме живи и здрави.
Истото и на мене ми се случи со една пријателка. Пред две недели ја сретнав. Она - Здраво. Јас - Здраво. Она - Добра си?Јас - Да. Ти добра си? Она - Да. И толку од муабетот. Избега од мене. А ја сретнав прв пат после 5 месеци. Имам пишувано во една друга тема дека она и маж и почнаа да ни љубоморат. Јас продолжив да и пишувам за да се видиме и она на секое мое пишување одговараше со Не можам. И престанав да и пишувам. И кога ја сретнав помислив дека ќе си муабетиме, ама ништо. И да ти кажам најискрено.... Не се замарам. А еден пријател му кажувал на маж ми за нив двајца (она и маж и) какви се. И заради некои нивни испади он и жена му престанале да се дружат со нив. И јас не сум по дружбите. Поубаво ми е дома да седам. А маж ми е поинаков од мене. Он сака да се дружи. Скоро секој викенд е излезен.
И кај нас заклучокот беше дека од што ни љубоморат, или мене како особа, или на мм како особа, или на двајцата одеднаш (на љубовта, бракот, на се). А не знаат дека кај и да е или мм мене ќе ме убие или јас него. Кај нас изгледа се хармонично и убаво, онака на прв поглед. На втор е веќе друга приказна. Ама они заслепени од првиот, не можат до вториот да стигнат и да им олесни. И најинтересно ми е што не знаат дека јас блескам дека симпатија имам. Ми требаше нешто на работа, и му викам ми треба, и симпатијата вика имам, викам пак каде, и ми вика во задниот џеб, и му викам па од таму не можам сама да го земам треба ти да ми го дадеш и ми викам во сабота сама ќе го земам. Ова беше прв пат да му треснам нешто на работно место. Инаку сме скроз професионални на работа исто како да нема ништо меѓу нас. Уствари ништо нема освен искри.
Ама па се гледа дека си заљубенаsüüüß Ме загрижува ситуацијава со Parkhaus. Казна ако се паркираш пред твојата куќа, зграда или работно место. Треба да е барем на 10 метри подалеку, пошто се прават контроли. Обично преку ден, навечер не. И игнорантни се многу тогаш, одма казна ќе ти залепат уво ги боли! Комшииве се нервираат, ние дома исто. А ако на пример треба да влечкам кеси или пак Wasserkisten тогаш што?! Рацеве да ни паднат?! Не пред тоа, подалеку, важи.
Не те разбирам со казна ако се паркираш пред дома…?! Казна ќе добиеш секаде ако немаш Parkschein на колата! Нема врска дали си паркиран пред твојата куќа… И ние имаме пред стан казна добиено дека мм немаше ставено Parkschein, не дека пред куќа се паркирал.
Тука е кај нас така во нашата населба. Сега ни е забрането да се паркираме пред нашата куќа, туку подалеку. А претходно не беше така, тоа ни е скроз ново, бидејќи живееме во мало гратче За Bewohnerparken ти зборам, е сега кој паркира на Straßenrand ќе мора да плати казна, 200 евра. Низ цел град е скоро така и кај низ населба се прошири акцијава
Маж ми паркира или пред куќа или по улицата (ако нема место пред куќа). Дозволено е паркирање. На некои улици има табла и паркирањето е ограничено. Дозволено е само еден саат. И мора да се стави Parkschein. Тоа на оние делови од улиците каде што има некој објект. А на некои делови има приватен паркинг. Тоа е пред некои згради. Таму ако паркираш ќе платиш казна.
Ние немаме Bewohner ticket. За тоа треба да платиш ако сакаш да имаш. И порано имаше Parkplätzemangel, ама сега ни ги скратија во нашето маало и има 50 помалце. Сега нашиот Viertel е eingeschränkt затоа што никаде не смееш повеќе да паркираш, освен ако немаш Bewohnerticket тогаш да. А пред нашата куќа има табла дека смееш да се паркираш и пак е ограничено. Која глупост Зошто напишав населба стварно незнам, низ повеќе маала во градов е така, а и во нашето.
Зборевте за хаосот дома. Еве седам и чекам магично да се среди кујната, да се фрли ѓубре, да се соберат остатоците од храна. Да се избањам. Алишта за пеглање. А сила немам, желба ни толку. Дома имам од песок, прашина и се и свашта. На масата во дневна дошлепа 100 книги. Толку и е досадно дома, што не знае што прави. Кога и е подобро скока и цела прашина се дига. После следува епизода на плачки кога не и е добро. Малку е да кажам колку ми чади главата. Мислам и јас ќе се разболам. Сила немам да се свртам. Не сум спиена три дена секако. Таман симнав температура ноќеска. Ја заспав и излегов од соба да дремам малку, ја разбудил со неговото хрчење, си седнала на кревет, и си прави муабет. Он спие ли спие. Па кога збеснав у сред ноќ само. Имам чуство дека се исто си правам. Се тоа па тоа,.а он се има нешто да доработи. Почекав да му текне да рече, еве кујната да ја среди. Ама не имал за утре да допрва нешто. На пауза денс пола саат што ја причува, бев до маркет да купам за јадење нешто. Жалосен фрижидерот, нема ништо внатре. Утре да се јавам на педијатар и тоа. Мислам депресија ме фаќа. Малата е неподнослива во последно време. Терибл 2 на голема врата. Јас не знам, за низ врата негде сум.
Ја иам едни исти другарки еве веќе 20 години, и сплет околности со некои сум била на периоди гз и гаќи, со некои еднаш месечно, и затоа неаме прекин у пријателството. Нормално ни е да се слушаме еднаш месечно, да се пишеме, да се заборавиме да си пишеме, али нема лутиш. Кога одам дома, со сите се гледам, што ги имам по странство им одам на викенд чат пат. Бести ми беа две од нив, али со годините и далечината и тоа си помина. Нит се лутам, нит се лутат. У поглед на фамилија, научена сама, па не ми ни чуе нит ме повредува искрено. Само ми е уште поголема потврда зашто не сум таму и дека тоа што сум осеќала сум била у право. За тука, од наши бегам искрено, па и они од мене поштено.Не сум ја алапача до толку, ај да хејтнеш некој кој ти згрешил, али не сме се виделе месец дена и да ми мрчиш за луѓе шо не ги ни знам, ме заболе паткава. Иначе, ми кажуваа и трач за мене и бившиот али ми го помешал името тој стариот мањак што ме оговарал по други па затоа. Мислам, шо qr имаш да памтиш име на комшиката шо ја викаш на езеро со децата и и дремеш на домофон у полноќ додека жена ти е Мк? Исто една србинка ја баталив пред година и кусур оти два пати заборави дека се иаме договорено. А предходно знаеше пар пути саат пред договорено да ми презакаже за саат два покасно. Првиот пат реков трет пат нема да има. Вториот пат знаев дека пак исто ќе се деси па си седев дома си глеав филмче, не ни излегов од дома. Госпоѓата не ни примети. Ми дојде на работа после тоа као извини, ајде да се видиме. И реков ќе се чуеме, лол. Ми пиша цитирам каде се губиш, ни seen не и напраив. Си иам две другарки, еднаш со едната, друг пат со другата, муабет, кафе, шопинг, на езеро, ручек - не фаќам ништо при срце, нит очекувам ништо поише. Само криво ми е нашиов балкански менталитет, кога си сама жена нарочито, не те дружат парови, па и 10 да се на вечера. Ко да имаш шуга... Или можда само ја иам вакво искуство, неам поим.
Ја само да кажам оти кујната сама се средува во моментов. Изгледа ме прочита . Или па виде не виде, не станувам а мора да се доврши. Јас фаќам трета смена, да се надевам на 2 саати сврзани барем .
Некогаш ако те мрзи да пишуваш копирај мои мислења од 2017 до 2020 година. Скроз исто имам пишувано, со неспиење, со полудување… Значи и ти ќе си најдеш симпатија кога ќе тргне во школо и ќе стане се магично полесно. Дека до тогаш ќе мораш и со мт да се скараш. Сега џабе што се мирни децава, јас сум пореметена психички, со мм на ратна нога, со цела фамилија скарана блокиран е кој ми заѕвонил после заспивање со саати на бебе/дете таман заспиеш ти ѕвони некој Стварно нема спас во моментот освен да прифатиш евентуално. Немој да се излажеш да ти ја чува некој па Макар и мт бил па дупло поголеми проблеми да си имаш. Ќути си и трпи си, ќе помине. Тикетот е кај нас 30 евра за цела година. Купете си. Немате сопствен паркинг? Не се лути ама сеуште не го сфатив тоа забрането паркирање пред куќа. Кај ви седи колата ноќе на пример?
Излеа јас и јолене имаме најпоштени мажи кога станува збор за работа. Секогаш нешто допишува, нешто завршува, праќа некој мејл. Time management skills 0. Јас ич не сум таква, кога ќе си го одработам денот чао пријатно, нит отварам нит ме интересира. На тема хаос, реновираме спална. Моментално во дневна имаме плакар и креветот од синко. Еден од нас спие на кауч во дневна, друг на помошен кревет со детето. “Спие”. Имаме и растурени лего, автомобили за возење, камиони, три топки, прибор за цртање, пола кујнски прибор од кујната. Се у дневна. Еве лежам на кауч и до мене има кутлача за супа. На масичката има едно тенџере и три камиони. Because why not. И три тури алишта што неам кај да ги наместам пошто немаме плакар. Уште толку чекаат за перење. Песок на влезот и во сите чевли од синко. На работа аудит. Весело, весело. Досега ја чистев спалната, ваљда од утре ќе се вратиме таму и ќе се наспиеме како луѓе. За другарки, порано навистина бев многу дружељубива, сега немам време за драми и глупости, може е сурово ама повеќе сакам квалитет него квантитет. Може сум згрешила некаде, подобро кажи ми отколку да играме тинејџерски игри. И дефинитивно не давам приоритет освен ако не го добивам.
Ова со паркинг места е многу зезнато кај нас . Ние имаме имаме паркинг простор три коли да се паркираат . Комшиите си имаат исто, ама нив им е полесно да ја остават колата на улица. Ни малку качена на тротоар и затоа ја направија еднонасочна со тоа паркирање колите на страна. Нашиот тротоар е направен сол, зашто нема место да се разменат две коли наеднаш. Па се качуваат на нашиот тротоар . Камиони, автобуси. Плус многу е опасно , пред влез во село сме . Се вози многу брзо. Па ургирав во општина да стават апарат за мерење на брзина . За радар , немало доволно радари Не смее дете да вози точаче горе на тротоар без опасност некој да не го собере. Од едната страна комшиите паркираат со две коли , другиот со 3 коли и ептен ме нервираат . Нема воопшто простор за две коли да се разменат . Од убаво теми , ќерче ќе оди во Франција на крај на август. Размена на ученици. И ние ќе имаме гостинка во март . Па се мислам како ќе се разбираме . Џабе учев 4 години јазик , и имав 5 цели 4 години , кога незнам ништо веќе . И пред спиење ми текна дека тогаш ќе имам 4 деца дома плус маж. Па дефинитивно ќе земам одмор во тој период , да има јадење дома и да можеме да прошетаме негде со гостинката .
@јolene Террибле 2… сметам дека пред 3 е уште полошо или па мојата е таква. Луѓе не се трпи остај што е многу активна, само белји први. Но епизодите на плачко тантруми страшно. Сега е проблем кога ја зима татко и од градинка плаче дига цела градинка во вис. Сега мора јас да ја носам и зимам.Ајде тоа препишувам на љубомора заради бебе. Незнам сите ли се такви или мојата проблем има сеуште со збпрењето, збори меша гер мак но сеуште не е добро за нејзина возраст. Па и одозгора кога некој ќе се јави на камера цитирам: КЕ ДОЈДАМ ДА ГО ЗЕМАМ БЕБЕ, таа полудува неее неин мое бебе, значи ајде еднаш да и го кажеш да но постојано… па и одма прашање: Секогаш ли е таква им кажувам со мене не е. Не им е јасно дека незнае уште со емоции. Јас гледам да минимизирам ја знам што карактер е играм со неа. Но некпгаш неможам да издржам од нејзините плачки. Незнам како да и помогнам . Периодот бевме повеќе дома , болештини , врнежливо време…. Само гледам да дојде 20ч и да заспие… Вие што го имате поминато ова дајте утеха до кога трае? Една пријателка рече кога ќе наполни 3 веќе е подобро, забележува голема разлика. Но на мојата тројката само што не дошла…
Симпатијава мој има најверојатно Bindungsangst. Не знам дали е исто со Angst von Nähe сеуште проучувам 100% не сум сигурна ама до недела ќе се осигурам Прв пат се среќавам со вакво нешто ама од тоа што прочитав на интернет ги има буквално сите симптоми. Единствено позитивно е што 100% и јас сум му симпатија. Денес ќе проанилизирам како со таков тип… Да не сте имале искуство случајно? Сега знам зошто е разведен…ама баш жално, дури сега почнав да се плашам од тоа како се однесувам со децава за да не имаат нешто слично во иднина и сфаќам колку сум јас останала нормална и покрај животот кој го имав… Малава 8 години има сеуште се буди кога одам на работа, ептен е чудно, јас станувам од кревет она по мене станува и сега сфаќам дека стравот и е од кога имаше она 8 месеци јас на курс за фризерка одев и тогаш многу плачеше, после на тагесмутер, па во градинка. И од тоа е и проблемот со веце одење којшто изгледа како решен веќе две недели (се надевам конечно после 4 години… ) Оф колку ми е само тешко… Денов ќе е изгледа за селбст рефлексија Немој неговиот bidungsangst да ми е поука за животов. Уствари секако дека ми е, не за џабе се појави он во мојот живот. @danichap те нњма
Јас па да пријавам маж со тт 39,6 од вчера. Овојпат само он, ама кај и да е ќе закачиме и јас и дете, нема бегање. Па и со цел памет сабајле мислел дека му е или ќе му е подобро во текот на денот, па и на работа отишол и си се врати за саат време дома. А сто пати му кажав дека не треба да оди, ама како ќе кажеле - ее овој сигурно сака да спои со понеделник, дека неработен ден Ама сега му е подобро, штом успеа да си купи игра за плејстејшн од сабајле За хаосот по дома, научив да гледам полабаво на тоа. Порано уживав кога ќе средев се и ќе си седнев на раат во чисто, ама ми требаше подолго време да сфатам дека со дете тоа не е можно, а и не е ни толку битно. Плус сега живееме во многу поголем стан, па и на глава да застанам, за еден ден тешко дека ќе исчистам. И искрено, не се замарам. Обично ќе си кажам - денес пример ќе ги чистам купатилата саат/саат ипол. И кога ќе помине тоа време, макар и да не сум завршила, ќе баталам, ќе продолжам утре, голема работа. Утре друг дел од станот и така секој ден по малку. За пазарење, одам исклучиво еднаш во неделата јас со малото во сабота со список. Евентуално во текот на неделата еднаш/два пати нешто свежо ситно набрзинка да се доземе. Пред тоа правам план што ќе се јаде во текот на наредна недела, па на основа на тоа пазарам намирници и не се случува нешто да фали. Така заштедувам доста време и пари богами. Маж за тоа време останува дома, потсредува нешто по дома и готово. Или он оди со малото исто да пере коли, јас останувам дома да средам и така некако одржуваме. За алишта, избегнувам максимум што можам сушара да пуштам. Не знам зошто, ама штом ги видам алиштата во сушара - ми се темни и тогаш ми се трупаат. А ако ми се не тераса спружени, некако секогаш ми се побрзо средени. Ама нормално, кога дозволуваат условите. Во зграда ни се всели другарче на малово од градинка од група Искрено, ептен се израдував, а и мајкава богами. Детево мое се изјасни дека не биле баш другари Ама што ме чуди е тоа што следниот ден кога го земав малово, воспитувачката негова ми вика - сте имале нови комшии во зграда? Кога успеваат да си раскажат и што е толку битно, еве се чудам. Некогаш и Германциве се како стринки, а ќе кажеш не ги интересира. Изгледа и дека мало место, па секој со секого се знае @joana18 тука пред третиот роденден кај моево беше хорор период. Јас тогаш бев убедена дека се што правам грешам и го убедував маж, дека требало да постои тестирање за дали смееш да имаш деца и дека ако е како кај нас и не знаеш да си го воспиташ детето - не смееш да имаш деца. Е, до толку бев полудена и очајна. А во принцип детево ни е темпераментно, ама доста разбрано дете, само тој период беше хорор. Така да, ќе помине, не е само кај вас. И мешаното зборување е скроз нормално, знае да одвали моево - мама, дали може ЦУ ДА КУКАМ или кој ВОНУВА тука и слични бисери Деновиве не престана да врне, пишаа дека ќе има фудбал за децава, ама којзнае со времево. Викендов требаше да ни дојдат гости со деца, ама тоа маж што се разболе, изгледа ќе ги измеша плановите. Им пишав утрово, па нека одлучат сами…
Времето е дождливо,катастрофа.Многу ми влијае времето на расположениото. Требаше да одиме викенд на Ostsee.Го сторнирав и двата дена дожд.Тука барем еден ден ќе врне после ќе е суво и сонце. Среќа што имаше сторно.Да плаќам за да седам во хотелска соба не би. Се мислам како живеат луѓето таму.Па 90% кога и да сакам да отидам на морето во Германија или е тмурно или е дожд,мене депресија би ме утепало. Вие стео опфатиле многу теми. На тема дека старите секогаш влечат повеќе на една страна,имам кај многу забележано.И кај маж ми е исто.Имам пишувано.Свекорот вече повеќе накај брат му,свекрвата за среќа знае да направи баланс. Порано се нервирав.Сега далеко од очи и срце што би рекле старите и капата на страна.Секако не мора да гледам,се расправам и трпам.Издржам две недели и после си терам моја политика. Мене хорор ми беше првата година со синко кога бев на породилно. Маж работеше до касно.На мене беше се, оти јас сум дома.Кога тргнав на работа се преродив,ама после па на него му беше тешко кога јас бев на работа,а тој со болно дете дома и не знае што да му прави. После виде колку е саатот,смени работа и фати да помага околу детето и дома. На тема пријатели што да кажам.Најблиска сум со една другарка од детството и за неа душа би дала.Не се слушаме редовно,секој е со обврски и не си замеруваме. Кога дојдовме тука барав контакти, со секој што ќе видев дека зборува на наш јазик(балкански) почнував муабет. Исто и пробував да остварам контакти со македонци кои се тука.Ама пробаш еднаш/двапати и гледаш дека не си одговараш карактерно и дигнеш раци.Сега не ни сакам други контакти,доста ми се овие што ѓи имам. Овој викенд пак се имаме договорено лејдис најт,па ќе шетаме. Кога веќе ништо конкретно не правиме викендот ,планирам ако маж и детето одат до околината на градот со точоците,можат да соберат бозел и да направам сок. Друго може да се договорам со некој за да си поиграт децата,или пак ќе фатам по некој ерлебнис парк. Претходниот викенд така го поминавме.
Не сум нормална ама добив желба за една нова професија. Да процесирам малку во главава па ќе ви кажам. Да видам дали има потреба од таа професија ама и сигурно аусбилдунг ќе мора ама ако. До толку да ми се засвиѓа нешто чудо ама проблемот е што повеќе седиш. Еве јас ќе ја измислам со стоење нема врска. Ќе се стои кај мене. Ама и онака стареам па како што ве читам вас можеби и ќе сакам да седам на 40 години па таман. Ќе полудам од симпатијава жими се. Дупло кафе испив сега и сега ќе почнат напади на стрес за џабе ама ќе помине за неколку саати. Колку нешто да пишам де.