Да прашам нешто шо не е за тука. Четири ноќи по ред, само ноќе качува темп.до 39..давам ибупрофен оти не знам, посигурно ми е да спушти него да отиде над 40 без да ја сетам. Не дека се спие де. Кашла и има секрет. Нос тече. Инфект има секако, ама до сега само ноќе еднаш ќе качи и тоа. Вакво искуство сте имале ли? Што се покажало дека е? На доктор вчера ништо не ми рекоа, само ако е игрива, јаде пие нека седи дома.
Првиот ден маж ми кога ја однесе му честитаа сите па и директорката му падна незгодно наредниот ден однесе чоколадни бонбони. Иако во план ми беше да не носам .
Толку високи температури мислам само вирус дава.Штом е помалку честа температурата мене ми е сигнал дека е подобро, наспроти тоа цел ден да има температура. Чудно е, ама вирусите се измајмунија, секој уникат е Град ми ја потепаа терасата, уште чистам
Еднаш се има случено кај моево истото и исто ми беше многу чудно, три дена траеше, навечер пред спиење 39 тт, а преку ден ништо. Не можам да се сетам дали имаше секрет. Ама помина ете така само од себе без ништо, освен ибупрофен сируп што давав пред спиење за да спушти тт.
@Jolene јас на секоја температура без разлика дете или воздрасен, ако е над 38,5 давам или парацетамол или ибу.Ако е пониска или држи цело време 38 без да качува,ништо не давам. Така давав и во болницата.Или ако некој имаше подолго време антибиотик и качеше над оваа вредност информиравме доктор да земат крвна култура.
Времето тешко спарно. Нека се одлучи веќе еднаш дали ќе биде ладно или топло. Инаку се почесто се мислам кога пишувам како е правилно на македонски пример да ли или дали а не бев воопшто лоша на македонски во школото. Се приметив и дека го корегирам секој пост тука. Морам изгледа почесто да пишувам. Инаку за пријателите едноставно е барем од моја гледна точка. Оној кој сака да одржува контакт ќе најде време. Другото се само изговори. Мислам возрасни луѓе сме, имаме обврски не очекувам да се слушам секој ден со другарките ама еднаш во месецот може да и бидам на другарката приоритет и да се слушнеме на пола саат. Ако не најде време, ми ги заборава пораките, ме остава на seen значи не сум доволно важна за да бидам приоритет барем понекогаш. И стварно не се лутам ама близината се губи. Престанав и јас да иницирам контакт и си честитаме само родендени, имендени ама блиски не можеме да бидеме. @јolene имам едно прашање од љубопитност навистина ме интересира зошто не и вратиш на другарката? Знаеш дека имаш порака пред 2 недели пишана, ти си иницијатор, мислам 5 минути време е да одговориш. Сега кога ти е болно детето разбирам ама те разбрав и така не враќаш.
Јас си го испланирав цел Понеделник, ќе одам вамо, тамо, ова те она ќе купам, оно неработен ден да ми ти било. Претераа значи Германциве со овие празници и неработни денови. А ја мислев шефот ме сака па ми споил викенд. Yeah, right...
Уште не сум вратила инаку. И не, нема врска со дете болно, не болно. Оти не ми се враќа некогаш. Некогаш заборавам. Ајде утре, ајде после и поминуваат недели. Не ме разбирате погрешно, баш ја сакам. Штета што сме далеку и не се гледаме повеќе. Како што реков карактер. За многу нешта. Мене ме изморуваат разговори многу пати. Речиси со никој и не се слушам. Некогаш немам желба да вратам. И од секогаш така. Ако е работа на пример, договор некој или услуга, нема проблем ќе се заврши инстантно. Или да се организираме да се видиме, исто не се откажува, да се сретнеме, нема проблем се. Не извисувами сум лојална. Ама ете за вака секојдневни муабети некои, додека стигнам, поминал моментот. Затоа ми одговара овде на форум највеќе. Не се знаеме, ако имам кога имам ќе напишам нешто, некоја замислена социјализација имам. Пак повеќе се константни, ама никој нема очекување од мене, ни обврска ни па јас. Абе проблем со врски очигледно си имам. Па си најдов таков еден со слични проблеми и си ќутиме низ дома. Е ме нервира само оти нон стоп ми пушта радиото во кујна, а јас сакам штама да ми е. Дете ме разболе и мене. Тежок некој ден, без врска. Времето ме убива. Откажавме средби за утре, да не доразболиме уште некој. Убави слободни денови сончки . Само убавини.
@јolene фала ти на одговорот. Јас сум од другата страна. Не се лутам и да и треба услуга исто ќе и завршам работа. Ама со секојдневните муабети се отвараат и тешки теми, а и се споделуваат убави вести. Вака не знае ништо што ми се случува мене ниту јас неа. Не ми е сеедно ама како е така е. За качувањето температура навечер. Навечер се намалува кортизолот и имуниот систем се активира и работи подобро. Затоа има посилен имунолошки одговор и се качува температура( на повисока температура одбрамбените механизми на организмот се посилни. Од оваа причина не се дава апче за намалување на температурата под 38.5.)
Јас немам проблем со врски- немам врски. Имам многу интензивна врска со дете, имам интензивно зборење уз работа, и толку-после ќутам и типкам овде. Пошто е тивко, не за друго. Да беше аудио форум, ќе ме немаше. Затоа ни симпатија немам, кој ќе збори, кој ќе праќа сигнали.
Ја и да почнам како што треба, на крај пак ќе ја зезнам работата. Шо знам без врска сум. Многу без врска. Ама во некоја точка од животот, ни се менуваат интересите на луѓето. И така после тешко е да се следиме и стануваме не толку привлечни или сочуствителни еден за друг, па се дешава да се прекине комуникација или што и да е. Во спротивно може да биде мачење за едната, а честопати и за другата страна, емоционално се разбира. И да осеќаш обврска. Советите веќе не се совети, оти всушност не можеш да разбереш како точно се осеќа другата страна. Па си пристрасен итн итн инт. Пред дете бев уште полоша. Сега малку детево ме просветли, ама генерално уште не можам. И друго. Јас сфатив дека со саморефлексија многу полесно се откривам што му треба и сама се критикувам. Ако некој друг, што ми е многу близок, не ги избере соодветно зборовите, може и ќе се налутам. Се разбира обратното важи исто. Затоа и избегнувам длабоки конекции, особено после последната моја таква дружба што се разбира, јас некако ја прекинав. Свесно. Не дека ми беше лесно, уште ми е криво, ама така излезе. Е сега на пример, јас можам и после 5 години да се сретнам и да немам тешки чуства и се да е ок. Да не замерам и да продолжиме. Ама повеќето веќе ме избришале. Што е и сосема легитимно. И така сега останати ми се не такви длабоки контакти, каде со реакција лајк или срце, често останува и со месеци. Точно е што вели @Katie90 горе, дека така не си во тек. Ама и такви не има. Кати јас колку бев зачудена кога се породив, оти толку многу луѓе се јавија и ми пишаа за бебе што дојде на свет. Убаво било вниманието, не велам не. Ама толку момен, ми размина после. Абе тргни од тоа дека дете родив, трудна бев и со никој не споделив. Сакав да речам, има луѓе кои едноставно не им треба таква близина. Дали оти не знаат како, дали оти повредени во минатото, дали никогаш не осетиле и не научиле,не битно од која причина. Ама има. Не мора да е се лично и да се доживува дека во некој е проблемот. Леле леле е психолошки анализи, себе анализи од сабајле. Имам треска, а не качувам температура . Дете прва ноќ без температура, ама се откорна од кашлање. Мислам оти сме короносани пак. Добро утро. Дожд кај мене. Што ќе се прави, цела недела дете дома оти не му беше арно, ќе не изеде веќе. Не знам како да ја занимавам. А кај и да одам ваква. Долг ден ќе биде. Дете шо не може да јаде, гладно и нервозно нормално. Ја боли грло. Тантруми од пред заспивање, па цела ноќ будење и пискање. Страшно. Дома уште црвчиња не ни излегуваат. Тоа не прашина, песоци, дожд на тераса. Алишта купишта..сите прозори измачкани. На кај и да се свртиш. Од цели на денот, да јадеме само и пелени да купиме.
Открив дека мојава “соперничка” ги молела за да учи да стане шефица. И после четири години баш сега и текна кога јас се вработив дека виде јас колку научив за краток временски период. Значи не ме лаже нервниот систем и емоцииве. Бев сигурна дека нема неа сами да и речат да учи бидејќи сите знаеме “колку работи” и без деца е цело време кранк. И го молела шефот и за еден коин што го имаме да и го ослободи ццццц Ама сега сфаќам дека затоа ја влечат веќе од ноември отприлика една иста работа учи што се учи за 2-3 дена и после мораш сам ама не сеуште мора да седат со неа. Јас тоа го знам, не ни мора да учам, и знам многу повеќе работи од неа бидејќи јас се сама учам, нема потреба некој да ми покажува. И така, од една страна сум малку помирна, од друга страна не знам. Сабајле пуштаме музика два саати и во четвртокот за прв пат пуштив јас и доаѓа мојот симпатија кај колега и вика како ти имаш олку убава музика ( а јас намерно и негови песни ставив во листата) и он му кажува дека музиката е на џокерче. И утредента, колешкава што е веќе повеќе од 5 години, истава значи, зема она пушта музика за прв пат во овие 5 години и денес пак ми го зеде боксот она да пушти. Бавна и глупава музика. Ама леле косава уште ми е крената. Значи да знаете она мене ми љубомори, не јас неа. И стварно така ќе биде, јас ќе стигнам подалеку од неа. Намерно пушта музика дека нас пуштив. Абе спиеше ли 5 години? А мојата музика на сите им се свиѓаше беа воодушевени, јас избрав песни за секој да има по некоја. И така.
Вчера вечер имав гости, нарачаме пица затоа што касно беше и рестораните полека затвараа. Па дома кај мене јадевме. Времето беше грозно, врнеше истураше. Другите гости што требаа да дојдат дојдоа накиснати. И денес се надевав дека ќе биде подобро времето, сабајлево беше океј, ама попладнево беше ужас, катастрофа, почна да истура пак и грмеше плус. Ова глупаво време тотално ми удира на психа и ме прави депресивна
@gjoker4e да се јави на каса да каже како помина со симпатијата, да не ја мислиме. Имам многу да пишувам на темиве ама немам време. @јolene ме опишала, иста скроз иста значи.
Мислам дека секојдневието ни е напорно , па не ни е потребна дополнителна комуникација со некој . Кога си одморен , намирен, сите потреби задоволени тогаш имаш елан за дружење, комуникација, смеи шали и слично . Некој се наоѓа во состојба , со мало дете , болно , со повеќе деца , повеќе обврски , работа , една две и време за ништо се нема . Па да се договараме со некој ни ствара стрес . На нас ни треба одмор , спиење , некој да не одмени со обврски по дома. Дека нема никој , затоа може ни е и вака. Земав да прередувам шкаф на големата и ништо што и е во шкафот не и е точно , се тргнавме на страна . Значи треба да одиме да купиме работи . Нормални маички за секој ден. Да земам да порачувам знам дека нема да и се допаднат па само ќе си правам стрес да барам по интернет продавници . Вака најдобро е да излеземе , да имам многу кеш и да купиме нови работи . Маково ќе не запали , поплави некој ден . Многу е сомнителен , не е да ти се тргне од поглед . И тоа многу ме замара , една работа на оставам зашто морам по него да одам , да гледам што прави Среќа два дена дома сме , има да се залежам.
Среќени празници Јас имав убав план за викенд,ќе видам на крај што ќе биде.Добро е што го откажав во последен момент Остсее. Вчера шетавме по центар,бевме на пијачка и јадевме бурито.Сите се подновија,кој повеќе кој помалку.А, јас жална ништо не си купив.Прашав на повеќе места имаат ли гардероба за бремени,само онлајн Па си порачав нешто додека возевме назад од H&M, само уште да се фатат-претходниот пат се вратив назад. Денеска планот беше од 3 саатот да одиме кај другарче на синко на скара,да правиме кај нив во дворот.Сакав да направам шопска,купивме лубеница и фалеше уште нешто благо да земам од некоја пекара.Планот се растури кога вчера вечер детето качи наеднаш темература 40. И откажав на жената,веќе 3 пат не вика и се нешто се случува Ќе помисли дека ја зафркавам. Денеска сабајле бевме дежурен доктор и како што претпоставував,направија тест и има детето шарлах и почна одма со антибиотик. Дури и на приемниот лист напишале напишале дека го носам на доктор оти мислам дека е со шарлах. Среќа се погоди фина докторка,инаку она мислеше дека е маген дарм,ами и реков јас мислам дека му треба антибиотик и сум бремена и вика ај ќе направам тест за секој случај за да бидеш помирна. Кога и да се сомневам дека е за антибиотик,прима антибиотик. Денес одседивме дома,од утре може да се види со друго другарче ако е фит,после 24 саата не е веќе заразен.И кажав на мајката дека денеска уште не може и е болен/заразен. Ако е поарен може да се видат. Јас избришав цела кујна и правиме неделно чистење со маж ми,само доста се заморувам. Вечер ќе одам на коктели,маж секако ќе дежура,јас спијам посебно и се држам на растојание,уште инфекција ми фали во оваа состојба. Среќа во несреќа синко качува температура над 39,сепак е фит и не е западнат.Уште не јаде,денеска е подобар во споредба со вчера вечер.Дека на почетокот го фативме. Друго вчера спиев лошо,маж вчера дежураше,мене ме будеше за да кажам што да даде и колку количински.Сабајлето бев зомби.Си викам уште некој месец раат,после па од почеток со пелени и зомби ќе бидам сигурно во наредните 3 години
Ја иста како тебе, само со желба за среден балкон . Кај тебе барем среден може е. Прати слика, да наполнам душа. Денес понеделник..спонтано демек да се прошетаме. Прва дестинација зоо, заглавивме пред зоо то, паркинг нема. Па ај ќе.возиме во парк да се игра малата. Па заспа по пат и ај сменивме дирекција до еден див парк со игралишта. И така после 2 ипол саати во кола, стигнавме некако. И таму гужви ама мораше веќе. Се изнаигра малата, ај за надзат оп штау. Ај гледавме пожарникари, брза помош, полицијата оти сега во таа фаза е. И така после сааат ипол стигнавме надзат. Фацит. Цел ден во кола поминат. Јас сум болна, едниот крајник толку ми е натечен што кога се видам во огледало се познава, не мора ни да го барам. Уво, нос, грло, глава се на куп. Маж и он се разболува Дете оздравува важно, ние двајцата со главоболки под сонцето умревме денес. Па и редицата за кафе во тој паркот, километар долга, ни до кафе не стигнавме. И така. Тоа од спонтаноста во голем град .
Муабетов ме утеши, не сум само јас значи. Се сложувам и со @јolene и @MacenceEna за причините зошто сме такви како опишаното погоре. Не ми е толку да немам време колку од некој хроничен умор и ај ќе оставам за после, па ќе станат некогаш денови. Впрочем и со форумот сум иста, но редовно читам Но кога е веќе договорена средба, сум одговорна и тоа е тоа. Овде луѓе што сум запознала, од нашите на тоа прашање сите лабилни, ќе ти се најават сами да дојдат па нема да дојдат а нема ни да ти кажат, си бркаат работа. Па кога не се најавиле и бам на врата од никаде. На тема економија, користите ли. Payback? Јас го користам неколку години и доста работи си земав за дома при размена на поени со ваучери. Е сеа земав и таа картичката, американ експрес што е па не ми е јасно, пишува дека има дополнителни поени ако плаќаш со неа. Јас еве колку пати плаќам нели кај payback партнери што се како дм, нетто итн ама нема ништо. И како да се раздужам на картичката, не гледам опција. Стига покасно некоја фактура или како? Користи некој ова?