Има едни влошки со камилица мислам, прво треба да се стават да се оладат во фрижидер и после ја ставаш. Мене во болница ми ги даваа, а и таа хебамме што беше во болница тогаш ми препорача исто оладена влошка со малку маслиново масло дека помагала. Прашај во аптека за тие влошки со камилица. Друго немам користено. Ако си уште во болница прашај, ќе ти помогнат.
Фала ви ! Се што е најубаво да ви се враќа! Уште вечерва сум во болница, па ќе прашам за тие влошки..
Можете ли да ми препорачате некое средство за самопотемнување? Од ДМ, Росман, Мулер или Даглас... Сакам да одам на езеро Петок, а бела сум ко сирење...
Сите сме бели ко сирење де. Која е поентата на ,,само потемнување, , уствари? Мене ич не ми е забавно, само нешто повлекуваат и менуваат од производи, и сега не можам ни маската за стапала ни спф кремот да ги најдам. А алергијата чеша упм
Освен ако не си Ј.Ло па да имаш цел тим да те мачка од сите страни, ќе изгледаш ко со кал шлакана. Батали тоа. Вчера бев на езеро, сите се бели. Така да ти само уживај.
@Biljarkata ако се производи од линија на дуќанот, најчесто само менуваат паковање или име, состојките се исти. Ако не се, провери може и онлајн ќе најдеш. Иначе многу брзо горам небитно на фактор па затоа мислев некоја разлика дека ќе има. @Jolene да, иам такви видено. Ко со тртушки мачкани. Ок, ќе одам бела. Мечка страв, мене не страв.
Мислиш некоја маскирна функција да има тоа? Ја мислам само за мода е, појма немам. За горење не горам, на прв сончев зрак алергијата се активира. А со фактор нема гајле, ама ето, го заебаа факторот. Имаше едно, биодерма фотодерм крем, сега само млеко има, а тоа не знам какво е. Крем некој друг, 4 пати помало пакување за дупло поскапо од лани
@Biljarkata па да, ама еве сеа гуглав и нема врска, исто фаќало сонце. Ја се мачкам со БлекАп, оти ми мириса на лето. Мислам иам уште малце, па ќе продужам со Нивеа, на некоја акција беше. Е за фацата и темето на главата користам спреј од ,, посолените,, али и тој правам залихи на распродажби. Ќе треба и ти да отвориш џебот изглеа.
@Gosh посолено од биодерма фотодерм е ваљда само морето Ама ме дупат бе, пакување од 50 мл, шо да праам со тоа побрзо? И таа тубата кај мала па и полупразна, до утре ќе го потрошам
Може и немора да значи. Прво рано многу дале да го проверуваш, шеќер се проверува од 24та недела бар кај мене. Во првата бременост убедени беа дека имам дијабетес голем плод ,дури ме пратија на Тромесечен да вадам. Со три боцкања е најверодостојно да покаже. Првото дете го родив 5100 никаков проблем Со второто дете лош трансвер на информации дознав дека "имам шеќер" у 34та недела касно па го регулирав со диета не беше ништо страшно али неможев да се убедам со бабицата дека едностсвно големи бебиња раѓам второто го родив 4990г. Инсулин се дава кога е екстремно висок шеќерот кои и со исхрана не се спушта/регулира. И мене ми рекоа 10-12 састи пред тестот да не сум јадена. Ако не си мирна повтори го тестот
Исто. Па си седам во сенка. Едно време сакав тен да добијам, се погорев две три лета на сонце. Де вака де онака, на крај само црвена и се лупам. Па ќе изгорам и ме боли, да ти се одмили се. Сега на јасно сум шо како, и сум со најсилен фактор под сенка. Нема боја ама нема ни изгореници. Така пред две недели, заборавив да се намачкам, уште ме пече на рака што ме фати сонцето на точак.
@Gosh ти еднаш прикачи фајл со листа на аусбилдунг или вајтербилдунг ли беше, барав надзат и не најдов. Можеш ли пак или прати ми во порака. Данке.
@Biljarkata, ја видов цената на ова твоето,иста ко моето. Добро е, не те дупат само тебе. @Jolene, изволте.
Леле браво 5 кила бебиња па тие спремни за градинка. До која недела ги носеше и претпоставувам царски се породи? Моето второ беше над 4 килца, мишелинче.
Со првото чекавме само да појде ама јас ни болки ни бутур ,цервикс како у 15 недела 4 дена провокации и завршив царски нормално ме измачија 42+4 Второто договорен царски 39+3 Уф тие мишелинчиња
Требаше да одам на доктор без термин,да ме прегледаат,ама ќе оставам за друг ден.Имам од пред бременост како инфекција на ногата и сега шири.Па не денеска не утре,ќе се породам и уште немам отидено. Времето е супер како што е жешко.Јас сакам вакво време,а не депресивно и тмурно. Вчера ми дојде комшивка на гости и и кажав за градината дека не сакаат ни на листа за чекање да не примаат.Ми рече измеѓу редови(не дека и не знам) дека оти сум странец затоа од прва ме одбиваат. И така сега викаше наредните недели она ќе појде за да фаќа врски барем на листата да не запишат. Секогаш викам и тука е исто како во Македонија,само поприкриено.Ти треба Б-витамини. После другарче на синко треба да дојде на гости.Вегетаријанско за ручек ќе се има.Детето јаде само халал,а ме мрзи да трчам сега до турска продавница. Се мислам од кога ли се купуваа работи за бебе,баш на средина сум.Рано да не е,од друга страна па после кога ќе бидам ептен голема кој ќе има сили да трча и да купува работи. @Sailorgirl честито бебче.
Ние купивме алишта одеднаш некаде кога бев 8 месец и нешто кога ќе ми се бендисаше ќе купев претходно.Но јас живеам во мало место каде што немам избор. Ти како се осеќаш така. Инаку имав доста и од првото дете. Големите работи се имам кревет, количка… Мене некаде во 36 та ме фати паника за мене ништо не бев спремна а имав лажни контракции. Така да еден ден отидов купив се и стоеше спакувано се до 40 та недела.
Јас најмајка. Во 35 недела алишта нарачав. И после 36-37 количка, креветче и транспортери. Генерално многу касно. Знам до 34 работев нели. Па после ми рече докторката дека прилично е ниско, ко ме фати на еден преглед ми рече е еве ја главата. Малку испаничив дека ќе се отворам а сакав да ја носам бар до 38. Па одмарав до 36 и тогаш дури купувавме. Се што можеше да се нарача нарачав. И никој не ми кажа дека уствари ко раѓаш не крвариш како да си заколен и не ти треба 20 пакети влошки и гаќи. После ги поклонував. Алишта нарачав. Количка на старо. Пресоблекувална исто. Креветче ефтино, душег скап. Џабе купен нормално, секако повеќе кај нас беше. Транспортер и тоа. Едно шише мора дома за дохрана за секој случај и така. Сега со овој памет, пола ствари не ти ни требаат.
Здраво женски. Бев денес на дијабетолог и рекоа дека не е страшно само да запишувам што јадам и да го мерам шеќерот 4 пати дневно. Наутро, после доручек, после ручек и после вечера. Кога ми го измериа таму на гладно ми беше 86 што е супер, така кажа и дијабетологот. Следна контрола следен петок и ќе видиме тогаш, како ќе бидат вредностите. Него кажете ми оградица за бебешко креветче од каде најдовте? Обично дрвено креветче иам 60 на 120 мислам дека е душечето. И сега сакам оградица. Гледам на отто, амазон ама некако не знам. Доколку некоја е порачувала ако може да ми испрати линк да разгледам и јас?