Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Shekjer

    Shekjer Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски


    Ја на Shein земав, мада поише ми се најде плетенката него оградата покрив само на едната страна од кај што е зидот.
     
    На Tinkerbell11 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.627
    Допаѓања:
    8.326
    Фала за одговорите женски.
    По се изгледа ќе почекам да мине прегледот за 2 тромесечие па ќе почнам да купувам постепено.
    Некако многу ми е касно тоа што пишавте.После се си мислам дека нема да сум толку подвижна.
    Транспорт,количка ќе купам на старо.По сум да купам квалитетна количка на старо,него ли нова што ќе биде тешка и незгодна.
    За кревет се мислам дали да си купам прво од оние малите на тркалца што се до 9 месeци одприлика,па после некое поголемо.
    Исто планирам старо креветче,нов и квалитетен душек.
    Облека уште ми е рано да му земам.
    Синко беше доста голем,па 56 секако не му се фаќаа.Може евентуално да земам 62.
    Има време,сепак листам од сега да видам што би ми одговарало.
    Се мислам дали да си купам машина за млеко да се прави.Само да дојам и овој пат нема шанса.Знам со упорност ќе фати.Само тој стрес не ми треба и да не можеш цела година никаде сама да мрднеш,психички ќе треба да забегам.
    Screenshot_20250617_144939_Chrome.jpg
     
    На Katie90, TutiFuti и јolene им се допаѓа ова.
  3. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    3.843
    За колку време ви се јавија да се повтори тестот за скриен шеќер во бременост? Минатата среда го правев тестот, уште не ми се јавиле. Да почнам да се радувам дека немам или уште не? :D

    Само јас изгледа ќе купувам се пак за големиот, а бебето ќе си наследи се од него :D Некако и така и планиравме, па повеќето ствари се обезбедени. За облека не ни мислам, кутии и кутии има во подрум, треба само да ги земам и да ги средам и поделам. Пресоблекувална имаме, евентуално душече за неа ново ќе ми треба. И креветчето ќе го наследи бебето од големиот, па на големиот ќе му земеме ново. Количка, транспортер, седишта за во кола - се тоа е обезбедено од големиот. Е трипп трапп столчето не го дава и му го почитувам тоа, иако е 4 год уште си го користи цело време и јасно и гласно се изјасни дека е негово. Знам дека е прерано, ама полека надгледувам некој дали ќе објави на старо, не ми се даваат пак толку пари за ново, а дефинитивно е една од најпаметно купените работи од сите глупости што ги имам изнакупено за бебе. Е и камерата ни е капутт, тоа морам да земам, ама може ќе начекам и тоа на старо (fingers) Си викаме има време, има време, а време има уште два ипол месеци :rofl: Уствари - нема баш. Ама некако сум скроз опуштена и да прифали нешто, за еден ден може да се обезбеди, не е ништо страшно. Е таа една нишалка ја мислам swing2sleep мислам дека се викаше, ама и тоа не ми е гаранција дека би спиело бебе. А првото ми е таков неспијач од раѓање, што ќе направам се барем малку ако можам да си помогнам околу тоа прашање ^_^

    Туку колку ми се оди на одмор, не можам да ви опишам :x Кога одлучивме летово да скокнеме одмор, демек да не се малтретирам јас бремена, беше уште ладно надвор и мислевме дека нема баш да не фати криза :D Ама сега само тоа збориме по дома :wasntme: Одморите на маж и дете им се пишани почеток на август, уште не знам зошто толку глупо испланиравме, а јас веќе во 9ти ќе бидам…:xАма не се откажувам, ќе пробам да смислам нешто :nod:

    Вчера бев до Минхен, да го земам пасошот на детево. Поздрав @јolene :hai: Значи прекрасно е, ама многу скапо ми се виде :x Се е поскапено додуша, ама некако ми се виде премногу. Или пак дека јас навикната на селцево мое :D Борат, што би рекол маж ми :rofl:

    Едно смешно прашање :tmi: Со две мајки од градинка разменивме бројчиња, децава да си играат демек и надвор од градинка. И сега неделава имаат празник и брукентаг, па викам да им пишам. Ги викате дома кај вас децата (и мајките) или некаде надвор си играат? Ич не знам спонтано да се однесувам во вакви ситуации, се преиспитувам по сто пати…:x
     
    На fairy88, јolene, Katie90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    1.746
    Здраво девојки,

    Ме знам дали знаете на одредени бебешки артикли имате 15% попуст ако си направите таму Wunschliste. Треба само да ви е минимум 14 дена активен акаунтот и имате попуст 90 дена пред и 180 дена после раѓањето на бебето. За поскапи работи како лулашка, шишиња, стерелизатори многу се исплаќа. Ем и на пријателите што ќе доаѓаат на бебе ќе им биде полесно.
    За бебешка облека најпаметно е да се земат брендови што имаат од 0 до 3 месеци, колкаво и да е бебето ќе му одговара бројчето.

    @Marge како ти одговара тебе така. На топли денови надвор да се изморат и плус немаш за чистење после.
     
    На јolene, fairy88 и Marge им се допаѓа ова.
  5. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    977
    @fairy88 машината за млеко е закон доколку бебето е на адаптирано малку е скапа за пред време да се купува. Секако тоа е твој избор ако не планираш да доиш зошто да не. Јас дојам имам многу млеко ако не го дојдам ќе експлодирам нема простор за АД барем за сега.

    И ние не планиравме да одиме на одмор со бебе. Но како фати топлото почнавме да кроиме планови. Кога ќе кажеме дома дека не си одиме а ќе одиме на одмор :x:fubar:
     
    На fairy88, јolene, Katie90 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Sailorgirl

    Sailorgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2021
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    @fairy88 Ти благодарам :sun: Со лесно бременоста, па и лесен пораѓај како кај мене ти посакувам :sun:

    За алиштенца негде кај 8ми месец нешто купив, односно претежно се ги имав онлине нарачано, али не претерано, бебче си наследи еден куп од батко, скоро сите еднаш два пати облечени..Од големите работи само креветче купивме , зошто од батко дрвеното креветчето Мк ни е. Али и ова не беше скапо, транспортно ми се виде како подобра опција сега,плус на лутц на акција го начекав за 50 евра :D

    На тема одмор, си кукам секој ден што годинава ќе скокнеме море, маж смени работа, одмор тек во октомври има:(
    Ако ништо друго по езерцава околни ќе се лажеме по малу..:mm:
     
    На Marge, јolene, SanelaS и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    8.962
    Пол:
    Женски
    Ова е супер вредност. Реално ако на гладно не скока, после јадење е помала веројатноста да се вивнува. На глдано јас никогаш, па дури ни сега не го симнувам под 95.

    Оградици на почетокот не ти ни треба секако. Не ни се вртат ни ништо. Понатака евентуално.
    Ја зедов едни вакви, поединечни се врзуваат и има место да струи воздух, не е затворено. Сега и на големиот кревет, кај што имаме обид да ја префрлиме, и ги наврзав.


    Шо не се кажуваш за кафе.
    Страшно градов. И со кирии и со се. Нема никаков баланс. Некако како да им е нормално на тие средно -ниските класи да работат по две работи и викенди за да го издржат темпото. За недвижнини да не зборам. Се е на брзина, по улици купишта бездомници. Како што реков, она што јас си го замислував и што ме затече овде, голема разлика.
    Не можам да се врзам на филмот дека тука е толку посебно. Ахам океј.
    Платите не се така големи за филмот.
    Ама ај. Ќе видиме што ќе правиме.
     
    На fairy88, Tinkerbell11, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    3.843
    @јolene скроз непланирано и набрзинка беше доаѓањето. Нели и тука кукав дека за пасошот ми пратија 2-3 мејла од Конзулат напишани со толкави црвени букви дека ќе биде пасошот готов за 120 дена. И јас така си планирав, па се јавував да барам Фикшнбешајнигунг за дете, се нервирав, дел од одлуката за неодење на одмор изгледа беше и тоа што мислевме дека дете ќе биде добри 2-3 месеци без документи. На крај, ми стигнува мејл пред 3-4 дена дека пасошот е готов :o Па под итно бев да го подигнам. Па и со воз бев и ми кидна пред нос, очигледно заборавив дека сум трудна и дека не можам баш да трчам :rofl: Па комбинирав некои други возови и стигнав некако дома. Ми се јавува малово, татко му му кажал дека ми кидна возот и ми вика - мама, дали ти избега Цугот? И се смеат како зелени двајцата ]:) :rofl: И уште да биде појако, се симнувам да направам трансфер и ми заладува и сфаќам дека јакната сум си ја оставила во возот :x Патешествие :D И така, со тешко срце си се опростив од јакната, а многу си ја сакав. Ама тоа е…Ама следно доаѓање, ќе ти пишам, сериозно ти кажувам :) Не ви остави Аугсбург впечаток? Мислам за живеење таму?

    Јас се запрепастив минатата недела кога пред Лидл во соседното градче, кое што нема повеќе од 12-13 000 жители, видов жена како проси. Не дека ми е чудно, ама вакво нешто до сега немам видено тука :| Си помислив, ако почнаа по малите места да просат, што останало за големите градови :x

    Инаку детево ми се враќа толку уморно од градинка, цел ден се надвор и не престанува да трча, што кога ќе дојде дома е толку уморен и скиснат и нервозен и ништо не му е погодено, па само урла нешто низ дома :( А скаран е со спиење, само нешто измислува за да го пролонгира легнувањето. И еве сега демек му се какало, седи во вц и си игра. Од 19:30 почнавме да се молиме за спиење, се надевам до 21 ќе заспие…
     
  9. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    618
    Допаѓања:
    1.943
    Пол:
    Женски
    Да, да и докторката кажа ова е супер вредност. Еве денес после ручек саат време ми беше 101, а после вечера 96 што е сасвим океј, според тоа што го прочитав во табелата. Фала ти за линкот, ги разгледав интересно изгледаат. Количка, креветче имам од моите, сега уште за почеток сакам релаксатор и кенгур и потоа постепено што треба ќе докупуваме.
     
    На fairy88 му/ѝ се допаѓа ова.