Ti treba upat za logoped , prvo baraj logoped napraj termin pa potoa vadi upat od pedijatar, zabolekar ili HNO.
Od kade kupuvate i preporaka za tenki kebinja ili onie frotirni prekrivaci kako na primer sto.ima vo Struzanka ?
Тоа е големо барање за некој со 24 деца,нормално нема да ви се совпаднат енергиите.Сега е лето можеш да почнеш да ја тренираш јас и со двете почнав на 2 години со одвикнување и на 2, 5 беа без пелени.Така кога детето ќе биде без пелена и за двете помалку главоболка и повеќе ќе се сакате и совпаѓате со енергиите. Јас вака со симпатијата не се совпаѓам .
Жени пак јас со прашања: Моментално сум на на забрана за работа,оти сум бремена. Се мислам дека работодавачот направи грешка со пресметката за плата. Од почетокот на годината качив на саати-полно работно време(знаев дека планирирам бебе),ама само до Мај-во реалноста работев пак малку а полна плата ми течеше користев прекувремени и одмор.Заради тоа и договорот беше до мај,оти ќе снемав од прекувремените. Во фебруари останав бремена и сум на забрана за работа. Е сега е јуни и место да ми скратат на плата да сум пак на 80% мени ми протече полна плата. Да не ме разберете погрешно не му смета полна плата,само да им текне да бараат после назад. Треба ли да пријавам? Ако е грешка не можам да траам и да се правам улава.Не знам дали да чекам на пресметката или одма утре сабајле да се јавам во персонал абтеилунгот.
За ова пишував пред некое време. Што и да посакам, не го добивам директно тоа туку буквално шамарање од животот. Ебате саатот што пробувам две реченици да сврзам. Демек шпилплац дојдовме ама сеуште не се трпи малиов. Само што дојдовме му се одело во вц и дома да одиме, не сака тука, а колку само време се спремавме за да дојдеме. Ќе цркнам жими се.
Од Волворт. Фротирки не сум купила, ама има таму. Од ќебињата сум задоволна. Четири пара имам дома. А и не се скапи. Едно е 10 евра.
И јас сум при крај со нервите , вчера од градинка до дома во кола цел пат плачеше сакала да моча во градинката. И така во денот по цел ден плачки. @SanelaS штета немаш мајка и свекрва како моите од нивните ќебиња , постелнини , фротирки… немам место за ништо. Имаше можност да испратат нешто, точно им беше кажано што. Тие купувале нови работи многу ме изнервираа. Јас фрлам моја гардероба за да имам место да не се гушам во алишта. Уште неможам при себе да си дојдам. Вчера после 5 дена уклучив робот да усиса буквално немаше простор каде да помине. Многу се нервирам кога се мешат таму каде што не им е местото. Имаше претходно пишувано но неможам да најдам поклон за учителки. Мојата менува градинка од крипе ќе оди во кита. Кажувајте предлози. Без чаши, торби, такви работи.
Незнам како е кај јоли но кај нашата група повеќе од 8 деца не биле и секогаш се 2 или три учителки. Се сложувам дека е многу полесно без пелена но кај мојата ништо не запали се додека сама не се свести.
Моето кога заврши со криппе, додуша тогаш се погоди и градинка да смени, им земав голема Мерси бонбоњера и на секое чоколадце имаше порака за благодарност до воспитувачките за времето што го поминаа заедно (се наоѓаат на нет, како мали налепници се). Плус по една честитка рачно напишана и украсена за воспитувачките и бидејќи му правеа Абшид на моето тој ден, направив и мафини за децата. А во болница после пораѓај оставивте нешто за персоналот?
Ти твоите ќебиња кај Санела да ги пратиш и двете среќни. Мене среќа што никој не ми се меша со ништо. Ми се спие ама морам да се рехабилитирам додека спијат деца. Јас малава на 3 години ја одвикнав од памерс, малиов на 3ипол. Не би рекла дека без памерс е полесно туку дека додека да се научи без памерс е потешко од со памперс. На почеток до маркет одиш и баш на каса во гаќи ќе се измоча. Шетањето е ограничено. Времето почнува поинаку да се распоредува. Ќе речеш ќе излеземе кога ќе оди во тоалет, нема цел ден да отиде. Ќе излезете одма им се оди во тоалет и тоа по три пати. Ајде сега и во сон да се рехабилитирам. Уствари сфаќам дека децава се вакви дека јас сум ко што сум во последно време… како стареам се попаметна сум значи! Чувствуваат, и колку е понервозна мајката, понемирна во душата, за нив е аларм и се лепат до мајката. Само не можам да сфатам како е тоа измислено баш тогаш да се лепат кога нели баш тогаш најмногу мир и треба на една мајка… сигурно грешка при создавање на универзумот.
Женски за патување со бебе сама без таткото на бебето дали треба писмена согласност од таткото? Треба ли да е заверена на нотар? Бараат ли нешто такво на пасошка?
Маж ми има патувано неколку пати сам со синко и никогаш не е носел писмена согласност- има патувано со авион и автомобил.
Кај малите и кај нас беа помалку ама не беа 7.Секогаш фалаше некој. Така е додека детето само не се свести што и да пробаш не успева.Ама јас само идеја и дадов да пробува сега додека е потопло може па ќе клапне.Никико не и реков да ја присили.Може па и детето да нема две уште да е мало јас онака само сакав да си се пожалам за симпатијата.
12 се кај нас. Ама никогаш не 12. 3 воспитувачки се нормално. Ама вчера и реков дека е многу убава, се насмеа. Јас ако ми се лути и ќе и се извинам. Ќе ја прашам, ако така ми продолжи со енергијата . Тоа ја кога немам симпатии, со жени ќе се оправам. Оставав на два дена без пелена. Не осеќа уште. Еднаш во туту се намочка, дома еуфорија правевме, сега само на копчето вода да пушта сака и чао чао да кажува. Два пати кака собрав од подот. И на крај нокширот ко го засука на балкон, за малку ќе летнеше кај бабата у дворот под нас. И така. Си стои уште на балкон и ќе чекаме подобро расположение. За Биљја изгледа симпатија најдов. Средни 50 со тетоважи, ала роби вилијамс. Ако излезе пак гол на балкон, може и ќе го сликам .
Море си и фатила финта со жени е полесно. Кога и да треба да зборам со симпатијата јас после рзговор пцувам се каам што сум кажала нешто .Среќа што не морам толку чест контакт да имам , инаку отказ ќе дадев.Многу лев човек-маж де. На Роби Вилијамс ќе одевме со колешка на концерт ама она и двата концерта има важни настани.Еден и одложија леле ќе одиме ли велам 170 евра за место кај шо нема Р од Роби да видам нема шанси.Вип карти 700евра и велам немам уште шугар деди. Така си останавме да си мечтаеме за Роби младиот де. За детето нормално е така не знае што како да прави кога ќе му дојде време ќе разбере. Малата ми имаше проблеми со пелените од ништо нешто црвена стануваше ептен сфаќам како ти е и тебе.Ако не ја мачкав ќе беше рани. Ама откако фрли пелена нема проблеми со црвенило.
Јас патував пред два месеци сама со малата, нити во едниот, ниту во другиот правец не ми побараа полномоштво, а го имав пополнето тоа од ADAC, чисто за секој случај ама незаверено .
За преселбата Од не знам нема подобро. Знам дека сакаш да им помогнеш ама на крај и крива можеш да излезеш. Како што кажа џокерче. Некои ќе се снајдат други не. И за возрасни и за деца важи ова. Школството тука е поразлично организирано од Македонија. Во МК многу од децата се со нереален успех. Е тука го нема тоа. Јас не гледам ништо страшно и да ги вратат една година назад. Ќе го повтараат истиот материал што им е учен во мк и ќе им биде многу полесно да се адаптираат и да го научат јазикот. Со тоа да остварат подобар успех и да бидат примени во подобро школо. Гимназија тука е доста стресно со многу испрашувања, тестови и малку поддршка. Во Реал се оди побавно со материјалот и имаат повеќе поддршка од учителите. Со добри оченки во реал може да се префрли во гимназија и да полага матура. За пелените ако не реагираш ќе си продолжат така. Од искуство не се замаараат толку со редовно менување. Само по план. И не се издржува да не реагираш. 2 пати имам реагирано. За пелените еднаш и втор пат за оставано дете надвор со мокри патики да си игра. Него жешково не се издржува. Што готвите за ручек кога е толку топло?