Јас имам праќано пакет. Стигна за отприлика две недели не се сеќавам точно. Пакет купив од поштата и платив 16 евра отприлика, потполнуваш име презиме адреса телефон на примател, зошто праќаш и колку пари вреди тоа што го праќаш, аха и пишуваш што се има внатре во пакетот. Во зависност од големината на пакетот се плаќа. Јас купив мал пакет за да ме кошта 16 евра праќањето. Ако сакаш цело време да го следиш пакетот до каде е се доплаќаше уште нешто ама јас не доплатив.
Дали можеби некој знае да ме просветли? Плаќаме гас Баденова 50 евра месечно паушално. Почнавме да плаќаме лани летото значи 2019 година. Истовремено на небенкостен пишува Гас Баденова месечно по 30 евра му доаѓа и за 2018 и за цела 2019. Исто е овој гас баденова на небенкостен со гас баденова што го уплаќаме директно на баденова? Ако е различно тогаш кој го плаќал до средината на 2019? Ако е исто зошто го плаќаме и со небенкостен и поединечно од пола 2019 па навака. Газдата вика тој не знае да збориме со неговиот сметководител, тој па не знае 2 + 2 колку е и никако не можевме да се разбереме па морав да чекам да стигне небенкостен за 2019 година, денеска стигна. Ќе ги сликам сега двете и ќе им пишам мејл ама прво може ќе соберам некоја информација. Плаќате и вие така два пати?
Знам како оди постапката праќам често во друга држава ама за мк имам разбрано дека ги крадат па затоа прашав. Ние немаме гас на централна вода и парно сме.Мене логички ми изгледа дека дупло плаќате не знам нека каже некој со гас.
Здраво, дали можеби знаете или имате искуство како би испратил маж ми полномошно од Берлин за да извадам пасош за малата?
По пошта. Писмото ќе ти стигне отприлика за две недели. Не би требало да ти треба за побрзо од две недели бидејќи границите се затворени. Поштите во Германија се отворени. Ретко некоја може да е затворена, не знам, на пример ако има пет пошти во градот, па само една да е отворена. Пример. Отворено е за пасоши во Македонија? Може сега пасош да се извади заради коронава?
Имав закажано во мај но поради границите неможе да дојде. Поштата исто незнам дали работи ке прашам,фала ти.
100% работат. И поштата до нас одма што е и поштата нагоре накај градот. За други пошти не знам дали има. Во горната пошта пишуваше само дека еден ден нз точно кој ќе работи само до 14.00 затоа што ќе прават inventur па може баш тогаш ти се погодило да одиш на пример. Може споиле со петокот. Може некој е болен или бил во контакт со корона па затоа е затворено. Сега отворив на нет и пишува дека нема никакви огранучувања за праќање на писмо или пакет во Германија ама не пишува за странство. Пишува само најдоле дека наскоро ќе биде возможно да се праќа и во Кина. Не може ли по мејл да ти го прати и ти да го ископираш?
Ако ви е греењето на гас тогаш веројатно затоа плаќате два пати, греењето во небенкостен , плинот за готвење дирекно во фирмата што ви го испорачува. Претпоставувам. Ама тоа некако нема смисла, толку многу готвите?
Ама греењето е пуштено од октомври до март отприлика. Готвиме нормално. Ама има некоја логика. И има и нема. Во Баденова гас кога се јавив ми рекоа дека тоа е невозможно да плаќаме и кај нив и во небенкостен. Ај ќе пробам од утре пак да се разберам прво во Баденова па кај сметководителот на нашиот драг газда па ќе видиме што ќе испадне.
Греењето грее во грејна сезона ама плаќањето е разделено на месечен паушал, кој се плаќа преку цела година. Ако имате потрошено повеќе или помалку, се пресметува еднаш годишно, доплаќате или ви враќаат пари и понекогаш се ревидира востановениот месечен паушал.
Епа тие работи не ми се познати, дали таму треба да оди на нотар па јас тука да преведам..што и како треба да се изјасни
Домакинки, предложете ми некое ефикасно средство за чистење на многу замастени површини, поточно рерна. Пробав неколку од DM ама нема ефект.
Од ова сум доста задоволна и најчесто него го користам. Чистам рерна, плотна и тенџериња. Второво ми е универзално. Го користам највеќе за чистење прозори, електричен бокал и ѓезве ама знам повремено да го измешам со сода па да си ја изгланцам рерната.
Јас одбрав лауфрад, на puki.de бидам модел на страната има убаво објаснето кој модел за која висина одговара па ќе си одбереш кој ти одговара. После пишувам на идеало што барам и избирам од каде да нарачам. Инаку и kettler гледам доста ги возат.
Хелп, доколку некој има искуство или знае нешто... Нешто најверојатно имам стегнато при порачка друга, од совендус некој гутшајн од лото да добијам. На меил ми стигна, но не го активирав гутшајнот и потоа ми стигнуваа тек тук мејлови од таа страната за лото, Lottoland.de. Денес ни се јавија, од некоја страна за лото, дека 3 месеци членството е бесплатно, после сте обврзани да плаќате по 90 евра некаде, уште 9месеци. Како што....е ајде можело на 3 месеци да се намали да се плати. Па да пратат документи за да им се плати износот. Читаме после на нет дека на мн. други исто така им се случило, но незнам што понатаму. Измама е или вистина. Последната нивна порака, не е ни од страната лотоланд пратена, туку од некоја друга во име на лотоланд (Bitte beachte, dass diese E-Mail nicht vom Lottoland direkt versendet worden ist und es keinen Einfluss auf den Empfängerkreis hat. Möchtest du dich aus diesem Verteiler abmelden, wende dich bitte direkt an den Absender.) Им пишав на меил дека сакам да се одјавам, но не можи да се прати порака на таа адреса на која што викаат да се обратиш за одјавување. Знае некој нешто...?
Zdravo.majki dali nekoja ima novorodence sto treba doprva da go upisuva vo mk i da mu vadi pasos ? Rokot zakonski e 6 meseci, no poradi situacijata se e zbrkano.Ke se javuvam i vo centarot za stranci da vidam sto kako ke predlozat ama me intersira i nekoj drug ako ima slicno iskustvo da go spodeli svojot plan.Danke
Мене исто ми се јавуваа еднаш една со којзнае каков германски ништо не ја разбирав таа што ми кажа .Нешто како добивте гутшајн а јас тоа го прекинав на сред аплицирање.Јас и реков не сакам и и затворив.Пак ми се јави за 1 мин.Пак и реков не сакам.После не и кревав.После некој месец пак ми врти истиот број и ми вели дека оти јас сум порачала којзнае што треба да платам за лотото.Реков кога сум порачала јас не знам треба да се јавите во централа.Велам а од каде знаете дека сум јас.Па сите податоци ми ги кажа дури кажа и која банка сумМи рече ќе повлечеме од сметка некој износ над 70евра беше и ми затвориПробав на тој бројот да се јавам ми велеше не постои бројот.После мм виде имаше на интернет многу луѓе излажани некоја превара.Ама требаше да пријавиме во полиција ние не пријавивме ама од тогаш ги нема. Пријавете ги.Ако пак ми се јават ќе им кажам дека ќе ги пријавам . Пробајте преку амбасада да извадите извод од матична книга.Ние така отидовме во мк после 9 месеци со изводот и немавме проблем.Никаде.