а каква е процедурата за да се биде под јоб центар? треба да се исполнат некои услови? Ти благодарам на одговорот
@Lavender13 дојди кај мене. Оваа недела скоро 40 степени ќе биде. Јас немам ниту клима ниту вентилатор. Уште си љубоморна на топлото време? И јас Џокерче многу шеќери внесувам и многу кофеин. И така ми се црпи енергијата. И не се чувстувам убаво и знам дека мора да сменам нешто ама и за тоа ми фали енергија. Оти ми фали енергија денес за ручек Fischstäbchen, пире и салата. Кога сме кај темата одмор. Дали некоја од вас е била на одмор во Франција? Каде и какви впечатоци имате ? Вреди ли да се оди таму на плажа, како се цените ?
Јас пак со Елтернцајт Антрагот Уште ова мислам не ми е баш јасно. Маж ми ќе го пише неделава, датум кога ќе започне Елтернцајтот треба да биде датумот на раѓање на бебето, така? Бидејќи планираме да го земе првиот месец. Е сега, ќе напишеме дека почнува Елтернцајтот од раѓање на бебето и дека предвиден термин за пораѓај е 12ти септември, ама ако се роди порано или покасно, треба нешто пак да се прати барање за корекција или како? @Katie90 ние бевме лани на одмор во Франција, ама во Парис во ноември. Ако ти значи нешто, можам да ти пишам како поминавме, цени и слично. На класичен одмор на плажа во Франција, не сме биле.
Im prakas izvestuvanje i izvod od rodeni i so toa veke se oficijalno izvesteni. ( Cekam procent od Elternzeitot Ha ha)
Денес е многу топло. Читав дека и наредната недела ќе биде исто. Што ќе се прави на жештиниве Бев до Едека. Во двата правци се испотив Милка 100гр. е на акција - 1.11 евра. Утре ќе купам. Нека има резерва дома Тука градинката е бесплатна за оние кои земаат Киндерцушлаг. Останатите плаќаат одредена сума. Ама многу се чека за место. Ако нема место во некоја блиска градинка (според адреса), се јавуваат и прашуваат дали одговара друга локација. На една пријателка детето и го примија во градинка во друга населба.
Изгледа се врти тркалото. Сега чоколадата има вредност како порано кога носеле од Германија. Сакав да кажам дека овие три дена школото е намалено од до 16:00 до 12:15 заради жештинава. Кој сака може до 14:15 или 16:00 ама официјално само до 12:15 треба да се во школо. Благото е значи најскапото нешто мислиш злато купуваш ама ајде таман ќе ослабеме и помалку кариес ќе имаме, повеќе енергија. Значи една недела ми требаше да се рехабилитирам од двете недели со деца дома. Конечно овој понеделник се диши. Малава спие со коцка мраз во една блуза и околу вратот. До некаде паметно… до сабајле ќе и држи мразот ладно. Јас сакав да ви кажам сабајле се шминкам за на работа. Околу 14-15 мијам лице па околу 20-21 се шминкам пак за да излеземе и 22 пак мијам лице. Шминкањево навечер за само еден саат ми е како самоизмачување. Ич не сакам лето. Држете ми среќа да заврши 2025та како што треба! Утре прв ден од втората половина ама јас веќе ја завршувам.
Милката сега и 0.50 еур да ја направат не би ја купила. Ем најкатастрофа од чоколадо во последно време е, ем забегаа на цело со цените. Искрено, ова поскапување на шеќерните "задоволства" добро ни дојде за да нè освести за што всушност даваме толку пари и колку истото не вреди. Kinder производите исто забегаа со цените а не вредат. Така да, само нека одат нагоре цените, ќе испадне нешто добро и од тоа, нема да фрламе пари на непотребни работи.
Мислам дека месото е најскапото нешто. Јадете месо, нема да ви се јаде чоколадо Не ве разбирам за цениве на чоколадо. Јас го јадам само едно од Лидл, црно, и никакво друго чоколадо не ми го заменува. Милка ми е ко шеќерна табла, сигурно и заби би ме болеле од тоа.
Леле искрено ајде да се трампаме Не можам значи, јули дојде не сум облекла кратки пантоли. Сакам малце тропски горештини, иако сфатив дека со текот на годините не ги поднесувам толку добро како порано. Дали е ствар на навика не знам, кога живеев Скопје беше прежешко ама си има некоја магија и тоа. Сега кога одам МК на посета во жешкото, ми се слошува буквално, не трпам воопшто. Ние бевме Ница пред неколку години, ама во октомври. Општо не ја сакам Франција, мене ми беше убаво ама секогаш би избрала Шпанија или Италија пред Франција.
Jas samo sladoled i lubenica jadam vo leto. Na Bilja chokoto e stavrno mnogu ubavo i jas go zemam. I od aldi porano gi zemav. Ama toa koga zdravo se hranev, sega sekako svinja, pa ne se bira shto da se jade. I da odma me zabolea nepcata, pa pravev termin na zabar i sega go otkazuvam, oti die Krippe hat zu. Абе можеше ли ваква почетничка грешка. Да не внесеш во телефон термини, ај ја не, па и он не. И фул испланирано за четврток и петок, и вчера гледам на распоред оп цу . И така, сега се објаснувм и откажувам посабајлечки. Жими предпладнево неделава за мене и толку, после слободно ќе имам за 3 недели од прилика. Држте среќа да не натепам некој. Сега повратница да направам, да одесам до пошта паќети, да идам на купување, да зготвам јадење и да земам малото од градинка. Исто да погледам нешто работа што има за мене, да пуштам перална и средам кујна. Реков слободно предпладне, ЗА МЕНЕ нели ???? Леле во кошничка некна сум си ставила и невестински фустан . Изгледа планирам да се мажам конечно, кое делулу. Среќа понаредна недела кај доктро термин имам, да ме попрегледаат дали се е ок со мене .
И јас секое лето сладолед и лубеница и бев многу дебела. Од септември до мај ок и на лето станував свиња. Ова ми е прво лето без сладолед и лубеница. Инаку буквално секојдневно јадев по неколку пати. Убава идеја да почнам и јас невестински фустан да барам. Бившата на симпатијата има црна наметка над венчаницата и црн појас и очигледно црно на невеста не е на арно.
Лубеница е вода во различна агрегатна состојба @gjoker4e , не е лубеницата крива за ништо. Ми се јаде лубеница, ама нема, ќе мора цреши да јадам.
За мене лубеница е шеќер во друга форма, а не вода! Исто како за сладолед да речеш дека е мраз со вкус. Црешите се многу скапи, јади лубеница.
Сте биле на таи масажа? Конечно се заинтересирав и пишува дека отстранува и енергетски блокади, а мене баш тоа ми треба.
Ете уште некоја на мои маки со шминката. Ја се шминкам и за на фитнес, и сабајле у 6 се шминкам, у 10 доаѓам дома се туширам и пак се шминкам за на работа. Мислам, да немав мрсна кожа немаше да се прешминкувам, али јбг барем иам мазна кожа без бубулици. Нема и јаре и паре. Иначе, на тема топло, шо qr им е на Германциве со климава? Као, не можам дома да живеам. Цел ден завеси затворени, вентилација пуштена и плус вентилатор , и пак не се живее. А и да не праам муабет оти вентилатор купив само за да можам да се нашминкам, оти се цедам дома и шминката ми не ми се ни лепи на фацата. Мислам само се просераваат оти се стипси пари да даваат зашто не смее надворешни да бидат, и плус струја да не плаќаат. На тема чоколадо, она најефтиното со цели лешници, не е битно од кој дуќан, и онака сите ист вкус имаат. Месо не ми е скапо, оти зиам на акција, делам на порции и у замрзивач. И оти не купувам само Био ко Биља. Следам акции, купони, и ако не треба да се наведнам за да купам нешто, значи не вреди се купи. Ок, едино ако не е на акција. Лубеница се изнајадов летово ко ниедно предходно. Има тука у центар у дуќан мини лубеници, таман да не се килавам до дома, Е сеа, идам секој втор ден купувам, али нема везе. На пола пресечена, ладна и црпена со лажица. Перверзии... Идам после на кафе со другарка ми, ќе си купам суши и лубеница на враќање. И ќе си го допијам Ламбруското грч ладно од фрижидер. Најбоље вино според мене, благо, црвено и газирано. Го прават од утнатото вино да не го фрлаат, тамам домаќинско ко за мене. Може некој ден и за симпатии ќе ви кажуем, еден ми се врати после година ипол, другиот после година и тоа со клизачи. Ајт со здравје.
@Gosh Што не кажа порано дека не сум само јас?! И јас шминка за до фитнес па после фитнес миење и нова шминка па шминка за навечер.