Да не знае кој е максимумот за арбеитслозенгелд? Колку максимум месечно може да се зема? Се мислам едно време 1800 евра беше или тоа беше за елтернгелд само. Знам дека е 60% без и 67% со деца. На Гугл еднаш ми дава 1800 евра еднаш околу 3000 евра. Класа 4 Демек од 1ви јули на нормален режим и само што изедов сладолед со малиов после градинка. Сега варени јајца ќе јадам. Појадок во 13:00 часот, а слободна сум денес. ЗАКЛУЧОК: Само како вработена можам ред да имам! Оние две недели одмор ми го уништија животот значи!
Уживај си, не си ти инжињерка за да му ја мислиш колку е границата. Иначе рачунај тука, мене точно ми извади, некое евро разлика. Прават просек од задњи 12 плати, значи ти ќе земеш 67 посто оти со деца. Е од тоа ќе ти одземаат секој месец данок, здраствено и пензиско осигурување. Извини на прашање, ако не ти е шубе кажи што се деси, нели се спремаше за унапредување?
Би сакала да прашам дали некој може да ми препорача добра опција за мобилен интернет во Германија, но само за период од 3 месеци. Не ми треба договор на подолг рок, туку нешто што може да се користи месец по месец. Јас користев во Минхен од Aldi talk, мислам дека беше 15 евра 20GB. Дали со истиот број можам и во Хамбург? Или ако постои подобра опција предложете ми
Секс на работно место и отказ! Неееее, не е за мене! Таман работа јас да не работам. Со класа 3 е многу повеќе. Се смета класата што била додека работи или треба сега да ја смени во 3 за да зема повеќе? И дали ги знаеш оние зелените паломи од дм за тапкање на мрсно лице и да не свети да стане мат. Мислам сигурно ги знаеш ама ајде да прашам за секој случај. Истиот број ако е сеуште активен. Секако си регистриран на него па не мора пак да се идентификуваш. Подобра опција нема. Можеби лидл е подобро или тука некаде ама штом веќе имаш Алди број тогаш тој. Многу ми е лошо од жешково. Аман уште утре нека помине! Нешто чудно ми е лошо. 12:30 малиов зедов па 14:15 малава ама чекавме до 14:40 доаѓа ајс ваген во школо да земе ајс и 15:00 накај дома И мислам дека сонцето ми удри во мозок. Таму под сенка чекав ама сенка од дрво. По пат нема многу сенка на пладне. Дури страв ми е. Ќе прочитам симптоми на интернет што се од сонце.
@gjoker4e еми класата што си работел де... Иначе ги знам, не се практични ич, ја вадат шминката оти се мали и не се лесни за хендлање. Едино ако не најдеш големи ко салфетка на интернет. Не ми текнало да барам, гледаш? Мене најбоље ми е тоалетна или палома, ја оптегнуваш и ја лепиш на фаца, без прстите да ти го допираат лицето, ако се разбираме. И ондак можеш малце камена пудра со кабуки четка да поминеш одозгора, и на крај сеттинг спреј, и ко нова. Али, лицето не смее испотено да ти биде, само мрсно! Иначе ќе шеташ ко мене еднаш без пудра на чело. Кринџои еј. Неам поим, еве баш сеа барав, негде е забрането оти не личело, те гласно било, те не било еколошки втф, па смеело, па не смеело... Не се разбирам ја од овие глупости искрено.
Па знам де, затоа прашувам каква е таа клима без надворешен дел. Има некои демек преносни, ваљда како греалици ама ладалици, ама не можам да разберам како воопшто нешто такво би функционирало. Јас веројатно можам да ставам со надворешниот дел ниско на тераса (да не се гледа) ама и комшии ваљда може да ме тужат ако им брчам. На поткровје е неподносливо, во поголем град е пожешко, кај мене уште не е толкав проблем. Али памет за друг пат, стан со ѕидови на исток. Учи @јolene
Учам Билко. Синоќа ми пратија мејл тетка ми, ќе продавал некој куќа скоро 100 год. стара. Ај велам да не и кршам филм, ќе се распрашам. Ми враќа цена 1.2 милиони. Ох мори мајко. Ќе си седам под кирија. За жешкото, лани до јуни греев парно, од септември пак почнавме. Реално многу малку држи овде такво врело, ќе издржиме. Од мое искуство, јас веќе никогаш на приземје. Маж од млади години изгорен од поткровје. Стан само на први спрат гледам, макс втори. Се друго тука не не. Тие комшиите што ни беа на поткровје во штутгарт имаа земено таква клима. Мислам дека не прозор им беше ставена некако. Друго, до сега успешно избегнував да го користам чет гпт. И сега изгледа ќе треба. А и гемини ме нервира шо ми вади шо оно мисли дека ме интересира. Дете чудно се однесува. Некако не ми се свиѓа како дише сега, пак ли ќе ја фаќа напад аман. А уште не сме завршиле со прегледите од последното шашнување. Е не можам стварно. Кај утре на сто степени на специјалист ќе ја носам, па фали и да се разболи да морам да откажам, а едвај чекам барем за муабет со докторот. Лошо ми е да ви кажам. Од жешково што се лулав со детево. Абе да не ме фаќаат овие пери мери паузи. Ко божем уште не требаше, ама ај де.
Симпатијава во Хамбург живеел. 2018та се доселил тука, истата година кога и ние. Е месец не го прашав. Мислите дека и тоа е знак? Не знам дали ви кажав дека адресата му е мојот роденден! Знак? Па ако има некоја во Хамбург кажувајте, можеби наскоро комшии ќе бидеме.
Леле, куќа стара 100 години најдов у Словенија. За помалку од 100к. Ама далеку е Словенија и сигурно уште 200 ќе треба да заличи на нешто. Купувај у малиот град, ќе ти држам среќа
Девојки хелоу Да не има овде да купил долу стан во изградба? Ме интересира услови! Колку учество? Колку години отплата е можно...нормално без кредити Лелее 1 година немам пишано овде Со време слабо стојам дека мали ми е 100 на саат Нервите исто не ми се на некое завидно ниво па избегавам контакт со надворешен свет Да почне бебац вградинка и ке се преродам Ве поздравувам
Пф Аво ја од село бегав у метропола, ти сега надзат сакаш да ме враќаш . Си имам ја уште комплекси за лечење, шо мислиш ти тоа туку така ај еве. Нема трпи за чалм и другите да ми љубоморат . Леле леле која патешествие значи. Психички отидов. Не скршено, не стопено абе не постојам веќе до толку. Ко што си претпоставив со малата. Диско на балкон, па инат плукна пола шируп. Па нормално не подејствува како штотреба и за два саати пак напад. Ај пак на балкон, не се смири ај ќе ја носиме на итна, додека отидовме се смири. Од таму не вратија надзат со чепче ако има потреба. Фала богу немаше. Е сега лепчето остана во ранецот, а ранецот го шетав со мене на топлото и толку веќе веројатно не може да се користи. И така сабајле заспавме во 4, во 7 станавме. Па не доспиен тодлер, и на специјалист ја носев. Малку е што надвор 30 степени од сабајле нели очекувано, најлошиот тантрум до сега ја фати на прегледот . Умрев женски, абе никако да не можеш да го смириш, на крај велам докторе извинете ама јас во очај сега сум, ќе давам екран. Не да и вадеше да црта таму, не незнам што не се проба. Она у таков лууп беше влезена, не наспиена, изморена, глдана оти не може да јаде што ја боли грло, абе . На враќање се смири, заспа во количка и ја префрлив во кревет. Нема значи нема доволно шеќер во моментов да ме направи пак нормална. Не Милка не не знам што ми треба. Искрено нека дојдат следна недела свекрвите и еве ако не им ја оставам цел ден и да си идам во хотел. И маж ми ќе го прашам ако сака да дое со мене.
Абе зашо не стан на приземје? Ние сме на трети, цркнавме од топло. Земавме некој вентилатор за некој ден да олади, ништо, џабе. Сега маж викаше да земеме некоја клима, што ќе мора еден дел да биде надвор. Влеговме во едно балканско дуќанче со таква клима, убаво беше оладено. Сегашниов стан ни е супер, но секако гледаме опции за наша куќа или евентуално ако најдеме некој подобар со тераса шо не ја грее цел ден сонце и е покриена. Па си викавме само стан на приземје му е мајката. Ем нема да мкнам колички по скали. Без лифт ни е зградава, патешествие ни е ако треба да се возиме со количка. Најавија ќе врне денес, па ќе симнат малку температурите. Да се надеваме ќе се спие вечерва.
Не бе мила јас те бранев од Биљи дека ти градски човек си. Побрзу оздравување на малата.Секој со деца имал моменти како твојот среќа поминал.Мислам 1.000 деца сакам ама кога спијат .Кога се будни доста се две. Во градинка некоја болест закачиле ,ја сликав дома да ја читам кога гледам оп истиот лист во групата на малата.Пм веќе од болести.
Кога ќе заврне ќе излезам и на дождот ќе танцувам! Знам дека и малава ќе дојде, да не сум сама луда! Она ептен сака во јавност да танцува и во школо цело време ги учи кореографии и танцуваат во двор на пауза. Јас исто многу сум танцувала кога сум била мала ама со тек на времето исчезна сето тоа… Да не сте имале случајно искуство со нарцис или некој близок да имал?
Не знам зошто не, ама има причина зошто тие најгоре и тие најдоле се поефтини. Еве @јolene ќе каже. Џоли срц, не да те праам селанка, ама како тргнале цениве, стан е стан, утре ќе биде поскапо од денес. Можеш да го издаваш во краен случај, па ти да си бираш поголем стан под кирија за себе. Башка, како луѓето старееле, сакале мир. Колега цел среќен, си купил стан баш во село за во пензија, голем град бил напорен за стари луѓе. Јас уствари спремна за пензија да сум ти била .
Сум ви кажала ли дека многу си ја сакам темата тука. Некако опуштено е. Нема мерење и докажувања, возвишување и деградирање. Нема тупење. Се надевам долго ќе остане вака. И исто многу сакам кога некој ќе ми даде поинакво мислење од моето и ќе ми отвори друга перспектива, да ми укаже дека не сум во право и да сподели свое искуство. Тука @Chantal ми фали веќе некое време. Ама па за среќа еве Кејти и Марџ не дружат почесто. Многу сум ви благодарна кога ќе споделите дека и вие сте минале низ нешто слично, без разлика со деци или со работа, одма поинаку се осеќам. Вака пошто во последно време се сама со малата, запаѓам во некој вртлог и немам баш секогаш јасна слика дека уствари не сум само јас вака. Нормално е, особено ако си сам. Мори друшке, тоа селото од мене никогаш нема да си отиде . Не се ни трудам. Туку ете така, да се искуси и тука па после ќе видиме шо и на каде. Шо па ти со нарциси сега. Жолти се и им помина сезоната. Сега гледај, поима немам шо има сега. Рози . Игнор Џоки. Да не им придаваш значајност и не им давај валидација. Тоа ги вади од обувки и збеснуваат без ккнтрола. Леле она мене селанка ќе ме правела . Ја мори си гордост си ја носам титулата селско дете. Кај има круна, да си се прогласам за кралица . Јасно ми е Билко, ама сега нешто други сметки правам. Се премислувам за многу нешта. Може сепак таа куќата од Словенија да ми ја пратиш. Само ако е на море нормално, ако не ја сакам. Кога ќе земаш стан, не дозволувај да се водиш од моментов во кој си. Еве и сама си искусила, наредно покриен балкон и обавезно место за количка или лифт. Е сега вакви горештини ко што сега, траат овде неспоредливо кратко со тмурнуте и ладните денови. Во стан на приземје генерално многу помалку светлина има, многу е поладен, ако има градина ти е екстра работа, а немаш приватност во неа најчесто, и многу посклони се за ограбување. Чисто за споредба, кога надвор е сончево во на пр март, на први спрат може нема ни да вклучите парно, ама на приземје да. Вака долгорочно и години на куп, се многу повеќе трошоци за струја и греење. Истотака ако има проблем со одвод во зграда или што и да е, кај вас може да се осети, на тие погоре едвај. За да имаш на приземје добар стан, мора многу критериуми да се исполнат и тие станови најчесто чинат многу. Доволно приватна сфера, значи малку станари во зграда,на ќош иако Билја не е фан на тие, ради енергетска ефикасност , ама јас сакам такви, светли се од сите страни. Идеално исток-запад-југ. Доволно растојание од соседни згради и добра сигурносна ограда. Пошто инаку кој како ќе помине, ќе ти се зјапа. Исто подно греење би било пожелно. Тоа ми текнува, ама многу многу сум изморена и не можам веќе да се концентрирам. Поима немам што кажав.
Планинско село. 15 км до море @јolene , у село. А јас за село без супермаркет не сум, стално нешто ми фали у фрижидер. Крај не ми се наоѓа.