Последниов дел со количката ме изнасмеа за сите пари. Јас морам да се сопрам во трошење, ме научија во локалната пошта бидејќи секоја недела ми стигаат минимум 2 нарачки. Сега последно земав капути од манго, пошо се на попуст. Како да нема утре. Испланирав цел одмор во септември за да дојдам во мкд да си ги земам капутите и чизмите. А како ќе ме собере и авион не знам. П.С одморот уште не ми е ни одобрен од шефот.
Ние утре имаме тимтаг , болинг.Во градот , јас селско дете треба во град да одам.Мразам град, гужви,јавен.Се пријавив само за јадење и пиење, за играње уште не сум ,може во септември на вториот ден. Ај сега јас што нема шанса да возам до таму , ама и сите жени си бараат превоз, па ќе си одам со јавниот. Не знаев во што да одам па си порачав хелоу кити мајца оптички излитена оврсајз во S големина. Мм кога ме виде ми рече кај ќе сум одела ваква со скината јака. Абе човек минатиот пат во фармерки и волнена блуза со појака шминка се чувствував како бугарска певаљка, сега сакам да бидам интегрирана. Минатиот пат неколку колеги ме прашаа што вака нашминкана,јас пропаднав во земја.Они пак ќе ми најдат маана дека не е мој стил тоа али баш ми е гајле.Ќе ставам црвен кармин да одговарам со машната на хелоу кити. Ако утре мм го поминам да не ме натера да се разубавам ќе частам.
Бремен? Па тоа до твое село нели е многу далеку . Има многу турци од Бугарија што се тука. Ама да му се невиди, на клупа ли се среќаваат? Срамотилаци. Оди бре ако правиш швалерај, прави со стил. А да не му е нешто друго таа. Мислам интимно ли ги виде? Џоки мила Џоки. Нешто по пишувањето ме загрижуваш. Се надевам се ќе биде во ред. Се врати дома пред малку и уште на врата му ја подадов значи и реков носи негде, не можам. Сабајле докторката ме прашува дали сакам да ме пиша една недела кранк. Викам не не. Два дена ми се доста, од среда ќе полесно ми е да одам коучинг отколку дома да се моткам со свекрви. Згрешив само што малата не ја однесов на градинка од сабајле да одморев. Она не ми изгледаше нај нај. Ама после се беше во ред. А кај мене обратно. Малку посвежа од сабајле, сега страшно. Штом пушти ибу одма ме боли, ми се лоши, ми се врти. Боо нели требаше да е крај со вирусти веќе. А маж и он се жали сега дека ќе се разболува се осеќа. Го зезам дека барем мајка му супа ќе му свари. Небен костен стигна. Ми се прилоши. Не ми е јасно од каде толку многу. А и од другиот стан ќе има уште еден. Еден солиден одмор секако ќе отиде на нахцалунг. И тоа.
Не ма па ти, се мачкам со лековито магично блато за лепота и здравје. Носот ми е многу мазен, ама со алергијава од сонце ништо не праиме . Ај, ќе се мачкам и утре и задутре па ќе видиме за сите.
Искрено се изнервирав денеска.Детето носи писмена 2+, а има само 2 грешки на тестот-не можела да ја напуше основата 1 со минус. Поени 30 од вкупно 32(во проценти е 93,75%) И да не му беше последна година со неа,голема ќе ја направев оти мразам кога ме прават будала на очи. И пишав да ја прашам по која скала се оценувани децата. Ми пишала од: 96-100 % е 1 80-95% е 2 60-79% е 3 итн се по одприлика 10% се намалува со секоја оцена. Какво е тоа оценување,каде има толкава разлика меѓу двојка и единица? Да беше оцена каде е битна за запишување средно,богами голема ќе ја направев и до директорот ќе пишев. Мразам дискриминација.Или очекуваат дека не се разбирам да прерачунам,па можеби ќе помине. Ја имам забележано дека и претходно идиотски и некоректно се понашаше со бодирањето,сега ме ептен повлече за јазик.
По истата табела, со истите проценти, е отценувањето и кај нас. Буквално хорор е 1 да се добие, посебно што се ненајавени и многу обемни писмени. Вчера го броев просекот кај големата од писмени. Правеле 13 писмени германски, 6 математика и 5 ХСУ. Башка на тоа се и тестовите и писмените од другите предмети. Секоја недела имаат по една писмена или тест.
Искрено не го сфаќам ова бодирање.Излегува за двојка можеш доста да грешиш.Нема никаква логика. Не и вратив оти не сакав да се расправам,секако од догодина нема да му предава инаку не ми е срам и до директорот да одам и да прашам каков е тој систем каде за двојка не треба многу,а за 1 да добиеш треба перфектно да го извадиш тестот. И сакав да прашам и кај вас ли усното и активноста на час со 60% влегува во оцена? После да не се чудат швабите што доктори и друг обазован кадар од трети земји им иде.Научени се на самоуништување.Не се множат,стават некои вонсериски критериуми на обазование со кое сами се прават да немаат образован кадар. Можеби и така им треба
Од двојка надоле се нормални процентите би рекла. Треба да му се дозволи на детето и да згреши. Но критериумот за 1 е едноставно многу строг. Се водат по некоја нивна табела и вршат намерна селекција за да се изврши елиминација пред аплицирање за во средните школи. Искрено не знам. Големата германски од 13 писмени има просек 1.84. Ги доби и резултатите од ВЕРА пробе, најдобра во класот е. Усно е топ, исто. Ама кое дете 13 огромни писмени ќе успее да ги извади сите 1 по овој критериум. Исто е и со математика. До последен момент нема да знаеме дали усното ќе влијае и ќе добие 1. Е ХСУ само сите писмени и се 1, ама па и “само“ 5 беа.
И кај нас рекоа дека 1 можеби ќе добијат само неколку деца, дека оценка е уау и дека 2ка е супер оценка па и 3ка значи супер. Само со 4 и 5 не е ок. Значи едноставно така си е тука, 1 добиваат само најинтелигентните или нз како да ги опишам, а да не згрешам. И така е за цела Германија што се вика, така да 2+ е супер. Има две грешки рече ама можеби сметаат и за колку време завршило па затоа 2+. Фактички треба прво ние да се потрудиме, односно прилагодиме на тука и да не почувствуваат децата дека 1 очекуваме од нив, дека ние сме тие што ќе ги направат помалку вредни! Значи не е исто 5ка Македонија и 1 тука и крај. 2ка тука е 5ка кај нас, значи 2+ е супер На крајот на краиштата не е се до оценките Ја како што сфатив подобро 2 и 3 и да си има детство и младост во реал шуле ако не грешам отколку 1 и да и поминат најубавите години само во учење во гимназија Ние две години еве книга нема фатено дома, цело време сме надвор, па после свидетелството ќе видам дали треба да учи во 3то или не Инаку кажа имале електронска табла и дури и јутјиб имало на неа. Ви личи тоа на нормално да нема веќе табла со крева и сунѓер???
Не треба да споредуваме со оценувањето во Македонија и тука . Во Македонија се даваат оценки така . Сите деца се скроз одлични , што неможе да е факт . Неможе на секое дете да му лежи секој предмет . На синко математика му лежи , биологија не , ама сепак учи за тестови . Многу се гледа и усно, 60 посто влегува усната оценка . Ќерче така се вади , се јавува на час и затоа има плус оценка . Ги селектираат многу рано , од четврто се гледа кој каде ќе учи понатаму . Моиве се гимназија, ама сега оценките не им се сите единици. Arbeitsverhalten доби ќерка ми 1, прва единица , до сега секогаш имаше 2. Синко секогаш имаше 2. Имаше едно дете кај синко , до 4то. Детево никогаш не било добро во школо , мајката учителка и желба и беше да сонот оди во гимназија иако немаше ни просек , ни желба за учење . Детево сега го враќаат во друго школо . Во гимназија се бара повеќе учење да , ама сметам дека кај и да се учи во било кое школо , ќе треба да се учи.. Кај 7 одделение ќе им светне сијаличката , и сами ќе почнат да учат . Од 8 натака се учи со ајпед . Незнам дали ќе им ги замени работните тетратки. Инаку во Скопје е многу топло , незнам што да им правам на децава цел ден . Стануваат рано , и цел ден треба да ги забавувам. Мм има одмор , сам без нас , тоа е одмор . Не ова моето
Ми вика малава многу си убава со овие фармерки и блуза, ми е гајле што си дебела, пак си многу убава!
Дека пореално оценуват точно и дека тука се нема оцени од ракав. Проблемот во оваа табаела што ја кажав нема реалност. Ако само последните 4 проценти можат да добијат 1,а за 2 ти требаат 15%,секоја наредна е со околу 10 %. Па сега се чудам каде е реалноста.Дете со 80% и дете со речиси 94% да добие иста оцена? Разликата е многу голема.Или ако сакаат стого,нека се стегнат критериумите поденакво за сите оцени.Па да се види стварно разлика. И од дамна го кажав и стојам на тоа,Германија увезува образовен кадар,оти сами се уништуваат. Сами викаме дека во Македонија и други земји се даваат оцени од ракав.Епа тој персонал,кад тад ќе дојде тука и ќе биде шеф на некој германец што го реално оценувале. А, на крај краева знам дека тука е битно само дипломата да ја имаш. Забележав по многу примери.Ако немаш знаење ќе биде learning by doing. И овоа не е за возвишување,туку е жално. Ако имаш пари отиди во некоја друга земја и ќе си купиш диплома.Дури имаше случај на инстаграм што водеа профили сакал медицина,просекот не му дозволувал во Германија и после не знам колку години чекање се запишал приватен уни во Полска ли Чешка не ме држи за збор. Целта на профилот беше да мотивира,дека ако се сака се се може(во овој случај за мене па макар и купено да е.Ама кога гледаш како прават другите ако си паметен ќе се прилагодиш на околностите) Кога бев на курс германски,сите беа инжинери,доктори,заболекари...
Ја идам да ви кажам оти плачам. Си плачам. Дете викаме ај да пробаме да иде во градинкаоти вчера подобро и беше. Се јавива сега воспитувачката, ми вика не е за овде. Не е фит доволно. И се јавувам на педијатар и од таму сестрата и велам еве и од крипе рекоа дека не е фит, и ми вика пак шо си ја пуштила. Ама така ми дојде лошо. Јас не можам да стојам значи. Они некна по телефон нормално е. Сега шо си ја пуштила. Знам се ми е јасно. Ама јас за себе не можам да се грижам значи, како за дете . Па од горе грижа на совест оти сум ја пуштила на пола саат во крипе. Не можам веќе, психички паднав од болештините. Толку лоша мајка се осеќам. Сега знам дека и свекрви од утре ќе ми филозофираат дека сме криви ние што толку стално е болна. Ќе пукнам веќе. Еве да ми стои запишано. И ако некогаш помине, да кажам фала богу замина периодот .
@јolene исплачи се оти не ти е лесно со малата и нека земе маж ти боледување. Нема да пропадне фирмата без него. Ти си супер мајка ама и тебе ти треба пауза оти така нема ни ти да закрепнеш. Не се срами да побараш помош. Сите се биле во твојата ситуација. А за свекрва ти кажи и да ја погледа малку ''да ти покаже како". И ич да не се замараш со небитни работи. Од едно уво влегува од друго излегува. Гутен Морген сега. Утринска прошетка од сабајле кафето на маса, време за себе. Залади конечно. Само јас и германците се радуваме на ова време. Инаку германците имаат многу убав збор Selbstfürsorge. Цврсто верувам оти ако не се грижиш сам за себе нема да можеш да се грижиш за другите. Некогаш има периоди кога мора да се стиснат заби ама не на долг рок. @Ava.84 јас за на работа секогаш со одам со дискретна шминка. Пудра, коректор, маскара и кармин, а ако сум расположена за шминкање од сабајле ставам и сенка на очите розево, кафеаво. Многу сакам да гледам средени дотерани жени. Тоа малку ми фали од Македонија. Уствари сакам да кажам дека за Тимбилдинг секако би се нашминкала.
Штом плачеш значи си überfordert и ти треба воздух, пауза… Кај мене секогаш после тоа следувал полесен период. Плачено и на улица имам и тоа сега во јануари и на телефон на работа се расплакав, не можев да се воздржам. Предолго имаш нешто сама носено на свој грб… Да немав поминато низ истото би ти рекла барем еднаш на ден да си ставиш маска на лице и тие 15 минути само твои да бидат со кафе во рака и мир ама дете после 5 минути маска има паднато и со маска имам заспано од премор одма после неа па се разбудив со жар црвено лице. Ама обиди се некако, и побарај помош од мт или од посетата (помош што никогаш ја немам побарано и барем сеуште не се каам што се сама преживеав). Ме потсети кога малиов прв имаше вирус па таман оздраве ние го фативме ама јас го однесов во градинка за да може да одмориме јас и малава, мал беше 2 години и требаше цело време да го пазам, по еден саат ми се јавија дека сеуште не е фит и едвај пешки со малава иако 5 минути пат едвај стигнавме до градинка и само се молев да не паднеме по пат. А маж нормално на работа! Кажете што сакате ама мразам мажи! Или мојов маж. Симпатијава сеуште се однесува многу убаво со мене, се мислам дури јас да го запросам.
Ќе земе. Не бива. Многу ми е лошо. Он беше од дома секако де. Сега ја однесе на педијатар, она дојде дома и трча скока. Е сега подкашлува тоа да, и и тече нос. Ама не е дека е залегната. Па ми рече воспитувачката беленде хустен има. Јас му викам срце оди земи ја, кашлала како кутре. И он ме разбрал дека псеудокрупс анфал добила и летнал натака. И дури ја прашал воспитувачката дали се смирила со нападот . Еве колку сме и двајцата фокусирани и какви сме шашнати. А ја со воспитувачката по телефон се договараме за парти шо ќе прават следната недела за роденденот на малата. И сега велам еве и ќе го запишам, па може малерот ќе разбие. Страв ми е и маж ми да не залегне, па и свекрвите, па да не може на малата да се испразнува роденденот. Жими ете само на тоа се радувам сега. Во календарот имам два термини за доктор. За малата пон у7 и за мене понаредната недела за гинеколог. Е ден внесено, саат не. Ќе помнам. Обично вакви нешта стварно помнам, ама сега оти преморена поима немам од колку се. Едниот за мене знам дека е доцна, накај 5пм. За малата мислам дека е 11ам. Сега да си ставам потсетник во петокот ќе оздравам, да барам ливчињата ако ги најдам, да видам од колку се. Ако не пак ќе треба да се јавувам. Е ногу сакам така кога ќе ми пуштат порака со термин на телефон, еден ден порано и така. Ги чекам да си легнеме со малото за дремка. Татко и уште не ни доручкуван, ни кафе пиен. Дали ќе се пиша кранк утре ќе видиме. Јас сигурно до крај на неделата ќе се пишам. Па и тоа без везе е. Барав од агенцијата за вработување да ми даде коучинг за кверееинштајгери. Реков не сакам на професијата повеќе, ме изморува и сега со дете не можам оти многу работа и дома се носи. Е ај ми дадоа коучинг и воркшоп, а јас или сум јас кранк или дете. На три термини се немам појавено. А баш ми се интересни така, малку да сменам. Има една девојка со докторат во био информатика, сакала нешто друго да прави. Да смени насока. Интересни луѓе идат на воркшопот. Е не ми се свиѓа само тоа што мора да се пријавувам кога нема да идам. Ама тоа е.
Сега гуглав. Кај нас во Баерн усното нема никакво влијание. Крајната отцена се добива врз основа на писмените. Види за кај вас како е, Хесен на пример, колку што знам усното влијае и може да се подигне успехот со отцената усно. И баш затоа многу што ги знам ги праќаат децата да учат во Хесен иако живеат во Баерн. Ниту на државно ниво нема ист систем на отценување.