За што мразиш мажи, дека одат на работа ли? Ако е така некој шугар деди барај, батали тоа симпатии, мимпатии. Уствари ја викам, на сите ни фали по една жена плус,шо ќе ти маж
Ја еден краток апдејт да дадам само. Малата им отишла и им се раскокала и растрчала низ ординација. Го казниле и маж ми оти наводно 2 мин задоцнил, па требало да чека. И после вирус било малку кашлала и и имала и нешто на грло. Веројатно гној и од тоа ја болело и болна била, за ден два ќе се смирела. Е ама на прв поглед не би рекле дека е болна. Арно. Мислам уствари оти пречесто е болна и веќе не не сакаат таму, па сега ќе пробаат со пасив агресив да не откачат од пациенти. Еве ако не е ова.
Ете на кого сум паметна, кај и да е во пензија ќе оди симпатијава, таман шугар деди. Секое дете е на почеток нон стоп на педијатар. Педијатарот би требало да е до 12 или до 14 години не знам ама чекалната е полна со бебиња и мали деца, ретко да чека некое над 4-5 години, ако почнало на 3 во градинка тогаш да таман до 4-5 во чекална. Ако почнало на годинка тогаш до 3 години во чекална. Малиов беше болен, па малава, ама веќе ги научив болестите и цаките па не се ни јавив на педијатар. Кога бев за малава вика кога последно бевте на педијатар? Викам повеќе од една година можеби две. И вика ок мислев грешка да не е некоја што не е запишано дека била на педијатар. Ама после години искуство јас сум прв педијатар за моите деца. Денес е градинката затворена па ја оставив и малава дома пишав во школо Halsschmerzen. И радосна дека со мене и ми вика ти си најдобрата мајка на светот, изгледа дебелите мајки се најдобрите! Е мислам на воздух ќе живеам од денес!
Драга џолин, те читам често дека сте болни, буквално осеќам како да се натпреваруваш со животов. И искрена да бидам, ми има прелетано мисла како оваа жена издржува се..? Немам конкретен совет како би ти помогнала, но сакам да знаеш дека не си сама. Скоро па сите мајки го поминуваме истото или слично. Не си ти ништо крива затоа што е дететнцето често болежливо, едноставно има некои деца се такви. И тоа не е ништо страшно, ете тебе ти се падна чадорчетото од скуид гејм. Издржи, билдај се само со позитива, гледај нешто што те опушта, музика бар 5 мин во денот, топла бања.. И најмалку да им се мислиш на свекрвите, некои ко гледаат дека си доле, пробуваат уште повеќе да те згазат, од инат или лошотилак. Покажи им дека успешно се справуваш со сите предизвици на мајчинството, чувај си го мирот. Како мајка не си заменлива, како се друго си. Мавни едно узо и уживај. Успат да прашам, од кои страни, агенции закажувате одмор? Сакам ал инклузив негде поблиску за дп дете, првпат ќе лета со авион,страв ми е 10 часа да го носам. Топло море, чиста вода, плитка, тиркиз сакам. Препорака?
Ах мила .Од градинка секогаш гледа да им ги вратат децата на тие што не работат.Така да те нашле тебе. Нема некоја мајка што не се чуствувала лошо вака како тебе.Само ние мајките мажите ги боли. Верувај ќе помине .Пробај со јајца од препелица тоа и помогна големата кога беше 2 год со некоја минимална килажа малку дс се оправи. Секој што ќе ти пререче нешто за болест на детето кажи намерно го разволувам за да не ми е досадно. Бабите ич не ги рецкај нека зборат и мајка ми збореше како ние не сме биле болни ама мене газ од инекции уште ме боли. Исто мислам ама сите одат како од вода однесени.Имам една кол она е така секогаш многу нашминкана ама ако некој оди така нема да го приметиш .Секогаш ептен минимално нашминкана сум и затоа лани ме приметија кога си ставив сенка.
Пишав еднаш татко ми кога ми кажа дека што и да ни било одма антибиотик ни давале, па дури во моментов ми текна зошто цело време стомак ме мачи. Малиов кога беше болен и ми вика таков антибиотик да сум му дала! Абе среќа што немаме баби и дедовци во близина, они се способни и сами да подметнат антибиотик во сокче на внуче, дека они најдобро знаат и еве не живи и здрави, а ние патиме од депресија, анксиозност, нервозни црева, дебелина и што ти не, ама за нив живи и здрави сме. Кај маж ми на пример се што било благо немало рок. Значи благото немало рок на траење. Па така парена торта правеше свеки со какао со рок до 2022. Гриз имаше 2022 исто. Пециво, нескафе, абе што ти не. Се беше до таа година скоро дека јас будала се фрлав кога одевме Мк ама си реков будала една остави, на крај ти крива што фрлаш јадење. Да ги правам ноктиве црни со костури за симпатијата?
@јolene и јас тоа сакав да кажам, што ти кажа Ава. Мислам дека воспитувачките претеруваат, знаат дека си дома и затоа. Зар ти нема да процениш дете дека не е фит, па да го пуштиш? Штом си проценила дека дете е фит сабајле, сигурно било, ама така им одговара. Тука кај нас се знае - дете не оди во градинка само ако има тт, пролив и повраќање. Јас не го носам и ако е зациментиран од зелени мрсули или ако кашла премногу, инаку го носам, па никогаш не ми го вратиле. Дури и некогаш ако кажам дека не сум баш сигурна дека е фит, знаат да кажат - немој да се грижиш, сите се така. Како и да е, нека проаѓа само, се изнамачивте. Кога ќе дојдат старите, најди време за себе, остави им ја малата, ќе и биде и неа убаво со нив, а ти здивни малку. Не знам дали е до годините или до самата бременост, ама оваа бременост ми е многу тешка. Ништо не можам да јадам, буквално од се ми се лоши Од утре почнувам со цтг, па веќе почнува да се гледа полека крајот. На светлата страна, денес почнав со онлајншопинг за после пораѓај Да се искористат попустите Друго паметно и немам што да кажам. Уште две обврски да се завршат до крајот на денот, од која едната треба да ја среди делумно маж, ама веќе пробува да ескивира. А што убаво сум накострешена за кавга Се надевам ќе ми го процени расположението навремено @gjoker4e поздрав. Моиве додуша за Халовин беа Spoiler
Во средата , минатата недела го однесов синко во градинка во 9 часот . Во 9 30 ми се јавуваат, Елена дојди да го земеш детево , не сака да јаде , целиот е клапнат. Му било ладно . А детево си беше во ред од сабајле , го однесов покасно . Кога го земав среќен дека ќе си оди дома , кажувал дека ноќеска повраќал а нема везе . И ми викаат задржи го дома до петок . Викам зошто да го задржам и сега дома кога е добар , јас на работа сум . Треба да седам дома зашто не сака да оди во градинка . И на работа морав да се пишам болна за дете , за да го чувам здрав и прав . Кога стварно ќе е болен , нема да ме веруваат . Сега имаат распуст, после ќе отидам на разговор , дека неможат да ме бараат секогаш кога он ќе нема желба таму да седи , и си прават лесно да не бараат .
Фала ви женски за поддршката, сериозно сте ми како терапија овде. Одма поинаку се осеќам и ме смирувате . Иако овде една од повозрасните сум, очигледно за некои работи имам уште многу за одење. Знам дека сите сте имале по некоја ваква епизода. Па се разбираме. Малата имаа право што ја вратија денес. Кашла и тоа многу почна да кашла. Вчера не кашлаше, ова од денес и е. И јас кашлам повеќе денес. Еве веќе саат ипол ја држам во раце и не може се уште да се смири. Спие и плаче од што ја нервира. Дадовме ибопрофен пред спиење за болка,.ама за ова не знам што. Ништо што и понудив да пие денес не сакаше. Не соработува. И млеко со шеќер и путер, и лимонада со мед, ни чај. Не сака. Сака само млеко и мислам по цел ден би пиела, а од млекото се ушлајмува. Не знам како да му помогнам. Кој шируп брше за кашлање. 2 год е малата. Бронхипрет или?
Прегорен шеќер како за чај, потури го со млеко и путер и кажи и дека е млеко. Чај од ловоров лист. Варен црвен кромид , тури го во супа. Што ја боли уствари?
Прегорен шеќер правев билко, и реков млеко е кафе е. Не било, не било од нејзиното и не сакала. Не ми се верува на 2 год кои муабети ги прави. Сега се гледаме со татко и, велам дај на цуцлата малку мед да и ставам додека спие. Не осети, ко згрми миј шнулер не сакам . Три чаеви се понудија ништо не сака. Кромид утре ќе варам, сега наречен ставив до нас. Ќе отварам да влегува сега ладно и влажно од надвор. Ја боли грло и има изгледа внатре загноено или разрането, не знам шо точно. Татко и ја носеше и ми кажуваше, ама не доразбрав. Не е шарлах рекле. Кашла на граница од сувони влажно, ама многу напади има, не се смирува се уште, а не сака да пие ништо. Плаче во сон и вели доста и било. Толку сега да нана сака .
Ако има гној за антибиотик е. Не ја мачете со бабини лекови. Долгорочно. Уплатете две недели на море. Нека се бања и нека чисти нос и дишни патишта нека билда имунитет. 6 месеци раат ќе бидете во најмала рака.
Денес ја носеше на доктор Косми, веројатно ако било ќе даделе. Нема темп. Весела е. Не јаде вчера и денес. Т.е не може се да јаде. За море ќе ја носиме секако, не сме стигнале на ред од што сме нон стоп некој болен. Ако оздрави сакав нареден викенд на планина да ја носам малку. Некоја борова шума. Шо знам алгој ли шварцвалд ли, баерн валд ли, се негде ќе се најде. Леле ќутите сега се подмири цели 5 мин се нема искашлано. Моќта на Фемина, а Џоки?
Еве, барав кога е пишано, денес сабајле биле на лекар, ништо не им дале. Што антибиотик се дава на своја рака? За морето се согласувам. Ваљда. Ако знае морето што е вирус Ама да, сонце и морски воздух е подобро од не-море и градски воздух. Еве, 5 минути интензивно мислам како да помогнеме @јolene . И морски вибрации праќам
Џоли на кашлица никој пулмолог не би препорачал благо, само течности многу како вода и чај без шеќер. Јас давам ибупрофен кога многу кашла, со тоа и се намалува течењето на носот и така се потсмируваат. Стара.Ние сме генерација да те потсетам и додека ни се мали децата сме млади, еве твоето е помало и автоматски си помлада. Стара ќе си кога внуци ќе имаш. Се враќам од фирменфајерн и сум скапана .После една голема кригла и една мала кригла радлер време е да си легнам.Како утре ќе станам не знам.Како бе вака во вторник ги ставаат чудата не ли можат во петок па два дена да не мрдам од кревет.
@јolene мојата кога кашла и подметнувам по капка две прополис во млекото, не приметува.E љубител на млеко, ладно без ништо да има како само на млеко би живеела. Ајде уште ова да помине и толку е . Се согласувам со @Marge дека и воспитувачките можеби малку злоупотребуваат. И кај нас се толерира кашлица, барем кај ќерка ми толерираа пред некој месец. А јас понекогаш си се чудам сама на себе. Оваа недела од градинка ги носат дечињата во шума. И јас ни вчера ни денес не проверив за крлежи, не ми ни текна.Денес во групата две мајки пратија известување дека децата имале крлежи. Толку неодговорно се почуствував (и сеуште се чувствувам) и ја измалтретирав сега во спиењето ама не можев толку темелно да прегледам. Утре сабајле ќе гледам .
Ок, види и го грлото ако можеш утре , ако е полно со наслаги носете ја пак, досаѓај., и ти се мачиш. Пнеумослајд нека направат. Ако воопшто биле гнојни наслаги не поминува без антибиотик, или ќе се врати за некој ден пак. Се накалемила некоја бактерија на вирусот. Од искуство со малата. На море обавезно,буквално главата нека ја потопува, нека влегува во нос. И нека се сонча во препорачлив период за сончање. @Biljarkata На своја рака оној кој го има пиено досега, таа група. Кај мене малата кога беше болна, од грло и нос одеше на воспаление на уво или бронхит. Сум носела на одмори и сум имала залиха или амоксиклав или клиндамицин/ лекоклар, цефалексин ретко. Од друга страна големата 2 пати во живот пиела само. Некогаш е тотално неоправдано бегањето од антибиотици. Ако не давав антибиотик сега ќе имаше засекогаш дупнато ушно тапанче од инфекција и намален слух. Тоа ми е школо, за уво давам веднаш антибиотик. А од друга страна парацетамоли и бруфени се даваат неограничено,
@јolene има едно сирупче против кашлица, мислам Проспан дека се викаше, на маж ми му го дале во аптека. И јас како другиве, најмногу течности форсирам кога кашла моево и свеж воздух, од сирупчево му дадов само 2 пати, немам поим дали и колку ефект имаше, ама знам дека бараше моево уште, од што му беше вкусно Некој цреша вкус е, бидејќи викаш дека не сака ништо друго, да пробате со тоа сирупче, може ќе сака да го пие и ќе и помогне. Spoiler: Еве го
И во Македонија ги исфрлија зелените табли и кредите. Никоја електроника нема да ги замени, посебно не па оние белите на кои со маркери се пишува т.е се мачка и размачкува само. Јас сум рекла, ако некогаш имам уште едно дете, во крипе не го запишувам. Ние не видовме никаква корист од истото, само проблеми и нервози. И така ќе седи дома и онака, ама барем ќе заштедам на стресови непотребни.