Zdravo, dali nekoja bila i znae sto prasuvaat na intervjuto vo Germanskata Ambasada? Treba za skoro da odam pa da znaam otprilika kako da se spremam. Vi blagodaram
Дали некоја може да ми помогне во врска со освет на дом во странство? Дали некоја правела, што како треба, колку чини отприлика? За попот мислам, немаме во нашиот град Македонска црква, прашавме во Српската, ни дадоа број за информации, но ми е незгодно за пари одма да прашам.
Пред недела две имаше вошки во градинка и денес на работа се почешав повеќе пати така автоматски дури после неколку пати се освестив. Малиов е лустер шишан ама сепак може вошки да фати? Можам на работа да одам со вошки? Имам спреј од претходниот пат, после едно прскање и миење ни ги снема или две, не се сеќавам баш. Едно де, секако пишуваше дека втор пат се мие по 2-3 дена така нешто. Нема што нема од градинка! Еее кога викаа уживајте во младоста, јас и тогаш на симпатии време тепав и плачев де по еден де по друг.
Мене сега ми е младост, тоа предходно врска немаше. Кое уживање без пари . Така да Џоки од сега почнувај да уживаш . Јадев ручек од свекрва, да не ме мислите. Утре ќе одам за антибиотик, откако денеска оставив солидна сума у аптека и пак не делува ништо. Рокот да го откажам роденденот е утре попладне. Дома уште мравки не излегуваат. Ама колај да се кренам за еден ден ќе стигнам се. Само да се кренам.
Спојлер: Јадење слатки Добро е штом напиша нема отров во него Ќе го прославите роденденот се ќе биде како што треба .
Ти ќе се креваш, а свекрва мравки ќе брои?! Какво уживање, изгледа влегува малава во пубертет и вришти цело време, станува страшна во ликот, го удира малиов и тоа многу силно, и и само што и реков не викај, вика не те сакам и мене никој не ме сака… и ајде уживај од 13:45 се расправам. Едино на работа што уживам колку толку. Значи отприлика од 6 до 8 години е ок, после тоа ран пубертет, пубертет. Од 6 до 8 и второ ако имаш ништо од мирен период.
Кај машките е покасно и не е толку изразено толку рано .Мојата цело време е во ран пубертет, сега и малото се шекна.Се мислам да прашам на работа да работам полно раб. време и си мислам немаме чувар на работа па и чувар да бидам.
После 5 дена во Македонија, малото вика ајде да си одиме дома . Не е свесен дека ќе седиме уште 2 недели Мене големите деца не ми се проблем. 13 и 11 години. Ептен прилагодливи се . Малово е 4 , напорно е . Вчера бевме на гробишта , кај баба ми и дедо ми. И таму не знаеше да седи мирен. Се растрча низ гробовите , прашува кој од што умрел . За еден човек вика од што е умрен? . Викам мајка му не ја слушал Плус сега во Струмица, тука се и братучедите. Тие исто мали , главата ќе ми ја потечат. Оставени на бабата, цел ден сме заедно . Кај моиве па и туѓи да чувам После да ги приберам, да излеземе негде да прошетаме И ќе бориме денови до дома
Поздрав од дежурна служба на Клиника. Малиот го касна крлеж Можеби нема да одиме за Мк. Јас не сакам да одам, децата така - така. Маж уште малку да заплаче што нема да оди
Како е малиот? Мене овде сите ми се чудат сите ме прашуваат кога за мк, ќе си одиме ли? Зошто не си одите? Само јас ли не сакам да одам во тој пекол. Да седам 3 недели но веј. Ауу твојот како мојот запекал за мк. Јас сум да одиме на море. Тој вели да одиме да го крстиме бебето боцки од свеки сигурно. Гости немам сеуште закажани но се токми таа да дојде гарант. На ќерка ми цело време и вика да дојдам ли ха ха.
Дека како мали често не има касано крлеж затоа не се плашам ама тука поопасни се крлежите? Нас со цигара ни ги вадеа и како ништо да не било, а знам колку често имавме дека цело време по ливади и планини игравме. Децава пораснаа, јас сеуште за германски крлежи не се информирав. Спојлер: Балкон Почнав балконот со симпатијата да го уредувам.
Добар е малиот. Он самиот во вц го извадил крлежот. Кога го прегледаа на Клиника рекоа дека останала уште една нога. Не можеа да ја извадат. Ми рекоа местото да го прскам со спреј за дезинфекција и да му залепам фластер. Они пробаа со игла и со спреј. Му залепија фластер. Препорака да го вакцинирам против крлежи. И на нас ни се чудат зошто нема да дојдеме. Да се прашувам јас, би отишла на одмор. Ние прв пат имаме проблем. Добро е што не е страшно. Една пријателка ми рече да ги вакцинирам децата против крлежи. Маж ми проба дома со чупалица, ама не успеа. Му реков да одиме на Клиника.
Синко кога закачи крлеж се јавив кај матичниот и чекав да ми рече дојдете, ама добивме упати сами како да го извадиме и рече дека ако остане нога не е страшно да оставиме така. Точно тоа и ни се случи се гледаше ноџето и само секој ден следев да не има црвеното околу. Долго се гледаше може два месеци и после го снема. Поминаа две години сигурно од тогаш фала богу проблем немаше. А деновиве баш слушнав за два случаи на борелиоза, кај еднаква девојка на пределот позади колено и се ширело црвеното во облик на линии, крлеж не видела ама на крвна анализа борелиоза излегло. Фала богу добра е сега.
Уште трета доза фали од вакцината за крлеж на мојата, ама никако да стасаме. Ни втора ммр нема во понеделник, ако продолжи вака. Не знам кој вирус не снајде, ама ви плачам сигурно веќе 10 дена. Би рекла дека малку многу малку ми е подобро, ако се напнам ќе стасам се за утре. Ама! Нема кој да ја пази малата. Оти татко и денес ептен лошо, знам и мене ми беше така цели 5 дена. Баба и, и она се жали од сабајле. И така, со скршено срце, немате поима колку многу ми е мака, морам да ги откажам гостите. Од сабајле три пати земам телефон да пишувам и еве третиот пат овде пишувам. Знаат сите дека сме болни не дека не, и подобро е да откажеме, да не случајно ги заразиме и нив. Додуша јас не верувам дека сум уште заразна, малата исто не, ама татко и сигурно. И така. Ама овде ќе почастам, да сте сите живи и здрави.
Сеќен роденден на малата, да биде жива и здрава и среќна и безгрижна да расте. Значи после короната нема веќе лето зима, во лето има поопасни вируси од зима .Побрзу оздравување мила ќе прославите друг ден.
@јolene среќен роденден на малата , да е жива и здрава само . Ќе си прославите друг пат . И ние повеќе пати сме откажувале родендени , биле болни , сум била и јас болна . Тоа е . Ние сме во Струмица и од моето планирано шетање не бидна ништо . Од толку братучеди, од тие најблиските никој не му текна да не викне да излеземе . И се осетив по кој пат како небитна , ни јас ни моите деца . Јас не сум била овде може 15 години и појма немам каде да ги прошетам ... А и покрај фамилија во иста куќа да земам сама да ги шетам е глупо . Со подалечни роднини да имам повеќе контакт ... Како и да е , една недела веќе помина уште една и пол овде во Македонија. Најбитно е , децава се среќни... а.јас , јас сум тука
@fairy88 Сепак кај и да одиш мора да направат тест за стрептокока(исто е како брзиот корона тест што го правевме на времето), за да исклучат епштај бар вирус.Оти ако ти дадат на овој вирус пеницилин се јавува јака алергиска реакција со осип. Ова штом го знаеш мора да си медицинско лице. Буквално едно од прашањата за испитот за лиценца е. Аминопеницилини не се даваат дека мононуклеоза може да се помеша со тонзилитис. Затоа ампицилин , амоксицилин не се даваат кај тозилитис. Борелиозата е многу зафркната болест. Кога се вади крлежот не се става алкохол за да не испушти течност во телото. Ние имаме посебни пинцети во болницата за крлежи. Откако ќе се извади се дезинфицира местото и се прати дали ќе има реакција. Ако се појави црвенило мора да пие детето антибиотик. @MacenceEna пиши им ти на блиските роднини. Јас секогаш се јавувам на тие што сакам да ги видам. Оти броени денови планирани ми се. Може не знаат дека имаш време и сакаш да се видиш со нив. Ако не друго ќе те упатат каде да шетате. @јolene среќен роденден на малата.
@јolene среќен роденден на малата. Жива, здрава и безгрижна да расте Знам дека си разочарана што мора да одложите, ние мислам и првиот и вториот роденден на детево моравме така да го одложиме, поради тоа што бевме болни исто, ама што е, тука е. Над некои работи немаме контрола, за жал. И ова ќе помине.. Јас сабајлево бев на миниџоб, веќе ситно бројам до крај на јули уште неколку пати да отидам и почнува муттершутц. Веќе ми станува и тешко и иако имам скроз слобода да кажам - толку од мене, си викам - ајде, можеш Се испружив сега да одморам малку, па да одиме да испазариме за дете за во градинка за доручек, наша недела е од понеделник. И кај ни се потрефи да треба 20 свежо печени лепчиња да однесеме, уште сега се мислам каде да возам рано од сабајле во понеделник, со се дете со мене, да набавам и да стигнам на време во градинка. Ќе биде весело, посебно ако стане малово на лева нога, а понеделнички секако дека ќе стане на лева нога Колку посакувам некогаш маж ми да почнува покасно со работа, па макар понекогаш да ме замени од сабајле, да однесе дете, да купи што треба, да поспијам јас малку. Ама нема, нисам те срече Ама од земање од градинка сум ослободена скроз, така да и тоа е нешто. Многу ми е страв од крлежи, кога ги носат од градинка во шума, после како некое кутре го проверуваме малово низ дома. До сега немал, среќа. Додека живеевме во Мк, кутрето што го имав знаеше да фати, му ги имам вадено со таква една специјална пинцета, пластична како со свиткани врвови. Не знам дали иста таква се користи и за луѓе, треба да се информирам и да си набавам. Друго паметно немам што да кажам, мозоков ми е како во некој слоу моушн денес Ќе заборавев, конечно се наканивме и поднесовме за државјанства Не знам ни што одолговлекувавме толку, мислев дека ќе ми биде сеедно дали ќе поднесеме или не, ама искрено откако аплициравме се почувстував многу среќно Schönes Wochenende