Вежбање и прошетки, некои витамини незнам, повеќе релакс. Знам дека не се дружеш многу со други инаку ќе ти кажев разговор со некого , да се отргнеш од проблемите и стресот. Сакам да ти дадам само поддршка. И немој такви црни мисли дека ќе се разболиш и умреш не дај боже. Но од стресот може да си направиш некоја болест како дијабетес итн. @јolene Среќен Роденден на малата со здоцнување.
Во теретана сум веќе саат време. Ќе останам подолго. Само коренот на проблемот да се искорени во мојов случај, ама како? Ретко се приврзувам за некој. На работа сме повеќе колеги и со сите сум ок ама не дај боже после работа да треба да се видам со некој… Работа за работа. Дома за дома. Пријателство само ако е вистинско. Порано давав до три шанси, ама сега една лага и крај. Конечно научив дека кој излажал еднаш ќе излаже пак. Кој те зафркне еднаш ќе те зафркне пак итн…
@јolene јави се во аок и советувај се оти не е твоја грешка. Матичната може да ти отвори боледување 3 дена уназад фактички од четврток. Супер што поминал у7 и се е во ред. Верувам сега си помирна после прегледот. За вакцините ммр ти е поважна сега да ја прими другата можеш да ја одложиш малку. За кашлицата јас имав чувство дека медот колку толку ја ублажуваше . Ако немаш пробано пробај штета нема. @gjoker4e психотерапевт ќе те ислуша и ќе ти помогне сама да дојдеш до решение за твојот проблем. Ако можеш да си дозволиш барај на приватно психолог. Околу 100 евра е термин и ќе добиеш за неколку денови.
Кај тк сум. Ама ќе прашам. Ако се три дена нанадзат, нели е од петокот? Она ми рече еве јас пратив, ама не знам колку ќе ти биде прифатено од касата . Мислам ни извини, ни ништо. Како едвај чекаше да ме испади од ординацијата, оти и беше вајда страв да не направм скандал. Или да не ги короносам сите . Ама еве од мене сега амин, да ја фати . И не ме слушна на гради, сега ми текна. Јас не осеќам секрет од таму де, ама сепак. Ја дури викам немам температура, и она на чело ми вика е па сега имаш. 37.5 . Епа ја толку мислам и вчера имав цел ден. Не знаев дека е висока температура само. Мислев од 38 нагоре трева да му ја мислам. Важно ибупрофен добив препишан. Јеј.
Кај тк сум. Ама ќе прашам. Ако се три дена нападнат, нели е од петокот? Она ми рече еве јас пратив, ама не знам колку ќе ти биде прифатено од касата . Мислам ни извини, ни ништо. Како едвај чекаше да ме испади од ординацијата, оти и беше вајда страв да не направм скандал. Или да не ги короносам сите . Ама еве од мене сега амин, да ја фати . И не ме слушна на гради, сега ми текна. Јас не осеќам секрет од таму де, ама сепак. Ја дури викам немам температура, и она на чело ми вика е па сега имаш. 37.5 Јас 37.5 и вчера имав, ама тоа не е температура нели? Следно одам на береитшафтсклиника и готово. Ни матичен ми треба ни гаволи. Ни еднаш не бев болна кога немав матичен. Поима немам пти два пати пост се прати и како се прати !
Да во право си. Од петокот е можно. Јас некако си имав во глава дека три работни дена е ама всушност е 3 дена уназад. Ништо прашај си во ТК и кои се твоите права. 37.5 е покачена температура (субфебрилна) ама од 38 е значајна. Јас 2 пати годишно фаќам корона од работа со силни главоболки, малаксаност и температура до 38.5. Пробувам да одложувам за мене покасно да земам ибупрофен за да се бори телото ама главоболките не се издржуваат. Мене кога ме пречекуваше матичната кога имав корона бев со болните пациенти планирана секогаш пред затварање прозорците беа ширум отворени и она носеше маска. Така да сигурно се плашела да не ја коронисаш. Инаку не е малерот што си почесто болна до градинката е. Нормално е почесто да се разболуваш. Најди си само нов матичен.
@gjoker4e Б1 Интеграции Историја пензиско последни 5години Историја на работодавачи (ова да наведеш сама нормално) Извод на раѓање Венчаница Можно е венчаница од родителите 5години престој во Германија.... Се ова варира од општина до општина нормално Најдобро јави се во одел за странци и ке ти кажат подетално @fairy88 За фалење "ништо" освен што сме повеќебројни и немам време за себе Бебац во септември го паркирам во крипе и се враќам на работа Неможам повеќе да издржам дома,имам чувство дека ќе полудам Функционирам на ибу и бетахистин Немам воља ниту да почнам некое испитување или да одам на доктор со бебе мое Маж вечито работи,да може и недела би одел волонтерски само за да избегне хаос дома Деца големи се па од нив не би да се жалам Многу ми се скромни и разбрани (пу,пу ) Јас освен што се враќам на работа во тек е и нашиот food truck Ќе прам сендвичи,типични македонски Желба долгогодишна станува реалност Возбудени сме до небо и назад, оптимистички настроени исто толку Главоболки исто многу...фирми,имбис,лога,дозволи,производи....дали ке се исплати или не?Хаос во глава! Ама како и да е одиме Македонија 3 недели и после одморот почнуваме и многу се радувам...и се плашам Ваљда нормално е Тоа дека на добар пат сум да полудам сигурно Нејсе се распишав,како некогаш Ве поздравувам
На колешка почина татко и па беше недела две кранк пишана па недела две одмор. Утре заедно работиме и не знам дали да и речам нешто или подобро ништо за да не се стане емотивна и се расплаче на пример. Ама ако не и речам ништо да не не е ок? Не сме најдобри пријателки ама онака добри сме ептен. Не знам што да правам, а да не згрешам?
Ќе и речеш. Луѓе сме и за арно и за лошо. Ако се расплаче ќе ја гушнеш и понудиш на страна ако сакате да отидете и дали сака вода на пример да се напие. Mein herzliches Beileid на пример и да ја прашаш како е.
Треба да почнам полека со ручек и да средам алиштата,а ме мрзи да се поместам од креветот. Времето е сварно катастрофално,дожд и облачно.Зарем ова го нарекуваат лето? Утре ќе дојде другарче на детето. Па ако цело време е дождливо може да тркнеме до некоја хала за качување. @Mari* не знаев дека имате принова.Честитки Што е момче или девојка? Стискам палци да ви тргне бизнисот и браво за храброста Имам помислувано да отвориме нешто бизнис,ама немам храброст да се нафатам. Натаму имам некои идеи ќе видам дали ќе се реализираат.За се треба да имаш доволно капитал. Денеска се исфарбав,бев цели 2 прста подникната-не се фарбам редовно заради бременоста.Наредниот месец може на фризер да отидам. Се мислам овие денови да си направам педикир и маникир. Се осеќам запуштено дома,не излегувам редовно и одма не се марам толку многу. Заради тоа вчера се подновив и со некое сако.Алишта тешко да бирам,ама нагоре,ако го искучам стомакот сум 36/с величина. Пасош може со 3 пасоши,од искуство зборам. Имам код за рабат за Белантес,кој живее во близина на Лајпциг може да го искористи. Спојлер: Код Можам по пошта да го пратам. Да одам да правам ручек,денеска ми е компир салата со ќофтиња. Да спремам за да може детето да руча на време после е на пливање-ќе пливале облечени.
Знаеш ли кои услови треба да се исполнат за со 3 пасоши? Треба Б1 и ЛД? Бев вчера на педикир не закажав следен термин бидејки не сум задоволна а 50€ платив. Незнам зошто без да ми ги киснат нозете, а реков целосно, повеќе време се задржа на ноктите и ме лакираше со лак а не до гел. И да бев во патики бидејќи врнеше и ми се залепи лакот не беше целосно исушен. А терминот го чекав 1 месец едвај најдов слободна козметичарка . Сите други не примаат нови клиенти. И после мене имаше еден дедо за педикир.
Може двојно државјанство. Треба да имаш Б1 сертификат и Лебен и дојчланд. Мислам дека така се вика тоа. За другите документи не знам. Ова ми го кажа пријателка. Престојот треба да ти биде минимум 5 години. Јас не знам дали да вадам германски документи. Уште е рано. Следната дозвола ќе ми биде трајна. @јolene Среќен роденден на девојчето. И она е рак како мене Заборавив да ве почастам. Минатата недела ми беше роденден.
@SummerGirl извади си и пресели се на море... Тоа е мојот бизнис план... Иначе, дај бе кажете некој дуќан за рачни саати, може и онлајн? Сакам сребрен, метален. Може и у Мк, нема везе.
@joana18 мислам може и со б1,јас имам б2 и сме тука веќе 13 години.И тој тестот со 30 прашања треба да го имаш. @Jolene среќен роденден на малата Стомакот почнав да си го користам како послужавник.Може чинија да ставам на него @SummerGirl нека ти е среќен роденденот