Спојлер: Нечовечност Да ви дадам еден пример за нечовечност, немам веќе ни зборови, не знам ни како да се однесувам. Едвај чекам петок. Вчера качив темература конечно. Се затворив во спална да одморам малку, да се залечам. Ноќеска нормално, знаеме сите како се спие кога имаш темература. Ти чади глава, уши, те боли, дехидрираш оти се потиш, те гори. Сабајле станувам со испукана уста, бледа -жолта. Болен човек. Демек маж се договорил да иде на работа, они да ми помогнат со дете. Дете уште е дома, оти кашла и вади шлајмови, да залечи да фатиме рок, да се вакцинира ммр втора, оти инаку не може во градинка. Уште помалку од месец време имаме, или мора со потврда од доктор. Вчера не ја вакцинира нормално, оти матен секрет има. Нема врска, маж останува во хоме офис. Од сабајле не ме ни прашаа дали сум подобра. Се ќутеше. Се чекаше на мене доручек да донесам, со дете во рака, збунето оти не знае што се дешава. Се јадеше, пак се ќути. Спремам дете да искористам прилика кога нема да врне, да ја однесам да се поигра. Се враќаме, ги нема дома. Отишле да се прошетаат. Ок. Правам на брзина полента со крем сир дете да јаде и давам, па да ја успијам. Се вратија, колку да ја прекинат во јадењето и пак штама. Изморена веќе, ми фали одмор, пиење, а не ја играат малата. Нема врска. Пуштам машина, успивам дете. Легнав и јас со неа. Станувам пак штама. Земам дете носам у кујна, давам овошје, почнувам ручек. Што да правам. Ќе побара малото. Дете не заигруваат, сака кај мене во раце. Пробувам колку можам со него ручек. Слуша татко и. Излегува од работа, ја поигрува малку. Ставив ручек да се пече, веќе со споени жички, пак качувам температура. Дете сака кај мене, они не се мрдаат од дневна. Демек ја викаат да отиде кај нив. Се направи ручекот. Се јадеше. Јас пак одмарам, сега свекрвата пред маж ми да се покаже, отиде у кујна, садови од машина ќе вади. Почнаа да зборат. Маж ми врие, ама се договориме без кавги, расправии и драми. Како е така е, уште два дена се. Друг пат дали ќе дојдат. Не знам искрено. Зошто? Не знам. Дали болен човек треба да оди и да ги моли да му помогнат? Па кој и да е. Што и да е. Да е болен, па ќе речам еве еден чај ќе ти сварам, одмори ќе прошетаме дете. Ако на некој толку му е голема омразата спрема мајката на внучето, чак и внучето да го остави да не го занимава, немам што повеќе да кажам. Луѓе сме и за добро и за лошо. Јас од срањето ќе се кренам сега, може ќе трае повеќе време, ама ќе се средиме. Фала им уште еднаш само. Ти на некој човечки, он на тебе не знам ни како да го наречам. Јас едвај чекам да направам парти за малата. Се надевам уште викендов. Станов леле не мравки, веќе сме кај црви, од оние белите гнасните, од нив муви што излегуваат. Ама не дошло на ред. Ќе дојде кога ќе дојде. Важно на маж ми му е подобро веќе и ја превзема попладне малата. Да се стабилизирам малку, па и одмор да се види. И така. Ај сега сите да сте напишале по нешто убаво и да ми го разубавиме денот малку.
Не сум ти ја кажала мојата финта? Време за ручек дошло уште малку и за вечера се трае ништо не се збори као демек раците ќе и се скршат ако направи нешто. А прави празни муабети јас не ја ни слушам некогаш. И давам на ќере нешто, јас зимам и јадам ни ги викам ни ги прашувам… ај со здравје без осет. Мојата лисица е ептен пред син и како маче некое. Ќе и каже тој зошто не си направила а таа па па незнам бе синко и вели стави јајца да се варат го прашува во што ??? Па сигурно не во експрес лонец… си траам маж само ме посматра и осеќа дека не е во ред. И на него не му е сеедно. Среќа па не доаѓаат често. Се кроат планови за на одмор па ќе видиме.
Моите се друга сорта. Замсили ако сум дома, нема да јадат цел ден ако не им пренесам. Ќе седат гладни, ќе стануваат нервозни ама нема да речат, ај нешто ручек ќе правиме ли. И ќе ќутат. Само ќе ќутат и ќе блеат во телефон. Дете гледа и се чуди. А јас не знам веќе ни што да речам, ни како да кажам, од се ќе се навредат. И така. Ќе си пречутам и јас. Скоро година време ја немаат видено малата. Па ај да ја видат нели. Еве и роденден. Ме прашува за помош, само ако маж ми е во околина и може да чуе. Инаку не. Ама он пошто нели нафта пие. Преска од нервоза качив темература. Еве јас се прашувам како не им е гнасно и страв, да јадат од некој кој е болен, кашла како пес и вади такви гнасни секрети од нос, што не е ни за кажување. Ај маж и дете, они мора да јадат од мене, ама они не. Јес да се готви и се убиваат сите гнасотии така, ама па. Пф. Принципи да се немало, ај ќе мрчиме, ама ќе ни стаат на маса и ќе јадеме. Абе ако мрчам на некој, не сакам ништо од него. Наместо да се трудат да се сплотиме, они секој пат се повеќе не оддалечуваат. И после кој е крив? Па Џолин нормално . Ако збориш оти збориш, ако не оти не збориш. И тоа.
Гледај позитивно на работите и биди им уште сега благодарна што откако ќе си отидат ќе почувствуваш колку само лесно ти било само вие тројца, вие две, и колку само уште повеќе ќе ја сакаш малата, за мт не можам да гарантирам. Јас трудна кај свекор и свекрва и свекор вика не чекале мене да се разбудам за кафе да им ставам, снаата кафе ставала. А јас трудна не ни пиев кафе ми се гадеше. И после тоа цело време кажуваат кафе им се пиело, јас ќутам, како овие твоиве што ќутат. Ќути си и ти и гладувај, таман малку диета. Само за малата спремај. Речи на шала палента има ако е некој гладен. Месото и благото поскапеа секако. Скоро сите вакви се од кај нас, не ми е јасно зошто. И дојдат и очекуваат ние да ги служиме! Па ајде и да ве успиеме и избањаме ако не. All inklusive! По телефони јаки ќе си играле, кога ќе дојдат или одиме децава викаат никој не си игра со нас. Ми разбуди стари рани. Ама затоа сега ни камера ни ништо и раат. Сама на своето. Дури и мм ми смета страшно. Наскоро и германско презиме ќе имам. Не бе не му е за џабе адресата на симпатијата мојот роденден! Знам!
Затоа свекрвата не сака да дојде. Ќе треба да готви, да чисти, да се занимава со деца, и др. А она сака само да лежи Уште поубаво што не доаѓа. Нема да имам стресови.
Кога сме кај гости од Мк, ме мачи едно нешто.. знам дека е нормално дома да ги пречекаш со сè, од јадење до пиење и сл. Но, дали е во ред гостите да очекуваат и надвор сè да платат домаќините, од кафе, превоз, јадење надвор па сè до влезници ако се оди некаде... искрено, и не е баш ефтино и за нас самите кога плаќаме, никаде нема влезница под 18-20 еур барем кај нас... минимум 50 еур ни излегува за нас тројца кога плаќаме а камоли за цела толпа. Зимава беше золва ми со децата, буквално не стави рака в џеб (освен тоа што се дотера по бутици). Врв на се беше кога дојдоа нејзиниот девер и жена му од друг град, излеговме па кога платив една сметка за кафе во еден трговски за цела толпа... срце ме фати. Некако се осетив глупаво, дека некој ме искористува.
Најмногу што ме нервира е одиме во маркет на пример и купуваат некој артикл од збес од 20 евра на пример и ние го плаќаме. Таа лекција годинава ја научив, дека некој ме искористува. Секогаш од мене кратам, на другите давам, кога видов колку они многу си имале и гајле им е за мене… ајде човекот учи додека е жив.
Гости дома најчесто пречекуваме со готвење, јадење и пиење од наша страна. Помлади и поразбрани се е заедничко. И намирници ќе купат, сакале да пробаат ќе зготвиме заедно. Сум кажувала и предходно, мајка ми се не знае кај е и се не знае како. Па јас. И тоа ме нервира, нема до каде. Свекрва ми, они ете така сакаат. Зготви додуша женава 2-3 пати, ама кога маж ми е дома. Кога сум сама е друг третман. После се пожали дека не и е добро, ама си излегуваа на шетање по два пати на ден. Вчера бараше топломер, нели оти јас имав темература, ама јок нема. Мене не ми беше добро веќе две недели, не можам ни да помислам на шетање со болките што ги имав. Ама супер е на подобро одам, температурата си заврши работа. Е девер ми и жена му, до сега кога иделе полн програм со се и пак се нешто чалам изведуваа, они побогати, поуспешни, поработни, ама за џеб никако фаќање. И сега последната посета, ги остави маж ми да си рентаат превоз, наместо нашата кола, да си платат јавен, да си платат у пивница и се налути жена му многу потрошиле . Е ако бе дружке, како инаку ќе научиш да не се дрндлаш толку. Не верувам дека пак ќе дојдат, ама иако дојдат нема да седат кај нас, пошто станов не е соодветен за толку гужви. Па уште повеќе мрчење ќе има. Еве и сега чекам опомена од фервалтунг да ви кажам, оти се тропа по цела ноќ, ќе се стане во 5 и после ќе се спие цел ден. Сигурно ќе се жалат од нас комшиите. Која е поентава да станеш во 5 и да спиеш после цел ден? Не знам. Дури сабајле еднаш ко се растропа, малата стана побара млеко. Не беше ни 5 уште. Станав и свекрва израдувана за муабет . Јас две пред мене не гледам, цела ноќ дете кашла ме буди. Ме праша како сум. Реков не наспиена, се налути и си излезле од кујна . Мислам она нема обрски во тек на денот, ама јас да. Кај им летнал умот на стариве? И така да се спремам. Одлучив болна не болна ќе си одам на коучинг, барем 3 саати мирна глава ќе ми е. Детево ќе видиме, може и во градинка ќе иде.
Добро би било да се плати по пола. На мене би ми било неубаво домаќините се да ми плаќаат. Има луѓе кои немаат осет. Такви не сакам да ми доаѓаат.
Или ако немаш пари не шетај или води ред со парите. Нервира тоа кога некој на твој грб се распушта. Како на целосно платена ексурзија доаѓаат, тоа нервира. Јас немам време леб да јадам, ќе шетам некој и ќе му плаќам се, како да не. Треба да добијам подобро да не пишувам. Јолене ниту еднаш не частеше дека работа имаш, а пишуваш кранк си се пишала, или јас промашив нешто заслепена од љубовта кон симпатијатс?
Па нормално промашуваш ко само по симпатии се вртиш. То не еден, сто ги имаш веќе. Арно и децата знаеш како ти се викаат . Не е работа, коучинг барав од арбеитсагентура, да видам што би можела да работам освен ова што сум го правела. Е сега пошто е платено од арбеитсагенција, мора да се пријавам дека сум болна. Малата инаку дома ја оставив, кашлаше многу, баш ќе видиме како ќе биде .
Изгледа сите се исти стариве или пак ние скроз сме се одвикнале од тој начин на живот, па си сметаме едни на други. Кај нас ескалираше ептен ситуацијата кога беа за роденденот на детево, требаше задолжително да ни донесат нешто што ни е потребно за бебето, а и го имавме дадено на золвата на користење и веќе не и е потребно. Значи сто пати им напоменавме, дури им понудивме и карти да им платиме за да ни го донесат, бидејќи ни е потребно, а не е баш евтино, да не го купуваме пак. И замислете - не ни го донесоа. Без збор да ни кажат, откако дојдоа тука, ни рекоа - еее немавме место. Како на пазар, без трошка одговорност спрема нас и спрема тоа што е наше. Золвата го однела во 4 саат сабајле откако биле спакувани, најверојатно со задна намера - да не се донесе, еден Господ знае од кои причини. Ама затоа свекрвата бидејќи немале место за тоа што требаше, што зафаќа скроз малку место, имала место на трудница да и донесе бонбоњера со алкохол И сега јас наводно сум безобразната што не го ценам гестот А свекрвата страшно си ги дели децата, па и внуците, тоа додуша го знаевме, ама тогаш ептен дојде до израз. После таа случка, јас скроз се дистанцирав и не сакам никаков контакт и подобро ми е вака. Ама темата е “the elephant in the room” помеѓу мене и маж, се чувстува нелагодноста кога ќе се спомнат, ама секој обид за изнаоѓање било какво решение - преминува во кавга и сега за сега ја одбегнуваме. Можеби е само прерано. И моите не се цвеќиња, ама па не се до толку…Затоа мислам дека сме се одвикнале едни од други и самиот начин на фукнционирање, менталитет, блискост, се промениле. И тоа е така како што е, природен тек на животот, поради изборот да се отселиме далеку од нив. Времево баш залади, вчера во шума ме фати дожд, а пред зграда кога стигнав - невреме. Си викам сама вчера како шлакната - или гром ќе ме удри или бебево во шума ќе го родам Ама стигнав до дома Денес не одам на пешачење, ми пратија IHK пред некој ден покана за Вебинар, порано бев присутна на секој, ама откако сум дома не сум се уклучила, ама си викам ај денес, да видам што има ново во светот на Аусбилдунгот и какви нови итроштии смислуваат Ацубито Почнува од 10 часот, имам уште пола саат. Им дадов “избор” за ручек денес на домашниве - компир/леќа манџа или пица? Нормално, едногласно изборот падна на пица, што значи ослободена сум и од ручек правење За утре закажани неколку термини и кафе со колешка, ќе биде цел ден во трчање, ама во последно време и ми годат такви денови
Jas mislam deka sme se odviknale od mnogu raboti zatoa tolku ni preci zaednickoto funkcioniranje.Fala bogu godinava nema da se gledame pa nema da ima tenzii, ama si pisuvav kako bev kako sluginka koga bev trudna ..ama da ne se povtori. Jas samo za svekor nemam zborovi go zaigruva deteto, ke me prasa sto da pomogne sto da napravi. So drugite svekrva, majka i tatko imam dlaboki osilacii i ne sme za zaedno poveke od 3 dena. Za plakanje nemame tolku problemi duri i imame obratna situacija dever celo vreme saka da kupuva i da plaka. Za vnuci nema uste drugi, ama stom dojdat moite ke odat sekako vo zaden plan. Ama jas vikam samo zdravje da ne sluzi se drugo ke dojde na svoe.Porano me nervirase se, sega poveke na ignor i distanca. Odmor na more godinava nema, zatoa ke ja istrazuvame Germanija.Mnogu optimisticki sum nastroena patuvanje so bebe i so dete se sto moze sam, ama sto bide neka bide ednas se zivee.
Ма те прават будала едноставно. Исто, одиме во маркет и таа му кажува на мм што да купи за таа да однесе на фамилијата дома. Такво чоколадо тој јадел, на другиот тоа му се јадело, па ајде на неа и биле убави Giotto, па ајде уште тоа, тоа и тоа... е тогаш збеснав во себе. Јас од мене ќе купам и ќе пратам што и колку сакам, а ти купи си од тебе ама нее, на туѓ грб е полесно. А таа дојде со празни раце, првпат иде кај нас, ниту едно кафе од 100гр. не донесе ниту на детето едно мало чоколадо (не дека ми е дошло до тоа од нејзе, него по тоа се гледа гестот и вниманието). А јас секојпат кога одам кај нив носам дупла доза, една кеса за неа, една за свекрва и, дека заедно живеат па ајде нема смисла.. Ама ајде, ние секогаш велиме, нека мине од нас..
Здраво. Има ли мајка која живее во Холандија? Сакам да ја распрашам околу градинки и детски додатоци за дете.Неможам да најдам друга тема. Пс. извинете што вака упаѓам
@Marge нека ти го прати золвата по комбињата. Ако е количка се исплаќа, се друго поефтино ти е ново да купиш оти 50 евра ќе ти наплатат. Затоа мене ништо не ми се дава така оти после дупли трошоци ми излегуваат. Подобро поклон ќе им го купам. @јolene не е во ред ама не можеш да ги смениш и да знаеш колку побргу ќе го прифатиш тоа послесно ќе ти е. Излези поголем човек и уште 2 дена издржи. Земи готови пици еден ден, донер друг ден и мисли на тоа дека пак ќе сте си после само тројцата. Најважно е од се мажот да е погоден оти со него го минувате животот. Другото замижете со едното око, игнорирајте ги муабетите оти на крај од денот нему не му е лесно. Фамилија му се.
Уште една недела сме во Македонија. Мислам дека за мене е предизвик со три деца на различни возрасти, на ова топло да ги занимавам , прошетам без да биде без нервоза. Жешкото гледам дека не им прија баш . Преку ден не смееме да излеземе надвор . Одма се црвени во лице, испотени да им тече под од главата. Најпријатно е кога ги шетам посебно Се видовме со пријателите, другарки уште денес на дневен ред и ќе почнам да се пакувам. Со другарка од детството се видовме , бевме скарани па си пишавме и си продолживме ко да не било ништо . Дваесет години молк , сега со деца и двете , па муабети Си го продолживме другарството. Се тушираме инаку по два до три пати на ден. Перење по два пати на ден алишта . За две недели пак на работа, работни обврски, ми се темни