Само ради него де. Ќути денес и дете се гледаше и грав има сварено. А и бонус, муабет ми прават. Туку јас пак темп. Да одам на береитшафтсклиника нели? Аман веќе. Излегов денес конечно од дома, ама не сум фит. Мачно ми беше. На комби тестот не бев ни на корона на на гриповите позитивна. Уши затворени, пегла на глава а и болките ми се вратија во мускулите. Шајзе бе, аман. П.с мои свекрви не јадат пици и донери. Тоа не не. Само манџи домашно, од друго желудник боли. Што додуша и ок е, само да се договараме како луѓе нели, да се помагаме и да разговараме.
@јolene издржи уште некој ден со гостите. Ќе се дигнеш и брзо на нозе . Јас искрено сум среќна што немам обврски ,од типот свекрва и свекор да ми доаѓаат на гости на седење . Мајка кога доаѓа е друго , си имаме убаво време заедно . И ретко да поканам некој од роднини да дојдат на гости . Зашто ретко кој заслужил. Кога сум овде некои од нив не се замараат за мене , така и јас за нив . Да не ме свати некој погрешно , не барам да ме тинтраат , ама секогаш ме оставале во последен план . За другите повеќе имале време . Со подалечни роднини имав повеќе време да се видиме , да поседиме... Тоа е
Ние кога одиме Мк не се ни отпакувам. Одам и чекам да се вратам. Зафрканцијата е нели тука чистачка у Мк бомба, е кај мене обратно е, тука сум бомба, во Мк како безживотен бездомник изгледам. Од понеделникот имам вртоглавица за прв пат во животов и како чудно ми е во главата, тесно, притисок некој. Идеја што може да ми биде? Можеби и ми зуе во главата не сум сигурна. Ич не сум свежа па ни симпатијата во очи не го гледав. Он не ме гледа, јас не го гледам, многу симпатичен пар сме.
@gjoker4e леле да , овде во Македонија сум несредена , ко запуштена ... Дали дека не сум дома , па немам ред , алиштата во куфер .. шминките не ни знам каде се. А во Германија, станувам се спремам , нашминкана , дотерана ... Може дека по децава сум ептен , па немам време за спремање . Само го пазам малово , и душата ми ја вади така . Дека долго време не биле заедно , во тесен простор... Нема станчево ширина ...па се нервираат еден од друг
Еве у моментов се радувам што се тука. Малата ја играат. Ме откачи матичната по телефон, ќе затварање порано денес да сум отишла на береитшафтсклиника. Велам три дена пулс над 100 оди. Температура горе доле. Да се плашам ли. Ми вели не можам да ти кажам по телефон, чао . Со право де. Чекам маж до 6 да заврши и да ме носи. А и таму којзнае како ќе биде. Живи и здрави само. Ќе се кажам.
Мм си има одмор (од нас) иако оди на работа . После тоа не го замара никој , сам дома . Неговото е прав одмор. Ова моево е измор, него одмор . Одмор ќе биде кога ќе се пораснати децава
Со нашите гости маж се пиша кранк, нели негова рода,он да ги услужува. Така беше јас на работа, си доаѓам ручек има маж направил.Еден ден не и беше арно на гостинката, па си имав плус 3 деца за чување и така .Па не само моето го бањав и нејзиното, ама се плашело од вода кутрото па глава не давало да му се мие.Ама од искуство од лани почнав да и раскажувам за еднорогот на сликата и ја избањав.300 благослови добив. Нејните деца само слика без глас ептен мирни.Такви деца 10 би имала.Што убаво си лепевме дијаманти и се смеевме со децата. Мене гостинката од скоро една недела дуриии двапати ме праша што може да ми помогне.Во моменти кога не ми требаше помош. За плаќање плаќаше маж цело време се.На крај кога требаа до аеродромот да идат не им се даваше 70евра.Де сигурен ли е 70 евра , па многу е па дрн дрн.А живеат во странство имаат 3 куќи ама 70евра многу.Му реков што не им даде бе зш си ги слушал.Јас ич не ценам пари и ич не мерам колку дал.Може да ги расфрла колку сака ич не ми е гајле, само мир у кучи сакам. Маж ми пресреќен беше кога си отидоа, мене тажно ми беше сакав цел месец да останат.Ама они не знаат на едно место да седат. Кога спомна Џоли за дали е спиена, кога големата беше бебе и свекрвите на гости.Јас по 300 пати се будев и ми вика со цел акл дека сум била нервозна и многу благо сум јадела затоа бебето ми плакало. Ај да не е свекрва ми.Мајка ми кога беше отиде од Лидл купи некој фармерки на другиот и" зет" и го прашала маж ми дали и он сака.Он рекол сакам на шала, а она му рекла оди купи си има во Лидл.Маж ми и е 13 год официјален зет и уште толку пред тоа , а тој другиот ништо не и е .За поделби на деца да не почнувам.
Цело школо од прво до четврто одделение излегуваат со лабубу во рацете. Не е возможно значи. Што се крие позади ова? Од каде се појави лабубу? Има ли цртан филм? Пак јас со прашањава! Толку е страшно и никакво, а ги хипнотизира децата, ги прави зависни?!
Висок пулс имаш затоа што имаш температура. Заради воспалените синуси мислам е тоа. Ако имаш Beschwerde повеќе од 10 дена мора антибиотик да ти дадат. Се смета дека имаш бактериска инфекција. Ти имаш притисок, тежина кај синуси, главоболки, температура плус секрет уште, така да време е за антибиотик. Спомни им за симптомите дека ти траат повеќе од 10 дена на итната.
Да те поздравам со дијагноза воспалени синуси. Терапија Geduld . Чисти биле дробови, да не пијам млеко. Малку така наслаги на јазик. Ако сакам утре кај матичен, ако па она сака да ми земе крв да види за црп. Абе ја немам друго ништо работа освен по клиники да се шетам . Нема следно ќе живеам на ибу и синопрет и освем ако не качам над 39. И тоа. А што антибиотик се дава за ова? Да видам шо низ дома држам . Клиндамицин може имам, или го фрлив не знам. Или повикај пријател ќе правам . Инаку не сакам антибиотик.. после тоа фаќам габична, па после неа фаќам уринарна. И оти да земам пробиотик сега не знам, ми рече да зема и ламба да си земам од росман штом стално фаќам. А не фаќав. Сега последните три пати ми се нон стоп. Еј еве на ако ви зборам веќе за болести и свекрви. Ве отеков. Да ме оттерате слободно веќе аман. Ееее. Да не мрчам само, додека не ми поминало времето да надополнам. Денес еден од ретките денови кога се оди подмачкано. Сабајле воз одма на шина. Убав и продуктивен ден на коучинг. После надзат исто воз. Дома ручек нели. Дете ме слуша и гушка. Среќна е. Маж ме сака и немаше никој на брзата. Имаше време и расположение само за мене. Сега има лубеница, вечер ќе спијам сама и ќе пијам апче за спиење од оние што докторката тука ни се кара. Ама морам оти не сум спиена со денови и накај инсомнија терам. И то
Утре кажи дека качуваш над 39 навечер кај матичната. Пак потенцирај дека долго време ја имаш инфекцијата и дека мислиш од твое искуство досега дека е време за антибиотик. Амоксиклав се дава инаку. Amoxicillin/Clavulansäure(АМОКСИКЛАВ) , Doxycyclin кај алергични на пеницилин. Клиндамицинот ти е ако не успее терапијата со претходните антибиотици. За пробиотикот не знаев ама ми отвори љубопитност и прочитав дека имало студии што покажуваат дека пробиотиците го ојачуваат имуниот систем, ја ослабуваат воспалителната реакција, делуваат позитивно врз цревната флора, го воспоставуваат пак микробиомот на дишните патишта. Дури пишува дека се добри за превенција од повторувачки инфекции на синусите. Штета нема. Земи си и пиј ги подолго. @gjoker4e многу се општи симптомите. Провери притисок. Можно ти е психичка реакција на стресот или реакција на промените на времето.
Ова на @Biljarkata ептен ќе и се свиѓа. Не одам до петок на лекар. Не можам веќе, психички се изморив. Ако мора у петок ќе звонам кај другар ми да пиша ант некако и да ми донесе. Сакам да заврши ова некако, немам сила веќе за чекална. Свекрвата ме сакаа денес. Не знам што се деси. Може ме чита . Ако ме чита , можеме супер однос да имаме со тек на време, ама смирете малку топка, ако сте арни со мене, јас уште поарна со вас ќе сум.
Ептен ми се свиѓа. Имаше нешто за цревниот микробиом, го забораив што беше. Да пријавам прв ден во земјава и одма дете затна нос. Алергична е на земјава, на градов, нема друго, се враќаме да живееме на море Тебе ако те фатила короница може од тоа пулсот. Јас еднаш ко имав, ( што никад немам пулс ) тогаш имав. Не го разбирам механизмот на короница, ама тој е-ебава све што си знаел и не си знаел дека ти е слаба точка. Огин да ја изгори . Ако ти се јаде јади, ако не-не. Ако ти се спие-спиј. Слушај го телото. Ќе пишам импресии од патувањето друг пат- на кратко, на Европа ќе и се расплаче мајката. Ќе морам следно словенечкото море да го проверам, уште тоа ми остана. Албанското не ме занима
Ај баш чекам да кажеш. Изола Словенија. Каде на друго место? Градската у Копер. Порторож бетон. Неќам бетон. Плус слушнато дека ради многу бродски сообраќај не е толку добра водата. Во Изола сум била, ама не се сеќавам сега како беше. Којзнае кога беше и тоа. Пред 10години сигурно. У порторож се враќам, ама есен или пролет, убаво ни е таму, три дена прошетка и тоа е тоа. Ем на море, ем кај роднините по Копер, ама да не мора да им досаѓаме по дома. Евентуално нешто диво негде ако има, кој ли знае?
Здраво на сите Што треба да се направи во случај на преселување во Германија, а овде во Македонија имаме лиценца за фармацевт, доктор, стоматолог која важи 7 години и ако не работиме по струка 4 години ќе ја одземат од комората. Во Германија не може да се почне веднаш со работа по струка без јазикот да се знае и без полагање на стручен испит. Додека се учи јазикот, можеби ќе се работи некоја друга работа.. Што треба да се направи во овој случај? Дали да се извести комората дека не живееме и работиме во Македонија? Потребни ли се некои документи? Незнам навистина како да направам. Многу Ви благодарам на помошта, навистина ќе ми значи
Добра сум. Не знам дали сум подобра, оти пијам ибупрофен одма штом осетам болка и синупрет земам. Преска топло облоги правам и тоа. Морам полека да се враќам у нормала. Плус спиев. Вчера ноќеска зедов дијазепам и ја дадов на татко и. Отепав до 6 сабајле. После дремка со неа пак сум заспала саат ипол. Како нов човек, кога се наспиеш. Ти како си? Сакав уште тогаш кажам да ти речам дека мк не е одење во лето веќе. Не знам. Сега поразлично го дожививам летото во мк. Или толку многу се смени климата. Лани бевме во јуни и тоа, две недели само дома седевме. Со бебе. Кај да го изнесеш на пеколот. Со поголеми може поинаку е. Го сакав порано летото во мк ептен. Кога бевме деца, тинејџери, рани дваесети крвта ти врие, излегуваш по цела ноќ, шеташ се држиш. Одиш во сите околни дискотеки во поблиските градови. Фора беше. Сега чинам децава млади со тие телефони, тој некој паралелен свет, не знаат ни младоста да си ја преживеат. Сега им се врти се околу какво стори или слика ќе стави, да добие лајк. А расположение им диктира нешто што не е реално. Па оспесиите како да изгледаш по убаво на слики, па едитирање..... Дечковци на инстаграм се фаќаат. Не кп порано да си имаш симпатии па да се радуваш надвор да го видиш. Не по цел ден да го чекаш да стај слика. Ој ој тажни деца ли одгледуваме се прашувам? Забегав. Дома лелле дома. Знаете ли што значи жена кога е болна и неспособна на стане од кревет. Ма колку сака нека има и баба и дедо и татко ....па тоа е чисто преживување значи. Ходник полн со песок. Купатила влакна на сите страни. Трошки по теписи, прашина. Три корпи алишта, пола на земја оти малта вади и фрла. Плакари и фиоки превртено се, на сите комоди од горе свашта изнаредено, тераси со прашина и земја, во сред дневна има куп играчки. Книги и милион дел од сложувалки насекаде, коцки уште во креветот немам. На тераса си играла малата со дрвени коцки. Никој не ги собрал, заврнало се натопиле се искривиле и напукале. Шише се скршило. Друго со прегризано цефче...... Мислам 4 дена да останам сама дома, не можам се да средам. Е до толку не можев. Реков важно ми е само да јадеме и пиеме и садови да не смрдат. Е па буквално си го сфатиле. Ама па и маж и он болен беше. И колку може и он да постигне реално. Така да, дали можам уште да си дозволам да сум болна. Дефинитивно не. Толку многу ме болеше и снеможена бев, еве до кај дошло. Маж ми вика многу ме сакал. Веројатно видел уствари шо значи да менаџираш и средуваш низ дома. Малку ми е жал за коцките на терасата, а тераста од дневната таа. Еве на пр свекор можел да ги збере наместо да зјапа 2 мин во таблет. Не е дека не видел. Не сакал. Ама свекрва денеска изненадување, ручек имаше . Јас па @Lavender13 ја мислам како се?
@јolene утре супа да побараш. Ете така, јадете супа https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/zdravje/naukata-ja-potvrdi-iscelitelnata-mokj-na-supata