Купив карти за Мк, од шо МОРАМ да одам и се надевам конечно ќе завршам едно срање да ми простите на францускиот и после не знам дали би идела пак, еве на. Овие од Визз се болни значи, цените па минимум се дуплирани. Не носам ништо од тука, за тие пари од таму на деците ќе им земам нешто. И тоа уствари ми е прашањето, со што си играат машки 2 годинки и 4 годинки, и од каде у Скопје да купам? ХЕЛП! За стариве може ќе падне по некое Дубаи чоколадо на акција од Линдт, и тоа е.
Најново во Визеир е дека нема плаќање во кеш во авион само со дебитна , кредитна картица . Со мојата ова Волксбанк не сакаше , со Шпаркасе не ни прашав , после дознав дека можело . И останавме со една голтка вода , купена од Аеродром. Мислам дека панични напади ќе добиев , од помислата дека сум оставена без вода . Мизерија се искрено , цените им се дупло качени . Неможе никој да дојде , да отидеме ние . Оставивме 1100 евра за билети. Ко да доаѓаме којзнае каде . @јolene дојдов само за мајка овде . Да ги види внучињата . Знаев што ме чека , знаев како ќе биде , ми беше сеедно , само да можат да се видат . Да им се порадува. Како оди времето , здравјето и се намалува, па и ништо како порано не коментирам. Ни топлото, ни хаосот овде , ништо . Само да е здрава , жива да можеме да се гледаме . Можеше да дојде и она , ама децава имаа желба они да дојдат . Нив па им е многу убаво , незнам дека е спротивност па им е интересно . @Gosh за 4 години , некоја количка , или еве синко си купи моторна пила на батерии од Џамбо .. со кацига и наочари. За две години незнам искрено , сум заборавила . За внуците овде донесов нешто ситно , ама многу се радуваа . По едно ранче , сложувалка , некое мекано мече.. ептен беа радост .
После 62653552 години offline, еве ме пак тука! Како сте? Се надевам дека животот ви тече убаво и покрај сите предизвици што ги носи оваа наша германска бајка. Јас бев малку изгубена во превод помеѓу Arbeit, Schufa и Pfandflaschen. А во меѓувреме, купив куќа! Yeah right! Станавме горди сопственици на куќа и уште погорди сопственици на хипотека. Лол! Ако има некоја нова епизода што ја пропуштив, дечки, пратете резиме, може и со Untertitel. Уште не знам што е полошо, термин во Ausländerbehörde или обид да сфатиш германски договор со ситни букви. Ве поздравувам дечки и частам виртуелно кафе. Е сега, да седнам и јас со кафе и да почнам со binge reading. Ако има драма, уште подобро, ќе мењам Нетфликс со Фемина.
После пола година барање купивме стан доволно голем за нашите потреби во моментот, а секако и понатаму ако дојде второ дете што ќе сака детска. Едвај чекам да се вселам. До станот одма има градинка. За среќа добивме место. Одам на прв термин таму со другите родители и не знам дали некогаш сум се осеќала толку понижено во животот. Влегувам и прашувам "добар ден ова ли е групата пеперутки" сите ме гледаат никој не одговара. Прашувам пак, сите ќутат. Една Украинка почна да лета со рацете да објаснува демек пеперутка (сигурно не го знае зборот) викам да тоа, вика тука сме. Седнав до жената, ни некој дојде да ми објасни за градинката нешто ни бутур. Прашувам две мајки како е организиран ручекот. Ми се обрнува со "па ти нели прочита во договорот". Викам немам уште договор покасно се пријавивме. Па оди да ти дадат и прочитај си таму. Прашувам друга, вика не знам. Ми даваат договор, во анмелдунгот убаво пишуваше градинката работи до 16 часот. Директорката вика, грешка направила, до 15ч работеле. Ако сакам место до 15ч ок, ако не одма да и кажам има други деца на листата. Занималната за деца премала, внатре треба да се 23 деца, само две воспитувачки од кои една е директорката, значи само една! Другите градинки ми се подалеку. Во понеделник ќе го носам детето на пробно. Се надевам нема пак разочарана да се вратам.
Од една страна се е така како што си разбрала, ама од друга па и не е баш така. Кога си била, сите дошле за да се информираат и затоа не знаеле, можеби и сите биле без јазик па и не разбрале кога си рекла пеперутки. Да била групата türkis на пример, исто никој не би разбрал. За договорот, во една градинка односно во една група, кај нас барем, има три различни варијанти за ручек. Едни одат 12:30 дома, други јадат 12:30 и трети одат дома 12:30 да јадат и се враќаат 14:00 во градинка! Од 23 деца само една третина се до 15:00, една до 14:00 и една до 12:30. Од 23 минимум 3 се болни секој ден. Точно е дека се две воспитувачки и секогаш во една група е и директорката која што секако и она е воспитувачка, ама времето кога е во групата е само воспитувачка, не врши директорски обврски, затоа има и заменик директорка во градинка која што исто така одреден период е воспитувачка во некоја група. Покрај двете воспитувачки, значи тие се главни, имаш уште минимум 2-3 вработени како негувателка во Мк ќе му дојде, значи се 3-4 минимум секогаш. Ако се помалку од тоа што е дозволено се затвора групата и децата мора дома да седат бидејќи не смеат да работат така. Покрај занималната има и други простории, децата не седат во занимална, кај нас има и спрат занималната, позади има двор, има посебна соба за експерименти игри нели, сала како за спорт, два огромни двора. Децата се во занимална до доручекот и после 11:30 се собираат сите заедно за морген крајс. И во право е ако сеуште ти е ок до 15:00 да кажеш, ако не да го дадат местото на друго дете бидејќи листата на чекање е предолга. Значи се си е таман ама ти некако можеби од првата работа што те изнервирала си ги гледала и слушала сите понатака негативно настроено. Штом има 23 деца значи детето ти е над 3 години кога веќе самото може да се облекува, соблекува, само игра, само јаде, само оди во тоалет и не треба 5 вработени на 10 деца како кај малите до 3 години што е случај.
На другарка детето добило сипаници , се бевме на кафе заедно пред два дена . Да очекувам да фатиме и ние ? Да донесеме македонски сипаници накај Германија
Ако се вакцинирани најверојатно нема да фатите, зимото синко беше со внука 24/7 ден од како се исипа, кога се врати и другата се исипа синко ништо. Вакциниран е ама не верував дека нема да фати со оглед на тоа што цело време беа заедно.
Ако детето ти е вакцинирано со барем една доза, шансите за зараза се многу мали, а со две дози, речиси никакви. Дури и да дојде до инфекција, кај вакцинирани, обично е во многу лесна форма. Имав ист случај со син ми (тогаш една доза) и не ги закачи. Ако сепак развие симптоми, кажи им на Германците дека се традиционални македонски сипаници. Органски, без ГМО. *** Него дечки, комплетно сум потресена. Детето на моја пријателка, по угриз на крлеж од пред месец дена, заврши на клиника со фасцијална парализа. Потврдена лајмска болест (борелиоза). Стварно се надевам дека ќе биде во ред. Јас моиве панично ги прскам со спреј (иако ниту еден производител не гарантира целосна заштита). И вакцинирани се од FSME (вирусен енцефалитис), што е супер. Али не покрива лајмска болест. Мислам дека не ни има вакцина за лајмска, бактериска инфекција е ова. Имаше некоја вакцина тест во Америка, ама немам скоро читано. Баш си најдов сега работа. Иначе, ќе продолжам да шетам со пинцета. Барем додека не смисли некој апликација за локација на крлежи во реално време. Лол.
Ненормално . Втор ден без таблета за болка . Ама не слушам сега, се осеќа притисок во ушите. Се напнав и исчистив и торти, мезиња милион се спремаа и цел ден гости чекав, роденден на малата да и испочитувам, оти три месеци надзат секој ден хбдеј то ју пее. Она пресреќна, ја што ќе се разведев синоќа тоа друг муабет. И на крај до 2ноќеска балони лепев. Важно ко стана од сабајле, прво нешто шо кажа, лелле мама балони направила . А и треба да ми дојде. Ти како си? Малата како е? @Lianna Anna оти те читав и кај вакцината, мислам дека доволно имаш инвестирано време да проучиш. Ќе сакаш ли те молам да ми кажеш, дали твоите деци ги вакцинира со мен Б? МенЦ е задолжителна и примена. Сега јас на два пати скептично одбив за Б, ама некна пак ми спомна матичен. Он сака дури заедно сега со ммр 2 да ја вакцинра. Мене некако страв ми е вака. Ако мора веќе Б, барем една по една. После секоја вакцина и излегуваат егземи оти е со атопична кожа.. Ако ме разбра, данке . Честито ќука и само убавини!
@Biljarkata, Преврска ти е уствари контрола. Ќе ти го извадат завојот за да ја прегледаат раната да видат до каде е заздравувањето, па може и да ти извадат и конци и гипс одма. И на крај ќе ти стават нов завој , попознато како преврска.
Па инаку нема шанси да видат како е раната ако не ме одгипсираат, а рекоа ќе сум била гипсирана 3 недели. А контрола за 3 дена. И ништо не ми е јасно. Другарице без другови, ќе да имаме проблем со џензи. Се почесто за доктори се деца од 13ипол години шо ги викам (реално 26-28 нека се) ама абер од однос со пациент немаат. Имав еден матичен што дури 30 години можда ги имаше, ми траеше 3 години, гледам си заминал од клиниката. Смачено ми е веќе, клиника ли е, пицерија ли е, стално да мењаат кадар. Уствари у пицеријата постојан е персоналот, што лупетам. И поише сенс за човечки однос имаат од ова докториве. Ај утре да видам, шо доктор ќе ми се падне овојпат. Арни сме иначе, малата брзо помина овојпат, јас го ебав палецот на рака @јolene . За вакцини, со оглед на имунолошкиот статус на детето, јас би една по една. Нив им е полесно наеднаш да боцнат, ама на организмот не му е. И најдобро земи носи на море, да пркне малку, па боцкај. И среќен роденден, ако забораив, ако не нека е и два пати
Не се вакцинирани. Не беше во календар за стандардна имунизација и никогаш не ми беше препорачана од педијатар. Надвор од календар, ми беше препорачана исклучиво ФСМЕ. Е сега, препораките се менуваат нели, следствено нови истражувања, па од СТИКО ја препорачуваат по многу, веројатно затоа и педијатарот ти ја препорачал. Можеби веќе е и ставена во календар за редовна имунизација, немам инфо. Али ако не е во календар, нема потреба да ја ставаш, освен ако е детето во ризична група (за што проценува доктор) или си во ризична средина. Иначе, на мислење сум дека се што е во календар, е неопходно. Често е пракса и апсолутно е можно да се комбинира со други препорачани стандардни вакцини. Али јас би направила пауза од околу 4 недели за полесно следење реакции и подобар имунолошки одговор. Сакам да кажам, ако одлучиш да вакцинираш, дај ги со размак од 4 недели. Прво МРП. Егземата не е контраиндикација за вакцинирање и да не те плаши. Педијатарот сигурно ја знае ситуацијата и претпоставувам дека ќе добиеш насоки за менаџирање со симптомите.
Во календар е веќе. И пред да ја стават во календар за редовна имунизација нам ни ја препорачаа дека во Германија почеста е инфекцијата со менингокок Б отколку со менингокок ц. Сега се препорачува заедно со шестовалентната вакцина и со таа за пневмпкоки затоа што исти реакции давала температура и болка на местото каде што е боцната. Ова за бебиња. За сите се препорачува од СТИКО сега да се стави. Над 5 години сам си ја купуваш и бараш од здравствената каса да ти ги рефундира парите.
Уште ова ве молам да ми кажете. Носите деци во градинка после вакцина? На пример еве ммр, кај мојата после првата доза даде реакција, очекувано нели после 10 ден. Сега ако ја вакцинирам понеделник, дали во вторникот да и дадам пола доза ибу и да ја однесам во градинка? Ибу ради болка евентуално. До сега не ми кренала тем од вакцина. Инаку барав барав и не најдов дали е задолжителна. Стои само препорака и дека касата ги превзема трошоците. Мислам за кракнекасето е плихтлеистунг, ако ме разбравте, ама не дека е во календар . Јас веќе на СТИКО ништо не им верувам, од корона наваму, добив чуство дека се се врти околу профит. Ова од некој кој предходно се крстеше во науката. Друга тема пак забегав. Не дека не било од секогаш така. Било. Ама...
Да сум на твое место не би ја носела, имунитет зафатен со градење антитела на вакцина, одма ќе фати нешто. Би ја носела на море. Знам, отеков со тоа, ама најискрен совет специјално за тебе и за неа. Отеков и од тетанус вакцината. Превентивно, нели, овде на 10 години ревакцинираат. Јас не се ревакцинирам, оти вакцините од сфрј ни беа за цел живот (имав антитела пред 5-6 години, кога напнуваа за ревакцина) ама ете. Сакав уствари да прашам, што е нормален оток и кога да пишам тестамент ако треба
Билко не дека ја толку многу трчам и ми се сака да вакцинира во моменотов, цел месец дома беше. Полудевме и двете. Она наполни две, до две години и 1 месец смее да оди, после тоа ако нема втора ммр не смее во градинка, без амин од доктор. А доктор нема да даде амин. Он и некна се стремеа да вакцинираат, па ја виде со зелните од нос, му се искашла, па ај да позаздрави. Јас би сакала уште утре на море, ама не е така едноставно. СИте тројца мораме да одиме, штом и он се согласи некна, а не е никој пат за плажирање, се видело до кај сме. Е сега има рокови, датуми, крипе цу, јас сум со некои обврски. Најрано можеме за еден месец, а и тоа треба да се седне и да се види. Кога, кога јас еве прв пат после 3 недели седнувам, да направам ту ду и малку во тишина да се свестам. Ушите уште ми зујат, не слушам, само малку малку подобро е од минатана недела. Оток има кога има воспаление. Нормално може е после два дена. Кркаше ли конци? И оти цела рака ти е зацеменитирана? Чекам од тебе после да кажеш како си поминала на преврска. Денес ќе одиш нели? Главата не знам кај ми е, мисам скроз сум побркана. Има еден оглас, за мене, по струка, сега седам и се мислам дали да шминкам цв и да праќам. И тоа.
Праќај. Сум ги носела по вакцина ММР одма во градинка оти сум немала избор.Ама знам дека после вакцината болести маки еден куп. Помина.Ама ако сум имала избор може не би ги носела ама не знанам колку време. Најавуваат опасно невреме кај нас во 14ч врати и прозорци да сме затвореле.
Зацементирана е од горна страна, за да не мрда палецот, инаку конци на две нивоа не го запираа крварењето, малку сум се сецнала подлабоко. Ќе видиме преврска утре. Плажирање ние бркаме-влегуваме во вода. Лежалки, што е тоа и кому е потребно побогу. Се плеснуваме еднаш околу 10, 11 ако стигнеме, ако не после 3 и пол до 7 и пол попладне. Ама доволно е и само воздухот преку ден што го дише и морската вода у нос со саати попладне. Пуштај сиви