Јас не ставам ништо надвор од календарот за вакцинирање. И јас мислам дека напињаат за профит. Можело да фати болести,па секако ништо не ми е 100% заштита. Некои работи стварно мора да се стават,не сум против вакцинирање да се разбереме. ММР ја ставив покасно оти ми беше страв,детето исто беше почесто болно,оти со 1 година на градинка почна. @Biljarkata со лесно и побрзо да ти минува Маж исто пред некоја година мораа да го ревакцинираат со тетанус и викаше на крај ширното помалку болело од местото на вакцината.Цела рака му се здрви. Мене ми се спие ненормално,заради времето сум цело време вез енергија. Викендот златно жешко беше и да излезеш и да рашеташ.Сега цела недела само дожд. Викам што среќа прва година нема да одам на одмор и времето како што почнало ни на базент нема да може да се отиде. Како што сум изнервирана му реков на маж да земе за догодина за летниот распуст 4 недели и да истераме Македонија и одмор 2 за Грција во едно и таман ќе ми треба помош со бебе.И во втората година исто за распустот уште 4 недели. За чудо не кажа не,не се многу бунеше,изгледа и на него му се шета И јас стоам на тоа дека морскиот воздух е непроценливо добар за здравјето.Не мора да се бањаш ако не си по пливањето. Заради тоа и ми е ептен криво што ќе останеме оваа година дома. Друго а се уклучам на интернет само ми се јавуваат некои видеа, деме како ти се кнап пари направи штоер ерклерунг. Почна да ме нервираат и ги блокирам,а сепак ми се јавуваат. Небива кој знае какво долгорочно решение нудат.Добро е да се пополни некоја дупка.
@fairy88 по ново е Мен Б во календарот за вакцинација во редовни вакцини. Пред тоа беше само препорака. На rki.de може да се симне календарот. Тетанус е многу важна вакцина. Не само што може да се умре туку и ужасна е смртта. Малку болка во раката не е ништо страшно. Него кога сме кај темата вакцини што мислите за ХПВ вакцината. Мене комшика ме праша ама јас немам конкретно мислење за таа вакцина. Би ги вакцинирале ли вашите деца ? Ако одговорот е не ќе ве молам и за мало образложение зошто.
Нашиот педијатар ми сугерираше да ја примат децава Хпв. Уште не сме размислиле. И машкото и женското требало да ја примат . Ќе ја мислам понатаму
Јас во петок ќе го носам помалиот син на лекар. Треба да му го извадат крлежот. Конечно најдовме добар педијатар. Малку е далеку, ама се исплати одењето. Ми препиша лепенки. Една лепенка да му ставам пред одење. Читав дека таа лепенка го здрвува местото. Ми даде и маст за да го мачкам. Следен чекор ќе биде вакцинирање. До пред пола саат врнеше. Сега сонце има Јас со синусите имам мака
Точно тетанус е многу важна поготово за деца кои постојано се повредуваат. Јас здравје не би ставила на второто дете Менингококен Б,не ставав ни за првот, исто и ХПВ. Сега ја погледнав листата на вакцинација,само додаваат нови вакцини. Сега и инфлуенца додале. Како што кажа некој погоре и во корона времето тие што одбиваа вакцина беа како црни овци,после излезе дека вакцините оставале долгорочни последици. Јас се еднаш вакцинирав за време на короната.После прележав и на крај помина пандемијата.А, бев секојдневно во контакт со пациенти. За мене се важни 6 валентната(сега гледам нешто 7 валентна ја направил) и ММР. Друго ништо нема да вакцинирам. На пример,јас не се вакцинирам од грип,од крлежи и не сум исто ХПВ вакцинирана. Ама секој нека си прави како сака и милува.
Јас за едно влакно во на ќерка ми ногата, им отидов без термин истиот ден и одма и го извадија на лице место, а не па за крлеж
Во Македонија нема крлежи толку често , овде комарци не прават лом. Синко е цел изеден , вчера може и оса го касна . Ама не беше страшно . На матичен сум била и без термин ако е нешто страшно. Синко кога му се воспали прстот не примија одма. Цел тим се насобра, од сестри , доктор
Прочитај го официјалниот памфлет од Гардасил или што и да се вакцинира, па процени. Јас на педијатар прочитав- не штити од сите хпв типови, и не сите канцери се предизвикани од хпв. За тетанус-кажав дека имав антитела после 25 години од последната вакцина во мк. Таму не постои/или не постоеше ревакцина на 10години. Појма немам што вакцини давале на времето, ама и тоа треба да се има предвид.
Од кога почнавте со децата да учите пишување на бројки и букви? Се изненадив денес кога го оставив детево во градинка и кога видов како воспитувачката вежба пишување на бројки и букви со 4 годишно девојче, значи колку моево, а јас мислев уште се мали. Е сега, во ситуацијава знам дека мајката форсира, бидејќи ја знам лично, ама се замислив дали треба да се почне нешто да се учи на таа возраст. Моево знае да брои до 100 и на мк и на гер, азбуката ја знае како песничка, знае да си го спелува неговото име, мама, тато, препознава голем дел од буквите и нешто ситно како 2+2 и 2+3 и слично знае да пресмета, односно да си изброи на рачињата и да каже колку е. Пишувам тука, а не во темата за деца од 3-5 год, затоа што знам дека образовниот систем е доста поразличен од Мк и дека претпочитаат кога ќе се почне во школо, да имаат децата основно познавање и тоа е океј, ама јас мислев некаде од 5 год се почнува со тоа и плус имаат Vorschuljahr, на која што всушност таа и е намената, да ги спреми за во школо. И денес скроз се замислив од тоа што го видов, дали јас сум скроз лабава и дали треба да почнеме со детево да учиме пишување Како правевте вие со поголеми деца?
na toa testiranjeto treba da prepoznava brojki do 10 i da broi , a ne da gi pisuva.Sopstvenoto ime da go pisuva, a ne drugite bukvi od azbukata.Kaj nas vo gradinka nisto ne ucat i treba samo osnovni raboti da znaat formi, boi, da opise slika, da kaze zborovi, da sece so nozici i toa e toa.
Морген @Marge јас ич не вежбав. Оставив да си биде дете. На 5 години имаше Vorschule во градинката 3 пати неделно и тоа беше. На разговорот за тоа дали се спремни за 1 одд. тука им даваат сликовница и ги прашуваат што се случува да им раскажат, да видат колку им е добар германскиот. Друго не знам што ги прашуваат оти сами одат децата со учителката. Препорачуваат исто да не се вежба многу со детето да не му биде досадно во школото aма име да си пишува, до 10 бројки да знае мислам нема штета. @Biljarkata секако дека ми е прочитано тоа. Ама од најчестите 7 типа штити што предизвикуваат рак и од 2 типа што предизвикуваат Genitalwarzen. Јас кога студирав мислам почна вакцинацијата во Мк и знам беа малку скептични гинеколозите. Е сега на причината зошто беа скептични не се сеќавам дали оти нова или нешто друго беше.
Ќе почнам да бројам саати до одење дома . Ме фаќа криза за заминување Уште две ноќи и заминуваме. На прашање дали ме влече нешто назад, дали ќе ми фали Македонија? Дефинитивно не. Ајде уште две топли денови , да ги поминам без анксиозност, да можам залче во уста да ставам ... И да дојдам дома
@SanelaS @Katie90 фала ви многу девојки, значи таман правам и јас За се што знае моево, сам си има покажано интерес и јас никако не сакам да го форсирам уште сега, на мислење сум дека кога ќе почнат обврските и школото, нема враќање назад на безгрижни игри и детство, па да си искористи максимум што може безгрижно да си игра. Секако нема да им избега на обврските, кога ќе почне школо. После 5тата год, со оглед како би се развивала таа год во градинка, можеби би посветиле малку внимание на букви, еве што викате макар името да знае да си го напише. Ама ете, се замислив денес кога видов, а пак ќе кажам, знам дека мајкава форсира девојчето да скокне Vorschuljahr и да почне со 5 и нешто год во школо, ми има сама кажано, па најверојатно затоа се должи тоа денес со воспитувачката, ама сепак ме замисли дали јас се трудам доволно…
Една медаља за мајката што се труди детето да и го примат со 5 години во школо Исто голем аплауз за учителките ко педагози што ја поддржуваат во таа цел. Аман сите деца , капацитети , што од најмала возраст се трудат да бидат најдобри во се. Моево трето дете е 4 ипол години , па не ми паднало уште на памет да го седам и да го учам да собира , одзема.. Оваа година не е предшкосло дете , па нема ни потреба да се замарам и јас самата со тоа . Може поголемите деца да го поднаучат нешто , таман се на добра возраст да помагаат барем во нешто дома.
Јас почнав кога малата направи 5, така и ме советуваа во градинка. Уште не ги знае сите и често и се мешаат но колку можам се трудам, купив слагалици и лавиринти подобро да совлада.. мислам пред 5 дека е рано, секако ќе ги научат порано или покасно.
Мислам дека сепак зависи до детето.Ако детето има интерес да научи нешто,зошто да не му покажеш и да го поттикнуваш. Кај мене синко немаше никаква желба да седне и да учи и не сум покажувала. Дури заради тоа што си играше само,се мислев дали е доволно зрел за прво оделение. Ако ми кажеа да остане уште една година предучилиште мислам ќе го оставев. На пример,сестра ми тргна прво оделение во Македонија пред 30 и кусур години со научена азбука и сакаше и знаеше да чита. Интелегенција немаше кој знае колку голема(во смисла и требаше повеќе време и не копчаше од прва да научи нешто,ама беше упорна),само многу сакаше да се конкурира со мене.Мајка ми ќе седнеше да ми покажува на мене како на првооделенец и таа ќе се нацрташе до масата и она да пишува и учи.И нормално ќе добиваше само пофалби не само од дома,туку од цела фамилија и цело време ја викаа ќе биде докторка оти многу учи и заврши медицински факултет.Тоа и ја буташе да седе и учи.И ќе се затвореше со саати во некоја соба да чита,сама си правеше притисок дека мора да е најдобра.Тоа ти се вика кога без некој голем талент,со голема упорност постигнеш нешто.Како викаат талентот е 20 %, другото е вежбање. Слична ситуација гледам кај една германка со која си живеам.Она е учителка германски на школото на синко. Има три деца.Големото син и учеше дека мораше,средната девојка уште пред да тргне во школо научи да чита и пишува-самата вика сака да се конкурира со брат и(свесна е за тоа и вика они двајцата имаат хаслиебе).Ми вика цело време бара да и покажам.И баш кога нашите беа првооделенци,таа можеше со градинка комплексни гермаски зборови да прочита,дека некогаш одеше на синко на ноќевање и утре дента на целодневна кај нив и покрај игра секогаш учеа по 20-30 мин нешто.Самата внимаваше на тоа за нејзините деца, не дека сум и кажувала да учи со детето.Едниставно и она и маж и се доста образовани(со мастери) и внимава на просекот на децата. И викале девојчето да скокне година,одби дека не сакала да и прави притисок. Не дека нема и родители кои форсираат детето да учи и биде понапредно и да се "истакне" од масата. На мене како родител ми е битно училиштето,само знам дека во денешно многу други фактори влиаат за успех.На пример креативноста и храброста или ако имаш богати родители. Порано било тоа ако многу учиш ќе успееш.Сега со многу учење можеш да бидеш одлично платен работник(зборам и за инжинери, докрори,адвокати и други високо образовани личности),не викам дека и тоа не е успех.Ама и со пониско школо можеш повеќе да постигнеш многу повеќе.
Ich bin ein dicker Tanzbär und komme aus dem Wald . Кај сте бе цури, сите по одмори заминавте ве нема ништо да кажете. Јас, јас ќе сум од тие мајките за медал изгледа, пошто детево цилиндер, конус, трапез го учам. Не за друго оти мене ми е досадно низ дома. Едно време бореше до 20, па до 29 на германски. Ќе стигнеше до 30 и наместо тоа велеше цен унд цванцих. Од досада, да. Сега пошто не сме броеле одамна заборавила. Сакав да речам. Дете. Деца се и секое различно си е. Што го интересира ќе совлада за два три месеци, напинање нема потреба. Е сега ако дете само изрази желба, слободно. Дете се однесе во понеделник на градинка, денес мрсоли течат..ама тие се од сабота или недела фатени. Не се ни потресува веќе. Јас слушам подобро отколку минатата недела, па има шанса до другата скроз да ми се врати слухот. Се осеќам како супер херој, за една недела колку нешта завршив, дури не ми се верува. Ми се чини дека свекрвите пред 10 недели си отидоа. Е до толку во полн здив откако заминаа. Уште не пратив цв за позицијата, ама важно спремив и документите и се распрашав дали е слободно се уште. Рекоа слободно било, може и ќе пратам утре. Сакав сега, ама зел лап топ да си скрола малку, грев ми е да го прекинам, ај нека пичила малку. Па ја ќе станам утре во 5, со свежа глава ќе праќам. Сега секако веќе ми се спие. Може и на одмор ќе се оди. Е сега уште што не сме букирале и не знаеме каде, е слатка мака. Рече ќе частел, да не се замарам..ко да не бива јас ќе платам. Со мојте смешни приходи шо ни за сметки не се доволно. Ама доволно да порачам сто пакети облека, еве стојат во ходник, ме мрзи да пробам. Денес ќеќе и роденден правеше во градинка. Од сите понудени опции за поклон, си зела лопатка. 10 ги имаме дома. Детево син на мајка. Сите девојчиња си бираат нешто накит, моево машкудана. Нека е жива и здрава . Имавме и елтернгешпрех т.е ентвиклунгсгешпрех денес. Абе се потапшавме со воспитувачката двете по рамо. Она на мене колку добра мама сум, јас на неа колку добра воспитувачка е. Важно мафините лом се сторија, се излеле дечките. Без шеќер нормално. И се врати дома од градинка, и ко виде уште два на маса, одма се пракира на столчето и ги слапа. Предходно ја молев, не сакаше. Абе градинка бе, од рај излезена. Се таму е слатко, се што се види таму е убаво, дома анархија. Интересно и е да ме гледа изнервирана и само глупости прави. Тоа вчера ме пукна. Ама денес пошто и ја така зен, не и успеа. А тамам реков месецов пмс немав, од ко добив на најјако ме удри. Друго шо да кажам? Кај сте вие ? @Marge не се секирај, детето ти разбира и прави и повеќе отколку просек. Плус не заборавајте дека растеме билингвални деца. Тоа е и повеќе од доволно само по себе.