Никогаш не зборувајте за други деца, други мајки, други родители, други луѓе… Кога малава беше мала, се дружевме со една мајка имаше машко дете и не го пушташе буквално ништо да прави во шпилплац. Јас малава буквално на се ја пуштав да испроба и секако дека од секаде може да падне, да се удри и се ама буквално на се и викав оди, а другава мајка го караше неговото не смееше на ништо освен да оди нели ама дури и на песок му викаше да не трча и детето беше чудно како лабаво во телово. И сега малиов, не дека не го пуштам, ама ниту еднаш не се потрудив да му речам оди ваму оди таму и да го држам да го охрабрам. Некако пискаше од се, ни на нишалка не сакаше да седне и не се ни потрудив. И сега одам на разговор во градинка вчера, добро е што не се расплакав. За малава секогаш беше се добро, ама сега за малиов, мирното дете, не е добро. Дури и ерготерапија ми предложија. Секако нема ни да се јавам на тоа бидејќи знам кај грешам ама до вчера не бев свесна! Па добро е што ги има овие разговори во градинка и на педијатар, колку и да боли вистината треба на време да се освести и работи на случајот. И така од денес, количката ја сменивме со тротинет, утре точак ќе го научам, денес буквално на се во шпилплав го учев и буквално пискаше ама се потрудив доволно и на крај викаше ајде пак и на крај сам. И одма бев свесна дека во мене е грешката. Некако несвесно премногу го чував ова дете. Мирен си е и не се ни потрудив. Значи ич да не се нервираше ако имате немирно дете. Абе нека паѓа, нека крши низ дома, нека се лути, се што нас како мајка потешко ни паѓа. Наместо еден ден, број еден! Си се гушкам самата себеси. У термин на педијатар е 5ти август па да видиме што ќе кажат. Па после за забите се нервирам. Доаѓа забар еднаш годишно во градинка и школо и кај малиов пак беше се ок ама тоа од што мијат заби во градинка ама од јануари е до 14:00 и не мијат тие заби и така беше и кај малава и јас не се потрудив доволно и до 6 години не и беа сите заби ок. Сега од 8 пак се трудам за новите заби ама тие две години од тироидната и без железо бев полумртва. И тогаш си викам треба може таткото малку повеќе да се потруди. Или пак сепак јас колку и да не можам. Едит: се нервирам за нешто што сеуште не се случило и не ни мора да се случи. Забите се моментално топ, скроз здрави. Ајде да прекинам пред да заплачам во шпилплац сме во ниедно време дека сме заспале прееска тројцата на времево неколку саати сме спиеле. Цел - втора половина од 2025та да го учам малиов “немирно” дете да биде. Сега веќе и трето да имам здравје сакам немирно да е.
@gjoker4e трето викаш ? Размисли си добро Ова вика мајка на трето . Ние се вративме дома . Станавме во 2 30 сабајле . Како кафе да пијам со мајка . Последно на тераса , на ладно..ама ни сабајле немаше воздух . Нема време да олади во Скопје верувајте. Во 4 сабајле мислам дека бевме први на шалтер на аеродромот. Оставивме куферите , се испративме. Водите ни ги земаа..иако не отворени . Ко за инает . Да купам на два метра вода по 120 денари една . Да ги потрошам денарите што останаа Не изнервираа уште сабајле нашиве сограѓани. Едно место за седење , друга за багажот . Не се нормални. Во автобус исто ставила до нејзе торба а нема каде да се стои од гужва . Се буткаат да се качат први, се буткаат да се симнат први. И на крај пак да чекаат да им дојде куферот . Одморот помина во ред , одмор за деца , за мене замор . Времето сауна . Надвор се живее после 20 часот . Сите игралишта полни со деца до 23 часот . Другачие се функционира таму . Моево најмало дете , си сака мир, да си одмори... Некоја роднина ќе се најави касно па ајде да не кршам ред , ќе се симнеме и ќе се покајам одма. Дете веќе ко споулавено , трча по темници , незнае што да направи . Ќе го качам дома , одма заспива . Значи не му прија касното. Само што слетав , одма пораки од работа. Кога можеш да работиш ? Јас нема да можам цел месец да се приберам со умот ... Ама реков од наредна недела. Мм ги умрел сите собни цвеќиња, машината за кафе стоела , фатила мувла. Ја средив пред кафе да пијам . На тераса оставена кутија празна за цигари , не ја ни приметил . Надвор цвеќињата се исушиле . Едно гостинско вц го средил , поплочил, со санитарија и се ново , другите две до сега ги чистев . Што арно беше кај мајка ,60 квадрати станче. За пола саат светеше се . Дома 200 квадрати неможам крај да најдам . Утре термин имам за шишање , ми здиве косата од топлото . Дневниците од детството ги најдов , ги прибрав во ташна , и на пат накај дома срам ме изеде . Еден дечко од детството е веќе 11 години починат. Свеќа му палев на гробишта ... На комшика млада и бев на помен . И така тоа е животот..
Поздрав друштво. Ве читам одвреме навреме, ама не стасувам да пишам. Тераме некако стандардно секојдневие и обврски, се навикнува и синко мој полека тука. Не е лесно и едноставно да преселиш дете скоро пред крај школска година и на 10г возраст. Ама го гледам дека му се допаѓа и сака тука и покрај тоа што е се ново за него. Не се предаваме. Предизвици доста како за нас така и за него. Има ли некој што поднесувал за Kindergeld во скоро време во Баерн? Ми стаса одговор со еден куп потточки кои уште документи се потребни, па ако има некој за мала консултација нека ми пише Лп. Благодарна ако се јави некој кандидат за помош. Частам кафе и сладолед.
Ние не сме поднесувале тука. Ама ко се селевме знам дека договор за работа, пријава од адреса, не знам што друго моравме да испратиме уште. Ако сакаш пиши ми, ќе видиме, ако знам ќе помогнам.
Da prasam pred raspust nosite li podaroci za vospitackite vo gradinka, gledam od nasata grupa nekoi denes nosea pa da ne iapadne samo jas ne nosam
Не. Можеби носат децата што почнуваат во школо од септември или деца што ќе продолжат во друга градинка.
Кај нас се собираа по 5 евра од семејство, се потпишавме сите на една честитка и се спремија симболични поклончиња за секоја од воспитувачките, мислам нешто бонбоњера дека имаше и некој ситен гутшајн за купување цвеќиња.
Кај нас има елтернкафе во понеделник, сигурно и за тоа е. Да збереме некое евро за чоколатце. Еве сега стигна и мејлот со инфо. Ние се успавме со малата од сабајле, и не е во градинка. Добро на два ума бев секако оти секрет од нос, ама ко што ја гледам се нафрла од шо и да касне, на заби ќе да е. Маж ми најшол од сабајле хотел во бибионе, вечер може и ќе букираме. Ја чекам ќеќе да се облече за да одиме надвор, ама абер нема. Е немам ни ја. Вчера ми рече воспитувачка дека она се сама таму си прави. Како не знам. Дома е ај мами. Епа мами мами, извини девојче си веќе . Имам време ќе те почекам. Има сонце кај вас или слабо?
Здраво. Имам едно прашање. Во судот на мм му рекле дека прво се става апостил на мк документи па после преведувачот да го преведи и апостилот. Е сега ние имавме преведени, а апостил му удрија на преведените документи оа нахнадно ќе се преведува и апостилот. Дали би имале проблем?
Ја идам да кажам само дека испратив документи конечно. Колку се радувам само да знаете. Не дека толку многу ми е битно дали ќе ме викнат сега или не. Работа како работа, ако не овде негде ќе се најде. Битно ми е оти почнав, ги средив документите за јас да сум задоволна како изгледаат и да не се чет џпт изглед, Јеј! Сега ми останува само да листам и да праќам, се негде ќе им се засвиѓам може. Де мината недела, де во понеделник, де во втроник, де вчера, де сабајле, арно и сега ги испратив. Се осеќам како грутка од мене да ми спласна. Сега ручек нема, ама јбг, ако ме примаат ќе частам, ако не он ќе части. КФЦ со точак ми е на 5 мин . Не сум била до сега, ама како возиме натака гледам и плејланд имаат, сега нека стане и мама ќе части помфрит. Или сепак мусака на брзина ќе направам, тоа поверојано ми стои. Ајде викенд почнува
Малава е на роденден сабота и недела и во недела треба да однесам две торти за да продаваат од градинка. Претходната недела не ми кажа дека е на роденден, заборавила, па три подарија треба да купам за женски 9 години. Торта една ќе купам, една демек ќе правам ама како ме мрзи изгледа и двете ќе ги купам…
@јolene баш ми е мило што си аплицирала, секако и да не те викнат ќе излезе и друга прилика. И ние купивме карти за одмор уште смештај да резервираме, сопствена режија, но ќе одиме во септември. @gjoker4e ќерка ми сега за сега е бестрашна но јас и маж ми многу се трудиме. Еве јас сум плашливка но не сакам моето дете да биде, лани и полани немаше ден да не отидеме на игралиште на се ќе се качи. Ја водиме на базен , маж ми ја учи како да рипа во вода, тој сам ја носи. Јас ја учам да плива. И читам постојано книга, шетаме кога е добро времето и зборувам постојано, но не ја учам ете форми таа не знае, не и правам монтесори активности… Екрани не гледа. И да многу ми е напорно посебно кога не е во градинка, а повеќе не е. Муабетот ми е дека и двајцата родители треба да уложуваат време. Неможеш ти се сама се да ги научиш. многу ме нервира ќерка ми, во градинка се сама прави, им помагала и на малите деца да се облечат, а дома не сака. Ја остваме со маж ми да се помачи…
Фанке а да извадите уште едни документи со апостил? Па после кај истиот преведувач дајте, и само да прештрака таму уште еднаш. Кој те знае на каков ќе налеташ и тука ги има секакви. И леви и десни. И одмор се букира, леле не ми се верува дури. Уште не слушам ко што треба, а како минува денот се понапорно станува. Не ме боли, ама ме нервира веќе. Аман. Кај нас цела недеа дожд и 18 сепени. Уште ни сандалите, ни влечки не извадив од подрум. Сега веќе нема ни потреба. А подрум леле како плаче за средување. СО месеци стојат тие регалите, нема кој да ги монтира, да разредам кутиите. Таму не можеш веќе ни да влезеш.