Моето дете е дете што надвор, а и внатре не смеш да го оставиш ни 3 секунди без да направи пакост. Денес на пр додека со маж ми две голтки кафе разменивме, дофати чаша, падна на плочки со неа и се расече по цела рака. Краишта ко видовме се стаписавме и двајцата. Среќа мал ѓавол, измивме малите стакленца, не се длабоки, се засири крвта добро и сега има 3 фластери на прстите. Мое дете не знае да оди, она трча. Истрчува на улица, не слуша команди уште. Мала е. Вакво дете не оставам на никој обврска да чува. Се клетери и кај може и кај не може. Во градинка е друго, таму има ред. Само еднаш ми оставија дете поголемо со неа да чувам дома, беше ко да немам ни едно. Големото девојче го играше моето, не ме ни побараа. Јадење а за мое, а за тоа исто ми е. На било која друга активност со уште едно со мене не доаѓа во обзир. Други на шпилплац не сакам да пазам, се правам не ги гледам. Некогаш ќе се размени збор два со друга мајка, ама секоја нејзиното да си го пази. Имаше случка еднаш. Падна ли едно, почна да плаче. Јас со моето играв и не изреагирав. Мајката дојде усвиена цела, како сум можела да не се свртам. И реков ете можам. Ако се свртев по твоето, може моето да падне. Кај беше ти? На трач со другарка на 100 метра од детето. Ни те знам ни, ни те познавам. Да имаше крв, или скршено ќе викнев брза. Вака што оти ќе отидев? И така. Да средам кујна, маци кашла, мрсоли. Не бе детево нема вирус што не го фати. Па едно значи во дуќан да размине, ќе фати. Цел месец дома и пак не го дочував. У ПМ.
Еднаш ни се случи во игротека, девојче да дојде, да си седне на маса и да почне да јаде од пицата што беше за нашево нарачана. Дете како дете, нема да му забранам, таман работа, ама родител никаде ни на повидок. И така си си враќаше девојчево три пати и си ја мавна пола пица, другата маж ја фрли, дека му било шубе друг дека ја чепкал. Нашава шпагета, фала Богу и на воздух живее Гутен Таг и кај нас веќе цела недела врнежливо, како што гледам и нареднава вака ќе биде Никогаш не ми сметал дождот и тмурното време, напротив, ми годи климава тука ептен, ама неделава само еднаш успеав да шетнам низ мојата омилена шума и ми фали. Почнува нервоза да ме фаќа дека и наредна недела нема да можам да шетам Дете затнато скроз во четвртокот, си остана на продолжен викенд и одмор дома, од понеделник секако е пишан на одмор, а маж од понаредна недела. Значи јас и дете цела недела сами дома + врнежливо надвор = гуд лак ту ме Уште вчера се изјасни дека е лут и не знае зошто е лут, најверојатно дека му е досадно по дома Класичен одмор нема да имаме, не можам со маж да излезам на крај, ама ќе се шета тие две недели дефинитивно. Така пред да се роди детево со маж бевме на таков “одмор” низ Германија и супер си поминавме. Имам наредна недела време да испланирам каде да се оди Јас од сабајле со болки во грло, ама сега сум мислам подобро. Ќе видиме утре, иако ова ми е сигурно 5то или 6то разболување оваа бременост Утрово бев последен ден на миниџоб, ми напишале и ми оставиле колешките преубаво писмо како за последен ден и ептен ме разнежни Придружено со цртеж, што маж ми не можеше да го дешифрира Подобро да си ќутам, да не кажувам какви зелени излупа За ова за децава што спомна Џокерче, искрено отсекогаш сум мислела дека вторите ги оставаме сами да растат, полабави сме и не работиме толку со нив. И тоа си има нормално предности и недостатоци. А и карактерот секогаш игра улога, нормално. Првово мое е ѕверче, темпераментен и активен од раѓање. Јас секогаш викам дека си родив одма дете, немав бебе фаза со него. Ама не е бесен, напротив, многу е послушен, ама има црвчиња во газенцето Голем удел во развој на грубата моторика кај него, одигра маж ми. Јас сум поплашлива и како што кажа Џолин, како дете многу работи не ме научиле и не ми покажале и бев решена дете да не е како мене, ама сепак маж тука ја одигра најголемата улога дефинитивно Јас уште се плашам да излеземе со точаци сами со детево Ќе видиме второто какво ќе се погоди Денес во план - шопинг Не знам што ми се уврте во глава, дека не сакам онлајн пазарење, туку сакам да се акам низ некој трговски, па да пробувам, па да си се подновам нешто. А најверојатно ќе се разочарам, ама ако, да ми помине меракот. Се мислам малово во кино да го носам, гледам штрумфови нешто на репертоар денес, не знам дали би му било интересно Да се одморам додека дојдат, отидоа до Кауфланд да земат Нескафиња за 5,55
Генерално мразам родители што не си ги пазат децата , што мува не ги лази . На игралиште другите деца не ме занимаат. Си ги гледам и пазам само моите . Поголемите не треба да го пазам ама малово обавезно морам да одам по него .. и одам и стојам кога се спушта по лизгалка , кога се лула и слично . Сега во Македонија бевме на гости кај вујна ми . Ги чува децата од синот, ги чува цел ден и кога снаата е дома. Децава најмали ни се на иста возраст. Со мал прст не мрдна , да види каде и е детето , цело време оставени доле , цела одговорност на нас оставена. И деца ко деца кога се повеќе збеснуваат, играат по бесно. И малку фалеше да се спакувам и да си заминам . Она по цел ден на работа , не ја интересира каде се , што прават , дали се добро, вујна ми им наоѓа крај по цел ден. Неодговорни.
Гутен Таг. Ви се восхитувам како гледате деца без дозволување на екрани. Си играат ли сами или мора цело време вие да сте до нив? Кажете ја тајната оти јас сакам ама не знам како да постигнам се. Чистење , перење, готвење и пеглање и претворање во дете и играње по цел ден ми изгледа невозможно. Дури и кога организирам плејдејт сакаат децата пак и мене да ме вклучат во игрите. Мој заклучок е дека и покрај сите играчки и занимливости не знаат денешните деца да се заиграат. Ние со помалку работи си игравме подолго, имавме некако побујна фантазија. Туѓи деца гледам само кога организирам плејдејт кај мене дома или кога сме на некое игралиште па играм малку фанген со нив. На Џокерче ке и кажам да не биде толку строга сама према себе. Правиш најдобро што можеш и умееш. Сами гледаме деца тука без помош од баби и дедовци немојте да го заборавите тоа. Не е страшно малку ерготерапија нема потреба да се катастрофизираат нештата.
Јас немам проблем да чувам друго дете, ама само дома. И ако родителите имаат обврски. Ама они да си уживаат, а јас да чувам дете, не. Надвор не ме интересираат други деца. Немам проблем детето да дојде со нас на базен, ама нема да биде моја одговорност. Проблемот е што мајка му и татко му сакаат да си шетаат. Е не може така. Вчера јас и децата се успавме. Станав во 7и30. Ги разбудив и за 2 минути излегоа. Им дадов пари да си купат нешто за јадење.
Јас ова никогаш не го разбрав и не можам да го разберам. Да оставиш дете на баба и дедо, нит рефлекси имаат нит енергија, а одговорност огромна. Јас како мајка сто пати се преиспитувам на кој начин да пристапам и постапам, нешто да ја научам. А како ги чуваат бабите, од нов се очекува и да ги нахранат и се. Поима немам. И од горе се се криви. Колку пати сум рекла, мене ми е полесно да отидам на работа да си изработам, хахах хи хи малку. Па да земам да си зачистам и средам, на раат а да има кој неа да ја гледа. И на крај само да ја успијам. Ама јок. И уствари ми се допаѓа овде што повеќето родители сами си ги гледаат децата, евентуално во стресни ситуации ако мора да пристапат бабите и дедовци и онака викендички, што исто е многу голема помош. @Katie90 не прашувај. Дома е како што е. Јас не сум на работа, она не си игра сама, никогаш не ми е се средено. Ама реков дека нема екрани активно до кај 2 ипол. Сега се пушта во ситуации повремено, ама тоа од пред макс 2 месеци. Кога се чисти нос, заби да се измијат, да се скрати шишки напред и сл. Некогаш кога мора да телефонирам на пр. Ама за чистење, миење средување не. Јас ставам она вади. И така. Сама се игра макс 5 мин. 10 ако и дадам книга нова. Јас на крај од денот не можам да зборам од премор. Се е активно. И кога одиме надвор, со воз, автобус исто најчесто стојам, она е во количка.. на игралиште играм, лулам, трчам. Ама знам дека е само фаза и ќе мине за некое време. Кога одам на коучинг и она е во градинка се осеќам ко да сум на одмор. Се препородувам. Време за мене нема. Некна еднаш маж пак се врати во 7пм и му реков дека размислувам да ја седнам пред екран на пола саат, оти не се издржува веќе. И затоа и сакам да почнам со работа активно, да поделиме денови кој кога мора да ја пази, па да види и он колку е интересно цел ден дома со дете. Иако он е прекрасен татко и готви, ја игра, ја чува, и мие заби, ја бања ама е многу помалку време дома со неа. Е затоа за викенд маста му ја вади. Со мене само за заспивање, па така тогаш кога не сме надвор, средувам низ дома. Дете не сакаше да спие. Т.е не можеше од шлајм и сега интересно ќе биде. Може со кола да излеземе да се повози, така гарант ќе задреме негде. Се се врти околу неа. Јас не паметам така околу мене да било. Тогаш децата како инвентар се сметаа додуша. Да го имаш требаше, па шо му даде бог. Додуша еве уште така се однесуваат некои.
Ме фаќаат будалите (можда ќе умирам брзо, па у бунило сум) и си мислам- како беше она правилото за не-еу граѓани? 3 месеци во период 6 месеци може да престојуваат во еу, или 3 месеци во цела година? Ги мислам моите, во зима заникаде ладно, во лето заникаде жешко. Ќе ве читам после- за деци не ми се чита сега. Да го запнам моето да лупи компири за да имаме ручек До сега ме дрндаше со глупости, ова сакала, она сакала Арна сум иначе
Нашиот менталитет е таков . Мајките мора да се вратат на работа , (знак под прашање е дали мораат ) туку зборам за моиве што ги гледав сега. Снаата се врати после првото на работа , после 9 месеци , целата обврска околу детето оставена на бабата. Од ранење , спиење и се околу . После и второ сакала , второ роди истата песна , само дупло повеќе обврски на бабата . Сега сакала трето Викам ќе треба да бара согласност од бабата за уште едно .. А не е некоја битна работа и плата , него она да излезе од дома , да не се замара . И тоа оставање по цел ден децава . И за спиење го научиле првото да спие со дедото . И работава имам деца зашто така треба . На лулашки гледав деца со стари изнемоштени баби и дедовци , грев да ти падне . Моето еднаш не го оставив на мајка ми , знаејќи какво е живо . Да и приредувам стресови . Ама за снаата до ден денес се чудам и немам најдено логично мислење , како и зашто има деца ... @Biljarkata мислам дека 90 дена можат да седат , после 6 месеци пауза и пак . Ова го знам зошто бабата на брат ми така доаѓа и седи
Три месеци во рок од 180 дена. После пауза три месеци и пак нови 90 дена. Да се внимава со деновите. Многу луѓе прават грешки.
Ме потсетивте, минатата недела имавме ситуација, во зграда се вселија под нас едни Германци, детево оди заедно со моето во градинка во иста група. И ајде, еден ден, од нигде никаде, ѕвони некој на врата, тоа они - дали сакало нашево да оди на Шпилплатц позади зграда. Океј, нема проблем, маж се симна одма со него и јас после 5 мин и бевме со него. На разделба, малово му вика на другарчето - Х, сакаш ли утре да дојдеш кај мене да ми ја видиш собата? И деца како деца 4 годишни, “се договорија”. Нареден ден - динг, донг на врата - мајката и таткото, го оставаат детето и викаат - еве го Х, ние мораме да одиме да пазариме Не дека ми смета, си играа мирно, ама онака шубе ме фати, а не знам и они како може така мирно да го остават детето, ниту не знаат, ниту не познаваат. Ни број ни оставија, ни ништо. Па и се измочка детево во гаќи и стварно не знаев што да направам, ги чекав родителите да дојдат да го земат Друга ситуација од завчера исто на шпилплатц позади зграда, има едни од другата зграда, Срби или Хрвати, немам поим. Детево околу 6 год, пуштено само да си игра, ама мајкава урла ли урла од тераса. Јоване, само ако доџем, ма где се пењеш тамо Јоване, еј, јел слушаш, немој да доџем… Пресмешно ми падна, искрено. Или дојди и седи до него или ако го пушташ сам веќе, имај доверба во него и остај го, а не вака од тераса Да прашам и јас нешто за престој. Ако бил некој во ЕУ, ама со документ за престој, работна виза, конкретно во Хрватска 3 месеци, дали после тоа може одма да влезе во Германија како турист? Претпоставувам дека тие денови со виза, немаат никакво влијание врз туристичкиот престој, ама не сум сигурна.
Не сакам луѓе кои немаат осет. Се јави син ми да дојде со другарче дома. Погодете кое другарче? Детето е секој втор ден кај нас. А ни мајка му, ни татко му не се јавиле ниту еднаш да дојде син ми кај нив. Сакаат да си одмараат дома. И сега се дома. Не сакам кога ме искористуваат. А за ова маж ми е виновен. Децата одат и на фудбал. Еден период јас го носев син ми и останував да го гледам. Детево идеше понекогаш со татко му, понекогаш со мајка му. Погодете што? Ми вика татко му Ќе седиш овде? Сакам да си одам. И мајката еднаш ми го рече истото. Јас останав, ама го гледав само моето дете. После некое време го оставав син ми и си одев. Веќе 3 месеци оди сам. Не знам како може да не се замараат со децата. Детето го пуштаат надвор или кај син ми, а девојчињата шетаат надвор. А овие двајца сакаат да си свиркаат Надвор почна да врне. И да грми. А јас треба да чистам и да пазарувам
Ја чисто сумњам дека има некој кој повеќе се замара со децата од нас Ќе почнам и јас ко @gjoker4e да барам само да работам , само од дома да се мавнам
Малово треба на работа да го земам Неколку дена пред да почне неговата градинка да работи .И големата да го чува . Среќа пак имам да можам да го земам , да не останувам дома , да незнам што со него ... Тоа е кога се нема никој да припомогне . Ај животе .. за некој мајка , за некој маќеа
Jas neznam kako da se ponasam koga maliot dva pati vo godinata ke go ostavam na dever mi , tie se najpogodeni i so denovi moze da bidat sami. Jas od tolku nenaviknena sto pati zvonam da prasam kako se i sto pravat. Jas iskreno i samo vo deverot sum 100 posto sigurna da go ostavam maliot. Inaku za drugari cuvam na nwkoj saat kaj nas, ama ne sakam da nosam i razvozuvam so kola nekako imam nekoja fobija koga treba da vozam drugo dete. Na igraliste postojano mi e pod nadzor jako ima skoro 6 godini ana denesnive deca neznaat mirno da igraat pa mnogu od igracka nastanuva placka. Inaku iako denot mi e 300 na saat postojano sum kako tempirana so vreme, nastani i obvrski otkako go dobiv vtoroto dete nekako uste poinaku i poispolneto se cuvstvuvam.Izgleda so treto kw bidam kompletna iako do pred godina dena ne sakav ni vtoro. Imajte si ubav vikend, jas edvaj cekam oficijalen odmor od gradinka pa da uzivame siyw ba kupce vo ovie tmurni i vrnezlivi denovi.
Ајде и јас да кажам нешто тогаш. На роденден кај малиов, во игротека, доаѓа мајка со дете само што наполни 3 години и друго 6 и намерно ја викнав и мајката нели дека 3 годишно дете не може само и доаѓаат и по пет минути ми вика требало брат и да дојде па ќе одела на кратко до дома. Краткото саат време. Дали нејзиното да го пазам или малиов 4 години што сеуште треба да го пазам. Три пати го изгубив нејзиното од вид, дека премногу деца, и малку гледам во него малку во малиов, и секундата додека го видов пак вечност ми беше. И повеќе него го пазев од моево дека некако туѓо дете оставено на мене. И за бељата поврати. Ѕвонам на мајкава, викам доаѓам, додека дојде 15 минути, детево заспа на стол, и мораше до него да седам да не падне. Дојде мајкава, се смее, искулирана, јас пред распад. Друга мајка па, децата 8-9 и 6-7 и се, не знам точно, никаде не ги пушта сами. Денес и девојчето 8-9 беше покането на роденден дома кај девојче од школо ама не го пушти дека само. Јас да не сум подоле, прв пат ја пуштам малава без да седам дома на штрек, буквално во едно место дома и да чекам. Бев да купам лауфрад за малиов и до Едека и дм бев. Секој со своето.
Порано немаше дете во населба што го немав чувано, сега само едни комшии од скоро жената ме праша вечер предходно во последен момент и откажале. Прифатив иако децата големи и се машкото 10 и девојчето 8 за некој ден. Проблемот е што до секга два или три пати ги имам чувано сегогаш е многу саати, значи од 7 до 1 беше едниот пат и следниот и требаше од 7 до 4:30 ама зошто зафатена бев сабајлето беа децата кај 90 годишните комшии па јас ги превземав во 10:30 до 16:30. Значи секој пат е и со готвење. Вториот пат некако на препад ми ги остави јас бев преморена прв слободен ден после 7 работини, станот несреден па морав вечер предходно да зачистам. Синко 7 ипол оди сам на родендени од 4 ( обично помали родендени биле дома, скоро прв пат беше во игротека), на игралиште најчесто сум таму зошто јас таму искачам да се видам со другарка и ако затреба таму сме, некогаш шетаме вртиме кругчиња. Оди и сам ама во тој случај или некој од нас ( јас или мм) поминуваме на 40-60 минути да провериме дали е све ок или мајката на другар му гледа од прозор, а ние сме во контакт по вацап. Друго дете мајката што до лани се бореше да го земе од таткото и кога конечно е кај неа е по цел ден на игралиште без никој да го провери ( буквално ова цел ден) кога нема никој си игра пред влезовите наши сам и кине цвеќиња, шутира флаша вода во влезни врати, лута по улици. Важно синко кажа дека кажувал дека татко му е шајзе. И иако лани со чувствував со мајката сега верувам дека или му било подобро кај таткото или и тој е таква будала. Од лудост и препуштање деца на баби и дедовци слушнав како едни тука 2 годишно дете пратиле во Босна кај баба и дедо на чување на два месеци, а баба и едно 73 годишни. Намерно потенцирав годиниве зошто не бара исто внимание дете на две и дете на 6, а и баба на 50 и баба на 70 е различно.
Денов како си го замислив дека ќе биде, каков испадна . Од сабајле нели палачинки, па на маса, па тука хармонија бла бла. Мармалад од боровинки што правев некна, епа ми се подлизна чинивчето и оп на ѕидот. Тоа не се бриша и сега една сино лила мучканоца до мрсните флеки од ќеќе. Јас пред години ќе збеснев, ќе зедов да фарбам одма, сега ама се исто ми е. На кој му смета нека не гледа, кога ќе имам време ќе средам. Денес сигурно не е. Дете после се испосече. Па од кашлање не може да спие. Ај у кола да возиме, да се прошетаме негде во некој трговски. Ама ај да не е нашиот, еден друг. Па тоа ко заглавивме у гужвите леле леле леле. 2 саати у кола на крај малата вели лошо е. Ај среќа кај нас веќе застанавме, да се рашета оти и ќе блуцнеше. Накрај пак у нашиот трговски еден круг и дома. Па оти не заспа тоа едно дерење ко ја фати на враќање, оти не и дал татко и да треска и ѕвони кај комшиите. Едно добар саат време врескаше, па и коса и миеше, тоа па башка. Сега се успа инстант, ама колку ќе може да спие е прашање ако и смета шлајмот пак. А шлајмот од носот почуден не бил. Нешто проѕирно и лепливо ко белка од јајце. Вчера беше матен, ај да се молам дека на арно оди. И сега ми се јаде, треба да се бањам и има мува во спалната. Кујната за средување а ние двајца без сила да мрднеме. А ако кашла ќе се држиме цела ноќ.
И има мува во спалната! Јас сега на кратко во шпилплац точак да возат и ме изедоа комарци чудо, не ги осетив дека ме касаат, само да не е онаа tiger Mücke од Азија или од кај и да е.
Детето ми е на 3, до пред некој месец минуваше 0 минути пред екран. Купувавме играчки, боици, книги, тони бокс... После ми се виде скапо, па почнав од библиотека да изнајмувам. Најмногу заигран го задржуваа игри со вода. Детето супер развој, збори ко навиено, разбира се, се заиграат со сите, слуша... Најголема грешка што не останавме доследни, туку пред некој месец почнавме да му пуштаме филмови ко пау патрол, немо, штрумфови... Сега го гледам само изговори бара да не оди никаде и да гледа филмови. Ќе се заблее во телевизорот и ништо не го интересира. Завчера баш реков дури готвам не му пуштам телевизија ќе го земам со мене да готви. За малку ќе го запалевме станот и на крај пуштив телевизија.
Јас на мојата и пуштав телевизија од мала. Детето нормално развиено, збори, разбира, велосипед без помошни тркала на 3 ипол години знаеше да вози… да не беше така можеби и немаше да пуштам. И ден денес кога и да ми потражи и пуштам. Ама детето не се занесува во нив, ќе погледа малку и скиснува. Да и спомнам надвор одење сама бара фернбединунг, гаси телевизор и оди. За на шпилплатц ќерка ми е како децата што ги опишавте дека сметаат . Детето е толку екстровертирано и социјално, па си бара друштво цело време. И ако не сме со некој договорени таа си се тупнува кај рандом деца и си игра со нив. Јас и дозволувам да го прави тоа ама ја следам реакцијата на родителите, ако почувствувам негативна енергија, ја земам со сила. Оти таа малечка е и толку чиста енергија има само сака да си игра и на никого ништо лошо не му мисли. Во глобала секогаш е добро прифатена, ѕвезда е во маало, цел комшилук ја знае, продавачките од пекара, супермаркет исто . Чиста спротивност од мене. За играње со туѓи деца и чување туѓи деца. И сум играла и сум чувала. Ама и моето го играат и го чуваат.