Лето во Германија 13 степени денес дали и ќе престане дождот. Малата настината нос тече како чешма ја боли грло, кашла. Утре имаме преглед У7а. Наредната недела абшид во градинка. Јас сум многу емотивна на последниот разговор замалку не се расплакав нели дека последен разговот се заблагодарија што сме грижливи родители … јас занемев. А наредната недела незнам еве ќе се збогуваме. Екрани не давам првенствено бидејќи има проблем со говорот а второ дека потоа многу се менува плаче хистерични кога се исклучува не сака да јаде. Инску би и пуштала 1 час или помалку. за учителките бидејќи си оди од таа група ќе спремам кошница со слатки работи чај. Кафе незнам какво да купам таму имат машина но незнам дали е на капсули или зрно. Дете туѓо можам да причувам 1 час ако е итно но така да ми го оставаат на врата нема шанси. Мојата до сега никогаш ја нема некој причувано но таа ако не сме јас или маж ми нема ни да седе со некој. Точок има лауфрад но нема некоја посебна желба да го вози, а тротинет сакам да и земам нека стои дома, незнам дали некој ефтин или да инвестираме повеќе. Вие како сте?
Морген . Колку разлика има од градинка до градинка . Кај постарите деца , градинката си беше регуларна , стандардна со групи ..можев некоја пријателска врска да отворам со учителките . За преместување од група во група и јас сум носела поклони . Сега на овој ум , не би . Со родителите исто , децава се дружеа со децата. Кај најмалото сменивме место на живеење, градинка нова . И од сам старт не ми се допадна концептот , ама нема кај да одиш . Групите отворени , кој кај сака оди . Нема групни активности, може има ама синко не учествува никогаш во нив. Родителите намќори, тој учителот што го прими на почеток , стално болен и изгубен во свемирот. Ништо не знаеше за синко. Само ме препраќаше од една до друга учителка . Да не зборам дека не знаеа точно колкав е синко , па го мереа со постарите деца една година постари . Дека детево не е предшкосло дете , дека е уште 4 а не 5 години . Сега ново на крај се научија да не бараат нон стоп , да ме вадат од работа , зашто синко не сакал да јаде , зашто им се гледал уморен . Нареден пат нема телефон да дигнам, нека го бараат мм . Годинава е постар , ќе видиме дали ќе го активираат во активности , дали ќе работат со него , покрај тоа што е интеграционо дете , со 15 часа плус што ги добива една учителка , и тие 20к плус што ги добиваат. Дали ќе ги отворат картите кои јас им ги покажав , дека се добри за говор . Или ќе дремат затворени во кутија . За крај кога ќе заврши со градинка , едно чао ќе добијат и толку. Се гледа дека сум малку нервозна
Однесов едно такво со секрет од носот во градинка и реков ако процененат дека не би можела да спие таму да ми се јават во 11. Ќе ја земам за спиење дома. И така сега ќе видиме. Ама дома не кашлаше ноќеска и не и сметаше. Фала богу иста е ко и минатата недела, немаше изненадување за викендов. Фала фала фала универзумот! Понеделник, одам на коучиг, таа што ми е ментор, ми вика ти си ми чил на денот. Нит треба да те мотивираме ни ништо, ај раскажи како си мина викендов, ти треба малку релаксирање и тебе. И така. Ко на психолог да одам се осеќам. Да отидам сега да средам дома кутии од нарачките, кое да се врати. Ручек од вчера, некна што остана. И тоа. Се молам за едноставен и досаден ден
Поздрав ... Ме немаше долго време се исподешаваа еден куп лоши работи овој период . Немав време да седнам и да напишам ништо. Бевме во Мкд на одмор а планоравме некаде на море но се се смени во еден момент на пат за мкд имавме страшна сообраќајка во Австрија за среќа сите живи и здрави но колата тотал шаде и ја оставивме на во отпад нема назад нема поправка а пред само 3 недели колата беше на ремонт еј неможам да замислам што се не спотера кај дадовме 3000€ за поправка па уште и на отпад остана . Но сепак Фала му на Господ сите ние сме живи и здрави без повреди . Децата добри да не ги подречам. Синко е тотално разочаран бидејќи му ветив ќе оди на море оваа година но не отидовме па уште овој шок го докрајчи детето и моравме да попуштиме и му купивме nintendo switch за утеха ене го сега стој на бирото ниту го интересира ниту ништо. Незнам како ќе си го опоравам детето ос стресот што го преживеа бебињава среќа мали па не разбраа што се случува. Убав период имав дома во кругот на мајка и татко дома си е дома. Сега пак сме во реалноста тука во 19°С и се мислам џабе вадев летни алишта пак треба да вадам зимски ладно е ептен. Доле на 40°С беше супер. За синко кога заврши со градинка не добија ништо бидејќи не бев задоволна јас од нивното понашање кон него . Неколку пати го имам соберено целиот раскрварен и секогаш немаа појма што се случило. И на крај јас си го зедов и немав појма дека им се пружа нешто . За малите незнам како ќе биде не сум ги сеуште запишала знам дека не би ги пуштила пред 3г во градинка мали ми се некако .
Здраво,да прашам.Дали некој земал фамилијарна виза ако офенталот на сопругпт е продолжен само 6 месеци,дека до тогаш важи договорот за работа.Година ипол е веќе таму.Ви благодарам
@TutiFuti една гушка вака . Ој ој, се стресов штом прочитав. Ќе рече човек, ете нека се збие на пари, ама не е само на пари. Додека се поприбереш од траумите време треба. Да сте живи и здрави. Ќе се надмине и ова.
Он најверојатно има виза. Даваат виза колку што му е договорот на сопругот. Подобро е и ти да поднесеш за виза. Побрзо ќе заминеш. Проблем ќе биде ако имате деца. Треба некој да ви ги чува во Мк.
Pa samo zaradi toa imame 3 god dete i za nego mi e najvekje problem ,inace imam sertifikat i site uredni dokumenti i planiravme vo septemvri da podademe za viza koga ke zavrshi probniot period na mini job no pred nekoj den koga bese na termin za viza mu rekle demek teshko da odobrat familijarna viza so tolku kratok ofental do januari.Zatoa sakam da prasham dali ima nekoj so istiov problem
Офентал е дозвола за престој. Јас имам офентал. На комшика и одобрија фамилијарна виза, ама комшијата имаше договор за работа на 1 година. Она чекаше 5 месеци за да и одобрат. Ако може маж ти нека бара друга работа.
@TutiFuti најбитно е што сте живи здрави. Материјалното е небитно . Приметувам дека после работа , ништо дома не ми се фаќа . Лежам , одмарам. Нешто што го научив во Македонија. Претходно ко завеана , само нешто подфаќав низ дома. Денес со две деца на работа ќе одам , и таму нема да имам мир од нив . Ама што да му правам на малово , кај пра бабата што е 90! Години не ми се остава , може да и забега накај дома . Да го мислам неможам . Другава баба , ќе ја избришам од живите. Уште неделава вака ќе функционираме , другата белким ќе биде нормална со градинка .
Одамна не сум била во паника модус. 4 години има па не знам на што да верувам Вика го боли папокот и се чеша околу него. Има црно малку внатре ама така и малава имаше и за неа кога бев педијатарот кажа дека длабок папок па затоа и мириснав не мириса како инфицирано. И вика го боли ама уствари се чеша. Не ми личи како од комарец да е иако сме целите искасани од комарци од пред некој ден. Можеби само онака почна да се чеша и плус стомак го боли. Или што мислите што може да е?
Немој да се плашиш, ништо не можеш да згрешиш, изрази и сочуство и гушни ја многу е тажно родител да ти умре, жал ми е за твојата колешка Како не може? Јас чекам за германско државјанство, две ќе си имам.
Леле изгледа тироидната ми е пак во игра. Не паничете што и да пишам ама сепак одговорете ми. Ми се скрши еден нокт и отидов да го правам 15:40 почна, а 16:00 ја земам од школо, ноктите се на една минута пешки од школото ама веќе дојде 15:53 и од паника дека ќе каснам добив паничен напад после толку долгооо време. Почна главата да ме стега целиот горен дел и не знам дали сирена свиреше или сирена во мојата глава. Зедов телефон чисто да погледнам некаде и да се смирам и пишав на три мајки, една ми врати, друга седела со неа, закаснив само 2-3 минути ама за мене вечност. Затоа и сум здебелена значи, онака во целото тело зголемена, а не јадам многу. Па одма замислив како на работа имам паничен напад и симпатијата ме чува. Не е ни да ме жали човек.
Јас уште не добив повратна информација за тоа што пратив документи за работа и ги отпишувам . Може многу пари им побарав, а за се друго сум всушност ептен соодветна, оти скроз исто го правев веќе. Пф Уште не слушам убаво значи. Страшно. Сега уши ме чешаат плус и времево со ваков притисок надворешен, уште толку го убива мојот крвен. Па едвај гледам веќе.. Цело сабајле се движам и одејќи ќе заспијам. Две кафиња и не мо жам да се освестам. Може и јас тиродида треба да видам, ама пошто не ми се свиѓа матичната Сега прво матичен треба да барам, па после се друго. И ништо не кажав. Како сте вие?
Може да ми објасниш ова со притисок надворешен го убива мојот крвен? Дека нешто не ми е во ред па опција е и од времето да е. Нешто како од надвор главата да ми ја притиска.
Осум лета тука, ова е најлошото до сега. Буквално бел ден не видовме. Депресивна, омалаксана, со главоболки се будам еве две недели. Прозорот го затварам за спиење, ми дува во глава и плуќа, па кашлам, кивам и свирам ко свирче кога дишам. Се опрчив пеес и седум ( читајте на германски) евра за сандали кожни, ќе се распаднат од неносење до наредната година. Ако и тогаш има лето уопште. Али се тешам ај у Септември може ќе акнеме со другарка ми на море, па да ги прошетам. Као и минатата, така и оваа година уплаќање данок у 5 за 12. Прва година ќе ми вратат божем нешто, друга година како го правам преку ШтоерБот, па ќе ми земат 30 евра провизија. А поднесов барање за нов пасвор на Елстер уште лани, ми стигна и никогаш не го активирав и ми истече. Друго нема ништо ново, ок има де али ќе ви кажам друг пут. Ништо битно, чисто пословно.
Од 2022 немаме за данок поднесено. Од тука и животот ми е застанат. Не знам дали да плачам или да се смеам. Желудник ме боли, гладна сум од вчера.
@TutiFuti Јас чекам утре да дадат свидетелствата и да почне распустот. Ветив 10еу за секоја 2 и 25 еу за секоја 1. Баерн последни сме изгледа, аман ни сме смачи. Теми за болести и градинки прескокнувам, 10 години сум во бубањот.
Поради нискиот воздушен притисок, се случува вака Џоки, главоболка, умор, проблем при дишење и сл. Особено се осетливи луѓе со проблем со крвоток и низок притисок. Влијае притисокот од надвор и концентрацијата на кислород дирекно на нашите крвни садови. Притиска врз крвните садови, да речам, иако телото нормално балансира, и не осеќаат сите, ама вака кога ќе ја претера некогаш ретко кој е имун. И од влажноста на воздухот се осеќаш ко да не можеш да дишаш. А јас пошто уште сум полна со секрет во ушите, што не знам како да го извадам и сега од притисоците во средно уво што ми се прават, нит слушам, нит можам да функционирам веќе. Не знам дали да одам на лекар да барам да ми чистат уши. Не знам уствари дали во синуси ми е уште полно или тоа што се слевало во уши прави проблем. Катастрофа сум. Ако ми збори некој од позади мене не слушам. Ептем ми е отежнато функционирањето. А не сакам веќе со доктори, ми здосади. Евентуално ќе се апсорбира може, ама којзнае колку ќе трае. Ниски и длабоки тонови, шумови и вибрации ми сметаат. Се ме заморува. Зборување, музика ама апсолутно се. Особено кон крајот на денот или кога сум изморена. Ако уште некој ден вака продолжи ќе треба парно дали пуштиме. Леле лани се сеќавам до јуни средина греевме. Од септември пак почнавме. @Gosh лани чинам погрдо беше. Сега од март-април навака имаше сонце барем. Зимата беше само ептен долга и ладна. Како стара баба сум. На секое време се нешто ми фали. Ај ќе си се испратам сама и не замарам веќе .
Не ми изгледа како за перење уши ама којзнае. Барај Орл специјалист добар, фонијатар можда и со субспецијализација отоневролог. Голем град имаш, сигурно има некој.