А тоа што амин од матичен треба. А којзнае дали ќе даде. И термин после сто години веројатно. Може да прашам евентуално на приватно негде ако на брзина ме земат, оти ми се одмилува самата помисла да ѕвонам на 1000 места и да сум на линија цел ден. Ова фонијатар прв пат го среќавам. Ќе го гуглам сега да видам шо прави.
Мене од септември до мај ми е топ. Ама јуни јули август не ги можам. Не можам да се освестам насабајле ама дека ќе си го видам симпатијата рипам од кревет и после лошо ми е дека ненаспана. Од септ до мај спијам и станувам без проблем. Или имам заборавено евентуално, ајде ќе пишам од септември пак апдејт. 21:11 е а јас треба коса да сушам и четири плетенки да сплетам Јас и купив подарок тоа на стомак што се става топло убаво за деца сиво како мече, стикери обетки многу дека нема дупчиња и букет цвеќе. И кажав дека за свидетелството, не спомнав оценки дека појма немав што ќе има ама нели не е битно. Најмногу до сега ми се свиѓа кога ќе пишат од школо дека какви и да се оценките да не покажеме дека не сме задоволни и цел реферат околу тоа. Јас и лани со цвеќе ја чекав. Прво полугодие добиваше 1 математика. Второ почнавме со телевизор, телефон и легнување после 22:00 дека лето жешко и добиваше 4. Последниов тест сега откако залади и легнуваме на време пак 1. Многу е важно спиењето и без екран, сакав да кажам. Црна маска имам на лице што се одлепува. И по ново трета четврта вечер ќе ми биде со лушпа од банана поминувам на лицето демек ботокс било. Секоја вечер си помислувам дека и да живеам со симпатијата ќе се откаже од мене кога ќе види колку саати ми требаат навечер за сабајле убава да сум. Па добро е што постар, да заспива порано, а јас да се спремам за утредента и никогаш да не дознае колку е грда жена му навечер.
Кога сум кај муабетот, знаете колку пати само замислувам дека има земјотрес или пожар, а јас без шминка во моментот и трчам по пудрата наместо да бегам. Друго сакав да кажам ама ова ми текна. Чуден е животот… Најпаметно ќе ми е да спијам. @TutiFuti Желудник ме боли и за вечера отидов од Алди некои си смоки купив. Така кога имав 18 години ме болеше желудник и само чипс јадев и 45 кила станав. Чипс јадев дека само тоа можев да јадам па затоа и сега смокиве ги купив. Од вчера немам јадено нормална храна. Ама битно синоќа кифли направив и однесов денес, јадеше симпатијата. Ќе морам се да баталам и само на симпатијата да си мислам за да ме преболи желудник.
Еве и ја имам едно. Ама мене стварно ми е топ времето. На лето (летото 10 дена годинава беа мислам или 15 максимум) нит можам деца да прошетам нит спиеме како што треба нит јадење. И што ќе ти лето? Децава на мене не сакаат лето. Топ. Значи на кој му е лето омилено годишно време ич нека ни помислува да се преселува во Германија!
Морген . Денеска конечно распуст почнува кај некои од вас . Конечно . Амин. Малку лето да видите , раат од обврски . Кај нас за две недели школо почнува , таман со времето , есен нели иде Другава недела кај нас градинката отвара , амин и за нејзе . Многу лошо што распустот не ни се совпаѓа со работава . Таму отворено , кај мене распуст . И обратно . На работа со деца , не е лошо . Среќа работам само со мајки , која самохрана , која нема баба сервис па си помагаме вака со деца чување . Изгледа ќе имаме гостин на повеќе дена. Колега на мм се остави со жената . Понудивме соба за спиење додека се снајде .
Пред 10 дена нарачав од ЦундА за детево летни ствари на попуст. Денес дојде мејл ми вратиле пари, за повратница што сум направила. Јас ни паќет не добив, камо ли повртница. Дефинитивно најлошо искуство со нив имам, кога станува збор за нарачки. ХМ парталите во исти ден ги нарчав, за два дена дојдоа и ојдоа. С, С величина ми е голема од нив. Какви кроеви имаат поима немам. А сум 170, повеќето палтолони долги или ја од мода не си разбирм. Арно ми беше акаунтот умрен, не знам шо работа си имав. Демек ај за детето, ама нешто слабо оставив, 5 рабпти од 20. И плус им се плаќа сега за врќање и за достава. Утре ако е се ко што треба може од сабајле еден круг шопинг да удрам, денес малата во молот на сладолед ги носат од градинка. Кај мене сонце има, и муви има исто. После пак ќе врне, ама реално овде над 30 степени па не се ни трпи. Ако е посвежо, само да не врне нон стоп. Па бар за шетање е попријатно, на 30+ не можеш освен на бањање нигде па и надвор.
Јас имам 2 паќети од ХМ неотворени претежно купаќи, кај најде сега да стаса не планирам да пробувам купаќи на 13 степени се мислам дали има парно да пуштам. Овде не се знае ќе врне нема да врне. Мразам во лето кога е вакво ок немора 30 но 25 е супер. Овде распустото е од наредната недела. Овој месец малата беше претежно дома џабе плаќав градинка. Многу е збесната незам веќе како со неа … а што ќе правиме тек ако сега е ваква… Вчера со два парецетамола добро поминав денес ќе видиме како ќе биде да соберам сила да ги изнесам надвор ако не заврне до дека се спремаме…
Каква летаргија ме има фатено еј Една недела како се вративме од Македонија, да се стабилизираме на времево овде . Пијам кафе ради реда , не ми е вкусно ама ритуал ми е станато од ајде . Маж однесе дете на логопед, барем таму да ме замени . Викендов ќе биде работен , некако не ми се прави мерак ама знам дека треба да се вратам во форма малце . Инаку ќе го лежам цел ден знам . Секое сабајле среќа не местам аларм . Во 8 30 се будиме ..