Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.102
    Допаѓања:
    9.595
    Пол:
    Женски
    Малата ми е со дерматитис. Имам еден само за нас, ама се одвикнав и од тоа. Чувме оти многу хемија било после на кожата и предизвикува осипи, а сакаме се еко меко био и за нас и за природата.
    Се зело делот веќе се, туку ај.

    Најмајка. Презаспав дете за да пијам кафе и да се освестам на раат и да се истуширам. Нешто пак на носе е затнТа. Ќе видиме сега што ќе каже киндерарцт, ќе ја вакцинира или не. Детево а и јас, двете сме веќе два месеци затнати. Де ќе пушти де ќе фати. Едвај чекаме одмор.
    Предодморски на купување фрлена сум, маж ми само известувања добива од пејпал.
    Ама сакам и стил да си сменам и да се подновам, сакам малку повесело. Ми здосади на мене со тоа се исто и монотоно.
    И фризер ми треба. Пак сум со фризер муабет. Врти сучи тоа.
     
    Последна измена: 8 август 2025 во 07:12
    На Chantal, JasBee11, SanelaS и 3 други им се допаѓа ова.
  2. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.124
    Допаѓања:
    43.568
    Пол:
    Женски
    Деновите се така монотони , секој ден ист . Работа , дома . Во меѓувреме живот.
    После работа морам да дремнам пола саат , да добијам сила да го преживеам денот .

    Мм вчера го прибра и најмалото да оди на фудбал , па попладнето бев сама (големата имаше гостин ) ама исто ко сама . Па така пријатно ми дојде да бидам сама , на раат кафе , на раат средив хаосот . Имав време и за серија да гледам , да уживам надвор на времето.

    @јolene на тема фризер ? Во фамилија имам две фризерки , золва и свекрва .па ретко одам на фризер .
    Барав и некоја нова да отидам ама ме одбива цената која треба да ја платам па се враќам кај золвата . Она не сака да плаќам , мене ми е незгодно .. кај цела фамилија ја шиша без пари па и мене да ме средува. Со цените се ептен забегани фризерите . Сегде инфлација.

    На работа уште денес , утре на друга работа ама тоа не е страшно .
    Гледајќи на сметка каде највеќе ми одат парите за дефинитивно Алди. Дека најблиску ми е па само тамо одам . Онлајн веќе не порачувам , се прашувам дали тоа нешто стварно ми треба и на крај испаѓа дека не .

    Инаку вчера ми стана јасно дека треба да работам уште точно 30 години до пензија.
    Со 67 жените одат ]:) не се нормални
     
    На TutiFuti, SanelaS и јolene им се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.399
    Допаѓања:
    37.573
    Пол:
    Женски
    Јолене ме потсети со биото.
    Кога требаше шефот да дојде, викам кој ќе донесе црвен тепих, и колешка вика зелен треба, викам зошто зелен, био дека. :D
     
  4. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    1.950
    Јас пак само онлајн нарачувам. Се имам одвикнато да одам по продавници. Ритуал ми е да проверам онлајн што има наутро со кафето. И поефтино е и почесто има број од попустите, a и многу работи се онлајн ексклузив.

    Фризерите се скапи ама и во Мк се скоро иста цена, а познатите дури и поскапи од тука. Е уште да беа толку добри германските фризери како нашите ич немаше да ми биде криво. Ама тоа е.