Ах, првата зграда кајшто живеевме беше таква- машината во кујна пере, патосот во спална скока. Стално викам, јус стандарди беа ентерпрајз бе . Роби-може. Четџипити вика тоа што ќе види на интеренет. Проблемот со интеренет е, што јас да исчитам, после не ќе знам кое каква валидност има, не па џипити. Сум имала и јас кожа склона кон акни и од тоа време стално сум видела шминка со масло. А ете, кокосово не ми текнало, го имам негде дреми, ама чудно ми било.За што за плакнење уста уствари се користи? Ми спомна и другарка ми, ама нејзе со резерва ја земам, морам бар два извори на информации да имам за да почнам да верувам. Ранецот го исправ во када @Chantal .На ризик додуша, јер појма немав со што е полнет за да биде ергономски, ама морав, ми го донесе истопен веќе, дали сок и се истурил или не памтам што беше. Еднаш сакав и таа футролата за моливи да ја исперам, и ја исправ, ама после се распадна јер полнета до картон. Така што, генерален совет не знам, ама мислам ранец би требало да се пере.
И јас футролата сакав да ја перам да знам да тријат само со марамици. @јolene гарниер имам ќе ја сликам после не сум дома.
missha bb cream многу добра бб крема покривна како пудро. За чистење на лице секогаш имам 2 масла мицеларна и 2-3 гел, пена. Нема зима за мене , може само крема да снемам но имам тестери. Не се шминкам освен со бб крема римел и малку руж но двојно чистење задолжително секоја вечер .
Преживеав јас. Денес понеделник. Омилен ден откако сум во Германија. Прво со кокосово масло, се исфрлив многу. Втор пат со шампон за деца обичен. Лицето жар црвено. Трет пат со точниот сапун, лицето жар црвено и како пластика ми стана кожата. Инаку оваа крема за лице што е неделава во каталогот од Лидл е стварно предобра. Пишува за сува кожа ама јас сепак ја користам дека дури подобар состав имала од некоја крема од 50 евра на пример, на риилс видов дека број 1 била. 1,65 е и единствената од која што не ми излегло буквално ништо на лицето Розева е Сега правец дм.
Гутен Таг, Да Џокерче , кокосовото масло е комедогено, не е за лице. Ама од еднаш штом ти се исфрли ти стварно имаш сензитивна кожа. Био девојка и мене ми кажа за една крема од лидл дека има многу добар состав. Мислам дека беше анти ејџ. Јас имам навика да менувам откако ќе го потрошам пакувањето, ретко го купувам истиот продукт. И не се замарам многу со марки во смисол мора да е скапо. Сакам да преминам на органска козметика, на поприродно. Сега нарачав од дм од лавера крема со алое вера и био шеа путер па ќе видиме како ќе се покаже. Инаку и јас како малата на Џолејн мислам само каде да се прошетаме. Ич не ми се седи дома. А многу е топло. Денес 30 степени. За ранците ергобег и јас имам слушнато дека во машина за садови ги перат ама ако се расипе гаранцијата не важи. Колку се скапи ич не се исплаќа ризикот.
Кога веќе се изнапишував деновиве… можеби знаете ама ако не знаете, на пример течна пудра estee lauder онлајн е 27 евра, а во Müller 60 евра, отприлика, покажуваш на каса и ја купуваш и тука по онлајн цената. Не е фер дека некој можеби не знае и ќе дојде директно да испроба и ќе плати 60 евра. Можеби важи и за други продавници ама само во Müller имам купено па сигурно инфо ова.
Денес без шминка на работа , косата не средена и одма се загрижи една колешка Ме праша како ми поминал викендов , дали нешто не е во ред , дека не и изгледам баш фит. Онака и се виде во лице дела стварно е загрижена за мене , да не нешто случајно не е во ред со мене. Затоа после работа , миев коса , малку боја во лице ставив и маскара на трепки и одма ко друг човек. Ако сакам да барам боледување , само не нашминкана на работа ќе одам
Ајде уште за фенот да пишам и готово. Кога и да сушам коса мислам на @Mari* која што патем гледал станала вистинска кукла! Доказ дека со три деца е најубаво. Фенот го купив пред 5-6 години од Алди по совет на Мари дека е ефтино и квалитетно и еве го сеуште го имам истиот фен.
Научив нов збор- комедогено. @gjoker4e јавно се извинувам, јас сум се шљакала со некомедогени (зборов) масла, арганово, па замислете, дури и рициново. Сдк немав појма дека и тие биле разни. Ај пиши ми пп за непца и кокосово, шо, како. Распуст на најјако. Дури и да гуглам ме мрзи, уствари само ми се спие. Туку, кој беше што се жалеше од Кауфланд онлајн шопот, што беше проблемот уствари? Ме бендиса една комода, ептен- нормално, само таму ја има
@TutiFuti мислам дека беше дека каснеле со достава. Заборавив за кокосовото да ти пишам. Антибактериско дејство. Нели ми рековте листеринот содржи алкохол (инаку од него толку многу ме болат непцата што морам одма со вода да плакнам), па заборавив дали беше одол мед без или кое и најдов алтернатива 10 минути плакнење со Sesamöl или не знам колку минути со кокосово масло, јас една минута ги плакнам. Десет минути време немам. И на врвовите од косата ставив колку зрно грашок. Сега се мислам на што друго да го испробам. Можеби кујната ќе ја пребришам со тоа. Ааа даските за сечење се премачкувале со кокосово, и за маслиново имам прочитано. Уствари чешмата во кујна ќе ја премачкам.
Смеса од јаглеводороди во вид на спреј кој се користи за отстранување на рѓа и одвртување на зарѓени штрафови како и за чистење на засушени масла од автомобили, лепила и слично
Е немаше никогаш да сфатам ако не ми објаснеше. Јас мислев некој инфлуенсер има тоа пробано па ме советуваш да не пробам и јас.
Не знам за инфлуенсер, ама ако сакаш 5 минути слава-тогаш може да пробаш. Инаку-не. Прашај го симпатијата утре за ВеДе40, ако не знае што е- не е за тебе