Мене ми нема логика со масло заби и непца да плакнеш, некако не ли се формира некој слој тогаш? Знам за ао ленено дека се плакнеше, ама не мислам дека беше замена за ова за уста средството. Од дм инаку има сензитив за уста без алкохол од нивното. Денов осум дена и уште имам коса за сушење. Аман значи. Три напред четири надзат. Утре ако не ме мрзи ќе раскажувам. Косата синоќа ја миев ама детево е во фаза фризури правење. На две години, аман бе. И само трча со чешелот по мене. Глава ме боли веќе од кубење. За спиење се смирува исто по коса да ме гали. И на крај додека ја мачкав со крема по туширање, така ме исполепи цела, шо морав пак. А ми се стемнува значи кога морам да ја сушам. Ми треба некој да дојде да ми направи генералка. Не можам и не можам станов никогаш да го видам среден. Пф значи.
Здраво женски, се извинувам што ја менувам темата. Да не случајно некоја од вас знае дали има некаде на акција од Нескафе Голд Оригинал 200гр, порано имаше супер цена на акција, залихите ми се при крај (ќе се обидам да прикачам слика, не сум нова ама немам баш пишувано мислења ете и сега се срамам што пишувам, се чувствувам како да упаѓам во разговор на друштво) Се надевам дека ќе соберам храброст повеќе да пишувам. Поздрав и уживајте во овие малку сончеви денови кои ги имаме
Мојата има две такви кукли Гош што стави интересни беа 1 ден како и секоја играчка 1 ден и повеќе не се погледнува постојано правам чистка во нејзината соба и пак е натрупано и неуредно. Морам да се помирам со нередот во наредните 4 год. Имам чуство дека станот ни е мал немам место за ништо. Алишта омалени треба да ги продадам или подарам. Релаксатор џабе стои малиот 5-10 мин само во цел ден дали седи . Нека порасне и тој и да ги шитнам сите бебешки работи и несакам да ги видам повеќе Природната козметика на лавера е многу добра нежна гелот гонимам во секое време дома, кремата не ми многу одговараше. Јас сега се префрлив на корејската козметила . Супер ми е. И јас како јолен доваѓам само да се жалам некако владее хаос ете неможам ништо да средам во секој кош има нешто . Нејсе до хороскопот било така слушнав. Вага во марс или така нешто. @Gavgamela пишувај почесто ние сакаме нови луѓе да си разменуваме искуства. До кога трае забравањето откако ќе родиш? Ако не направам тоа што мислам во моментото после толку. И косата почна да паѓа …
Кај мене многу долго траеше. Скоро година ипол се осеќав како без мозок. Епа баш тие детски бебешки ме нервираат на крај се ќе зборам и ќе фрлам. И играчки и се. Демек ќе се најде, и само од таа на другата страна. Сто чаши има, сто шишиња, три корпи играчки, цел балкон играчки и еве на ако сега не ги фрлам сите. Се радувам денов да помине и овој и од утре малку пореалексирано да биде. Вчера и денес само турбо е кај мене, и се ми прави притисок.
@joana18 не ти се чини туку стварно нема место. Становите им се по 70 квадратни метри со две деца нормално е да немаш место. Исти сме играчки насекаде. Не ни знам што имаме. За постпартум проблемите. И јас собирам влакна стално. Естрогенот си падна и тоа е тоа. Како решение ми даде витамини од дм Femi mama Haare und Haut па си ги ставив во кошничката за наредната порачка. За заборавањето кај мене е подобро веќе. Гуглав колку трае и вика заборавањето трае од неколку месеци до 2 години не било кај сите исто. За Џолејн. Мене ми беше омилена игра. Си седев на телефон и имав бјути третман. Давав сенки за очи, чешел и шноли и мир беше пола саат. @Gavgamela не се срами и јас им се приклучив така и не ме избркаа.
Дали има некоја членка што има стапено во брак во Германија, како ви беше процедурата за нови документи ?
Ти имаш бебе и не се кажа? Дали добро разбрав? Абе поголем стан и повеќе место за расфрлање има, така да во се ќе ви најдам да мрчам. Ама јас по природа сум си таква мрчаторка, а уствари баш ми е ок. Кај мене паѓаше коса што паѓаше, ама повеќе ме сметаше кога почнаа да рстат пак. Милион од доле, па ко ќе дојдат до некоја должина 7-8цм не можеш да ги скротиш. На мојата сабајле и дадов 15 мин да гледа песнички, оти каснев, татко и не е дома, јас не сум спиена пак многу време, едно што се будам на секој шум, дишење... друго што не можам да заспијам. Ова ме следи од како родив, и порано спиев лесно, ама сега е екстерм и прераснува кај мене во голем пробем, оти ми влијае на секојневието и нормалното функционирање. Некогаш правам нешта без да мислам, на автопилот сум. Сакав да речам уствари, а земам телефон или лап топ пред неа, одма се нацртува до мене и сака да фаќа и да гледа и најчесто после има плачки и избегнувам да скролам додека е со мене. Инаку мала е уште нема конторла како фаќа, ама па сончка е се радува. Ќе пробам и со куклата ќе видам ако има на старо ќе земам некоја.
@јolene форумот е полн со мајки кои судат буквално за се и така јас мудро си молчам. Оти ако кажам дека ќе се вратам после година дена на работа и тоа не заради финансии, a можам 3 да останам ќе ме каменуваат. Буквално очекуваат животот да ти застане кога ќе добиеш бебе. Спорт ма како на тоа можеш да помислиш ИМА ВРЕМЕ. Време за себе НИКАКО има кога да мислиш на себе. И така јас со мало бебе плус дете си се пријавив на семинар месецов без грижа на совеста да не испуштам од новостите во струката. Ама мене балансот во животот ми е важен кој оди во екстреми нека оди. И тоа.
Ма нема како. Доживотно за децата и кога ќе се омажат-оженат-одомат има да им се мешаш и да не ги оставаш на раат. Од љубов нормално . За тебе било што било пред да родиш. Толку сега. Да ти е живо и здраво бебето, нека ви носи радости и среќа. За другото, мислам дека некогаш коментираме така без везе за да си оправдаме наши постапки, можности или дејствија. Оти факт е дека не сите деца се исти, не сите ние сме исти и сите сме во различна животна ситуација. Па секој си тргнува од неговото гледиште, ама и сите сме најпаметни па каша попара на крај.. Маци моја денес неподнослива. Веројатно веќе реагира на вакцината. Татко и дојде, едвај чекав да му ја предадам. Дома хаос, утре гостинка си викнав, а цело претпладне ми е со термини. Море ќе си идам од лидл ќе си накупам мезе и некое пециво и така. Да свртат овие 2круга, да си соберам глава малку, па за друго ќе му ја мислам после.
Golemiot i tatko mu denovive na bazent jas kako da se prerodiv,.duri imam vreme i za citanje. Ne mi e jasno zasto nekoi koga ke im spomnes kafe da pieme odma se kanat kaj mene doma, a ne mi se sreduva i pred da dojdat i otkako ke.otidat.Ne mi e problem da platam i kafe i blago i se samo da ne cistam po sto pati.
Прв пат денес секунда тишина да искористам, па да пуштам машините. Дали ве нервира што уште во август вадат есенски и зимска мода во дуќан? Август е. Вчера велам ај со малото на прошетка, ништо летно нема. Се е соберемо, а со сигурност не е се на попуст ставено. Сакав на малата да земам костим за капење од тие со фактор. Нема. Ставено веќе мачхозен и јакните за дожд, чизми, есенска облека. Депресија некако ме фати. Ај и што се намалува денот, ама па сепак има уште месец ипол лето. Знам дека овде ретко е септември да е барем пола сончев и еве во јули имавме преку две недели есен, ама па пак некако. А гледав во во мк уште си држи 40 степени. Некако и годинава на јадран не се погоди баш мислам. Поладно од вообичаено е. Друго ќе ви расправав за вчера. Ви кажував и на вас за вакцината ммр во последен ден што ја ставивме. Маж ми цело време мислеше дека претерувам и никој нема да бара доказ. Епа вчера прв ден како не смееше да отиде ако нема втора ммр. Он ја носеше на градинка и му реков земи покажи имфпас или остај го јас ќе го покажам. Епа го зел ама не го покажал. И после пола саат се јави шефка, ќеќе или да се земе или доказ да се приложи. Он веќе на работа, ја на врата за термин да одам. Па ај се враќаше, и го блицнале успат. И ако му било рече, требало да ме слуша. А предходно сабајлето оти многу беа гласни и малата ме кубеше, избегав од нив и само што сум заспала туп од спалната доле. А тоа ни 5 немаше. И после додека се смири и презаспа беше 6 веќе и моравме да станеме. И после одлучивме дека мора да спие посебно, и цела ноќ синоќа цивкаше и пак нормално око немам склопено. Бе како новороденче полесно беше спиењето отколу сега, ама мора да се научи. И се прогласувам за најродители и очигледно имаме црна дупка кај нас во станот, оти снемува работи и не можеме да ги најдеме. Има едно изгубено цуцле. На маци и ги изгубивме едно мече и едно куче за гушкање. Маж ми еднаш ја однел без јакна во градинка, друг пат не ги извадил мачхозе од торбата, абе . Друго лавера и јас порано користев. Имаат убава мицеларна вода. Порано не се наоѓаше сегде, ама во муелер ја има. Сега се сменив на една друга органска козметика оти многу ми е проблематична кожата, па оваа највеќе ме смирува. Купив вчера од нивеа бб оти ми требаше за денес итно. Ме мрзеше да барам и тестирам. А на Џоки овој коректорот стварно подмладува, некако затегнува, ама јас многу бела боја сум зела. Во право беше. Сега кажав се мислам, уште ако стасам шантал до после да ја убедам да не ае фарба. Е со парите што и заштедувам, можам на пример да си платам да дојде некој да ми среди и да сум барем еден ден госпоџа. Е ама и тој некој нема да знае кое кај да стави, оти после една година овде, уште има кутии во станот. Има ствари што не ни требаат и немаме лустери. Во меѓувреме маци оштети многу од мебелот и така. Сега не се исплаќа, секако не е хармонично уредено.
На сите ни треба време за себе , барем еден до два саата на ден. Мм го зема и малото на фудбал со брат му ама дека е премногу жешко не му се оди . Иако е четири години, веќе полека почнувам да имам доверба во него . Интуицијата ми вели дека е веќе самостоен . Можам да дремнам со едно око отворено додека си игра на тепих. Пола саат дремка и те како ми значи . Затоа после го однесов на игралиште . @SanelaS исто , а се спомне кафе ајде кај вас ( мене ) и престанав да викам . Ова за една пријателка зборам. И контактот се намали
Ќе биде хармонично уредено во станот што ќе го купиш, сега шо, за уште малку. Инаку да, ме нервираат со тиквите и зимската облека. Па ги бојкотирам. Мене ми се оди на море уште еднаш, во град овојпат, ама којзнае дали ќе испадне и како. Имам уште драпање по доктори со ракава
Фала да се враќа на кој што му фали. За другото мудро зборуваш Џолејн Пошто само по онлајн продавници шетам читај скролам да ти кажам дека таков костим за капење имаш во дм онлајн продавницата. Многу убави модели има за многу помали цени во споредба со H&M. Ви се чудев на свекрвите, сега ви се чудам на пријателите. Мислам непишано правило е еднаш ти одиш следниот пат ти викаш. Кај мене се е со термин. Ко германците станав скроз. Без термин не примам, не сум дома За есента нека почека да си ја исперам есенската и зимската гардероба и може да дојде. Кожени палтиња и кратки чизми е мојата омилена комбинација.
Фала @TutiFuti за инфото, утре одам во набавка Баш ми е драго што има ваква група во која можеш било што да прашаш/кажеш и да добиеш одговор. Нашите групи на ФБ ми се некако само за осуда, само ако се осмелиш нешто да прашаш, очекувај исмевање, додека другите групи пр. на жени од балканот супер функционираат И да, открив како да вметнам емотикон со текстот јеј
Е со пријателите, јас немам проблем. Намерно си викам гости, да се мотивирам да исчистам побрзо . Ама генерално немам некој кој само иде, а не ме вика. Без термин еднаш еден другар на маж ми дојде, ко демек на поминување низ градот, па ако сме дома еве на 1км од нас е да помине. И помина. Дете болно, маж болен беше, дома какво може да биде во таков момент. Излеговме на јадење надвор, се вративме за чај дома и требаше да остане за викенд, ама се предомисли . И така.
И кај мене не идат непоканети гости важи правило еднаш таму еднаш кај нас излегуваме и надвор. Направив чистка со играчките утре ќе видиме дали ќе примети. Ако не следи правила и тие што ги оставив ќе ги скријам. Едно по едно почнав да завршувам работа. Утре може алишта ќе средувам ќе видиме какво ќе биде расположение. Јас пак само оваа група ја следам на фемина и некогаш нешто за дете бебе. Но најчесто ми се како што кажа кати одма осуди … Ти честитам @Katie90 да е живо и здраво. Инаку и нашиот стан е околу 70 квадрати за двајца е ок. Но 4 ца па и кога ќе дојдат гости на спиење е неможам се гушам . јас следам многу српски хрватски групи на фб таму осуди страшни како детето требало да седи до 3 години дома со мајката … неможам да замислам да седам дома 3 години па уште едно дете уште 3 год па да ги пуштам во градинка. Лудеаам сега вака хормони ме маваат како во ПМС се чувствувам. Се надевам ќе добијам во скоро време. Со првата бременост добив кога таа беше 9 месеци . Кога маж ми ќе ја изнесе малата уживам мозокот ми е на одмарање. Летното собрано по дуќаните а јас за одмор треба да се спремам . Од ХиМ ги вратив сите купаќи. Многу лошо ми стоеја.
https://www.facebook.com/groups/164853016435794/?ref=share Еве една група за попусти наша е балканска . Следам и неколку германски луѓето имаат магацини дома од залихи кога има некоја грешка цена или по екстра снижено . И јас не сум подоле хаос ми е дома со две бебиња од 16м и еден ос 9г е хаос. Јас неможам сама се да постигнам па почнав и големиот да го активирам за чиатење кога поминувам со правосмукалка тој оди и собира играчки да не ги соберам јас . За гости несмејам да кажам но искрено ниту одиме ниту доаѓааат освен сестрите на маж и тоа еднаш во 2м некогаш и повеќе. Знае една комшика тука од Полска да помине кај нас да им пружи на малитр нешто на синко влезе набрзина ред два муабет и толку . Незаседнува како некој без осет. У превод изгледа и ние се погерманчивме искрено се дружевме со еден пар од Хр. Али хаос боже драги само кај нас идеа и тој мажот ми се нафрлаше мене јас ги откачив и веќе не се дружиме со такви луѓе. Маж и онака секој ден е на терен 100+км патува во правец мене не ми е ни до дружба дојдено ниту до ништо. Гости на поседок само мојте имаат дојдено други[свеки] не се канат бидејќи очекуваат јас да плаќам карти за да дојдат не не фала нека си седи кај што аи е и онака е безкорисна .