Guten Morgen, liebe Sorgen На пауза сум моментално од фб и инста, ама штом активирам ќе се приклучам. За средено дома, средено е додека не се вратат малите бандити од градинка, 2г и 4г Гости ненајавени у принцип не сакам, денот ми е унапред испланиран и мразам кога некој ми руши планови.
@joana18 Фала ти За купачи пробај во hunkemöller. Имаат shape едноделни модели и сега имаат голем дел од нив на попуст. Јас сум презадоволна од квалитетот. Од скролањата по онлајн продавници да ви кажам дека многу ми се слатки колеџ јакните за деца. Во Ernsting's family како и во зара имаат преслатки модели. За крај да ви кажам дека ме фати носталгија. Ми текна на Џилијан и барав на лупата во фитнес со мотивации и ми излезе Ана Каренина и некои други членки кои не пишуваат веќе. Колку многу вежбавме тогаш и инсенити и фокус Т 24. Колку беа безгрижни тие времиња и колку сега далечни ми стојат. Па да ве прашам. Имате ли искуство со такви програми да имате купено тука во Германија и да сте задоволни?
Женски итно е битно е!!! Имав нарачано од Тему фломастери за роденден, арно ама, јас мислев сум нарачала 30 сетови, а тоа 30 фломастери. Па така сега имам само 5 сета. Дали сте виделе негде да има вакви или слични оти немам време да нарачувам од Тему? И да одложам роденден пак не ми дава да нарачам повеќе од 5 сетчиња во нарачка. А баш ми е глупо да им стаам по еден фломастер. Проверив и на Амазон ама не најдов. Иначе им нарачав 30 кеси за боење и за градинка и за дома, и баш баш баш ми е мака ако не се снајдам за фломастери, а времево не е на моја страна..
Јас немам таков проблем со пиење кафе, затоа што не сакам гости. А и оние со кои се дружам сакаат надвор да пијат кафе. На мене така ми е поубаво. Седам колку сакам и си одам. А дома треба да средувам. А може и некој ќе остане подолго, па ќе почнам да се нервирам.
А оти и во градинка ќе праќаш? Мислам не знам, не сум чула поклони во градинка ка да им делиш. Може и се дава. Обично нели мафин или кухен, и за воспитувачите евентуално нешто да се почастат. За децата дома само што идат веројатно доволно е. Уствари ако ви е ќеф, шо имам ја да знам . Инаку да екшн, теди, кик поефтино. Поскапо муелер. Јас убаво си поминав денес со гостинката. Истата што пред некое време за децата ве прашував. И уствари ја разбирам оти сакаат да се преселат, после шо ми раскажа какви станале работите во мк во меѓувреме. Со среќа да им е. Јас се радувам што сепак во градот ќе имам уште некој, со кој од дете се знаеме. Ич не ми е тешко за луѓе што ми се драги да спремам. А и се има да се купи додуша. Денес на брзина од пекарата од лидл зедов некои пециво, нешто намази, мезе и полна трпеза без главење у кујна. Па и за маж не морав да готвам и он дирекно после замези. Малта сакала динкелфлекс со млеко за вечера. Нема проблем, уште подобро, не морав да готвам .
Во нашата градинка сите така прават. За секој роденден има подароче за секое дете. Дури и да не е во градинка му стои во шкафчето. Обично се ставаат и чоколатца во кесичките и тоа си каснуваат таму или мојава си носи дома за да подели со брат и. За воспитувачите дополнително. Што знам… јас пак мислев сегде е така.
Која разлика е од градинка до градинка . Кај најмалото не се носат ни мафини ни овошје , ништо не се носи . Таму им прават мала роденденска забава и толку. Има едно дете кое е алергично на лешник и забранија се што е со тој состав. Дрва испосекоа , се што е опасно за тоа дете . Од убави работи , вчера сум начекала ефтини билети на Визеир и резервирав карти за мајка и вујна. Да дојдат во октомври. Случајно се погоди и со есенски распуст, таман да се децава дома . Од сабајле е најпријатно надвор. За пиење кафе е милина .
Утрово во градинка нова политика. Не прифаќаат веќе роденденски кесички. И што да праам сеа со сите тракатанци што ги изнакупив, од се по 30… До сеа беше дозволено само во тие кесички да има и благо оти во градинка не им даваат, во понеделникот ми рекоа дека благо веќе не е дозволено ниту таму, ама дека е ептен пред роденден можам да ставам само некое мало чоколатце, за денеска да речат ништо од тоа. Му рекле на маж ни торта, ни мафин, домашно спремено ништо, може торта од маркет. Многу знам што и каде да барам сеа 5 до 12. Од сабајле ми се качи притисок. А какви интересни работи имав изнакупено. Спојлер Имам едни слатки пораки, со привезок да пробам да ги протнам нив? Спојлер Ај дајте идеја ако имате каква торта од маркет сте земале? Среќа му текнало на маж па им рекол место утре, роденден ќе слави во Понеделник, (роденденот е во сабота иначе) па имам сеа некој ден да се снајдам бар за торта.
Во Бајерн утре е неработен ден и официјално крипе цу, на одмор се две недели, па и маж ми и сите на купче ќе сме си. Кај нас треба да однесеш лист со состојки кои ги користиш, и они ти даваат како листа што не смееш да користиш за благото. Сабајле гледав воспитувачката им испекла мафини за децата за разделба сега . И нормално едно и се накашла у фаца и се надевам само сега пред одмор нема да се разболи. Држете среќа. Ама тоа едно нон стоп значи болно е во градинка. Со најматни секрети со се. Толку па мајката една никаква што е, мислам дека е од тие некои крлежи што на крај не се излава со неа, оти се некакви права има. Се надевам последен ден е овде оти децата над 3, нема веќе да се овде од септември. Торти шо знам. Јас не сум земала од маркет, ама избери нешто суво. Без шлагпви и такви ствари. Некој кухен ако има, па да се испече дома евентуално . Кај нас не донела до сега чоколатце, ама гледа по малку шеќер добиваат. Не сум најсреќна со тоа, ама па и она не сака благи нешта, така да ок е. Не јаде многу се уште.
Дали имате искуство со Мк возачка дозвола после пријава на адреса во Де? Пак има проблем со испитниот центар во градов неможам да полагам, а чекам работна виза, дали ако ми излези визата во меѓувреме да дојдам таму па после некое време да се вратам да полагам ќе ми се признае возачката?
Ne. Preduslov da se priznae e da e izdadena vozachkata pred da se prijavish ovde na Adresa. Vo sportiven sluchaj ne se vrshi prevod i mora da se polaga odnovo. Vaka beshe porano, ne veruvam da smenile.
@Yowannty Не можеш после градинка на земање да им ги разделиш торбичките? Иначе можеш оваа торта, класика за роденден у Немачка. Сигурно си ја видела по големите маркети, пример у Кауфланд увек ја има. Се вадат повеќе парчиња ко за деца, а можеш и две да земеш. Од кутијата се прави маска за лице и има фигурка слонче за на тортата. Не прашувај од кај знам...
@Jolene така е само кога имаат недела на различните националности па треба да однесеме нешто традиционално зготвено, тогаш постои листа што да не содржи. Обично се работи за високо алергени состојки или ако некое дете е алергично на нешто конкретно напоменуваат. За роденден конкретно никој не носел до сега дома спремано. Кај сеа им текна да менуваат политики не знам. За благото не ми е мака, за другото ми е малце. @Gosh не сум видела ама фала на сугестијата чим има вакви детски, ќе се најде нешто, одма попладне одам. Торбичките ќе ги раздадеме овде на шпилплац, сите деца се знаат по комшиска линија. И нешто на центар ќе даде можда, ќе има некоја забава за деца баш за нејзиниот роденден. Таа највеќе се радуваше на нив дека ќе ги спрема и дава по децата во градинка, маж ми рече жива разочарана останала во градинка. Ама тоа е. Кај нив сеа заврши распустот и се вратија назад и прва се погоди да слави роденден. Вчера купив голема Милка во Реве демек на попуст 3.20. Ми требаше за тортата. Сега бев до еден магацин овде ептен ми е блиску а редовно го избегнувам, гледам големи Милки 2.22, гледам рок до 2027. Зедов две, ќе се најдат. И сменив план и за торта и земав пудинзи од ванила. Ќе останат чоколадите.
Не знам кога завршува со градинката, ама ако е трајно тоа што е спремно,, може тогаш за разделба со другарчињата да им ги даде пакетчињата
Еми ја луЃе мрзам, не деца. Многу си се поштуеме со деца, само нив ги сакам. @Jolene А за тортава знам оти и ја славам роденден, и ја сум дете... ова пардон чоек. Иначе све со некои домаќинки се дружам, на децата сами торти им праат, не купуваат.