Море @Yowannty ако ти е за поколончињатане сакав вчера да смрчам ама... Според мене правилно е да се нема таква обврска. Премногу е. Има родители кои не можат да си дозволат финансиски или еве работат повеќе и немаат време се да организираат. И не е само еднаш секоја година се нешто е. И секој пат се надминуваме сами до каде одиме, кај е крајот. А деца ко деца, гледаат, се споредуваат. Де на ова било вака, па поубаво дале, де не вака. Веќе поголеми и разбираат повеќе. Добро е што барем во градинка рекле стоп, и реално нема потреба. Да се живи и здрави дечките и да си славите уште многу години среќно. Убаво е што си смислила еве кај ќе ги дадеш. На девојчето му е роденден така? Голема да расте! Веќе кај поклони и оти не сакам. Некогаш како обврска ги осеќам. Дојде пријателката вчера, за малата 40 евра се истрела за облека плус нели чоколади, кафе, пралина... оти? Стварно оти? Дој бе да се видиме, со години не сме се виделе. Не ми дошло до кафе и чоко имам и јас. Малата има купишта алишта. Муабет ми треба. Сме растеле на една улица. И сега јас за следно одење осеќам притисок за нејзините шо да земам. Ме разбирате? А не е ефтино мислам 60 евра ја фатило за поклони. Тоа се многу многу пари. Исто снаа ми сега за малата за роденден и реков едно нешто, го купила и плус уште купила. Оти? За мене некоја пристојна граница е 10-15 евра за поклон за роденден и толку. И сега да станам и да ги спакувам поклоните за децата на снаа ми и да одиме на торта. Нормално јас скржава си држам до моја граница и пралините од вчера ќе одат да смири душа снаа ми вечер . Купачи нарачав и пробав и ќе вратам. Поздрав Јоана. Кажи кај ќе најдеш оти и јас немам а ќе заминеме следна недела. Од напред убаво стојат, ама а се свртам на страна леле леле леле. 6 месец. Ама па сега за тоа ли да се нервирам. Ја претерав со јадење летово ко никогаш до сега. Епа.
Кај нас во градинка исти беа правилата да не е дома правено, може сува торта или мафини и без поклончиња, да не се прави ѓубре. Од тортите Zitronenkuchen е хит кај децата, а и мафините од алди со бонитоп ги обожаваат.
Ова со да не е дома правено и не е така лошо, синко нема алергии еднаш како помал доби уртикарија од рибино масло на молерс ( рибчињата без проблем ги зема) ама маслото со арома беше и најверојатно од аромата. Лани чим почна школската година имаше некој роденден јадел мафин во школо и до вечерта пак се исипа. Јас поима немам што би можело да има бо мафините.
@Jolene мрчи си, во право си, се сложувам. Мака ми е оти ги имав дома веќе спремни за децата, а не дека генерално ќе ми фали да се практикува. Секако таму им прославуваат роденден. Ќе најдам некое торте да им однесам. Тоа што имам дома, ќе го разделиме по други деца и тоа е тоа. Утре ќе правам домашна торта за домашната прослава, толку.
Дали и на вас Ралф Шумахер уште од фрижидер ви нема излезено?! Значи, нит иам ауто, нит иам возачка и патка ме зболе кој си! Кој измисли капитализам и реклами, мме!
Гледам calzedonia имаат многу ќе нарачам од таму. Јас имам проблем со горниот дел дека големи па и дојам уште пораснати… вчера бев на базен со стари купачи ќе ги изгубев некаде. За роденден давам на поблиски повеќе. Незнам што би купил за 10€ . Каде се изгуби @Ava.84 ?
За родендени кога оди синко и кога доаѓаат кај него стандард добива од 10 до 20 € тој секогаш носи по 20€ плус чоколадо и некоја глупост играчка мала оние обично што стојат покрај касите по продавниците . За блиски стандард добива 50€ јас порано и плус купував нешто ситно узпат . Но веќе не како прават така и враќам. Купаќи лани у woolworth имаше на екстра попуст по 2€! Смешна цена земав од сите модели што имаше мој број оваа година и ги дадов на сеатра да ги искористи бидејќи ние не отидовме на море но тоа е . Луѓе не се диши навечер беблаци по куси бодиња спиеа 30 степени во соба ништо не помага. Како спијат вашите деца ? Мојте мора да се во вреќа за спиење инаку не заспиваат и по 30мин се утоп вода и мора да ги пресоблекувам и соблакам вреќичката за спиење.
Абе не е дека нема, баш затоа и бојкотирам, оти треба да ги научиме децата да ги ценат и парите и поклоните. Па делумно и очекувањата од другите. Моето дете не добива чоколади од блиските, оти знаат дека нема да и дадам и однапред е кажано. Ако треба да и се купиме нешто кое чини повеќе, ќе го купиме ние. После понатаму од нејзин џепарац ќе се купува нешто што го сака. Поклони до 15 евра има многу. Играчки, бастел сетови, ташничка, новчаник, накит за коса, чешле, мал сет коцки, книги, боенки, стикери, интересни шишиња и брот дозен, прибор за јадење, маичка, пантолони, капче, слагалица, хаусшуе.... Дете и сама рече ќе погледне еднаш и толку ќе го остави во некој ќош и нема ни да си поигра со него, а си дал пари и пак не си погодил. Купишта играчки не изиграни, стојат прашина фаќаат, нит де да и фрлиш ни се да ги задржиш. Ќе пораснат, ќе имаат поголеми потреби тогаш ќе им треба и повеќе. Сега нека развиваат фантазија и играат со што најдат, убави кондури, топли јакни и ај таму.
Ако не ти е итно, на заландо лоунге гледам имаат сега нешто, ама касно ќе стигнат ако ги нарачам сега. Ќе видам во карштат нешто и триумф има аутлет па може еден круг да направам во понеделник од сабајле. Белки ќе најдам нешто задоволително. Инаку за мене не си штедам за поклони. Ни за маж, за патување и одмори исто не . На ресторани не. На деца влезници за зоо, базени, музеи исто не. И ќерка ми е во вреќичка инаку имаш хелихоптер нозе и само не клоца, уште да стане да оди додека спие. Јас една ептен тенка вреќа и само на боди внатре. Ако толку многу е топло и само на пелена стај ги. Кај нас не се качило уште над 25 во спалната сега. Макс се качи минатиот бран до 27. Тогаш спиевме со отворени врати на балконите и ок беше. Сега се смрачува побрзо веќе и накај 10 вечерта е убаво оладено. Ти може си на повисок спрат затоа. Кај мене се намалува од утре температура веќе.
Епа дека најгоре, одозгора жежи. Нема чаре, два пати сум живеела најгоре и никогаш веќе. Ако е толку жешко, јас не би ги пикала децата во вреќа, ништо нема да им биде само на боди да спијат.
Сум заспала, маж однел дете да се поигра. Јас да не се заречам тогаш, ако е ок, утре ќе ја носам негде цел ден, па и он да збере душа. Малата е затната пак. Веќе не знам дали е старо, дали е вакцина, дали е ново. Само да се искомплицира сега се крстам, бар на одмор да може да идеме. Мајка ми ме караше преска, гола си игралала на балкон, па и со вода. Дете од тоа се разболувало . Викам ај и на море ќе ја однесам и во волен џемпер ќе ја облечам. А кога ги гледав и на ладното едни деца во фонтаната како се бањаат, мене страв ми е дете на васершпилплац да однесам, оти нон стоп е затната. Лелел а и треба да добијам, па се чудам шо бегаат двајцата од мене денес .
Нормално ќе одите на одмор, што и да е, море ќе излечи Дај од тоа што бегаат од тебе, овие не бегаат, морам јас да бегам од нив
Денеска пред работа излегов и имав време прилично и се паркирав во една населба има и паркинг и таман реков ќе поседам малку. И иди еден човек ми тропа на прозор и ми вика, тука седиш 20мин те гледам јас, 20мин си тука паркирана и седиш Добро викам ќе одам за кратко има проблем прашав, тој ми вика само да ти кажам 20мин седиш, пак тоа. Не сум долго време тука, повеќе од година, ама толку ми е загаден народ, не го можам, само гледаат нешто, цело време пратат, се ги интересира, јас не знаев дека се таков народ. Добро тука и тоа е погрешно да се паркираш и в кола да си поседиш? Прашувам искрено. Толку ми се дојдени преку глава шо размислувам Швајцарија да се преселам, не ги можам повеќе.
Абе страшно мизерни како народ, стварно. Добро ако не те пријави уште, пошо тоа им е најголема забава – да сликаат и да пријавуваат. Јас имам мал милион случки на нивно бедно, недолично однесување. Дури им имам кажано "мислев дека сте и некаква култура ама врска немате".Толку им е празен и досаден животот што само на тоа се фаќаат. Јас многу пати им се расправам, а понекогаш само саркастична сум – им викам да си гледаат во својот двор. Сега по најново, на таквите со ‘Хитлер’ им се обраќам. Тоа ги нервира.
Де бе, што напраи ти милион пати некој да те опоменува, па уште и рандом особи. Кој е со бедно и недолично однесување тука малце не е сигурно... Само не знам како уште не те пријавиле у полиција оти со Хитлер им се обраќаш. Коа сме веќе на темава, и ја ко права Германка завчера го пријавив новиот комшија од катот испод што ја затвара вратата со нога. Шпанец некој. Буквално од сон ме вади, а најјако беше пред две недели срцето ми прескокна во најдлабок сон, мислев некој мојата врата со нога ја искрши дома ми влезе. И што е најтрагично му реков, беше у реду еден ден и толку беше. Као демек не знаел кромањонецот дека врата со квака се затварало. Епа ете му сеа, нека ме пишуе по форуми. Иначе не сум имала никогаш проблем некој да ми мрчи, оти си живеам по ред и поштуем туѓ мир. Затоа и сум дојдена тука да живеам. Едино што ме нервира е коа серат оти бебиња плачеле или деца се слушале преку ден, мислам деца се...
Моите искуства не се од куќен ред и мир, од надвор се искуства. Исто како и членката која се пожали за нејзината ситуација. А што направила таа што нарушил туѓ ред и мир јас не знам?! Аналогно се на тоа исто и моите примери.
Децата треба да се врзат со селотејп Дојде полиција кај комшијата? За родендените.... Децата во школо не частат. Никој не части. А на помалиот роденден му е пред да тргнат во школо. Од негово одделение не викаат на роденден. Од кај поголемиот има деца кои викаат. Му давам по 10 евра. И чоколадо. Толку носат и другите деца. Седнуваат во сендвичара или пицерија. Кај поблиските деца даваме по 20 евра. Ако е за пријавување во полиција.... Треба комшиите и на мене да ми викнат полиција, а и јас на нив. Децава знаат да викаат понекогаш, а и јас викам по нив. А децата на комшиите тропаат. Ама такво тропање мислиш дека ќе ти го дупнат таванот. Ние сме најгоре. Три стана има во куќата. Под нас веќе 3 месеци не живее никој.
Од комши, го видов благородникот со девојка денес. Девојчето сигурно 20г помладно од него, ако не и повеќе . Еве нека е највеќе рани триесетина, ама не ми стоеше на толку. Плава ама не пластична. Скроз обично девојче, ни на крај памет не мислев дека му е тоа стил. Цело време си мислев дека или е геј или некоја пластична 40 год ќе ќе му е стил. И сега се прашувам она што виде во него бе. На 50+ со волна чорапи и џордан најк облечен ко од беверли хилс на времето тинејџер. Па и не е ни висок тип, не дека којзнае како му стои. Па ко ќе умириса цел ходник, пошто се бања во скапи парфеми и после 15 мин се уште знам дека поминал . А шо кажував уствари, поима немам. На маци и тече нос од денес . . На одмор сакаме да одиме и тоа. Искуства како горе споменатите немам. Јас си зборам со сите. Ви реков нели и со комшијата шо си тропаме по ѕидови, се поздравуваме и врата си држиме. И така.