Подобро во парфем да се капи отколку да се испоти дури влезе во лифт, па после во лифт не можеш да влезеш. Тоа тој од 8ми, а не е стар само 200 кила има. Многу чудна фамилија се, а едни од ретките со деца во зградава. Е добро, не знам чии се децата, негови ли, од бившиот ли, од идниот ли Па одамна не мирисал лифтот, можда и го има иселено таа... Многу чудна фамилија, ко што реков. Не во зградава, во цел град нема симпатија за мене, значи идам јас по Роби Ако тече нос арно е, не чини ако е затнат. Убаво да искарате на морЕтО Денес малку ќе приумрев од шо ми беше лошо, ама еве, изедов 2 тањири сол, па живнав, друг ден ќе се умира. Кој знае шо бутур ми беше
Роби е вечно ерген не е интересен, еј не сум го видела 12 -13год.Изгледа толку не сум била ни во енџелс. Спана сум 3ч не од деца од мој организам не знам од Бкомплекс, Магнезиум,железо уште лексилиум да се напиев.Еден тон подочнаци на мене ќе пробам нешто на очи да ставам оти треба да честитам роденден на симпатијата да не го уплашам.Ама ако не го уплашам сигурно ќе го онесвестам од што вчера кромидарник јадев па сега се мислам шо да му се налутам он без да знае да не отидам кај него. Многу се смеам и тропам глупости кога не сум спана, па шефицата прашува шо сум пила, а јас од мака да не заспијам. @joana18 фала на помисла што да кажам болни двете беа 2 недели ,па јас и така не знам лето ли е есен ли , да издржам уште некој ден па одмор имам т.е замор де со 3 деца дома.
Школската година почна денес . Станав во 6 ч да спремам јадење , да ги испратам децава . Им пуштив водичка , стандард на почеток на година ... Сега малово да го будам и да почне денот . Долг ќе биде од обврски , незнам дали е рано ама јас се радувам вечер да си легнам порано
Како се ѕвони тука со непознат број? Од сабајле два пати ми ѕвонеше. Последниве неколку дена само ми ѕвони Anonym.
Леле сила немам ни да ви мрчам веќе . ПМС ден не знам кој. Вчера требаше да добијам, уште не сум. Не се трпам. Не сум трудна се тестирав, да не ви паѓаат идеи само да си кажам. Купаќи нели барав. Епа некна од галеријата зедов нешто, денес лд цунами нешто и дома си најдов 2 пара кои не ни знаев дека ги имам . Инаку багатела беа, по 5-6 евра парче горен или долен дел. Сега малку не се сите иста боја, ама па шаренко е поинтересно .
Јас пред три недели почнав со работа во дом за стари лица како Pflegeassistentin и полека се снаоѓам. Работам во Schichten, така да многу ми е напорно, цел ден сум на нога. Денеска добро поминав, бев вредна, помагав, ги негував бабите и тие беа задоволни. Попладнево излеговме во градината со една бабичка се изнамуабетив. Има некои со деменција што се на нив им треба посебен пристап зависи ви кој стадиум се. Една бабичка од 90 години секогаш кога ќе ме види многу се радува, уште од првиот ден ме засака. Колегите се ок, има фини и вредни колешки што се срциња Само проблемот е, уште од првиот ден шефот (Германец) го да ми мрзеше објасни нешто, очекуваше све да знам и умеам, ме остави сама, една недела бев сама со него и не можев никого да прашам за помош. Или ќе ти објасни ама со недовршени реченици... Ми направи стрес и уште вториот ден имав таква мигрена. Му кажав малце трпение дека сум нова и ми треба време он да, да знам. Боже пази да направам некоја грешка, одма ми мрчи и ме гледа наопачки...Знам и да се одбранам кога ќе видам дека претерува, ама паметно, без расправање Таа особина највеќе ја мразам кај Германците: што само мрчат ако нешто не им е погодено и не сфаќаат дека претералеама добро, јас го избегнувам колку што можам, здраво му викам ама неподнослив е, ми иде на нерви
Здраво, ми треба сигурно инфо, дали откако ќе аплицирам за виза ви Германија постои опција пасошите да ни ги вратат и дс му ги доставиме откако ќе ја одобрат визата ? Во некои визни одделенија тоа е возможно па ме интересира за тука. Ќе аплицираме со синот за виза за соединување на семејство ама чекам да поминат 40 денови откако е роден. На сопругот му истекува визата февруари 26 и во Скопје не советуваа од амбасада прво да ја продолжи па после за виза ние да аплицираме оти најверојатно ќе ни го одбијат барањето. И отприлика колку време се чека за да излези визата
Како така не сум прочитала последни пет страни. @јolene баш убаво што сме се виделе ама не знаев ти дека си, инаку можевме заедно кафе да испиеме барем. Играчките се менуваат на месец- два. Дома се чува само една кирија, се друго во келија или таван, и нареден месец носиш нова кутија дома нови играчки. Еве ги ме молат по нови играчки да одиме на таван. Со оваа стратегија ем секогаш играат ем не мора нови играчки да се купуваат дека овие скриениве се секогаш нови. Јас се држам ептен по правила ама не пријавувам никој се додека мене лично не ми наштети, ама реална штета не само туку онака да ме изнервира дека јас изнервирана па да го пријавам. Требаше да отидеме некаде како администрација ќе му дојде и влегуваме и вработената Русинка вика 11:50 е, 10 минути пред крај на работно време, ич не е хумано. Леле си викам Мк да не сме. А како зборат Русинките мене ептен ми е смешно и не можев да издржам, наместо да се изнервирам мене смешно ми беше.
Џоки мори што направи Епа ко се концентрираш на симпатии не на нас. Јас мојот симпатија сега не знам дали спие, дали се успваат. Ќе се правам неудрена и ќе си поседам у тишина, па да видам од кај да почнам .
Честитам Многу благородна професија, мене цел поглед на животот ми се смени заради пациентите, срцки ми се П.С. шефот ти е мрза!
И ти работиш во старечки дом? Колку време работиш таму исто си Pflegepersonal? И мене пациентите ми пораснаа на срце веќе, многу си ги сакам Да, мрза невидена е он, обично пред компјутер дреме или на телефон, другите ќе ја вршат работата за него. Или ќе земе да збори со другите MitarbeiterМрзле еден.
Па може дека е шеф и работата му е да дреме на компјутер и телефон, а не да негува пациенти. Шо знам. Кој знае да бае, да ми се јави оти ова не е можно веќе. Мислам не дека се изненадив, туку од шо стварно еве не знам до кога ќе не држи малер. Шо планови одмори? Маж 39 температура, малата се избљуцка полна со шлајм. Седам и хибернирам и се мислам шо да правам. Капак на се малата цел ден се дере по татко и. Бега од мене како од ѓавол и многу тешко ми паѓа, особено што во поголем дел јас ја имам грижата за неа, и нормално јас поставувам граници и јас казнувам. И друго ќе се одјавам веројатно од агенцијата за вработување, оти машала ми ги скинаа нервите и они. Поднесено за одмор уредно, уште нема одговор. Сто пати пишано. И јас пошто и тајлцајт и се, колку пари земам абе лудило. Криво ми е оти ќе морам да прекинам и со ова со тренинзите што ги правам, а ми се свиѓаа ама шо е тука е, неможам и со нив. А и добив денес, бар хормоните малку ќе се стабилизираат . Која од Минхен има ант да позајми нека ми пише. Амоксиклав, амоксицилин. Утре и да го пратам на лекар, којзнае дали ќе му пишаат. Другарот не е овде. А штом качи темп толку високо ми е страв. И така сега се мислам дали да откажувам хотел и да бркам пари со осигурување надзат, шо ли да правам. За утре ќе оставам и тоа. И утре денот 6 дена барем за да стасам се.
Сега од @ALISA0000 ќе ја позајмам бајанката -кој урочи к.. у очи Кога би требало да одите на одмор? Толку висока температура мислам дека е висус бтв.
Ете ја ке побаам па до тука ке е Кој ве урочи кур у очи Кој ве урочи кур у очи Кој ве урочи куе у очи Сеа пакујте се он и дома и таму пак ке е болен Вирус е и за ден два ке е нов А ако најдеш антибиотик земи го за секој случај
Ми прпа јас да возам толку по автопат. Ќе видиме. Ант ми текна кај да барам. Ќе го пратам на лекар секако. Ама ќе свртам утре за секој случај ако може да ми услужат.