Ако ти стаса ќе си ја платиш, ама не му ја мисли предвреме, јас се утепував гледајќи филмови на разни нелегални страни па до сега не е стасало. Дека има ризик да ти стаса тоа е точно. Инаку јас гледам нови филмови - кино снимка кои премиерата им била во Америка, а уште не излегле во Германија.
Мислам дека онлајн гледање не е проблем.Проблем е даунлодирање т.е тортнт.Не може да даунлодираш без да платиш.Јас цел Чернобил серија изгледав на gledalica.rs па не ми стигна казна ама онлајн.
Што значи Allgemeinstrom, а што Strom? Знам во превод што значи ама не знам која струја која е? Германскиве крлежи се поинакви од македонскиве? Сериозно прашувам бидејќи како мали по сто пати крлежи ни вадеа, не ми текнува дали по кравите иделе па лесно дома се пренесуваа или како беше? Ни чуваа цигара до местото знам. Запалена да чади и да му било мн топло и да излезе. @FreeMind Само ме интересира, не се карам. Дека за корона пиша треба вакцина, а за крлежи велиш дека си слушнала за нус појава мозочен удар кај млади. Може и таа за корона да има нус појави и затоа нема да сакаат сите вакцина. Не можам да ги поврзам работите во главава. Или пак дека таа за крлежи не е поради пандемија, а корона вирусот е поопасен? Прашањето накратко ми е дали ако има пандемија од крлежи во светот пак ќе си за вакцина? Прашањево не ми е против тебе, туку за мене, да си расчистам јас некои работи во главава.
Може уште неколку прашања? Ќе ги сумирам сите во едно мислење. 1. Што е Allgemainstrom? 2. Дали вашите деца имаат примено вакцина за крлежи или дали планирате да примат? 3. Кој пакет за телевизија, интернет дома и интернет на телефон го имате? Домашен телефон не ми треба. 4. Кои видови на осигурување ги имате? Дали само хафплихт или и лебенс, цан...
@gjoker4e Allgemeinstrom ти спаѓа во небенкостен, тоа е струјата која се користи во ходникот и останатите простории на зградата. -Вакцина за крлежи никогаш не би му ставила на мое дете, ниту за сезонски грип. Ако се има миленици, они се вакцинираат, не децата. Немам слушнато за оваа вакцина. На синко после одмор имаше брунка како паричка на раката и беше сомнение крлеж,иако јас крлеж не видов. Му дадоа антибиотик 7 или 10 дена не се сеќавам и крвна слика му земаа кога заврши со антибиотикот. -Телевизија немам пакет, ама секаде сум пријавена Амазон приме, нетфликс, дизни-го поминав бесплатното членство и сега платив еден месец, ама ќе го откажам. Синко не сака филмови од мое време он е пепа прасе и пав патрол генерација. Интернет Водафон и е вклучен и домашниот. Мислам од каде и да ставиш интернет домашниот ти е вклучен бесплатно внатре. -Осигурување моментално сме на Haftpflichtversicherung, Hausratversicherung, Lebensversicherung, Kfz-Versicherung, Оваа година имаме и Reiseversicherung оти букиравме повеќе одмори, се надевам дека ќе си ги вратиме парите или ќе пробам преку ова осигурување. Ако имам еден одмор тогаш не гледам потреба од ова осигурување. И за адвокат имавме пред една година исто го откажав, тоа додека средувавме документи за станот. Колешка моја има додатно за заби осигурување и е презадоволна, ама она си има проблеми со забите. Јас кариес немам ниту еден пломбиран заб, па не гледам потреба да склучам такво осигурување. Според мене треба да си израчунаш дали имаш воопшто потреба од тоа осигурување. За сите е различно. Не можеш терк да се водиш.
@TutiFuti доби ли потврда од Лилд и ја доби ли порачката? Што направивте со зетко бевте ли на доктор?
@fairy88 Фала ти, се убаво ми одговори. Прашање кое ме мачи се уште е Економичен интернет на телефон? 1унд 1 сум и првата година плаќав 15 евра, а втората 25 евра и некако многу е. Идеално е да има барем 5 гига интернет, а да е помалку од 10 евра. Или 2.5 гига за 5 евра.
Џокерче мила џокерче, секоја вакцина и оние на новороденчиња може да предизвикаат нус појава. Пластично да ти објаснам отвори рецепта од апчиња и прочитај го делот што би можело да ти се случи ако го испиеш апчето. И апче и вакцина и се остало во животот си зависи од организмот. Ако мене од десет ракии не ми е ништо ти од една може да се валкаш во вир. Симпли. Како и да е вакцините се дел од нашите животи за 95% до 99% да не заштитат. Нема 100% вакцина. Можеш да бидеш вакцинирана и пак да се разболиш од болеста. Шанси 1%. Зависи од ѕвездата џокерче. Сепак јас играм на 99% од шансите, увек ми одела математика. А крлежи порано се вадела и со нокти, точно. Во 1992. Толку биле сознанијата. Толку знаеле. Сега поинаку се вадат, поучени сме од тогаш. Сега на хирушко се вадат од хирург.
Бевме на контрола и што кажаа добро е што сама сум го извадила секако немале да го вадат они не е страшно штом немало црвенило и така ниту крв ниту ништо друго кажаа.Од лидл последно ми стои дека е во Дхл доставено сега чекам од Дхл дали дека петок неработен ден беше а парите од сметка ми се однезмени на 27.04 па сега можда бројат 5 работни дена од тогаш.
Ајде девојки совет! Вчера имавме едно неубаво искуство. Во 6:30 се разбудивме поплавени. Среќа брзо реагиравме, но сепак штета има. Во станот над нас пукнало цревото за топла вода и бидејќи се случило тоа во време кога сите спиеле од таванот во кујна, преку плафоњерка (среќа светлото изгасено) добар дел од водата заврши во нашиот стан. Ѕидовите во кујна, ходник и вц се лом. Се крена дел од ламинатот, а и висечите од кујнските елементи на некои места уште вчера почнаа да набубруваат. Куќата е осигурана од газдата (пожар/поплава) ние не плаќаме никакво осигурување за неа. Дојде газдата, рече да не се грижиме, се ќе се санира, но не знам дали тоа се однесува само на ѕидовите и ламинатот или и кујната? Вчера во паника и стрес ништо не прашавме, а и тогаш кујната изгледаше сосема во ред. Дојде екипа сликаше, за некој ден рекоа повторно ќе сликаат бидејќи како што и сами кажаа штетите од поплава подоцна се гледаат. Сега ќе сме со машина за вадење влага 2 недели дома, а потоа следува санирање на штетата. Оффф... Совет? Искуства? Без памет сум
Со парафин немало така ми кажаа денес во аптека, здмав др но тие биле на база како морски спреј што го користиме за носиња на децата.
Што е прашањето? Осигурувањето ќе ја покрие штетата, газдата ќе санира тоа што ќе биде за санирање. Ако треба нов под, веројатно ќе го смени, другото зависи како ќе проценат од осигурителната.
Кога ќе можеш сликај ги за недај Боже.Да знам што да купам нареден пат без рецепт. Нас само ибупровен ни даваат се додека нема тт.