Не сум правела осигурување за случај ако не сум невработена.Знам дека има и се доплаќа плус,сепак не правевме такво осигурање и станот кога го земавме.Ако еден од нас остане на АЛГ 1 секако си ѓи покриваме сметките.Плус јас сум во здравството,ако ми дадат отказ до вечер ќе имам нова работа. Животното е во случај на смрт,значи без разлика на околност-болест или несреќа. Сумата и времетрање на осигурување ти си ја одредуваш-можеш и на милион да се осигураш,ако сакаш. Ако сакаш поголема исплата мораш да плаќаш месечно повеќе. Јас на пример сум на 25 години поголема сума(скоро дупло),а плаќам месечно околу 12-13 еу не знам точно. Маж е на 15 години нешто подолго од исплаќањето на станот,помала сума,а плаќа околу 20 еу.Иста година,ист месец сме родени.Проблем неговиот БМИ покажува дека има лесна прекумерна тежина и плус е пушач.Јас сум со нормална тежина и непушач. Ако тргнем по германските стандарди треба и беруфсунфаихкеит версихерунг да склучам. Во случај да не можам да работам повеќе во мојата професија.Само многу скапо.Гледав месечно прегу 70-80 еу ми се фаќа за да се исплаќаат 1300-1400еу месечно.
Конечно заврши маж ми со реновирањето и утре да направиме едно детално чистење,па да почнам со генералка,дел по дел да чистам и да средувам за новиот член Маж додека да изреновира му помина цел одмор и искрено ми е жал дека од сабајле до вечер работеше без престан. Го гледаат комшии и сите си кажуваат што им фали за да се реновира кај нив Викам јас едвај го натерав да направи кај нас за на друго место нема шанса. Познавам многу што работат приватно после работа,ама маж ми нема шанса да работи така. Во Македонија знам не си го ценеше трудот и за без пари ќе направеше ѕидче или ќе среди соба на пријател,роднина, познаник... Еден знам во Македонија се беше дрзнал да му залепи демек ако ми е за мајстор нема да те викам тебе,ќе си викнам фирма,ама нели млад дозволуваш да те искористуваат. Сега го викаат и за плаќање и одбива да оди. Гледам попусти на сите страни и магично ме привлекуваат црвените знаци. Сметката ја одкарав во минус,од што купувавме материјали и работи за бебето,ама колку и да се трудам -не можам да оддолеам на некои работи. Денеска најдов на распродажбата во C&A 30 % попуст на веќе намаленото. Среќа во несреќа голем дел се беше распродадено,па не направив глупост да се дадам пак на шопинг. На крај купив само чорапи,долен веш и купачи за синко.Излезе дека платив само 1/3 од оригиналната цена Треба да си купам парфем зимен,летен имам уште пола шише. Многу ми се допадна од YSL Либре интенз (зимен)и од истата марка Мон Парис парфем(летен). Дури и маж даде комплимент убаво сум мирисала,а јас се прскав со тестерите.После 2-3 парфем изгубам осет и се ми мириса исто.Па морав некои да пробам. Продавачките за чудо ме советуваа да не купам ништо,оти бремена ми работел осетот подруго и да сум почекала после пораѓај. На маж ми му реков те ти идеја за Божиќ што да ми земеш.Оти секогаш се мисли и вика не можел ништо да ми купи,многу сум била избирлива. Друго втор пат си правам нокти.Убава работа на очи,ама за мене сепак не ми е баш хигиенски.Колку и да држиш нега кога чистам или ако фатам нешто без ракавици имам чувство се оди одоздоле. Можеби не сум навикната кој знае. А, доста кратки се.Нареден пат ќе мора да ѓи вадам,заради операцијата.Пулсоксиметарот нема да фати на толку дебел слој лак,а и со бебе не сакам нокти. На Тик ток видов видео како во Реве(и јас живеев порано таму и одев да пазарувам),вработен ја изтеглил муштериката за коса и и залепил шлаканица,по што жената не можела да слуша на едната страна,пред двете нејзини деца.Оти едно од децата зело чоколадо и не го вратило на правилно место. Ужас и срамота,и жената и децата ќе останат истрауматизирани по ова.А,баш за чудо камерите на Реве биле баш тогаш расипани,ама имало сведоци и овој олошот добил отказ. Секакви гниди газат по земјава. Утре не треба да готвам.Најдов една многу убава леќа,што е прсти да излижеш,само што касно ја правев и претходно јадевме во Сабвеј(дека цел ден со детето се мававме во трговскиот) и пола тенчере остана. Забележав дека оваа недела сите сме дома,мислам цел ден го минувам во кујна.Се се готви и се се нема за јадење,а само тројца сме.Алал да им е на жените кои имаат поголеми фамилии со три и повеќе деца. Роб на кујната. Викам многу овошје и зеленчук купивме во петок поручек-како да не еве втор ден,а пола и повеќе изедовме.Само правам смути и салати и се е маф.До понеделник пак ќе треба да правам голем пазар. Наредната недела турбо.Термини еден куп.Повеќето денови по два во ден.А,треба и да одам до полиција,му излезе и пасошот на синко.
Девојки го има ли некоја од вас купено парфемот од германски ДМ? Да ми го сликне одоздола шишенцето? Или ако оди во скоро време во продавницата, да го сликне Го добив денес, наводно од таму земен, ама не сум баш сигурна во автентичноста Однапред благодарам на одговорите
Од дм е ама само онлајн. Пиши just cavali dm Deutschland на Гугл и види што те интересира. Можеби го има и во продавница некаде ама кај мене го нема, само онлајн од дм. Не сфатив во што не си сигурна? На сликата е ист како од дм. Ако не веруваш во тој што го купил, се менуваш или ти или пријателот го менуваш. Доверба!
Сега сите тајни агенти,бараме дали парфемот е од Дм. Инаку го има во ДМ.Јас го најдов на онлине страницата-35eu. Доменот означува дека не е од Германија,туку некпја од јужните земји,меѓу другото наведена е и Македонија
Го има само на австриската онлајн страна на dm, во Германија го нема во дм во никој случај. Не сум видела никогаш дизајнерски парфеми таму. Инаку @Polyincognito ако ти е дилемата дали е оригинал, провери преку кодот.
Парфемот е па секако ефтин, што е битно дали е оригинал или не. Не е некој од 200 евра па да се прашуваш дали го купила за 20.
Женски од кои патики сте најзадоволни ниски и високи за децата , син ми скоро 5год е , патиките лом ги правe на секои 2-3 недели нови па во градинка кога ги изнесуваат со патики експресно ги средува најчесто џонот одоздоле кај петата некогаш и напред ги чука ама џонот нај го олитува или дупнува. Пробано Најк , елефантен , капа , кенгароо и сличните се е краткотрајно . Ми треба нешто со добар џон па и поскапо да е ама да не мрдне некој месец бар , на крај работнички ќе му барам
Да го разгледаш дворот во градинката прво. Секакви имале моиве и остануваат исти, долго ги носат. Перени се како нови.
дворот си е ок и сега скоро и преуреден песок пола е , пола е како по парковите се безбедно , само синот е проблем он не пазе ич коче со патики кога возе нешто , кога оде знае да си ги влече некогаш , ама најмногу при возење ги средува chatgpt вика само од овие вакви модели издржливи биле и со соодветен џон за секакви услови , овие другиве повеќе за онака за прошетка , ама првпат ги среќавам , имаат и добра оценка познато ?
Imam i jas eden takov ora so nozete . Od Decalton samo ni se pogodija edni crni obicni do 25 evra max se izgleda
баш како да ора и секоја ден се зборе и џабе он упорно ко брзи и бесни се понаша баш ќе видам во Декатлон незнам зошто не ми текна на него , а знам дека за чизми им нема рамни од таму и плус и тие беа со нормални цени .. Фала ти
На нашиов дивјак му земав hummel од заландо беа на попуст. 6 месеци и повеќе ора со нив, песок, вода, кал, читави се се уште. А и прилично лесни на нога. Едни други му земав, некоја си марка као, за 10 дена никакви.
Се прашувам како бебе ора прво и второ како 6м едни обувки носи? Прво сезони се менуваат, второ ноже брзо им расте. На мојата девојка подолго од 3м не и трае обувка. Многу брзо ги надраснува. И сите и се нови и сега се прашувам шо да им правам на 10 пара обувки не донесени. Геокс, суперфит, натурино, едни фалкото, една друга италијанска марка, елефантен се има. Да земам да и објавам може ќе ги купи некој. *да помрчам да не ме заборавите. Ќе ви пишам од петок натака
Патичиња ги носи од март месец. Сп нив и во песок игра и во кал. Од март до сега брои колку време е. Ги земав 22 бројче и уште му се таман. Сигурно му биле големки на почетокот, но сега се таман. Не разбирам што е страшно да носи долго време исти патики. Веројатно како и мајките пред мене, орање подразбираат клекни, стани, превиткај се, прави акробации. Моето барем е премнегу активно дете, па тоа подразбирам под орање. Не застанува, а со тоа и патиките се максимално носени.
Не е страшно, чевли за дете се купуваат број поголеми за да ги носи, пошто расте. Ама од Џоли и мојава женска на пример, ете, брзо растат, за 3 месеци веќе ги дораснале. Уште малку и ист број ќе носиме, па ќе си имам јас за доносување. Јас сите ги раздавав @јolene секоја година по сто обувки, топлинки за градинка, чизми, сандали, патики. Годинава првпат има патики што се саглам износени, ваљда пошто веќе е величина за возрасни па повеќе простор имаше да дорасне.