Добро, ти вторпат годинава ќе одиш во мк? Стварно не ти е добро, ц, ц... Ама немој да умреш. Просто е, не оди.
Е тоа скроз сум изумила дека годинава бев веќе еднаш, исто против моја волја. Е сега уште полошо ми е! Па уште ако помислам дека се што ќе се случи два пати ќе се случи и трет пат! Кажи ми некој виц те молам!
Ништо, тука ја кршиш магијата е не одиш вторпат. И нема трет пат. За повеќе математички совети заследете ме Значи реално, ако Ти немаш потреба да одиш, нема зошто да одиш. Кој сака да оди, ене го аеродромот. Виц ... барав еден да го постирам, ама не можам да го најдам. Ама ми искочи еден друг (не го знаев иначе ), можда нешто до ѕвездите е... У пп ќе ти го пратам
Познато ми е ова немање некако. Општо, се некој нема околу нас, на се некому нешто му треба, чак и отворено ќе се насмее во стил купете ми, немаме ние.. Језа.. Една многу паметна жена велеше: теле цица од крава, а не обратно. Како родител треба да давам, никогаш да земам. Миси асан, пари паѓаат, собирајте во вреќи и праќајте е работава.
Се согласувам потполно, ама имам една анегдота од една "паметна" госпоѓа, секако свекрвата, таа па кутрата модерна сака да се прави, па вика дека данок треба да си земе од тоа деца што исчувала . А и тоа не знам колку таа ги изгледала. Порано и сега во мкд секое дете од бебе во градинка до 16ч попладне со храна за смешна цена, после дома три саати и заспало, а и порано децата се сами надвор играа. Додека овде до 13ч пошто до 16ч скапо. Па јадење секој ден да спремиш пратиш. Ама ете тие да си бараат само. Или на емоција демек да те фатат, леле колку пари за апчиња давале, ете пред умирачка биле. И ова го слушаме. Све од мизерен до мизерен.
Ниту ми даваат ниту им давам кој колку си има толку. Божем овде на дрво растат. Јас како што гледам во мк повеќето старите им помагаат на младите. Многу ме нервира само кога ќе почнат да ми прават математики волку плата толку пари. Кирија , градинка као демек колку заштедувате…? Или пак јадењето е исто како и во мк , и што сега да направиме а кириите градинката и осигорувањата каде се . @gjoker4e не би одела освен ако не е нешто итно. Ако има потреба нека оди сам.
@joana18 јас поднесов кај работодавецот,сега чекам да ми вратат. Во право сте за муабетот дека многу сакаат да споредуваат во Македонија.Поготово кога речат храната е иста,ама се друго не е исто и е дупло па и тродупло. Само во последно време што слушаат многу знаат и да прашаат како е со кризата кај вас Дека и тука се е поскапено.Баш се сеќавам кога дојде брат на маж ми со фамилијата се зачуди од цените,он ги има цените од 2018/19 во глава и сега му се виде се многу скапо. Баш во петокот дадовме 160еу за јадење,требаше вчера да направам пак наново пазар.А, секогаш викам не сме многу луѓе,тројца. И јас не сум Македонија фан,ама догодина од 4 недели планирам-да направиме крштенка и тоа само кумовите и домашните , 2 недели да седам во Македонија,другото по одмори во Грција или Охрид. Ако не ми се оди не одам,маж ако сака нека си фаќа пат сам.Секој како му одговара.Не па и болна да се пишувам за да одам со сила на одмор.Ако се пишувам болна,барем да отидам таму каде ми се оди,а не за Македонија. Треба да одам на гениколог, кој знае како ќе се одвлечам.Ептен сум тромава и едвај се движам.Се задишувам на мали релации.
Само што престана да работи шпоретот на сред печење пита, а најнормално се вклучи. Сабајле си варев какао, праев палачинки, најнормално до вчера ручек. Гледам сега ни плотната не работи. Во медиамаркт е земен. Колку се ажурни? Мислам дека веќе не е ни под гаранција, кого да барам? Кај што е земен, или мајстор нешто се вика така овде? Колку да ми каже дал ќе го биде овој или да се зема нов? Што ќе правам сеа без шпорет не знам дур го оправам овој или дур земам нов. Има некој искуство? 3 ипол години само го користам..
Ако наоѓаш мајстор за шпорети, пиши тука искуство и тагни ме. И моите не ги бива, ама маж ми секогаш има решение за расипаното - да се купи ново.
Ако не е под гаранција, барај авторизиран сервис за марката- ако постои Дотогаш-купи си една рингла решо, не знам. Зависи дали повеќе варите или печете. Ако печете- микробранова со функција на рерна плус.
Хелоу Вчера сабајле отидов со точак на работа, се смрзнав8 степени камен ладно беше. Башка облеков тенка јакна пошто немав друга. На работа беше стресно, цело време бев на нога трчај натаму наваму Пукнав значи, ни минута не можев да седнам! После тоа спиев едно пола саат, до толку бев истрошена. Едвај чекав да си легнам. Денеска океј беше, фала Богу поопуштено Само што сум малце настината, на работа ми течеше носов, richtig nervig! И се утепав од кивање, па ми искочија од носот, ужас... Ми беше стварно непријатно. И кашлам плус. Не дека се осеќам krank, само сум настината малце hab ein bisschen Schnupfen Кај нас на работа очигледно некој вирус се шири сто посто е од ова глупаво време тукадвајца колеги исто настинати. На една Aszubildende и течеше крв од носот. А иначе добра сум, бев во град денес да шетам
Кај нас машината за садови не сакаше да прима вода , па не знаевме до што е проблемот .. дали е до машината , до доводот или кој знае што . Три недели секој ден миев на рака . Не дека е нешто страшно ама не нервираше тоа собирање на садови .. па главев над мивалник . Мм смени еден дел и сега почна да мие . Пред да заврши школската година имаше од школото поделени листови за пријава за учење на мајчин јазик . Имаше македонски, ја пријавив големата , средното не покажа интерес . Е сега пак бараат да се пополни формулар. А големата веќе се откажува , од немање време за четврт јазик
Морген . Какво невреме вчера не фати , за неколку минути направи лом. Неможев каде попрво да оправам. Два прозора оставени на кип. Влегло вода , направило бара . На терасата ги издига масите , столовите .. надвор куќичката за играње го откорна покривот . Ограда , дрвена ја свитка , таман да падне врз колата . Среќа држеле металните држачи иначе и колата ќе беше тотална штета . Сега се оправаме од штетите , дворот е лом . Чергите нема шанса да се исушат , ќе купам нови .. За секунда може да се смени се .
Преубав дом имаш Ена. Уште поубав со полна куќа внатре. Да сте живи и здрави и на купче, се друго со пари се решава. Се надевам имате некое осигурување и ќе се среди поскоро.
Најбитно е нема човечки жртви . Нас не дочека невремето дома , и цела среќа што бев дома, можев да затворам прозори . Поука од ова , колку и да е топло пред напуштање на куќа , прозори врати затворање За штетата не се ни загрижив искрено. Комшиката дојде да ми каже да ја тргнам колата само . Среќа ништо не летало кај комшиите, како пред некоја година . Трамполината ја најдовме кај комшиите , па им исплаќавме штета , зашто комшија идиот . Среќа си отиде , си најде среќа со друга мажена комшика. Остави цело село со отворена уста . За осигурување имаме , мм уште вчера направи записник. Брат му е наш застапник за осигурување. Штета ко штета ќе се поправи , не е битно . И после цела драма , на крај изгреа сонцето
Фала на сите на добрата мисла. Сите сме добро, во околината гледам не сме единствени со штети . Само нашево село го фати како невреме. Утре белким ќе се погоди времето , погребот на човекот од пред недела дена што погина во несреќа ќе биде . Па да не биде со дождови . Вчера го читав некрологот. Убави зборови напишани . Покрај се стоеше кој се ожалостени...од жената , децата , плус некои други од фамилијата.. И на мм му викам , иритирана од толку луѓе на некрологот.. дека кога он ќе умре , ќе пишува само мое име , од децата и толку . Ни од мајка му , сестра му и слично .. да ми текне после што глупост треснав. Ми вика , до тогаш мајка ми ќе ја нема Некогаш не мислам што кажувам Битно ќе треснам. За оградата што виси на тенок конец , ќе ја вади сам и ќе викне некоја фирма да направат проценка и да ни направат план за нова . Платено ќе било . Се сеќавам кога свеки живееше овде , имаше дрва посадено , многу убави елки. Ама ги исече и стави дрво. Од страна камења .. лош избор дефинитивно. Како и со предниот двор , за кој ни остави многу работа. Среќа комшијата е шампион во несреден двор , ние сме втори . Другите се се пензионери и имаат време за садење цвеќе и да декорираат. Ние едвај трева да искосиме. Гледам покачување на плата , втор пат за два месеца . Една година работа и одма менување на тарифа . Се исплатело да работиш во државна институција Сега се мислам кај попрво да одам , сакам да купам салфетки , платнени за маса. Да купам некое деко .што ми се мота во главата. Вакво нешто во овој стил , само да не е прескапо
Абе кај сте женски ... Денес е сабота , јас не сум на работа . Уште една и пол недела ќе одмарам дома . Планирам да излезам со најмалото синко. Да не дремам само дома . Колку повеќе седам дома , толку повеќе не ми се излегува од дома . Во време корона , тазе породена, со неоткриена дијагноза на тироидната.. бев само дома , не ни пазарев. Неколку месеци дома ги отседов. Ништо не Трошев . Парите само легнуваа на сметка и седеа така . Имав собрано над 1500 евра ми беше сеедно . Сега други времиња.. @gjoker4e да пише дали е замината за Македонија
Добро е што вие сте добро. Се што се купува со пари ефтино е . и мене така некој муд ме има фатено не ми се излегува, а и некоја носталгија. Се ми е досадно стварно нема никој за муабет. Среќа броиме ситно за одмор конечно море. И едвај чекам да почне со градинка да се стабилизира спиењето. Сранува рано легнува касно. По цел саат навечер неможе да заспие. Ќерка ми се повеќе зборува дека сака да оди во Македонија да си игра. Кога ќе се јави некој таа е тажна зошто не е таму. А искрено има многу деца на нејзина возраст , тука имаме многу малку познанства. Си мислам да не и скратувам што не одиме ? Да не и одземам убави моменти од детството? Од друга страна па ќе одиме на одмор, па немаме и за одмор и за во мк. Ете уште елтерн гелд нема не дека се многу пари но во моментов ми значат. Мене пак ми фали да отидам сама си децата во маркет во дм без никој да ме брза да купам што ми треба. Вака се чекам на маж ми и и секогаш брзаме де за работа де ќе нема време. И колата ми се расипа ете уште едно прашање што треба да се реши . Кога тргне тргнато е … За бебе што треба да носам како домашна аптека ? Се сум заборавила а само 2 ипол години поминаа. Пробиотик треба да давам пред да одиме и таму? Овде само витамин Д му давам. На ќерка ми треба да и давам пробиотик пред тргнување исто неколку дена? За неа имам знам што може да се случи . За него ми е уште е бебе 4 месеци. Многу лекарства се над 6 месеци. Ни се најавија гости за Нова Година , значи не сакам со старци да чекам Нова Година , злобна ли сум … маж ми вика што па дека ќе одиме со децата, па нема да одиме , но може со некој ќе седневме така да запееме… @јolene се вративте ли од одмор?