Мене ми е глупо, као на улица некој да праша, абе кај е улицава и ти ќе го изигнорираш пошто ене му онаму, има мапа на градот. Као ај ќе игнорираме прашања во оваа тема, нек одговара некој во другата тема (кајшто никој не пишува-и не чита).
Па да ама реалноста е таа Ај и тука да пишам дека седиме во двор и одеднаш малиов мижи и се моли накај куќата и јас стрчав до него и му викам што правиш и ми вика го гледал Господ над куќата, 4 годишно дете! Да се плашам или не?!
Не бе, шо ќе се плашиш од Господ па ти? Додуша не знам Господ што мисли за симпатии и Европа парк, ама за детето нема зошто да се плашиш.
А, јас се чудам каде ми летна пола мислење Викам толку ли сум со паметот отидена со не знам што сум правила во пет сабајле. И мене ми е нелогично да одат мислењата во теми кои секако не се активни и никој не ги чита и остануваат секако неодговорени,ама штом виша сила така каже така ќе правиме @gjoker4e мислам дека децата имаат голема фантазија на 4-5 годишна воздраст.
Чекај како тоа не прашувајте??? Маж ти ти даде дозвола да одиш сама со симпатијата во Еуропа парк? Зошто не сакаше да одиш мк уцена ли му направи
Абе може нема сама да биде. Нели бевме заедно од работа и мене неостварена желба ми е јас до него да се возам. Па фактички тоа треба да ми се исполни. Ние се возевме заедно ама ниту еднаш седнати еден до друг. Или си млатам слама од другиве проблеми па чисто мозок да ладам со глупости. Или децава пораснаа и сега не знам што да правам со животов. Не ме ни регистрираат веќе. Сами куфер си спакуваа не ни проверив што има. Малава го облекува и малиов. И од мозок што работеше триста на саат и обврски 24/7 јас сум сега едноставно без ништо стресно како што е со бебе или мало дете. Ако ме сфаќате. Време имам од вишок. Време за се па така и за глупости.
Не се бришени мислења, префрлени се одговорите во соодветната тема. Инаку, да останат сите мислења тука, оние што само прашуваат дали да се преселат, тогаш и тоа ќе ви пречи и ќе се пријавува, како што и се пријавува, бидејќи нема да е прегледно, ќе пишувате дека темата не е за тоа, туку е отворена за македонките кои веќе се таму да споделуваат и прашуваат работи кои ги засегаат за тамошниот живот. Навистина не гледам што е спорно што оф топиците се префрлени во соодветна тема, а оваа си е за она за кое е отворена и така и ќе остане. Ако сакате да се активни и другите теми одете одговорете таму и тие теми ќе имаат одговор.
Има избришани мислења од Кејти, Гош и од мене. Јадење трици беа, не дека се битни и содржајни ама од принцип ќе си кажам де . Во офтопик префрли мое мислење шо е апсолутно непотребно таму да стои, оти е зезанција и само во темава тука има смисла, оти е муабет шо се провлекува со години. Таму нема потреба да стои, ништо не придонесува. Јас пријавувам мислења секогаш кога сметам дека е несоодветно однесување. Ама не се сеќавам од темава дека сум пријавила. Некогаш одговориме, некогаш заобиколиме и така. Зависи како сме расположени. Реално да пишала членката таму, немаше да и одговориме толку бргу со сигурност. Дали и ќе видевме. Не дека ни е спорно, ете расположени сме да мрчиме денес . А инаку да, ко шо рече Gosh, еве ако темата би била во скриено, може помалку такви прашања ќе добиваме и ќе е поактивна соодветната. Вака секој може да не чита и нормално ќе има постојано вакви прашања и ќе се губат тука низ другите постови.
Гутен Морген. Кафе во омилениот филџан, фемина и online шопинг денот и може да почне. Да се потроши некоја пара за есенска гардероба и да се поддржи германската економија. Од моето мислење 1/3 избришано, друга третина префрлено во животот во Германија ама цинкот преживеал во темата оти германски де. Инаку баш Гош како што кажа темата си е скроз за скриено катче у другата може да им даваме информации на оние кои сакат да се преселат тука, документи кои им требаат и тоа. Темава е комбинација од мајчински, 40 и со понекој германски збор. Напомена ова е гласно размислување, а не мрчење. Да ви кажам дека на нетфликс имате божиќни филмчиња и дека јас еден гледав веќе. Сега следно очекувам да ги наредат дедомразовците на рафтови, а есенските декорации во корпите на попуст. А има и адвентскалендари веќе. Може и ќе си купам некој со шминки.
Гутен морген Ете и јас до кафе, многу лоши непроспани ноќи имаме. Адвент календат секоја година купувам и никако да купам. За филм време нема , може да се стабилизираме со градинка па да се легнува порано ќе имаме време или за книга или за филм вака тешко, навечер преморена сум. Кати кои витамини ги препорачуваш? Овие од дм добри се или врска немаат?
Дали некоја од вас плаќа сметки он лине за во мк? На мој телеком месецов нит сметка ми стигна, и ми изгледа дека нешто не е ок страната. Дали е до мене, дали е до нив, не знам. Ама колку немам желба значи со нив пак да се оправам. Барем три пати се имам карано по мејлови и толку се едно арогантно неписмени, ама! и трите пати средија. Сега ем немам достап до фактури, ем не ми покажува веќе платени фактури, стои како месец и платено само.
Порачав кранкмелдунг и ми вратија дека не може без картичка во овој квартал. Кога ќе ја однесам не знам дали ќе се важи од денес или од тој ден. Дури нареден понеделник можам да ја однесам. Им пишав меил ама полна меморија и не се испраќа па еве сеуште бришам мејлови па да пробам пак. Ама во меѓувреме да не знае некој тука случајно?
@gjoker4e ... Нема да имаш Krankmeldung. Неоправдано отсутна, може да добиеш во краен случај отказ од работа . Си требала да ја оставиш картичката на комшика некоја , да ја однесе на твое место . На работа да прашаш за неплатено отсуство од работа . Вака малку неодговорно, не по твоја вина .. сепак мт сакаше да одите за Македонија. Ама требало претходно да ги решите битните работи .
Па нели прашав и гуглав и испадна дека нема да имаш никаков проблем освен ако не продолжуваш кранкмелдунг во нов квартал. Никаде не пишува вака. Ама ете ќе знаеме за друг пат ако праша некој. Неодговорно и не е ова мој карактер. Пишуваат два дена уназад кранк пишува, па ако стигнеме петок ќе ме пишат од среда и сабота ќе работам ама којзнае. Друга опција, имам 30 прекувремени и првата недела од месецот може да се префрлат во следниот месец па таман да ги префрлам и нема да имам минус саати и проблем.
Епа нека ти ги израчунаат тие Überstunden , за една недела . Прашај во фирмата. Си требала отворено да збориш за тоа дека планира(л)те да одите за Македонија. Без денови за одмор , со боловање така не се заминува надвор од земја, да му кажеш на маж ти .
Кранкмелдунг со однесена картичка може три дена нанадзат да се извади. Значи ако во понеделник однесеш, од сабота најрано да ти важи. Поарно на работа кажи им само дека си болна, во повеќето фирми не барат од прв ден да носиш. Како е кај вас? Па така евентуално два дена и два-три штунденаббау ако ти дадат. Мораш со некој од шефовите да средиш. Не сега да ти трлам на нос, баш ми е жал, ама ти пишавме и тогаш дека не можеш крак без картичка чекирана во нов квартал да земеш. Патувањето жими само нервози ти направи. Стварно многу ми е жал шо сега со вакви стресови се оправаш. Мислам дека после ова, многу нешта ќе се сменат.
Јас па те сфатив дека може. Ама ако имаш веќе отворено, не можеш да го продолжиш во нов квартал без картичка. Мене се ми е јасно ама има некој на кој не му е. Среќа што имам премногу прекувремени. До 7ми можам да ги префрлам. Се онлајн оди. Значи во петок ќе се јавам на работа и ќе кажам дека онлајн сум порачала боледување ама не сум го видела мејлот дека не може без картичка и дали може да ги префрлам прекувремените. Секако дека ќе може. Кажав на работа цела недела кранк, ако можам порано да отидам ќе се јавам. Денес сум слободна. Вторник до сабота на работа. Ќе скренам жими се. Чашата се прелева и ова се веќе последните капки за кои и нема место. Да гледаме на позитивната страна, дека се ближи крајот.
Супер план. Ќе функционира секако. Не се нервирај и од работа те знаат дека си вредна. Инаку нема да имаш толку прекувремено. И на нив им одговара сега да не идеш, оти па треба да те платат. Така да, баш убаво си измислила.
Дали знаете точно што значи rückwirkend 3 Tage Кога ќе отидам понеделник сабајле ќе ми дадат за од петок до недела (петок, сабота и недела) или за од сабота до понеделник (сабота, недела и понеделник)?
Од петок. Петок, сабота и недела. Сега бев да проверам, мене кога ме заборави матичната со боловање преку телефон. Тогаш беше понеделник и нанадзат од петок беше пишано мислам. Ама ова шо го смисли е ок. Сега не преправај планови. Или за сабота ти е?