Абе жени јас ли сум грешка ама и Септември е во овој квартал?Нели на секои 3 месеци,што значи до крајот на Септември важи осигурање. Немој да не сакале да извадат така кранкшреибунг.
Значи не треба да и ја читат картичката,оти доволно е еднаш во квартал да се отчита.Зошто и ја барале кој знае. Да не се сомневаат нешто,па бараат демек картичка.
Не си грешка. Ама Џоки ги има утнато веројатно од претходно и не била на лекар секако. Остајте сега да не ја нервираме уште толку. Порано и јас паничен напад добивав пред да идеме во МК. Ми требаше многу време додека да се разбереме со маж ми. Не дека он многу трчаше да оди де, ама некои нешта не ги гледаше или не сакаше да ги види.. После прогледа малку ама за мир во куќа ми велеше да игнорирам. И така еднаш му реков дека нема поентата да одам негде и да игнорирам. Зошто да си губам време и да се полнам нервози. Дојдовме до буквално држење на конче, ама и на двајцата ни требаше тој момент мислам. Немавме дете, па се толку лесно ќе се решеше. Она што ни тогаш не можев да го сменам, не можам ни сега. Со единствена разлика шо сега сеедно ми е, оти он се смени за некои работи. Се ни е школо веројатно. Нешто повеќе се плаќа, нешто помалку. Од нешто профитираш, од нешто се зезнуваш. Живот.
Картичката ми е куцната еднаш 2017та година па еднаш 2022ра па јануари 2024та. Ајде да не претерувам и 1-2 пати плус нека е од ова во текот на овие 7 години тука. Јас затоа и прашав тука нели ама јолене ја сфатив дека ќе ми дадат и уште некој нели ми одговори дека ќе ми дадат.
Да си јадеш газ. Уште на прво прашање ти реков дека не може да те пишаат кранк во нов квартал, под претпоставка дека во стар си била, ти реков на последен ден од стариот, правиш продолжување на боловање. После ти реков и боловање ако имаш извадено можеш да патуваш во странство, ама доктор да дозволи и да кажеш на работодавец. Сега имам грижа на совест дека ради мене си во оваа ситуација, а очигледно сме биле расипан телефон. Друг пат пиши мајке му дирекно, објасни ни, сто идеи ќе ти дадевме.
Ќе го најдам мислењето и ќе видам шго сум прочитала. Деновиве сега сеуште не ми функционира мозок. Јас и тебе те прочитав исто како на Гугл што прочитав. Ама очигледно и Гугл го имам утнато. Неееее, не си ти крива, само мм е крив, а он вика јас сум била крива што не можам кранк да земам. Значи 100% петок и сабота ќе бидам пишана кранк, понеделник слободна, вторник среда и четврток ќе префрлам прекувремени. Гугл вика можно е опомена и отказ ама не знам дали ако прв пат се случи ова или почесто. Отказ ако со тој отказ може да земам ALG1 и не е така страшно. Да кажете барем што да пијам што ќе е слично на дијазепам 2мг. Јас еднаш на факултет се имам напорно и спиев цели два дена никако не можеа да ме разбудат цимерките. Нешто без рецепт да пијам за да не мислам на лошите работи.
Јас мислам ти потајно не сакаше кранк да земеш. Оти не си ти. Инаку ќе се пишаше болна уште пред да заминеш. Б6 и магнезиум може малку ќе те опуштат. Во аптека сигурно има и некои валеријани или нешто слично да ти понудат. Прашај. Ја изгледа ќе морам дијазепам ноќва.. еднаш у месец земам, оти страшно ми е со несоницата. Треба и телефон да фрлам уствари. Ќе заспиев може, ама не. Сега не бива веќе. Ноќеска цела ноќ не спиев. Ни нешто можам да направам, ни па можам да спијам. Многу грдо.
Те молам опушти се и кулирај. Незнам што те толку стресира но пробај да игнорираш. Знам дека си многу задоволна од работата и си ја сакаш ќе поминеш само со абманунг може па и без зависи од шефот како ќе го погодиш. а разговараше ли со шефот му кажа ли за боледување дека не си во можност да одиш на доктор? а за мм што си ти крива што неможеш кранк да пишеш? Многу детско понашање од негова страна. … И да се имав еднаш така пишано но бевме само за викенд 2 дена беа во прашање сабајле на доктор извадив кранк па потоа правец аеродром. Но тоа беше во дамнешните неповторливи луди млади години без деца и без обврски.