Многу убав јубилеј таман со венчавка може да си го одбележите. Романтики. Таман си планираш најблиските од фамилијата кум, кума, старосват и старосватица и фотограф. Кај нас се оди после и на еден ручек и има задолжително една торта. Не бара многу организација ова и е убав спомен. Не мораш да носиш венчаница. Ќе си најдеш некој убав фустан. Ако треба сите заедно ќе бараме тука. Мене лично многу ми е слатко кога мајката и ќерката имаат исти/слични фустани. За девојчиња да си знаеш на next се најубавите свечени фустани, а и за тебе има голем избор. Другото од едното уше влегло од другото излегло.
@јolene знаеш дека во ниту еден момент не помислив дека би можело и тоа како нестинг да се рачуна? Дури и баш му зборев на маж пред некој ден, како многу бремени ги фаќа тоа, ама ете јас ко труп, ни за првото, ни за ова немам ништо такво Бесчувствителна, а уствари гледаш, мене ептен хардкор ме фатило, директ на Рецајклингсхоф да носам А успат ме фаќа лудило и од гужвата што ја прават бебешките работи и пресоблекувални и чуда Фала ти за споделеното за клацкалката, маж ќе го пратам уште денес на враќање од работа да ја земе Денес денов цел накрцан со термини, од сабајле во трчање, сега уште да отидам дете да земам порано од градинка и да го носам на очно Нешто почна да трепка со окцињата од минатата недела, јас уште мислам дека се работи само за некоја игра, бидејќи бевме во јули на очно и се беше океј, ама вчера го испаничиле маж во градинка, демек се лепело малово многу блиску, не можело да гледа, а дома ништо такво немам видено и маж како маж - Миле Паника и морав термин да закажам. Е ова ми се допаѓа тука, кој колку сака нека го критикува германското здравство, ама знаат да проценат итно и неитно и си има ред и сите се стрпливи. Еднаш годишно го носам малово на очно, бидејќи имаме и јас и маж диоптрија. Значи за обичен преглед си чекам 4-5-6 месеци за термин, а за вакво итно одма даваат термин. Кај Киндерарцт ми се случувало ако е итно за 15 мин да добијам термин. Јас па од сабајле бев и кај гинеколог и нормално ептен ситно бројам и така ми дојде некако и среќа и тага и куп емоции и се измешано, та си влегов во кола, Лени Кравитц на радио ми се погоди баш таму кај што нема ограничување за брзината, го пуштив на цел глас и стиснав на гас Како некој момент на слобода да осетив, како последни некои минути за мене, пред да влезам пак во луда центрифуга Па и солзи почнаа да ми течат од очи, малку како отидена со паметот Реков вчера нели, хормоните се криви за се Одам да земам дете од градинка и да го носам на термин, уживајте во еден од можеби последните сончеви денови годинава
@Marge да за очно одма ми давале термини ако е нешто итно . Ако е за обичен преглед може да се чека . Кога ќерка ми почна да се жали на јаки главоболки одма добив термин за еден ден . Кога малото го изгреба окото на синко , одма не примија . Големата ја носев во петокот на мојот матичен , беше ептен залегната, и даде антибиотик и за еден ден се врати на себе . Пред една недела средното одеше на тридневна екскурзија и бевме во пекара пред одење на школо . Пред пекара ме сретна еден татко , со синот (оди во клас со синко) ме замоли да му позајмам дваесет евра , не ми функционирало онлајн бекнкингот. И во ред , до пекара одма имаше банка . Бев извадив пари и ми дадов ,.рече ќе ми прател на Пејпал. До ден денес нема пуштено пари . Викав ај може чека плата , до 1 не ми беше битно ,.ама некако чудно .. да се позајмуваш од скоро непознати и да не вратиш .
@Marge фала Мене бебето ми порасна па се спремаме за јадење. Да ве прашам за препорака за столче за јадење. Сакам да е стабилно, а да не зазема многу простор. Друго што сакам да ве прашам е како се водевте за воведување на намирници? Со кој оброк почнавте доручек или ручек ? Докторката ми кажа 1 намирница дневно може да се воведува. И тоа месо, компир, морков од почеток. Од 4 месеци се почнувало,а ако не се почне од 4-5 од 6 веќе морало дека било кнап б12 од мајчиното млеко. И тоа не неколку лажички за тестирање на алергии туку колку ќе си изеде толку. За алергиите ми кажа дека во Јапонија мислам беше дека имаат помал број на луѓе со алергии на кикиритки во споредба со Германија затоа што рано ги воведувале. Има ли некоја апликација како бебе готвач тука да се водам по нешто? Danke im Voraus.
@Katie90 јас сум ТрипТрап фан, за век и веков Е сега, не се собира, зафаќа повеќе место, ама па многу е стабилно и моево до ден денес го користи, веќе 4 ипол год е. Кај нас е поставено на трпезариската маса, негово си е, не го мрдаме од таму. Здравје и за бебето ќе земам такво. Јас лично видов многу бенефит од тоа столче, од тоа дете да научи само да јаде, да седи со нас на маса, да се научи на некој ред, стварно го препорачувам кај стигнам, од 9 - 10 месеци се пентареше сам и си седнуваше во него. Општо препорачувам Трепенштул, бидејќи се најстабилни, не мора баш ТрипТрап да е, ама зафаќаат место, бидејќи не се собираат. За исхраната, јас се водев кај син ми исклучиво по германските препораки и кај нас се покажа тоа одлично, планирам здравје и за бебето исто. Според нив се почнува некаде од 5ти до 7ми месец, кога ќе видиш интерес кај бебето. Уствари тајмингот е се, ако се почне порано, може да се створи контра ефект. Почнав со ручек, па вечера, па Цвишенмалцајт, па доручек, па втор Цвишенмалцајт. Доручекот веќе препорачуваат да биде фамилјарен, што ние, тоа и бебе, нормално без шеќер/сол и слично. Масло од репка исто препорачуваат да се става во оброците, за развој на мозочето. Ручекот во главно се состои од зеленчук + заситувач(најчесто компир) + месо/риба. Јас терав три дена месо, два риба, два веге опција. Исто даваат и “десерт” после ручек Неколку лажички овошје Да се воспостави некој ред, кога што се јаде. Не воведував по три дена намирница, ама гледав да нема две нови наеднаш. Препораките за воведување јајца и општо павлака/јогурти и се што има голем процент на протеин им се скроз различни од кај нас во Мк, поради тоа што тоа може да биде штетно за бубрезите. Алергени воведов од 10ти месец, мада моето покажа алергија на јатки, па полека постепено пак пробував. Кравјо млеко тетрапак исто според Германците е скроз океј во каша до макс 200мл, исклучиво со висока масленост или пола млеко, пола вода, во тој случај + лажица масло од репка се додава. Вака ова нафрлено што сум запамтила од пред 4 год, пак ќе си го освежам сеќавањето со бебево кога ќе дојде ред, мислам дека уште важат истите препораки. Јас имав симнато Е книга на Киндл со рецепти и по неа готвев. Како водич, ќе пробам да ти закачам тука еден фајл, може ќе ти се најде.
Трип трап+1. Обавезно со делот за новороденче бевме ние, оти малата многу касно почна сама да седи. Столот го ставав во кујна, беба до мене и готвев. Она оти беше на високо и ме гледаше мене уживаше. Мене најискористен дел ми беше. Писле се префрлив на бебешки дел, а сега е само столчето. И кај нас уште седи на него и ќе седи уште многу време секако. На маса си стои, тргнавме еден стол и така нон-стоп е на исто место. Секој си има свој стол. Со вкусови почнав на 5 месеци, нешто комбинација од македонски и германски препораки. Намирници не воведував по три дена. Јајце исто не воведував по еден месец. На почетокот полнав со вкусови од овошје и зеленчук колку за проба, после неколку недели почнав со доручек, после не се сеќавам како беше, важно лакома беше си јадеше. Ко ќе и дадеш пола авокадо пола банана, Бооо маф правеше. Говетска каша со компири и беше омилено јадење. Набрзина се воведоа оброците, нешто како на Марге. Се следи бебе најважно. Масло за јадење има бебешко у дм. Од хип имаше едно мислам го користев. Јас кравјо млеко дадов покасно малку во каша. Ама оти имаше сомнежи нетолеранција на протеин млечен. Од годината веќе јаде се шо јадеме ние. На почетокот без сол. Откако тргна во градинка почна посолено да јаде. Абе да си кажам оти сега многу многу полесно ми е, оти вака ко се потсетам колку бебе проблематична со повраќањето нејзини, па егземи ко бебе, па не седи, па не знае да комуницира, сега од таа страна барем раат.
Мене во Германија нема сакаа да ми го крстат детето оти не сме венчани. @Katie90 за јадење почнав прво со зеленчук. Така имаше во еден проспект од педијатрот оти демек ако почнало со овошје ќе се навикнел на поблагичко и друго нема да сака. Дали е до тоа дали не не знам, кај нас функционираше. Почнав со полни 5 месеци, иако ми препорачуваа порано. Првиот месец само зеленчуци, после почнав овошје, па ориз. Во храната му ставав витамин Д капки. Не ставав на почетокот никакви зачини после кога почнав малку ептен сол да ставам почна повеќе да јаде. Јајце некаде дури на 10 месец му дадов и тоа ептен малку прво едно зрнце.
Не е точно. Барем не кај ќерка ми. Почнав со тиква оти имавме домашна, па јаболко, морков, банана, дуња оти беше сезона и така наизменично. Дојчовци на пример пашканат форсираат не знам оти. Мојата у шо и да ставев се мрштеше. Вит Д давав на лажичка пред доручек. Не во каша, оти не си сигурен колку ќе изеде. Може ќе плукне, а е битно да го внесе. За благото. Си зависи од децата. Моето е манџа дете. Ако пробаш да ја залажеш со нешто а нејзе и се јаде, да ќе касне ама е нервозна се додека не добие јадење. И треба да е готвено барем еднаш на ден. Ао сите кромиди, паприки внатре оти ако е само пошто зашто не сака. Сега од градинка научи нудли со томатен, и помес со кечап ама дома тоа нема. Благо не сака ништо друго освен овошје и едни кекси без шеќер за 8+ месеци. Не јаде чоколадо, од сладолед јаде само корнет, торти, нутела, мармалад и сл не. Само мафини од градинка сега шо се носи за роденден, ама мафините исто со банана и овес, без шеќер. Готови зеленчук каши мојата ни една не изеде. Се се фрли. А додуша грди се на вкус ептен. Овошни сакаше и ден денес смукалчиња сака и добива кога одиме во дм. Кога одевме негде надвор, правев каша од дома и ставав во термос чаша или во тегла носев и така јадеше. И додека беше на каша се маф правеше. Грав и спанаќ и беше омилено. А сега грав не јаде, спанаќ само во тортеллони. А тогаш се и наут, блитва, брокули свашта. И на нас на неполни 5 ни препорачаа да почнеме, ама мене со 4 мала ми беше. Па така почекав уште некоја недела. Почнавме со каши нормално..БЛВ не беше за мое дете. Пробував и покасно, се фрустрирав оти не сака парчиња, оти не јаде сама, оти не може од чаша и лажица. Шо знам какви не глупости. Она имаше многу изразен рефлекс за повраќање и ако имаше некое поголемо парче одма бљуц. Па си се помирив оти е таква, од бебе со рефлукс, па натака и сега. Кога е болна повраќа, во кола повраќа и ќе го нарасне еден ден. На крај на година ипол јадеше сама, сркаше супа сама, пиеше од чаша и се по ред. За некои нешта сами си правиме да ни е тешко. Ама неискусна мајка си велам. Можев повеќе да си уживам во тој период, а не едвај да чекам да пркне. Ова ко ум од мене за мене му дојде. Сега да си уживам повеќе .
За воведување на исхрана кај прво дете факултет завршив, ништо не стави во уста минимум до годинка. Такво си беше детето. За второ дете знам дека со тиква почнав, после тоа не знам, без редослед и правила, јадеше премногу и сеуште јаде, не пребира ич. Ама пак такво си е детето. Според мене, тоа е тоа што не преморува, читај ваму читај таму, па таман си дал овошје ти излегува некоја статија во која што пишува ако почнеш со овошје големи се шансите да има дијатебес, мислам глуп пример ова ама баш така што и да дадеш ќе имаш грижа на совест. Со второво бев, или јаде како е така или нека не јаде бидејќи знам и првото не јадеше па порасна. И првово (8год) сеуште јаде банана ако ја исечам само, второво (4год) само си зема банана, ја лупи и јаде. А јас сеуште чувствувам грижа на совест кон првово дека не јадеше никогаш, и правам како што ќе каже само за да јаде. Оф или он топик ама од моја страна имаат три братучеди ќе им дојде и се многу дебели, од различни мајки. Имате ли приметено да се подебели децата тука? И кај мм е еве исто во комшии, сите деца се дебели. Моиве изгледаат многууу мали.
Milion preporaki kako da se sprema magistratura, edni od Makedonija, ednj od tuka, drugi od Szo, nesto isto nesto razlicno a majkata e taa sto treba da najde nzs. Prvoto pocna so 4 ipol meseci po 2 do 3 lazici vkusovi, pa mesav pa prvo dorucek, pa rucek pa vecera voveduvav izmegu uzini neznam kako e bilo. Pocna so jabolko, pa tikva, pa prodolzivme ponataka ..Dete sto jadese se brokuli, pcenki, riba, meso, mnogu ovosje zelencuk i blago ne jadese do 4 godini. E otogas si pocna so blagoto koe moram da go ogranicuvam, ama pak od druga strana se davi vo ovosje, grav ednas proba i se ubi od bolki vo stomakot, od telesko na godina projavi teska alergija od reakcijata mislam deka zivotot mi se skrati ama taka e so deca.Bitno mi e da ima balans vo ishranata i da ne mu branam nesto pa potoa koga ke dojde vo dopir so taa hrana da jade kako da nema videno. So maloto ke pocnam od 5 meseci polni, semata na voveduvanje ke bide nekoj optimalen miks den dva so vkus, pa koga ke vovedam poveke namirnici ke izmesam i taka do eden obrok.
Оти ќе и мениш. Следен пат ко ќе одите ќе искористиш. Или толку, не планираш веќе . Сериозно, не знам.
Најверојатно не. Кому би требале денари во Германија? Арно ти вели Џоли, остај ги за следниот пат. Какви баби имате па вие, нашите евра ни даваат
Не може. И јас се вратив тука со денари. Ќе ги чувам за нареден пат. Моето одење во Мк заврши. Би отишла пак само по потреба.
Каков нареден пат. Секој треба да оди онаму каде што е среќен. А јас среќа и здравје упропастувам. Само си замислувам како доаѓам со симпатијата кај моиве и они ме бркаат од дома. Сум ги посрамотила, ќе умираат од срам, ова, она… Значи мојата среќа не му е никому битна, освен мене и на децата. Најубавиот живот ми беше значи од 18 до 23 години. 5 години ехеееее и ако ми бил до прво или четврто одделение случајно еве појма неам 2025та катастрофа и само една личност ме смета!
Јас се разболев во Мк. Не знам како преживеав А беше многу топло во Скопје Се згрозив од нечистотијата, сообраќајната некултура, од односот на некои луѓе. Затоа и не ми се оди. Имав гинеколошки проблем и затоа отидов. Добро е што го средив тоа и затоа Аривидерчи сињоре
Па вака без врска звучи извини. Сега ги исплука убаво ама на доктор таму. Веќе ако толку се ти смета и чао аривердерчи и за доктор овде оди. Не дека не ги бива гинеколозите тука. Баш јас обратното искуство имам. Од толку селење и менување лекари, само една не ми се погоди, другите три беа и човек пред се и после супер стручни. Од сите матични, сега последнава србинка не ми е по ќеф и ќе ја менувам.
И јас истото го помислив како Јолене ама чисто онака да дискутираме зошто. Јас ни на фризер не одам Мк. Си давам поштено 250-300 евра за мојава коса е еднаш годишно. И околу 100 евра на 3-4 месеци ако одам ама пак и така е 300 евра годишно сепак. И тука гинеколозите се добри па и јас сакав да прашам зошто. До сега и за децава и за нас, сум се чудела од кај знаат докториве и без проверка што е, како да се преискусни, како со векови да се лекари. И јас нели малава ја носев и тука за уринокултура ама и тука покажа чиста. Па за стомакот и одење во вц истото мислење како и Германија. Па јас пак ни таму ни ваму доверба и еве го Chat gpt истото го кажува, психолошка причина- страв од што некогаш имала запек. Цела недела ме боли еден пршлен од рбетот и почнува страв ми е. Нешто како да мрда внатре. Станува се посилно па понеделник одма ќе направам термин на доктор. Се мислам дека стресот мора да избие некаде. Ама наскоро… има да зрачам со позитива во темава. Си ветувам! Годинава научив уште една лекција од @Bubce38 што ми ја напиша еднаш во порака ама тогаш не можев да прифатам така дека е. Сепак годините носат искуство. Сега сфаќам дека беше во право и дека јас сум најважна.