Ај да пробам да си се активирам. Ве читам секоја вечер пред спиење, како транскрипт од некоја средба на другарки сте ми. Да се надоврзам за исхраната кај бебе, јас почнав точно со полни 6 месеци. Првото имаше како бебе многу проблеми со грчеви и бев исплашена како ќе прифати цврста храна па платив и добив план за исхрана од нутриционист и истиот го користев за двете деца. Се воведуваше намирница по три дена и пробаа се, од кромид, лук, батат, риба, лешник... и ден денес фала му на Бога јадат се што ќе зготвам, не знам дали има улога тоа што такви вкусови пробаа од бебе, до година и нешто без сол и зачини. Сега веќе после ручек следува десерт и двајцата се љубители на благо, ама затоа ограничувам. И на темата лекари, уф имам собраномразлични искуства, последно баш ме разочараа детски стоматолог германка, одма со сто и еден термин и план за наркоза и други глупости беџ да сака воопшто да проба да работи на детето без наркоза, среќа најдовме македонец и еве уште еден термин и забите се средени... И да, три дена беа добри и доста е, малото пак е фатил некој вирус, ќе видиме што ќе донесе ноќта, се надевам мирна да е.
Како ги поправаше забите детето? Лах гас, анестезија или без ништо? На забар ни рекоа за едно за плакнење на заби еднаш неделно од Elmex за деца над 6 години. Користи некој такво? Треба да го најдам на нет мислам околу 20 евра беше. Мене тука почна на 3 места да ме боли. Мислам дека забите и од стрес се расипуваат. На едното место имам пломба и можеби е подизлезена, другото место е демек скроз здрав заб и третото исто здрав нели дека скоро бев на забар и сите здрави заби. Како стара баба сум, кичма ме боли, нозе, глава, заби, непца, грб, рбет… и верувам дека се е само од стрес и нервоза и ништо друго. Еден ден со симпатијата и се ќе ме преболи.
Elmex gelee - желе, јас од аптека го купувам за мене ама заболекарот рече еднаш неделно со него, демек многу концетрирано е, за деца не знам, немам искуство сеуште
@gjoker4e имаш купон од росман 20% ако купиш 2 продукти од елмекс. Мислиш ли на Mundspülung Kariesschutz junior? Не е толку скапо 4,99 ти е во росман и 4,95 во дм.
Elmex Gelee 20 евра беше Онлајн гледам сега има и поефтино можеби помала големина нз Еднаш неделно рече Ќе го користам и јас таман
Без ништо му ги поправа. Има 4 години, првиот термин беше само преглед, нареден малку чистење и мала пломба, на последниот термин пломба и чистење остана уште една пломба за нареден термин. Искрено џнаев дека ќе биде послушен и криво ми беше што не сакат ни да пробат и плус да ме малтретираат со милион термини, разбирам ако детето клоца и не отвара уста ама ко соработува стварно еве нема потреба од ништо. Негодува малку пред да оди ама се објаснува милион пати зошто мора да оди и готово. Не знам искрено како стигнавме до толку кариес, дали моја вина што користебжв паста без флуор као поздрава варијанта а давав Витамин Д со Флуор стварно не знам, сега веќе екстра внимание посветуваме, мериме и време со песочниот часовник од дм, забавно му е.
Јас како што сфатив кај нас, додека се мали требало прво само заби да мие па родителот да му ги премие. Дека сами не знаеле да ги измијат како што треба. Ама до 4 години чудо еве и на малиов му се скроз сите заби здрави. И на малава и беа до 5 години барем скроз сите заби здрави. Од 6 па натака првиот расипан заб…
Затоа сите си бегаат од таму. Гледајќи што се дешава, во какво ѓубре од народ и систем живееме, не ме ни чуди. А па слушам на Германциве не им се седело во Германија. Молим? Германија катастрофа била, не чинело ништо, Regierung, данок од курац и пол мора да плаќаш, времето wechselhaftИ шо сеа? Да, точно е дека некои работи не чинат, ама што им фали тука: Sozialstaat е ова, сигурна работа имаш, здравство супер, можеш лесно да најдеш обука, во генерала безбедна држава. Јас сакам тука да си останамГерманче сум
Не знам, сам секако не мие, јас ги мијам, ама искрено некогаш во брзање и не сум ги миела секогаш по 3 минути Сега строго пазам. Вели дека не боли поправката, се надевам и последниот така ќе го средиме. Сокови не пие, ете пиеше Актимел откако ми нагласи заболекарот дека е штето поради премногу шеќер и тоа не пие. Од која возраст ви дозволуваат вистински да им ги миете забите? Малото две години и вистинска борба е, и никогаш не е подолго од минута. Може и до самите заби е, не знам. А во мк искрено и не сум чула фа поправаат млечни заби, може сега во поново време.. во мое не
Значи човек мир да нема. Таман утре треба да земеме клуч од станот, да се вселиме, кога еве два дена ме болат јајници и дијагнозата не е добра Утре пред да земаме клуч треба да одам пак да ја потврдат. А таман си планиравме второ дете после преселбата ама .... Во Минхен ќе има македонска играорна. Колку често ќе одам не знам, но важно се пријавив.
Нема врска, и моето дете најчесто без флуор користи. Заб поправан-еден. Нешто генетика било. Ама моето и не е многу по благо.