Сите болести да минуваат полесно и побрзо @SanelaS добро ме потсети може да аплицирам. Јас и очекував толкава сума со оглед на тоа дека немав 12 платни листи, но сега реалноста ме удри по глава. @MacenceEna убави многу. Што е убаво кога знаеш да шиеш, мозокот на пасење и ќе си шиеш. Чекај нели твојата имаше дечко некој или раскина со тој ? Свекрвата или грешка сум. Што па има да се нервира за 10 000€ нека ужива нека се релаксира на бања. Да не е како нас да мисли постојано да се нервира. Мене ме нервираат од кај маж ми поблиската фам и тоа. Тој е многу близок со нив се слушаат секој ден. Но што има тој од тука да им ги решава проблемите . Се нервира и тој за нивните глупости. Ок не сее глупости но секој нека си ги решава сам своите проблеми . Му прават притисок и се нервира. Знате во мк како е се мешаат баби и жаби . Секој го интересира се и сешто. Ете затоа многу сакам што сум овде во Германија. btw имам една комшика Германка многу сака да оговара но по брза постапка јас си заминувам. Сум заборавила за скоковите кај бебиња колку лоши може да бидат. Па мора ли секој да се осеќа. Цела ноќ спиеше на мене . Кога го спуштав се будеше и во својот кревет и до мене. Потоа пак следеше презаспивање плачки ете цела ноќ дали 2 часа имам спиено . Сега спијат и двајцата јас неможам да заспијам.
Свекрвата беше , дечкото си го има уште. Сега живеат заедно , си се пресели кај него . Во град подалеку од овде , еден саат од кај нас . И пред некој ден случајно видов дека е дојдена кај мајка и , и не дојде ни да ги поздрави децава . Најверојатно дека колата ми ја виде, а синот не и беше дома . Она изгледа не ни знае дека треба да се врати нешто , уште не е известена . Најверојатно свекорот ќе плати се сам. Она најверојатно ќе се прави дека нема пари , а има . Живее живот на висока нога . И има две сметки со по 10к . Мм и отварал онлајн бенкинг и сакал не сакал видел статус . Она нема ни да се замара , како што ја познавам . Алал да и е за таа карактерна особина. Нејзе ни деца ни никој не ја интересира. Буквално никој . Само самата себе си се гледа . Саможивник
Галење, гушкање цел ден, температурата тука, се надевам нема да прејде на поголемото. Баш кога мм има слободен викенд И ова само ми потврдува дека не треба да се разочарувам што уште не сум нашла работа, јас не знам кој работодавач би ме задржал мене кога буквално секоја недела има или болно дете или скратено работно време на градинката... Се надевам на стабилизација, ама ќе си почекам изгледа додека не направи 3 малото и не прејде во група кај бато..
Колку плаќате домашен интернет? Плаќам 45 евра за интернетов што паѓа 100 пати во месецот. Има бар некоја подобра опција да вреди за парите?
Ние плаќаме 38е веќе 5 години кај О2, баш ретко има проблем, ете можеби 5-6 пати ама се решава одма преку апликацијата.
На кој провајдер сте, ние денес гледавме да смениме на о2 сме договор од пред 5-6 години 35 евра и изледа ќе мораме Телеком 50 да си плаќаме. Првите три месеци нешто поефтино знам беше па после по 50. ,@јolene не пратив слики телефонот ми цркна на одмор од пола екран ве читав. Природата убава, морето брановито све убаво ама рековме догодина Хрватска, ни недостасуваше чувство дека сме на одмор. Една слика најдов без нас, па за сега толку кога ќе префрлиме во компјутер ако најдам од мм ќе пратам, нешто и слабо сликавме. @joana18 незнам дали сте тргнале, ама ние имавме денови кога врнеше ноќе и сабајле и тоа убаво па после 12 се бањавме не се излади морето. @fairy88 све да биде во ред со мт
Провери може има интернет од Јавното препријатие на градот, таму каде што нудат и струја сто посто и интернет има. Они имаат најчесто најдобар и поволен интернет. Иначе вака најевтино е Водафон. За квалитет зависи и од тоа каков интернет зимаш, кабел или без... Па и рутерот игра улога.
На Дојче телеком сме. Демек најдобри. Ама не се работи на овој интернет, често паѓа. О2 имам мобилен интернет. Не сум нешто многу задоволна ниту од нив. Ова не го знаев. Одма ќе се распрашам. Моментално ми копаа 2 дена баш пред мојата куќа, ставаат некој оптички интернет. Не знам од каде додуша, па се мислам дали да менувам со оптички. Тој би требало да е подобар. 45 евра не вредат за ова што го добивам во моментов.
Распарашај се и по комшии, или уклучи вифи на мобилниот и прошетај па види по имињата кој интернет највеќе се користи. Иначе оптички е секако подобар. Можеш да си земеш, и ако не си задоволна секако во приот месец имаш право на бесплатен кундигунг на договорот, небитно на колку време си го потпишала. Само мораш писмено да го пратиш до централа.
Фала ви на добрите мисли. Имам прашање за болница носевте ли пелени,влажни марамици и вреќичка за спиење за бебето? За вреќичка не се сеќавам дали носев или ми дадоа од таму,а за памперси и влажни знам имаше да не мкнам за џабе.Ама пак да прашам да не е нешто сменето.
@Yowannty Можеби имаш проверено веќе ама ако не, треба да провериш кој интернет најдобро фаќа кај тебе. Кај мене O2. Се проверува онлајн. Само ова да не пијам, не прашувај зошто. Може ли повеќе да раскажеш за дечково маж? Ти побара број во видот? Му рече фала? Што ти рече? Да не беше битен немаше да го нагласил. Јас не можам заб без анестезија да поправам страшно ме боли. Затоа ми е чудно како може едно дете без. Како си? Тука сум!
Девојки ми треба од вас помош. Не можам да одам многу во детали, ама ќе се потрудам да објаснам доволно за да ме разберете. Студент сум, на ворк и травел дојдена овде, неколку месеци. Пред некој период еден од менаџерите ме фотографирал како седам и ја пратил на сите шефови сликата. Ми се заканија дека ќе ми намалат од платата ако пак ме "фатат" како седам. Работата е физичка и напорна, секое живо суштество има потреба од малку пауза, ама како и да е. Мене ме мачи друго нешто, нели е забрането да се фотографира без дозвола? Па и уште споделување? Не знам каде да се обратам , на кој? Не знам од кој совет да побарам... Дали вреди да се тужам, и дали воопшто имам такви шанси? Си реков лутина ми е ќе помине за ден два, ама не е, уште не мачи мисла. Навистина непријатно ми е од самата помисла дека некој пак може да ме слика туку така, без разлика дали седам или стојам. Дали да се обратам во амбасада? Дали нешто може да се превземи? Кажете ми ваше мислење, совет? Да не биде да си правам само филмови, ама да не биде ниту тоа дека сум можела да направам нешто а не сум направила. Совет ваш ми треба...
Не знам каде работиш ама страшно. Не си роб. Сликање е забрането. Има над нив шефови за да се пожалиш? Или Betriebsrat? Убаво ти вика душата, не смееш така да оставиш. Уште колку време треба да работиш? Гугл вика на адвокат да се обратиш ама тоа е скапо. Можеш ли за инает болна да се пишеш до крај и пак плата да си земеш? Такво однесување не е нормално! Кажи им е и дека телефон е забрането на работно место. Најдобро е да се жалиш кај Betriebsrat ако имате. Обично на секоја работа има телефонски број за ако имаш проблеми на работа. Ако не си премногу активна на форумов ако може пиши каде работиш. Ако може и во лп. Се надевам без работа ќе останат. Од каде се менаџерите и шефовите?
Најдобро да одиш во Betriebsrat (ако има таков) и да му кажеш на шефот дека ќе го пријавиш во Betriebsrat или полиција. Можеш и во полиција да пријавиш да кажеш дека те уценува. Ќе го викнат на разговор. Јас скоро ја имав темава за фотографирање на раб. Место. Освен ако не е определено тоа некаде во фирмата, фотографирање законски не е забрането. Но, секое користење на таа фотографија за било која намена е забрането. Значи ако пријавиш во полиција мора да имаш некаков доказ дека со таа фотографија тој те уценува, инаку само со изјава "ме сликаше некој" нема ништо да направат.
Само да ви кажам колку датеншуц и Германија е лага.. Ако некој работел во фирма А и дал отказ и сега работи во фирма Б па добил отказ, Bundesagentur für Arbeit, праќа писмо на работодавачот А со ваше име и презиме за да каже колку пари заработувал додека работел работникот таму. Така да ,фирма А знае дека сте арбајтлос и точно колку време сте издржале кај работотавач Б. Ама ние што бараме работа не го знаеме ова.Еве зш да знае работодавачот А се прашувам.За да ми се исмеваат ли? Друга глупост на работа некој си праќа ЦВ и не знам дали бил на разговор или не и после 6 месеца и праќа меил на шефицата .Пратете ми ги моите документи назад.Таа му ги праќа и овој и вика зш не ги поништила ќе ја дал фирмата на адвокат или да му платела оштета 500евра.Типецот беше повеќе од 5 год без работа.Он си нашол финта како да не работи и да си има пари. Нормално шефицата одма ги контактираше адвокатите и типот не доби ништо.
Заштита на податоци Смешки Бев на хирургија (последно ) и на шалтер треба да се исповедаш од а до ш. Во иста просторија чекаат околку 10тина души и секој слуша што се збори на шалтер. Од кога ќе си кажеш се што треба , може да дознае каде работиш , што работиш , кој ти е матичен лекар , домашен телефон , година на раѓање и слично и во исто момент ти подаваат чист за да се потпишеш за заштита на податоци..
Мислам дека не грешам ама не сум сигурна. Датеншутц се подразбира напишан документ. На пример име и презиме напишано на лист. Кога зборуваш на глас никој не стои позади со лист и пенкало и да запишува или со телефон да снима. Обично на шалтерите не слушаат назад другите што зборуваш ти или тој на шалтерот. И за пратен бевербунг секоја фирма има рок на бришење на подароци. На пример кога барав нова работа за неколку месеци ми го пратија бевербунгот назад по пошта. Работното место е должно да го издаде тој документ ама не смее да го каже тоа на вработените на пример, и тоа е датеншутц. Уствари таман си е се и се е регулирано на писмено. И овој што секако не ја добил тужбата и пари, значи дека рокот за бришење сеуште не бил поминат. Нешто слушнал и пробал ама не дослушал.