Да не веруваш Марге. Ама и може ќе имаш среќа, ако нема родилки многу па да може почесто да е некој со тебе. А има нели и копче да стиснеш да дојде некој да те провери ако има потреба. Ајде второ, дај боже полесно и побргу да оди процесот сега . Па да не израдува овде поскоро .
@Marge Моето искуство двапати е скоро па исто , пукна водењак во 19 часот, отидовме во болница отворена 2 см. Една бабица на смена , еден доктор. Првиот пат имаше уште 6 жени јас последна се породив. Вториот пат имаше уште една жена . Да не барав епидурална ќе се породев многу брзо. Во моментот кога ми ја ставија епидуралната јас се отворив 10. Тоа беше моментот кога чекав да почне да делува. Бабицата беше изненадена дека толку брзо се отворив, а докторот ми кажа дека може и провокации ќе треба и предлагаа маж ми да си оди дома, да му се јават кога ќе почне процесот. Среќа остана. Имам пријатрлка беше сосем сама на пораѓај. ти посакувам лесен пораѓај и како што велат телото памети и затоа вториот пат е полесно.
Јас бев со второто.Беше корона и бев цела недела во болница и немавме кој големата да ја чува и морав сама.Кај мене се беше така брзу откако ми го пукна водењакот иако бев 2 прста отворена, добив провокација венска и додека бабаицата спрамеаше јас се поредев за 15 мин.Беше таа цело време таму. Со лесно мила.
Нема никаков проблем ако си пријавена во Agentur für Arbeit како arbeitssuchend и ти го плаќаат целосно курсот. Јас бев така пријавена, ми платија Б2 Беруф, потоа имав продолжување на виза и добив на неограничено. Ако твојот Ansprechpartner смета дека ти треба Б2 за да најдеш поубава работа ќе ти дадат одма, мене ми платија и Weiterbildungskurs кој чинеше 3 500е. Среќно И ај добро утро на сите. Времево блага депресија, во Мк уште по кратки ракави шетат, овде јакните на големо ги шетаме. Ама ајде да сме живи и здрави.
Цело време ме одјавува од форумов веќе неколку дена? Може да значи тоа дека некој друг се најавува од кај мене? Само од телефонов сум најавена.
Не знам. Еве јас кога сум се најавила на пример од друго место, компјутер, или др телефон, не сум била одјавена до сега. Може не си стиснала запомни? Или правел апдејт телефонот или нешто си бришела? Јас у пмс значи, не смеам да одам по другите теми оти вампир .
Мене ме одјавува сред пишување на подолго мислење, па пола ми се брише. Мислев нормално е тоа ако не вртиш страни да те одјави. Затоа ме нема по дискусии. На компјутер кога се најавувам пак ми го корегира текстот на бугарски. Еден ден треба да седнам и тој IOS систем да го разгледам. @јolene седи си тука мирно. И јас така кога доев на 2 саати се вклучив во дискусија кај инфлуенсерките ама брзо сфатив дека ја згрешив работата. @jovana03 оди и истроши си муабетот. Треба точно да знаеш што сакаш и што ќе правиш после со Б2 дипломата во смисол аусбилдунг или веќе имаш во мк нешто завршено. Јас знам дека за германски пасош е проблем ако имаш зимано пари ама за курс не би требало да е проблем.
@јolene среќен роденден со закаснување, жива здрава да си ..сите убавини ти ги посакувам Инаку освен ние што си пишуваме што си кажуваме лични работи , не читаат многу од другите теми . Следачи Денес прв ден на работа . Сегде има недостиг на персонал, сите болни . Во градинка на синко Notfall Stufe 3 примаат само деца на вработени , што немаат друга можност за чување на децата .Мала група само. Кај мене на работа исто ... Нема доволно вработени, се работи со последни сили. @Marge јас дека планирам царски па децава на школо ги испратив и мм дојде со мене. Ама дела корона, само што го извадија бебето , го испратија надвор . После сама бев . Не се грижи има секогаш бабица со тебе, нема да те остават сама . Големата се спрема за Франција , има контакт со девојчето каде ќе престојува. И се договориле да зборат на англиски ни германски ни француски , англиски Вчера исфрлив многу работи , треба да пријавам Sperrmüll. Да соберат , се собраа многу работи. Од финанцамт стаса писмо дека ќе врателе 400 евра . Првично беше да доплатиме ама му текна да напише Kita-Beitrag.. плус други работи и во плус бевме . Имајте убав ден
Понеделник нели куцната картичка на доктор и боледување од петок до понеделник. И си викам секако е куцната па си порачав кранк и за вторник за секој случај. Денес кажав на шефот, викам пишав кранк за да немам минус саати ама не мораш да ми го одобриш. Рече нема врска ќе го одобри, ама кога ќе го одобри тогаш ќе му поверувам. Ич немам доверба леле. Од задутре не ве замарам веќе со мојот глуп не кранк и кранк и што мртва болна одам на работа. Едвај издржав денес. Изгледав и сеуште изгледам како бостанско плашило. Само нашминкано и со виткана плава коса. Уште полошо значи! До толку сум глупава што сабајле, после три недели одмор, не се поздравив со симпатијата! А имаше прилика! И кај мене на работа има премногу болни. Има некој бран ли? Корона ли? Или онака септемвриски дека залади?
Јас ќе дојдам у темава другпат, кога нема болни да бидете @Katie90 за витамините, исто ко и за се друго, нема нзс. Наводно некои, во некои форми се подобри од други. На папир, за ниту една работа не можеш да најдеш консензус, едни викаат вака, едни викаат така, веќе по интуиција работам.
Дојдов набрзина нешто да прашам, да знам дали да полагам и ја. Leben in Deutschland, дали морам да го полагам за да добијам подолга виза или не игра улога?
Здраво женски на сите за некоја недела се селиме од Македонија во Мајнинген (Тирингија).Сакам да ве прашам за запишување на децата во училиште од сведителства дали ќе им требаат само последните или на пример сите од прво до VI одд... Секој ден одам во суд за апостил и ме враќаат, прво не можеле директорките во книгата да ги најдат па ајде назад во училиштата потврда вадев ...можете да замислите по нашиве институции како е од врата до врата и плус тоа како што знам за интернационален извод не се става апостил тие ми рекоа да платам и за тоа ...Дали може некој да ни каже поточно кои документи ми требаат за запишување во училиште со апистил преведени ...итн (Ви благодарам)
Фала ви на сите за споделеното, ми дадовте сила дека би мижела и сама, иако денес се кликна идеално, да планиравме така, немаше да излезе, па маж успеа да биде со мене, пред тоа да однесе дете во градинка, после тоа да го земе на време Значи Универзумот си има свои начини, да излезе се како под конец Оди дете во градинка сабајле - тројца сме, се враќа - четворица Се роди мојата втора среќа денес во 13:45 часот За овој живот, сум завршила со раѓање