Ај ај ај Убавини! Фала ти што сподели со нас, ептен не израдува . Да е живо и здраво бебето, големо да расте! Да сте среќни и многу весели!
Честитки @Marge да е живо и здраво бебето. мило ми е што поминало така , и да сте планирале немало да помине така.
Ќе ви кажував нешто, ама од возбуда по Маргето скроз заборавив. Секако не беше ништо битно де. Па и ова малово значи 10 дена веќе, ќе го однесеме во 8 во кревет, до 9 ипол не заспива. Ама сега ја преместуваме, со тактиката од одмор навака, и спие во кревет до нашиот. Одма поосвежено изгледам во лицето. Не се трпеше повеќе веќе клоцање и кубење по цела ноќ. Вака пак доаѓа некогаш сред ноќ, некогаш ние ќе си ја земеме ако станеме порано. Кај забегав со муабетите. А сакав да речам многу сум уморна. И тантрумите се појачаа сега пак последните недела дена, па и отпосле ти зуи во глава. Ќе ве прочитам утре од сабајле уште еднаш, па ќе се доискажам сигурно нешо многу битно останало .
Утре ќе го тестираат алармот иначе у 11, да не се паничите ко и секоја година. Малце кринџ оти се паѓа на 11 Септември...
Еххх да го прочитав ова вчера. Ама потсетник за празникот било. @Marge живи и здрави да сте! Многу љубов за сите! ♥️
Kolku e "normalno" vreme da cekate potvrda od rabota, znaci na nervi mi idat veke .Samo ne sakam da ispadnam napadna, a od druga strana sum nestrpliva.Kumunikacijata ni e preku mail i za ovie godini vo Germanija uste ne mi stana jasno oti nekoi institucii koga e prasanja nesto da se sredi preku mail go dolzat tolku...
Хммм пример јас чекав 2 месеци за документ од кој ми зависеше визата. И се додека не се пожали на Oberarzt и не отиде лично да праша, абер немаше. Едноставно администрацијата е иста, мрзливи луѓе, да не речам неспособни. Ми треба еден совет/мислење. Кај нас на работа за преселба ти следува Umzugstag. Е сега колеги си земаат Umzugstag и кога немаат преселба, колку да не трошат денови од одмор. А јас имав втора преселба и ми рекоа дека не ми следува ден. Еднаш во две години ми следувало ден.... Каде можам да се обратам за ова?
За неколку дена по пошта. Порачувам телефонски. Земи си слободен ден едноставно. Sonderurlaub кај мене се зема за било што. Или уште еден ден урлауб ако имаш за планирање? Јас не знам вие кај живеете. Кај мене на работа може се. Па не сме во затвор или под нечија команда. Ако не ти даваат одмор пиши кранк еден ден и готово.
@Marge честито бебче да е живо и здраво. Инаку и јас се спремам психички да одам сама на пораѓај,можно е со маж да лежиме паралелно во различни болници. Фала ви на сите за убавите зборови. За жал немам баш врски во радиологија- за оделение да,ама успеав да најдам темин за два дена.Биде МРТ со контраст и не е баш добро и многу е специфично. Сега само да збереме сили и да се бориме за тоа што не чека. За среќа имаме врски на друго место каде може да не спроведат побрзо.Оти кажав и пак ќе кажам и тука без б витамин не си ништо,ќе те маваат од врата на врата,а не е работата да се губи време. Колку и да викам дека сум сама,не сум.Кажав на блиски и сите се спремни да помогнат со чување на синко.Колку ми значи само кога имаш на кој да се обратиш во ваков случај.
Поздрав. @Marge честитки живо и здраво бебето Повремено ве читам колку што можам толку. Малитее пркнаа почнаа да се пентарат на се и сешто очи и на газот треба сега . Неколку дена синко е фатен во гласот кашла по него и малите прифатија едното цела ноќ плаче се грчи и не спие ич убаво,другото колку толку е супер..маж па вели сигурно е скок во развој зарем има на 15/16м скок во развој? Од нешта што треба да се случуваат се случува тоа сега ни дадоа термин за оп на крајници во ноември а првично ни кажаа декември јануари. Тоа ајде како така ќе се реши но што да правиме со тоа што рекоа као голем е 9г и може сам да остане на спиење 5 дена во болница сам ???? нема шанса не ми е изводливо тоа. За пород се случи сосема случајно итен царски со само едно јавување за да го чуваат големиот се нафатија тетките среќа викенд беше па може и затоа . сакав уште многу работи да пишам но знам дека не ѕиркаат тука и луѓе кои не с3 од форумов па подобро да си молчам оти 10000% веќе доста ме препознаа . Подобро оваа тема да биде преместена во скриено катче.
Јас имам денеска слободен ден од работа. Ќе си го посветам на читање книги. Овој месец ми стигна првата плата, добро е за преживувањеProbezeit ми е до 31ви Јануари, се надевам дека ќе можам да останам таму, сега направив Antrag за Job ticket. Deutschlandticket е прескап, 50€ те кошта значи не се нормални со цениве. Желудникот ми се превртува. Претходната недела беше убаво времето, пријатно, сончево, од понеделникот пак е wechselhaft. На работа се навикнав, добро ми е, се грижам за пациентите се да им биде обезбеденоАма вчера пукнавме јас и една колешка на работавтора смена бевме ние, дојде едно девојче исто Pflegehelferin да ни помогне. Првата смена била исто така катастрофа, три колешки биле кранкгемелдет, никој не се јавувал од другите за Einspringen. Значи владата ништо не прави за да спречи Personalnotstand, ништо! Само на полошо идеи втора смена имаше толку многу за работа. Приметив дека Angehörige на пациентите немаат обзир спрема нас, ти кажуваат нешто и ти мора одма да го направиш, а ако не, ти доаѓа и двеста пати ти го кажува тоа и ќе те пукне, воопшто немаат трпение, да скокнеш за нив.... И колешкиве приметиле и многу ги вади од такт тоа. Неможат да почекаатНие немаме десет раце и десет нозе. А не размислуваат дека и други пациенти треба да се versorgt.
Годинава како почна школото мислам дека изби бран со болештини. Стомачен вирус, корона и уште што не . Градинките работат со последни сили . Се затвораат групи . Родителите се бунат. Катастрофа . И мене ми се јавија да го земам синко . Тт качил . А јас на работа , среќа го видов телефонот . Па го земав , беше блед ко крпа . На брзина да извадам боледување и да замолам да го прегледаат.. За малку ќе ме откачеа ама го видоа во каква состојба е , па не проми докторката. Сега е поарен , делува сирупот ...ама после знам дека пак ќе качува .. Аман
Симпатијата оди на одмор во Египет две недели. Што би можела да му купам? Од што би можело да го потсеќа на мене ми текнува само упаљач па да мисли на мене кога ќе пали цигара. Малку е глупаво упаљач и дали и смее во авион. Дали може некоја идеја?
Тогаш и ти треба да се јавиш за кранкмелдунг на работа и во градинка. Да стварно, некој вирус се шири после Sommerferien. Мене две недели и ми течеше носот, секој ден капки, ништо. Ама конечно го најдов решението и сега ми е подобро Мило ми е што син ти е подобар. Полесно да оздрави. Уште ли има температура?
си одиме за македонија со автомобил од еу земја и имам такс фрее.. Сакам да прашам дали знаете каде да се обратам за печат на хрватска граница?