Дури сега те прочитав за пожарникарот @јolene . Јас ваква покана од симпатијата не сум добила. Не знам зошто ама и тука се сите топ, полиција, пожарна и брза помош. Не само машките, туку и женските се многу убави и привлечни. Дури сега сфаќам зошто ќе почнеш да вежбаш. И јас затоа почнав да вежбам. @Ava.84 Од една страна си викам фустанот треба над колена да е, ама од друга страна паметно, може намрштенкото и да се скрие под него. Пред некој ден децава им било мерак без патики во трговски и од таму до шпилплац и они радосни газат по чорапи и сите ги гледаа. Мајкава за на психијатар очигледно. Ама штом тоа ќе ги направи среќни си реков ајде нема врска. Во шпилплац се цело време боси, без чорапи. Ханд мунд фуз има во градинка ама одлучив сепак да оди малиов па чекајте ме за брзо со поплаки. Денес прв ден школо, со тоа и градинка, а јас се погоди слободна, и денов ми траеше една година ама во убава смисла, сум се преодморила.
Џоки ако не ме насмее нема кој. Џоки тебе мм да не те праќа и он се ми вика дека ми се предолги фустаните, сум требала минич. А јас имам фобија од пократок фустан имав вакава шефица во Мк уште метро и фалеше за да измери, па високи ми биле штиклите , па зошто венчето ми било со перце на што ми лечело, па не можело кошула без ракави , нормално деколте е ноу го итн.Фала богу што тука немаме правила ама јас сепак пазам и ги применувам мк правила.